Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Танкер што требало да донесе гориво на Куба го променил правецот и свртел кон Тринидад и Тобаго, покажуваат податоците на сајтот за следење бродови „ЛСЕГ“, што е голем удар за земјата, која поради недостиг на нафта се соочува со сериозна енергетска криза и чести прекини во електроснабдувањето. Последниот прекин траеше повеќе од 29 часа и властите очекуваат да станат уште почести откако САД воведоа блокада на увозот на нафта на Куба. Танкерот ...
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, разговараше со Доналд Трамп за војната во Иран. „Попладнево разговарав за ситуацијата во Иран, Израел и Украина со американскиот претседател Доналд Трамп. Се согласивме да останеме во близок контакт. Наскоро ќе го продолжиме разговорот“, напиша Мерц на социјалните мрежи. Двајцата лидери се сретнаа во Белата куќа претходно овој месец, неколку дена по првите американско-израелски напади врз Иран. Но, Мерц ...
Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека заканите и „теророт“ против Иран само дополнително ја обединуваат земјата, откако Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските енергетски постројки, ако Ормутскиот теснец не биде целосно отворен. Во објава на X, Пезешкијан рече дека Иран „решително ќе се соочи со заблудните закани на бојното поле“. Тој додаде дека Ормутскиот теснец е „отворен за сите, освен за оние што ја нарушуваат ...
Повеќе од 50 милиони италијански граѓани треба да ја искажат својата волја на референдум за тоа дали да одобрат или отфрлат реформа на правосудниот систем денес и утре. Референдумот не бара 50% плус еден од оние со право на глас, што значи дека резултатот ќе биде валиден без оглед на излезноста, пренесува АНСА. Гласачките места се отворија утрово во 7 часот по локално време и треба да се затворат во 23 часот, а гласачите ќе можат повторно да ...
Папата Лав Четиринаесетти денеска повика на прекин на насилството низ целиот свет, охрабрувајќи ги сите да истраат во молитвите бидејќи, како што нагласи, луѓето не можат да молчат пред страдањето на толку многу невини жртви од конфликтот на Блискиот Исток, и истакна дека она што им штети нив му штети на целото човештво. Тој изрази длабока загриженост за моменталната состојба на Блискиот Исток, како и во другите делови од светот уништени од ...
Европа во моментов не е во позиција да уценува никого, вклучително и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави денес портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков. Тој истакна дека токму Украина е таа што во моментов уценува сè на европскиот континент, одговарајќи на прашањето дали Европа сега би можела да се обиде да го уценува Трамп нудејќи му помош на Блискиот Исток во замена за учеството на ...
И во Германија, цените повторно растат, овој пат поради конфликтот на Блискиот Исток. Според тоа, владата на оваа земја има намера да формира работна група, која ќе разгледа дали зголемувањето на цените е оправдано или трговците ги користат конфликтите за да го зголемат својот профит. Имено, владата планира да формира „Работна група за цените на храната“ со цел да се спречи зголемување на цените над она што е економски оправдано поради ...
Најмалку две лица се тешко повредени во експлозија на плинска боца, при што една помала зграда се урнала, а две се оштетени. Како што наведува „Месаџеро“, најмалку 70 лица се евакуирани. На местото на настанот има бројни противпожарни екипи, полиција и служби за итна помош. Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините за да утврдат дали има затрупани лица. Најверојатна причина за експлозијата е неисправна плинска боца, но истрагата ќе ги ...
19 Март 2026 ДПА Соединетите Американски Држави ги олеснуваат своите санкции против венецуелскиот нафтен сектор и одобруваат обемни трансакции со државната нафтена компанија ПДВСА (PDVSA). Сите трансакции се дозволени под одредени услови, соопшти вчера американското Министерство за финансии. Овој потег доаѓа во време кога цените на нафтата нагло пораснаа како резултат на војната во Иран, што ја почнаа САД и Израел на 28 февруари. Цените на ...
Израелка вербално се судри со министерот за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир на местото на иранскиот ракетен напад во јужниот град Арад. 🇮🇱 Minister of National Security Itamar Ben-Gvir was confronted by residents in Arad while visiting the site of the missile strike that left dozens wounded in the city. In the video, a woman shouts: “You bear responsibility for all these deaths. Get out of my city!” before… ...
Портрет на ЏОН КЕНЕДИ – НАЈУРНЕБЕСНИОТ МЕЃУ ПОЛИТИЧАРИТЕ Како еден американски сенатор го чува Уставот со „сакам да купам базука“ и „дали мажот може да дои бебе“ „Сакам да купам базука, најдов една поволна понуда во Европа. Може ли да ја купам, да ја поседувам и да користам овде во Америка?“. Вака 74-годишниот републикански сенатор Џон Кенеди го провери идниот американски судија Ендру Дејвис за тоа како ќе си ја врши својата работа. ...
Цените на бензинот и дизелот низ цела Европа растат во согласност со глобалните цени на нафтата поради војната во Иран и прекините што влијаат врз снабдувањето од Персискиот Залив. Суровата нафта брент накратко достигна 119 долари за барел двапати од првите американско-израелски напади врз Иран кон крајот на февруари. Ефектите од флуктуирачките цени на нафтата сега ги чувствуваат домаќинствата низ цела Европа, каде што даноците сочинуваат ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека во израелски воздушен напад во саботата е убиен висок командант на елитните сили Радван на либанското милитантно движење Хезболах. Според ИДФ, во израелски воздушен напад врз градот Мајдал Селм во јужен Либан, убиен е Абу Халил Барџи, командантот на единицата на специјалните сили Радван, заедно со уште двајца оперативци, објавува „Тајмс оф Израел“. ИДФ вели дека во текот на ноќта била ...
Во видео кое се појави на социјалните мрежи шефот на иранската полиција Ахмад Реза Радан, упати иронична порака до ЕУ. „Трамп прво ѝ се закани на Европската Унија, а потоа молеше. Рече дека ќе дојдеме и ќе го земеме Гренланд. Сакам да ѝ кажам на Европската Унија: ако не можете да го заштитите вашиот Гренланд, пратете барање, ние ќе дојдеме и ќе го заштитиме“, рекол Радан, предизвикувајќи смеа кај присутните. Тензиите го достигнаа пикот откако ...
Јорданската армија денес објави дека од почетокот на војната на Блискиот Исток, кон кралството се испукани 240 ракети и беспилотни летала, од кои Кралските воздухопловни сили пресретнале и уништиле 222, додека 18 не биле запрени од одбранбените системи. Во соопштението на јорданската армија се наведува дека од почетокот на војната на Блискиот Исток минатиот месец, вкупно 240 ракети и беспилотни летала се насочени кон територијата на ...
Џабир Дерала Во едно не толку далечно минато, директна поддршка од странски лидер за кандидат во туѓи избори ќе предизвикаше дипломатски скандал. Денес, тоа е вообичаено. Поддршката од актуелни или поранешни државни лидери во предизборните кампањи на други држави добива аплаузи на сцена, се емитува како политички спектакл и се споделува како доказ за кредибилитет и политички капацитет. Така, видео пораката на американскиот претседател Доналд ...
ЕУ стравува дека „паднала во стапицата на Виктор Орбан“ и несвесно му го претставила на унгарскиот народ како единствен бранител на интересите на земјата, пишува бриселскиот „Политико“. „Орбан ги изнервирал. Некои од неговите најжестоки европски критичари се загрижени дека лидерите на ЕУ паднале во внимателно поставена стапица токму на време за последната фаза од напнатите парламентарни избори во Унгарија“, се вели во статијата. Според ...
Еден доктор препорача возраст на која, според него, луѓето треба целосно да престанат да пијат алкохол, наведувајќи важни здравствени причини. Неговиот совет доаѓа во време кога медицинските експерти сè повеќе предупредуваат дека не постои безбедна количина алкохол и дека секое пиење алкохол, дури и повремена чаша вино со вечера, носи одреден ризик по здравјето. Препорака од невролог Ова е 83-годишниот д-р Ричард Рестак, автор на околу ...
Министрите за надворешни работи на Г7 изјавија дека се подготвени да преземат координирани мерки за поддршка на глобалните енергетски резерви, во услови на зголемени геополитички тензии, пренесе „Ројтерс“. Во заедничка изјава, тие ја истакнаа клучната важност на безбедноста на поморските трговски рути, особено на Ормутски теснец, кој е од витално значење за глобалното снабдување со нафта. Министрите изразија поддршка за партнерите во ...
Состојбата на бугарската сноубордeрка Малена Замфирова значително се подобрува по тешкиот инцидент на 3 март за време на Светскиот куп во Шпиндлерув Млин, соопшти заменик-министерот за здравство на Бугарија доц. Михаил Околијски, пренесува Bulgaria On Air. Таа беше удрена од скијач за време на натпревар, по што следувале неколку операции, вклучително на бутната коска и лопатката. „Состојбата ѝ се подобрува значително и нема скинати лигаменти ...
Британскиот министер Стив Рид во неделата изјави дека нема проценка што ги поткрепува тврдењата дека Иран планира да ја нападне Европа со балистички ракети или дури има капацитет да го стори тоа. Во саботата, израелските одбранбени сили објавија на социјалните медиуми дека Иран има ракети „кои можат да стигнат до Лондон, Париз или Берлин“. „Нема проценка што го поткрепува она што се говори“, изјавил британскиот министер за домување Рид за ...
Подморницата „Слава“ останува силен симбол за генерации бугарски подморничари, кои ја опишуваат како свој втор дом и дел од една значајна епоха, јавува Нова телевизија. Мичманот од резервот Цветко Цветков сведочи дека екипажот минувал меѓу 120 и 130 дена годишно на море, понекогаш останувајќи под вода речиси еден месец без испливување. „Тоа беше вистинско испитување кое бара исклучителна издржливост и дисциплина“, вели тој. Претседателот на ...
Илја Ремесло, адвокат и блогер кој со години се сметаше за лојален поддржувач на Кремљ и Владимир Путин, оваа недела одеднаш направи драматичен пресврт и јавно го нападна рускиот претседател – само за набргу потоа да заврши во психијатриска болница. Ремесло претходно бил познат по своите агресивни напади врз тамошнатта опозиција, особено врз Алексеј Навални, против кого водел кампањи и правни иницијативи. Сепак, во објава на Телеграм на 17 ...
Доколку Иран не го отвори Ормутскиот теснец во рок од 48 часа, САД ќе ги уништат електраните на Исламската Република, почнувајќи од најголемата, објави американскиот претседател Доналд Трамп. Доколку Иран не го отвори целосно, без закана, Ормутскиот теснец во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе нападнат и ќе ги уништат нивните електрани, почнувајќи од најголемата, објави Доналд Трамп на Твитер. Постојаниот претставник на Иран во ...
Украинските воени советници кои пристигнаа на Блиски Исток по барање на Централната команда на американската војска си заминале запрепастени од она што го виделе во Персискиот Залив. Според весникот „Тајмс“, украинските офицери биле вџашени од тоа колку слободно некои заливски земји ги користат пресретнувачките проектили „патриот“, понекогаш испукувајќи и до осум ракети кон една цел, вклучувајќи и релативно евтини дронови. Една ракета ...
Иран објави дека неговите системи за воздушна одбрана собориле борбен авион F-15 во близина на јужниот дел од Ормускиот Проток. Авионот наводно бил пресретнат над јужниот брег на Иран, објави полуофицијалната новинска агенција ایسنا (ИСНА), повикувајќи се на соопштение од Заедничката команда за воздушна одбрана на Иран, објави агенцијата Anadolu. Во соопштението се додава дека авионот испалил ракета кратко пред да биде погоден. Нема независна ...
Можноста за Трета светска војна повеќе не е само политичка тема. Сè повеќе луѓе веќе почнаа да размислуваат за сценарија за напуштање на својата земја во потрага по безбедно место за живеење. Но, каде може да се оди брзо, легално и релативно безбедно во случај на Светска војна? Веб-страницата vg.hu посочува шест од најоптималните услови во некои земји од географска, политичка и економска гледна точка. Ирска – изолирана од воената зона Ирска е ...
На социјалните мрежи се појави видео во кое ирански функционер саркастично му се потсмева на американскиот лидер Доналд Трамп и ѝ нуди „помош“ на Европа поради Гренланд. Во видео што кружи на интернет, шефот на иранската полиција, бригаден генерал Ахмад Реза Радан, за време на јавно појавување упати иронична понуда до Европската Унија, директно осврнувајќи се на претензии на Трамп кон оваа данска автономна територија. „Трамп прво ѝ се закани ...
Според оманскиот новинар, Салем Ал Џахури, американскиот претседател Доналд Трамп наводно издал финансиски ултиматум до земјите од Персискиот Заливот во врска со конфликтот околу Иран. Барањето на Трамп е за исплата до пет трилиони долари за војната против Иран. Слушаме… дека се врши американски притисок врз земјите од Заливот“, забележуваа новинарот, поставувајќи прашања за обемот на овој притисок и неговите цели. Според него, се дискутира ...
САД привремено ја суспендираа продажбата на руска нафта и нафтени производи натоварени на бродови пред 12 март поради санкции. Соодветната дозвола ја издаде Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД, објави 4news.mk Дозволата ќе важи еден месец – до 12 април. Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, објасни дека целта на оваа мерка е да се зајакне стабилноста на глобалните енергетски пазари. ...