„Делта ерлајнс“ соопшти дека го решила проблемот со својот систем за тежина и рамнотежа што предизвика доцнења низ целата земја на почетокот на интензивната недела за Денот на благодарноста, објави CNN. Пресметувањето на тежината и рамнотежата на авионот е клучен дел од подготовката за полетување. Во недела наутро, „Делта“ беше принудена да користи рачни процедури за да се осигури дека летовите можат безбедно да полетаат, изјави ...

Татко ги усмртил сопругата и трите деца, на возраст од една, три и пет години, а потоа си го одзел животот во семејниот дом во Плант Сити, Флорида, во четврток, соопшти шерифот на округот Хилсборо, Чед Кронистер. Според неговите зборови на прес-конференција, делови од настанот биле снимени преку отворена линија за време на повик на 911 околу 15:30 часот, при што случајот се истражува како убиство и самоубиство, пренесе „Њујорк пост“. ...

Окружниот суд во Мисури одобри спогодба вредна до 7,25 милијарди долари, со која германскиот фармацевтски и хемиски гигант Баер ќе им надомести на десетици илјади луѓе кои велат дека добиле рак од користење на хербицидот Раундап. Одлуката би можела да стави крај на голем дел од судскиот спор што го мачи Баер речиси една деценија. Компанијата ги наследи тужбите кога го купи производителот на Раундап, Монсанто, во 2018 година за околу 63 ...

Канадскиот премиер Марк Карни доведе имитатор на американскиот претседател Доналд Трамп на сцената за време на традиционалната вечера со новинарите во Отава. Заедно се шегуваа на сметка на Трамп, неговите закани кон Канада и затегнатите односи меѓу двете соседни држави, кои подолг период водат трговски спор. Несекојдневниот настап се одржа во саботата вечерта, на 21 ноември, на годишната вечера на Парламентарната прес-галерија, на која ...

Северна Кореја е подготвена да ги зајакне пријателството и соработката со сите земји што го почитуваат нејзиниот суверенитет, изјави севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Говорејќи по приемот на акредитивните писма од новоименуваните амбасадори на повеќе земји, Ким оцени дека безбедносното опкружување во Источна Азија бара од Северна Кореја да ги зајакне сопствените одбранбени капацитети и да го брани правото на заштита на своите интереси, ...

Ирак стави на продажба два авиона „Боинг 747“, кои од 1991 година се наоѓаат на аеродромот „Тозер-Нефта“ во Тунис. Според извештаите, еден од нив го користел поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Авионите се нудат по вкупна цена од 1,8 милиони долари. Тие биле преместени од Ирак во Тунис во јануари 1991 година, со цел да се зачуваат безбедни пред почетокот на Втората заливска војна. Сепак, поради санкции, финансиски спорови и натрупани ...

Во истанбулската општина Саријер во тек е потрага по животно за кое се верува дека е лавица, откако истото било забележано на безбедносни камери. Тимови од Дирекцијата за национални паркови и општинската полиција на Саријер започнаа акција за нејзино фаќање, додека жандармеријата ги повика локалните жители на претпазливост. Алармот го вклучија граѓани кои ги известија службите за итни случаи, пренесува CNN Türk. Потрага со помош на дронови ...

Три лица загинаа, а една жена е повредена во пукање што се случило за време на семејна прослава во американската сојузна држава Охајо, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случил на прослава организирана пред раѓање бебе, во градот Парма, на околу 16 километри јужно од Кливленд. Според првичните сознанија, на пукањето претходела семејна расправија, објави „Ен-Би-Си њуз“. Полицијата привела 29-годишен маж кој учествувал во пукањето, но ...

Најмалку 15 лица загинале во руските напади врз Киевската област во текот на викендот, од кои 11 во делумното уривање на станбена зграда, соопштија денеска украинските власти. Петкатница во Димер, на околу 45 километри северно од Киев, била погодена во ноќта меѓу саботата и неделата. Во зградата загинале 11 лица, изјави денеска воениот гувернер на Киевската област, Тимур Ткаченко, пренесуваат француските медиуми. Од нашата мрежа Додека ...

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, вчера изјави дека жестоките судири во близина на болница во провинцијата Итури, во Демократска Република Конго, ги попречуваат напорите за сузбивање на еболата. Тој на платформата „Икс“ напиша дека судирите ги принудиле здравствените работници и хуманитарните партнери да побараат засолниште во породилиштето, каде што останале повеќе од 24 часа. Тедрос ...

Добивај вести на Viber Американски истражувачи успеале да ги заобиколат безбедносните механизми на четири водечки четботови со вештачка интелигенција и да добијат детални планови за напади врз електроенергетската мрежа и бомбашки напади со голем број жртви. Експертите процениле дека повеќето планови се изводливи, а американска државна институција предупредува на сериозни ризици за јавната безбедност. Истражувачите кои се обидувале да ги ...

Сезоната на божиќни пазари во Германија започна. На многу места веќе се нудат колбаси и варено вино, а во наредните недели ќе се појават уште многу други штандови. Сепак, покрај вообичаените пазари со ракотворби и закуски, посетителите во некои градови ќе наидат на поинтересни и понеобични празнични понуди. На некои места може да се видат стриптиз-точки, волшебнички трикови или Дедо Мраз кој оди по јаже. Други, пак, се наменети специјално за ...

Уништувањето на Газа од страна на Израел остава разорно еколошко наследство загадена вода, контаминирана почва и токсичен воздух што ги загрозува системите за одржување на животот од кои зависи опстанокот на населението. Во извештајот на „Оксфам“ и „Опсерваторијата за конфликти и животна средина“ (Ceobs) се наведува дека израелскиот воен напад предизвикал широко распространета контаминација низ целиот Појас. Присуството на тешки метали, ...

Самитот во Анталија заврши без договор за главниот политички документ. Фосилните горива исчезнаа од предложениот текст, земјите во развој не добија јасна финансиска гаранција, а генералниот секретар на ОН и европските претставници отворено го изразија разочарувањето. Самитот на ОН за климатските промени COP31 во турска Анталија заврши на 22 ноември без консензус за заедничкиот политички документ што требаше да ги насочи следните чекори во ...

Регионалната влада на Сардинија одобри 10 милиони евра за проект чија цел е привлекување дигитални номади и лица кои работат од далечина. Целта е да се поттикне економскиот развој во помалите градови и да се запре намалувањето на бројот на жители, особено во руралните и оддалечените делови на овој италијански остров. Усвоен е пилот-проект насловен „Дестинација: Дигитални номади“, како и план за формирање Регионална мрежа на иновативни ...

Седумгодишно момче е спасено од урнатините на станбена зграда во Димер, во Киевската област по 14 часа од руските напади врз селото извршени во текот на ноќта во кои загинале 11 лица. Нападот се случил во раните утрински часови во неделата. Тимур Ткаченко, раководителот на Киевската област, изјави дека од урнатата зграда жива е извлечена и 79-годишна жена. Тој додаде дека во напад врз приватна куќа во Била Церква загинало уште едно лице, а ...

Претставници на 32-те земји членки на НАТО денеска во Брисел ќе разговараат за неодамнешното нарушување на полскиот воздушен простор од страна на Русија. За таа цел не е свикан посебен состанок, изјави портпарол на Алијансата, што значи дека прашањето ќе биде разгледано во рамки на редовните консултации. Разговорите се одржуваат во време кога во Берлин продолжува 72-та годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО. На пленарната седница ...

Едно лице е пренесено в болница откако „непозната супстанција“ била испуштена во публиката за време на концертот на Дон Толивер во арената „Ко-оп Лајв“ во Манчестер, соопштија официјални претставници. Полицијата на Манчестер (ГМП) соопшти дека синоќа кусо по 22:00 часот бил прогласен сериозен инцидент по пријавите дека луѓе во публиката на настапот на американскиот рапер чувствуваат последици од непозната супстанција, за која полицијата ...

Воздушниот сообраќај кон и од Белгија денеска речиси целосно ќе запре поради штрајк на национално ниво. Белгиската организација за контрола на летање „Скајс“ соопшти дека нема да може да гарантира редовни услуги меѓу 07:00 часот и 21:00 часот по локално време, бидејќи вработените се приклучуваат кон штрајкот. Ќе се одржуваат само неопходните услуги за итни случаи и други летови од критично значење за безбедноста. На патниците им се советува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно им порачал на европските лидери дека треба да престанат со финансирањето на Украина. Информацијата ја објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на два извора запознаени со содржината на телефонскиот разговор меѓу Трамп и учесниците на состанокот на европската Коалиција на подготвените. Според извештајот, Трамп ги критикувал плановите на Европската Унија и другите партнери да помогнат во ...

Патниците кои планираат да летаат следното лето се соочуваат со низа неповолни околности. Поради растот на цените на авионското гориво и намалувањето на бројот на достапни седишта – мерки што авиокомпаниите масовно ги спроведуваат за да ги покријат трошоците – патувањето ќе бара поголем буџет. Индустриските здруженија и авиопревозниците веќе ја подготвуваат јавноста за поскапувања, при што „Рајанер“ дури излезе и со конкретна проценка за ...

Иран во изминатата недела лансирал повеќе дронови и ракети отколку во кој било друг период во текот на повеќе од една година, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп. „Не грижете се, сите се соборени и не направија никаква штета“, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушл. Нападите врз танкери во Ормуската Теснина исто така се зголемија во последно време, а се сомнева дека зад нив стои Техеран. Бахреин, заливска држава во ...

Од часови за дронови и воена медицина до писма за војниците на фронтот и учебници со официјалната верзија на Кремљ за Украина – воените теми стануваат дел од секојдневието на руските ученици. Некои родители избираат домашно образование, а организациите за човекови права предупредуваат и на следење на ставовите на децата. Во руските училишта војната сè почесто се појавува како тема на редовната настава, практичните вежби и активностите надвор ...

Петнаесет лица се повредени во пожар што синоќа избувнал во болница во населбата Лихтенберг, во источниот дел на Берлин. Според портпаролот на полицијата, пожарот избувнал во соба на првиот кат од болничкиот објект, а постојат индиции дека го предизвикал пациент кој ја запалил постелата во својата соба. Пожарникарите го изгаснале пламенот, но чадот се проширил и во другите делови од зградата, поради што дел од болницата бил евакуиран. ...

Најмалку 12 лица загинаа во руските напади врз Киевската област, од кои деветмина при делумно уривање на станбена зграда, според најновите податоци што локалните власти ги објавија утринава. Русија во последните шест месеци ги интензивираше нападите врз украинскиот главен град, а многумина стравуваат дека претстојната зима би можела да биде најтешка од почетокот на војната пред речиси пет години. Во текот на ноќта меѓу саботата и неделата, ...

Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, генерал-мајор Мохсен Резаи, денеска изјави дека ерата во која Соединетите Држави беа победничка нација е завршена. – Иран од 2026 година не е Иран од 1943 година – ниту пак оној од конференциите во Техеран и Јалта во 1945 година – исто како што и Америка од 2026 година не е Америка од таа ера, таа стана поразена нација, а не победник во војна!, напиша Резаи на социјалните мрежи, ...

Долгогодишниот дописник на Би-би-си од Русија, Стив Розенберг, директно го праша рускиот претседател во Шенжен, Кина – по трилатералната средба меѓу Владимир Путин, Доналд Трамп и Ши Џинпинг – дали е подготвен да ја заврши војната во Украина. Снимката од разговорот тој ја објави на социјалната мрежа Икс. Розенберг го потсети Путин на усвоената мировна декларација и на неговата претходна изјава дека САД, Русија и Кина сносат заедничка ...

Развивачите на вештачка интелигенција треба да се договорат за заеднички ограничувања во развојот на сè помоќни AI модели и да го користат поимот „перплексити“ (pe plexity) како заедничка мерка за следење на напредокот во целата индустрија, изјави во неделата главниот научник на компанијата Ope AI. Овој предлог – детално опишан во блог-објава од главниот научник на Ope AI, Јакуб Пачоцки, и поддржан од извршниот директор Сем Алтман – доаѓа во ...

Успесите на Алтернатива за Германија (АфД) на последните избори ја приближуваат партијата сè повеќе до доаѓање на власт во Германија. Во покраината Саксонија-Анхалт, на покраинските избори во септември 2026 година, таа стана убедливо најсилната политичка сила и сега сака да го предложи идниот премиер на покраината. За парламентарните избори во 2029 година партијата си постави цел да ја добие функцијата сојузен канцелар, со својата ...

Компирите се едни од најважните земјоделски култури на Земјата. Оваа храна е одличен извор на скроб, витамини, минерали и влакна, а наскоро би можела да стане важна култура и на Месечината. Научниците успешно одгледаа хранливи компири во симулирана месечева почва – компири кои се исто така безбедни за консумирање. Целта на ова истражување е да се пронајдат начини за исхрана на астронаутите кои во блиска иднина би можеле да престојуваат во ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
3.09
48%
1028
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
65%
1028
weather icon

Загреб

1ᴼ / -2ᴼ
0.51
82%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
5.14
58%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
7.42
73%
1025
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
96%
1028
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
5.14
63%
1021
weather icon

Тирана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
42%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
82%
1023
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
5.14
66%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
65%
1023
Currency

61.76

Currency

56.3

Currency

73.698

Currency

37.388

Currency

39.286

Currency

66.972

Currency

8.446

Currency

0.68689

Currency

0.35386

Currency

0.52424

Currency

1.1132

Currency

0.60306

Цинк

3.67

Иридиум

326330.08

Родиум

287749.18

Платина

42213.93

Злато

116266.74

Паладиум

28164.05

Калај

41.34

Сребро

1355.97

Алуминиум

2.84

Рутениум

59478.88

Кобалт

33.53

Бакар

11.01