Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Сметките за струја и гас за домаќинствата во Германија значително ќе се зголемат од почетокот на следната година поради повисоките големопродажни цени на енергенсите и зголемените мрежни надоместоци, предупредуваат аналитичарите. Според интернет-платформата за споредба на цени „Веривокс“, регионалните снабдувачи најавиле вкупно 329 корекции на цените за декември, јануари и февруари, со просечно поскапување од осум проценти. Енергетскиот ...
Пратеникот во парламентот на американската сојузна држава Њујорк, Џордан Рајт, демантираше дека е „човек-гуштер“, откако снимка од неговото необично движење со очите стана вирална. Корисници на социјалните мрежи го претставуваа краткиот момент како наводен доказ дека политичарот е вонземјанин. Камерите го снимиле 32-годишниот демократ во петокот, на 20 ноември, во градското собрание. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, го претставувал ...
Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ на 25 ноември со свечена академија ќе го одбележи својот патронен празник, соопшти прес-центарот на Универзитетот, пренесува БТА. Во 11 часот членовите на Академскиот совет на Софискиот универзитет, предводени од ректорката, проф. Елиза Стефанова, ќе положат венец пред споменикот на св. Климент Охридски. По традиција, ќе положат цвеќе и пред спомениците на дарителите – браќата Евлоги и Христо ...
Нападот врз руските бродови покрај брегот на Либија можел да биде извршен од територијата на Албанија, членка на НАТО, а не од западниот дел на Либија, како што првично се тврдеше, објави турскиот портал „Клеш рипорт“, повикувајќи се на извор за кој вели дека е потврден. Оваа информација отвора сосема нова димензија на нападите врз руските бродови во Бенгази, каде на 22 ноември беше силно погодена руската корвета „Меркури“, која, според ...
Данска ќе предложи забрана за мобилни телефони во основните и средните училишта, како и филтрирање на содржини на училишните мрежи, почнувајќи од новата учебна 2027 година, соопшти данското Министерство за образование. Земји како Холандија, Јужна Кореја и Италија ги забранија паметните телефони во училиштата поради загриженост за нивното влијание врз концентрацијата и однесувањето на учениците, додека Полска и Чешка предложија слични забрани ...
Според Зеленски, рускиот „Меркури“, еден од поновите бродови во московската флота, потонал по нападот на седум поморски дронови произведени во Украина Украинанскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина стои зад нападот во кој беше потопен рускиот брод „Меркур“ во близина на либискиот брег. Тој ја нарече операцијата „примерен украински одговор на руската војна“, а во официјално соопштение изјави дека украинските сили погодиле и ...
Светската ММА-ѕвезда Дакота Дичева им се обрати на новинарите на официјалната прес-конференција пред MAX FIGHT 67, јавува БГНЕС. Таа е специјална гостинка на гала-вечерта во Бургас, но сакаше вниманието да го насочи кон борците што ќе настапат. „Не зборувам многу добро бугарски. Ви благодарам на сите. Голема чест ми е што сум тука. Бугарија ми значи многу бидејќи сум половина Бугарка. Не сакам да зборувам многу за себе. Сакам да зборуваме за ...
Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов и постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорот Метју Витакер, разговараа за зајакнување на одбраната на источното крило на Алијансата, соопшти Министерството за одбрана на Бугарија. Витакер е во посета на Бугарија на покана на Стојанов, пренесува БТА. Посетата доаѓа во многу важен момент, кога предизвиците на источното крило на НАТО растат од ден на ден, рече Стојанов. Тој додаде дека ...
Демократите го обезбедија своето најголемо мнозинство во Претставничкиот дом на САД за повеќе од три децении откако Чак Хабард ја победи републиканската конгресменка Вирџинија Фокс во Северна Каролина, објавија американските медиуми. Партијата освои целосна контрола врз двата дома на Конгресот – Претставничкиот дом и Сенатот – по убедливата победа на среднорочните избори, обележана со низа изненадувачки пресврти што претставуваат сериозен ...
Србија не може да стане членка на Европската Унија без целосно да ги нормализира односите со Косово, изјави американскиот професор Даниел Сервер во разговор со публицистот Ветон Сурои во подкастот „PIKË“, пренесува БГНЕС. Според Сервер, тоа значи дека Србија треба да ја признае независноста на Косово и дека двете држави треба да разменат амбасадори. Сервер нагласи дека на земјите членки на ЕУ им е јасен условот за нормализирање на односите со ...
Западните разузнавачки служби проценуваат дека Русија планира до крајот на 2026 година да лансира сателит опремен со нуклеарно оружје во вселената. Активирањето на вакво оружје во Земјината орбита може да уништи или да оштети голем број сателити и да предизвика тешки последици врз цивилната инфраструктура и воените операции на Земјата. Податоците произлегуваат од заедничко новинарско истражување на германските медиуми ВДР, НДР и Зиддојче ...
Со децении, британската финансиска елита остварувала огромни профити од робовската работа на Африканци на Куба – дури и откако Велика Британија официјално го укинала ропството во своите колонии. Нови историски истражувања открија дека двајца долгогодишни директори на Банката на Англија биле меѓу оние што профитирале од оваа брутална експлоатација. Историчарот Крис Еванс утврдил дека британски компании, поврзани со влијателни личности од ...
Европската крајна десница има за цел да го трансформира Брисел на изборите за Европскиот парламент во 2029 година, откако се обиде да ја освои власта во голем број национални престолнини следната година, изјави за Политико Кинга Гал, копретседателка на групата „Патриоти за Европа“. Сепак, непосредната задача на нејзиното политичко семејство е поинаква – да им помогне на нејзините составни партии да ги добијат своите национални избори со цел ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, потврди дека Украина стои зад нападот во кој беше потопен руски воен брод во близина на брегот на Либија. Во денешната објава на платформата Икс тој наведе дека украинските сили употребиле седум поморски дронови од украинско производство во операцијата во која била потопена руска корвета. Зеленски го опиша пловниот објект како еден од најновите во составот на руската воена морнарица ставен во ...
Пожарот што избувна во еден од големите хотели во романскиот зимски туристички центар Појана Брашов беснее повеќе од 12 часа, а пожарникарите сè уште се обидуваат да го локализираат и изгаснат. Во интервенцијата користат термовизиски камери и дронови за воздушно набљудување, со цел да ги откријат скриените жаришта и да спречат понатамошно ширење на огнот.Гаснењето на пожарот дополнително го отежнува конструкцијата на покривот, кој е изграден ...
Американската шумска служба објави документација во врска со наводни средби со мистериозното суштество познато како Бигфут (Bigfoot, Големо стапало) во сојузните држави Монтана и Орегон. Според „Гардијан“ (The Guardian), извештаите вклучуваат записи за необични траги во шумата, сведоштва за средби со големи суштества што одат на две нозе, како и новински написи за наводни стапки. Весникот забележува дека овие случаи се надоврзуваат на долгата ...
„Сè започнува на бојното поле. Целата војна започнува токму таму, а каков било напредок кон мир е можен само под услов да има прекин на огнот на линијата на фронтот“, рече Зеленски. Според него, Кина и Соединетите Држави ја имаат потребната моќ за да се постигне прекин на огнот и да се создадат услови за напредок кон мирот. Реклама Зеленски сугерираше дека санкции против Русија од страна на Вашингтон и Пекинг, или само најавата за такви мерки ...
Нова рунда трилатерални преговори за ставање крај на конфликтот во Украина ќе се одржи наскоро, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Средбата ќе биде наскоро, но засега нема извесност во однос на датумот – рече Песков за Спутник. Што се однесува до местото каде што евентуално би се одржала средбата, Песков рече дека Москва засега смета на Абу Даби, но оти се можни и други опции. Претходната рунда консултации меѓу Москва, ...
Известувачка на Обединетите нации тврди дека израелските напади и разорувањето продолжуваат и по договорот за примирје. Според неа, политичарите го користат примирјето за да ја замолчат солидарноста со Палестинците. Специјалната известувачка на Обединетите нации оцени дека во Газа не може да се зборува за вистинско примирје, бидејќи израелските напади, разорувањето и страдањето на Палестинците продолжуваат и по договорот за прекин на огнот. ...
На 27, 28 и 29 ноември спортската сала „Скаптопара“ во Благоевград ќе биде домаќин на млади гимнастичари од Бугарија и од уште шест земји – Велика Британија, Грција, Италија, Кипар, Северна Македонија и Србија, јавува Пиринско. Турнирот за деца и јуниори е дел од календарот на Бугарската федерација за спортска гимнастика. Го организира Гимнастичкиот клуб „Љупчо Солачки“ со поддршка од Општина Благоевград. Во текот на трите дена, жителите и ...
Русија ги интензивираше работите на обновување на воената база Каменка, еден од најважните воени комплекси во близина на финската граница, во рамките на поширокиот план за зајакнување на вооружените сили во северозападниот дел на земјата, објави финскиот јавен сервис Јие. Сателитските снимки до кои дошол Yle покажуваат дека во текот на оваа година во базата на Карелискиот Провлак, оддалечена околу 60 километри од финската граница, биле урнати ...
Според информациите до кои дојдоа новинарите од Њујорк Тајмс, Алис Хуанг била во контакт со службено лице од највисоката кинеска шпионска агенција повеќе од една година за време на нејзината афера со поранешниот извршен директор Јенсен Хуанг, објави Њујорк Тајмс. Алис Хуанг била во контакт со офицер од Министерството за државна безбедност на Кина од пролетта 2025 година до есента оваа година, се вели во извештајот, цитирајќи луѓе запознаени ...
Силни грмотевици и невреме ги зафатија делови од Далмација и Херцеговина, со оркански налети на ветер, град и обилни врнежи. Во исто време, циклонска плима поплави повеќе крајбрежни места, меѓу кои и сплитското шеталиште Рива, додека во Горски Котар снежната граница на места се спушти на само 500 метри надморска височина. Во неделата вечерта низ Далмација се движеше изразен фронт на нестабилност, кој донесе дожд, поројни врнежи и грмежи, а ...
Володимир Зеленски потврди дека украински дронови го потопиле рускиот воен брод крај брегот на Либија вчера. Во нападот бил погоден и руски товарен брод што се користел за транспорт на оружје, додаде тој. Владата што ја контролира источна Либија вчера соопшти дека имало експлозија на воен брод во пристаништето во Бенгази, додека се снабдувал со гориво и залихи пред неговото враќање во Русија. Москва сè уште не го коментирала нападот. Зеленски ...
Во текот на изминатите шест месеци, Русија ги интензивираше нападите врз украинската престолнина, а многумина стравуваат дека претстојната зима би можела да биде најтешката од почетокот на војната пред речиси пет години. Во текот на ноќта од сабота кон недела, во нападот врз градот Димер, кој се наоѓа околу 45 километри северно од Киев, беше погодена петкатна зграда, при што загинаа најмалку девет лица. Снимките од АФП покажуваат спасувачи ...
Иран може брзо да ја воспостави безбедноста во Ормуската Теснина доколку САД ги исполнат условите што ги постави Техеран, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. Одговарајќи на прашање за наводите дека пловниот пат би можел целосно да биде повторно отворен во рок од два часа, Багаеи рече дека Техеран може „многу брзо да дејствува“. „Иран останува доследен на почитувањето на своите обврски и ќе ...
Сомневањата се зголемиле по минатонеделниот состанок на претставници на САД, Украина и Русија во Абу Даби, на кој не бил постигнат значаен напредок, освен ветувањето за размена на затвореници. Датумот на следната рунда преговори сè уште не е одреден. Европските претставници оценуваат дека Москва не покажала подготвеност да прави отстапки и дека Путин верува оти може да постигне повеќе со продолжување на војната отколку со прекин на огнот. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимка од нападот врз руски товарен брод кај Либија и потврди дека операцијата ја извеле украинските сили. Меѓу другото, Зеленски изјави дека нападот со поморски дронови е одговор на руската војна против Украина. Од нашата мрежа Бесент: Прекумерното затегнување на монетарната политика може да ја загрози… 14 минути biznisinfo.mk Кризата со домувањето во Европа: Што менуваат владите за ...
Повеќето полетувања и слетувања на бриселскиот аеродром „Завентем“ ќе бидат откажани денес, 23 ноември, поради националната синдикална акција во Белгија. Во протестот ќе учествува и дел од персоналот на контролата на летање „Скајс“, а нарушувања се најавени и во јавниот превоз. Аеродромските власти ги повикаа патниците да ги следат известувањата од авиокомпаниите, кои директно ќе ги информираат за откажувањата и за можностите за промена на ...
Слаб земјотрес со магнитуда од 2,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 04:02 часот, на 23 ноември, во околината на Смолјан, Бугарија. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 8,1 километар североисточно од Смолјан и на 166 километри од Софија. Засега нема информации дека земјотресот бил почувствуван од локалното население. Слаб земјотрес со магнитуда од 2,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 04:02 ...