Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
По новата блокада на еден од најважните либиски нафтоводи, која се закануваше да го намали производството за 350.000 барели дневно, властите во Либија потврдија дека протокот на нафта е обновен. Инцидентот повторно ја покажа ранливоста на снабдувањето со нафта во услови на нестабилност на Блискиот Исток. Либиската Национална нафтена корпорација претходно предупреди дека затворањето на вентил на нафтоводот од нафтеното поле Шарара би можело да ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изрази загриженост поради падот на три руски крстосувачки ракети во Полска, оценувајќи дека Русија мора веднаш да запре со „опасните провокации“. Мерц ја даде изјавата по средбата со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Берлин. -Полска може да смета на нашата целосна солидарност. И ако биде потребно, НАТО, се разбира, ќе го брани секој сантиметар од територијата на сојузниците – изјави Мерц. Тој ...
Париз — „Шанзелизе“ се потпира на холивудски ѕвезди, нов импресивен светлосен спектакл и враќање на божиќниот пазар, со цел да ја зацврсти својата позиција како една од водечките светски туристички и трговски дестинации. Ова доаѓа во момент кога градот се обидува да им влее сигурност на посетителите по неколкунеделни протести и немири. Кејт Бланшет во неделата вечерта свечено ги вклучи овогодинешните божиќни декорации, во рамките на еден ...
Според американската Администрација за енергетски информации, увозот на сирова нафта од Ирак е суспендиран осма недела по ред, при што минатата недела немало пратки нафта од Ирак кои влегле во САД. Просечниот увоз на сирова нафта од деветте земји најголеми снабдувачи со нафта за САД достигнал 5.257.000 барели дневно минатата недела, во споредба со 6.286.000 барели дневно претходната недела. Канада е најголемиот снабдувач со сирова нафта во ...
Лидерот на Демократската партија во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Хаким Џефрис, изјави дека завршувањето на „неодговорната и скапа избрана војна во Иран“ ќе биде приоритет за новиот американски Конгрес, во кој демократите ќе имаат мнозинство од јануари. – Постојат неколку работи што планираме да ги направиме многу рано во новиот Конгрес. Треба да ја завршиме оваа неодговорна и скапа избрана војна во Иран што ги доведе цените ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес ги повика сојузниците да го разгледаат полноправното членство на Украина во НАТО како алтернатива на безбедносните гаранции. За време на обраќањето до земјите-членки на Северноатлантската алијанса во Берлин, Зеленски процени дека, благодарение на силната украинска армија, НАТО ќе стане уште посилна организација, објавува порталот „Униан“. „Полноправното членство на Украина во НАТО би било ...
Кмпанијата „Боинг“ објави дека почнува производството на првиот ловец од шеста генерација Ф-47. Според моменталниот распоред, првиот лет на авионот останува закажан за 2028 година. Проектот се развива во новиот објект на „Боинг“ во Сент Луис, Мисури. Комплексот се гради на локација што се простира на приближно 64 хектари и е дизајниран да го смести најнапредниот целосно дигитален систем за дизајн и производство во воздухопловната индустрија. ...
Американската технолошка корпорација „Енвидија“ го врати Џенсен Хванг на функцијата извршен директор. Одборот на директори на „Енвидија“ едногласно гласаше за враќање на Хванг по разговорите и состаноците со него, како и по добивањето информации од високи нивоа на американската влада, се вели во соопштението на компанијата. Минатата недела, компанијата кажа дека враќањето на Хванг не доаѓа предвид. Претседателот на САД, Доналд Трамп, го ...
Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во ...
Неуспешниот план на Џани Инфантино, наречен „Fifa Forward Enterprise“ (FFE), можеше да го „зароби“ фудбалот во период до 96 години, при што раководството на шемата би добивало до 5% од нејзината вредност, која се мери во милијарди долари, се наведува во документите до кои дојде весникот „Гардијан“. Претходно необјавени комуникации помеѓу ФИФА и „Thrive Capital“ – водечкиот инвеститор во овој предлог – фрлаат ново светло врз договорот за ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги отфрли барањата на Украина за прием во трансатлантската алијанса во овој момент. Тој на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин изјави дека постои можност Украина да стане дел од Алијансата во иднина, но дека членовите на НАТО во моментов не се едногласни по ова прашање, објави „Зидојче Цајтунг“. „Кој може да стане членка на НАТО одлучува исклучиво НАТО“, рече Руте. ...
Русија води две војни: едната е конвенционална војна против Украина, додека другата е когнитивна војна против европските демократии и земјите-членки на НАТО, изјави денеска молдавската претседателка Маја Санду, обраќајќи се на годишната сесија на Парламентарното собрание на Алијансата во Берлин. „Првата е конвенционална војна против Украина, која се води со ракети, беспилотни летала и артилерија, со цел заземање територија и лишување на еден ...
Ирска, една од најбогатите земји во Европската Унија, се соочува со сериозни предупредувања дека нејзиниот финансиски систем станал привлечна дестинација за меѓународните криминални организации, корумпираните службеници и за актерите поврзани со непријателски држави. „Транспаренси интернешнл“ процени дека потенцијално би можеле да поминат меѓу 120 и 300 милијарди евра нелегални пари низ ирскиот финансиски сектор, пишува „Дејли мејл“. Ова е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека цените на нафтата нагло паднале по среднорочните избори во САД, на кои републиканците претрпеа тежок пораз, и целата работа ја нарече огромна измама. „Не е ли интересно што цените на нафтата нагло паднаа по среднорочните избори? Реков дека тоа ќе се случи. Сето тоа е огромна измама!“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social во неделата. Претходно истиот ден, во друга објава, тој ги обвини ...
Шефицата на австриската дипломатија Беате Мајнл-Рајзингер официјално побара од и земјите кандидатки за членство во Европската Унија да бидат вклучени во планираната регулатива „Произведено во Европа“ (Made in Europe), за да можат да добијат средства од буџетот на ЕУ. Во ЕУ се води дискусија за деталите на регулативата „Произведено во Европа“, чија цел е да се осигури дека, при јавните набавки и доделувањето субвенции поголем дел од средствата ...
Џенсен Хуанг се огласи откако беше објавено дека се враќа на чело на „Нвидија“. Тој порача дека му е чест повторно да води „една од најважните технолошки компании во светот на почетокот на новата индустриска револуција“. „Оваа одговорност ја прифаќам со најголема скромност и обновена посветеност. Сакам да му се заблагодарам на управниот одбор на ‘Нвидија’ за довербата и за темелното разгледување на сите аспекти во текот на оваа постапка“, ...
Техеран- Иранските судови побараа САД да платат 290 милијарди долари отштета, изјави денес Хасан Абдолијанпур, раководител на Правниот центар за адвокати со седиште во Техеран. „Домашните судови издадоа пресуди со кои им наредуваат на Американците да платат 290 милијарди долари отштета“, рече Абдолијанпур, според иранскиот портал Ентехаб. Тој додаде дека неколку бродови што им припаѓаат на САД, а кои неодамна беа запленети, ќе бидат дел од ...
Во соопштението се наведува дека одлуката е одговор на континуираните непријателски активности на Русија против Естонија и други европски земји. „Естонските компании од одбранбената индустрија беа цел двапати оваа година, а според естонската Служба за внатрешна безбедност, во двата случаи нападите беа нарачани од руските специјални служби“, се додава во соопштението. Реклама Естонија претходно објави дека ќе ги затвори сите премини по ...
Прославите по повод рекордната долговечност на Кирстен Швалбе (112) и објавувањето на нејзината биографија го свртеа вниманието кон нејзиното минато. Истрагата откри дека таа имала раководни функции во Данската националсоцијалистичка работничка партија, пишува париски Ле Монд. Дали требало да се открие нацистичкото минато на најстарата жителка на Данска, родена на 10 март 1914 година или, од почит кон нејзината длабока старост и нејзиното ...
Обвинителите во Турција побараа замрзнување на хартиите од вредност на 108 лица, за кои постои сомневање дека секое од нив профитирало повеќе од 2 милиони долари од тргување со акции за време на периоди на наводна манипулација на пазарот. Барањето е дел од истрагата за голем скандал со инвестициски фонд, вреден околу 17 милијарди долари, што ја потресе турската берза и покрена прашања за финансискиот надзор и политичкото влијание на пазарите, ...
Токио – Јапонската влада планира да формира штаб за итни случаи надвор од пошироката област на Токио во случај на голем земјотрес, изјави во понеделник извор запознаен со ова прашање. Иако не се очекува клучните владини функции да бидат изгубени по таков земјотрес, официјалните лица веруваат дека е потребно да се преземат мерки на претпазливост, објави Кјодо. Се очекува владиниот план за континуитет на работењето, кој наскоро треба да биде ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека преговори меѓу Украина, Европа, САД и Русија се можни пред Божиќ, на 25 декември. „Треба да се направи сè што е можно за да се осигура дека средбата меѓу Украина, Европа, Америка и Русија ќе се одржи што е можно поскоро. Ние сме подготвени уште од утре. Нашите партнери нè информираа дека сакаат средбата да биде пред Божиќ. Се надеваме дека тоа ќе биде и порано“, изјави Володимир ...
Поранешните министри за одбрана на Бугарија и Романија, Бојко Ноев и Јоан Мирча Пашку, го повикаа Европскиот Унион да воспостави военопоморска мисија за заштита на безбедноста и слободата на пловидбата во Црното Море, јавува Медиапул. Во заедничкиот став предлагаат мисијата да го носи името EUNAVFOR Black Sea и да биде дел од Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ. „Како последица на руската агресивна војна од полн обем против ...
Германската министерка за правда Штефани Хубиг (СПД) сака фемицидите во иднина појасно да се квалификуваат како тешко убиство. За таа цел, таа предлага заострување на одредбата за тешко убиство во германскиот Кривичен законик. Во иднина, „родово специфичните или други мотиви засновани врз презир кон човечкото достоинство“ треба експлицитно да бидат наведени како мотиви поради кои едно дело може да се квалификува како тешко убиство, објави ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави дека наскоро ќе го посети Закарпатието, регион во западна Украина, за да изрази поддршка за тамошното унгарско малцинство. Тој во парламентот рече дека од почетокот на војната ниту еден унгарски премиер не ги посетил Унгарците во регионот, каде што самиот бил во 2024 година како опозициски политичар, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс. Маѓар во октомври, по средбата со украинскиот претседател ...
Кремљ ги отфрли медиумските извештаи во Германија според кои Русија планира годинава да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената, оценувајќи дека таквите тврдења не треба да се сфаќаат сериозно. Група германски медиуми во понеделникот објавија дека разузнавачките служби на земјите членки на НАТО заклучиле оти Москва планира такво лансирање. Од нашата мрежа Разликите меѓу земјите од еврозоната во пристапот до финансирање ја… 6 минути ...
Германските конзервативни политички партии изнесоа нови предлози кои би можеле значително да го отежнат процесот на добивање германско државјанство за странските државјани кои живеат во Германија. Плановите вклучуваат зголемување на условот за престој од пет на осум години, барање повисоко ниво на познавање на германскиот јазик, ограничување на двојното државјанство и воведување построги финансиски услови, пренесуваат германски медиуми. За ...
Во украински напад со дронови во понеделникот, избувна пожар во една од најголемите руски рафинерии за нафта, која се наоѓа во градот Перм, на повеќе од 1.500 километри од украинската граница. Во нападот, едно лице е убиено, а две се повредени, соопшти гувернерот на Пермската област, Дмитриј Махонин. Цел на нападот беше рафинеријата „Лукоил-Пермнефтеоргсинтез“, една од технолошки најнапредните во Русија, која може да преработува повеќе од ...
Хесус Кабаљеро, главен извршен директор на аеродромот „Васил Левски“ во Софија и член на управниот одбор на ACI EUROPE, учествуваше на панел за улогата на раководителите во безбедноста на воздушниот сообраќај. Панелот се одржа во Даблин во рамките на Годишната конференција за воздухопловна безбедност на Агенцијата на Европската Унија за воздухопловна безбедност (EASA) за 2026 година, соопшти софискиот аеродром. На панелот „Безбедноста како ...
Над 30 жени во западна Швајцарија поднесоа обвиненија за сексуална злоупотреба против повеќе од 20 терапевти за алтернативна медицина, вклучувајќи магнетизатори, акупунктуристи и шамани. Според истрагата на јавниот радиодифузен сервис РТС, која исто така беше прикажана на Блик , во тек е кривична постапка против најмалку четворица осомничени во кантонот Вале, додека друг е во притвор од средината на октомври. Една од жените признала дека била ...