Полицијата вчера на територија на СВР Битола изрекла вкупно 34 мерки за возење под дејство на алкохол. Како што соопшти денеска МВР, 15 казни се изречени на подрачје на Битола, 11 на подрачје на Ресен, три во Македонски Брод, по две мерки во Прилеп и Крушево и една мерка на подрачје на Демир Хисар. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се ...

02/05/2024 09:46 - МИА - +2

Скопје, 1 мај 2024 (МИА) - На 30.04.2024 во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Секторот за внатрешни ...

На 30.04.2024 во 17.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат с.Ерџелија-с.Мустафино, патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Мустафино, светиниколско, удрило во паркирано возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна ...

Скопјанец е тешко повреден во судрир меѓу две возила во Скопје. – На 30.04.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од Ј.Р.(51) од Скопје и патничко возило „фолксваген“, управувано од Б.Р.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р., констатирани во Градската општа ...

Определен е притвор во траење од 30 дена за И.Ј.(37) од Скопје во КПУ Затвор – Скопје, за кого ќе биде изготвена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик. Како што информира МВР, полицијата по преземени оперативни мерки и активности вчера го лишила од слобода И.Ј.(37) од Скопје. При претрес во неговиот дом во Сопиште, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин, семки од растение, три дигитални ваги ...

Малолетничка е тешко повредена откако била прегазена од „југо“ во Прилеп. - На 30.04.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Прилеп патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(52) удрило во велосипед управуван од малолетничка, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската болница Прилеп, соопштија ...

Сеуште нема официјални информации од обдукцијата на телото 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип. Таа таму престојувала како потстанар. СВР Штип работи на расчистување на случајот. Неофицијални информации говорат дека девојката дошла во Штип каде мајка ѝ издржувала затворска казна, а тоа е всушност жената која лани уби човек во Кавадарци, а потоа го запали ...

Кавадарчанката Марина Бошкова (51 год) е осудена на 10 години затвор на почетокот од октомври минатата година. Таа е обвинета за убиството поради семејно насилство, над Илија Милошевски (71 год) од Кавадарци, кое се случи на 6 септември 2022 година во Кавадарци. Марина била во домот на Илија во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка, во која осомничената со остар предмет му ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против У.Б.(49) и В.К.(46), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“. Како што информираат од МВР, тие биле затекнати во патничко возило, сопственост на В.К., при користење на марихуана, која У.Б. претходно ја набавил. ...

Вчера во 08.30 часот во СВР Тетово, 38-годишен тетовец пријавил дека на 22.04.2024 бил измамен од едно лице за сума од 800 евра, извести МВР. „Според пријавеното, лицето дошло во неговиот деловен објект и му понудило мобилен телефон за сумата, за што му приложил и фактура. Како што е пријавено, тој одлучил да го купи телефонот, а откако се обидел да го активира кај неколку сервисери, тие му кажале дека телефонот не е оригинал и сфатил дека бил ...

БИТОЛА – Директорката на ученичкиот дом во Битола, Елена Спасеновска, која е под истрага на ОЈО за криминал во работењето, денеска на работа, наводно, натепала вработена службеничка во просториите на домот. Пред очите на повеќемина вработени, директорката, според искажувањата на сведоци, откако имала и вербални „пресметки“ со вработените, во еден момент физички ја нападнала вработената, со удари по главата и телото. Со цел да ја спречи во ...

Мајката на 26 годишната Х.Б која вчера во Штип е пронајдена мртва во својот стан, лани извела невиден масакр врз тело на пензионер од Кавадарци. Според доказите жестоко со нож го избола човекот со кого во еден период живеела, а потоа сакајќи да го сокрие злосторството телото го запалила. Полицијата по извесен период имала проблем со идентификација на убиецот, но сепак мајката на Х.Б е откриена, а потоа и осудена на затворска казна од 14 години. ...

Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (29-април) во периодот од 10 до 15 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли, соопштија од СВР. При контролата биле откриени и санкционирани 15 прекршоци (Тетово-10 и Гостивар-5), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига, сообраќајна дозвола со поминат рок на ...

Вчера во 12.30 часот во СВР Тетово, 51 – годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од А.Л.(29) од Тетово. „Според пријавеното, во текот на 2019 година, откако со неколку други лица биле повреден во сообраќајна незгода, биле контактирани од А.Л., кој се претставил како агент од осигурителна компанија и им понудил по 500 евра за обештетување за повредите во незгодата. Како што е пријавено, откако се согласиле и потпишале документи, ...

На 29.04.2024 во 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во насока кон Куманово, атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(35) од Велес, удрило во патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.Џ.(33) од Скопје, кое пак по инерција удрило во товарно возило „ивеко“ и приколка со битолски регистарски ознаки, паркирано од ...

На 29.04.2024 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведено е 29 годишно лице од Охрид, поради сомнение дека претходно, на улицата „15 Корпус“ во Охрид, со уште едно лице, физички нападнале 71 годишно лице од Охрид. По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 29.04.2024 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските ...

На 29.04.2024 во 18.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.Д.(25) од Струмица. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во магацин во село Дабиле, струмичко, при што одзел повеќе предмети, соопшти МВР. -Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и кај него биле пронајдени украдените предмети, кои се вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното ...

Во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека в саботата навечер околу 23.00 часот на подрачјето на Карпош, нејзината малолетна ќерка била физички нападната и допирана по телото од неколку малолетници, кои ги познавала од претходно. Од скопската полиција се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во неделата, пак, во 23.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни ...

По преземени мерки и активности, на 29.04.2024 во 17.40 и во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.М.(26) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци и В.А.(28) од Пакистан, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, соопшти МВР. -Претходно, В.А. бил забележан како од железничката пруга кај с.Табановце, ...

Кривично ќе се гони маж од кочанско затоа што се заканувал на полицијаци преку социјални мрежи. - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста“. Во периодот од 24.02.2024 до 28.02.2024, преку социјална мрежа, пријавениот во повеќе наврати испратил пораки со заканувачки ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против петмина скопјани осомничени за кривичните дела убиство во обид и соизвршителство. Поднесена е кривична пријава против С.Е.(31) и Х.Е.(49), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид и против И.Е.(28), Б.Е.(24) и Ј.Б.(21), сите од главниот град на државава, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела убиство во обид и соизвршителство“, информираше МВР. ...

Сопственикот на бензинските пумпи МАКОИЛ Мите Јовановски на социјалните мрежи објави дека починала неговата сакана Тања Мојсовска. – Почина мојата сакана, ќе биде изложена во црквата СВ.Јован крстител во Бутел од 13:30 до 14:30 понеделник, објави Јовановски вчера на социјалните мрежи. МВР денеска соопшти дека на 28.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од ...

70-годишен велосипедист од Велес е тешко повреден откако бил удрен од мотоциклист кој исто така се здобил со повреди во инцидентот. - На 27.04.2024 во 16.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Димко Најдов“ во Велес, пред Стар мост, мотоцикл „интајлер“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.Г.(38) удрил во велосипед, управуван од Н.Б.(70), и двајцата од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка. На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им ...

Педесет и четири годишниот С.Ѓ од Скопје,вчера попладне,околу 17 часот, го управувал мотоциклот „хонда“ кога изгубил контрола и паднал на коловозот. Мотоциклистот во несреќата се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница во Велес. -Пациентот е примен во Ургентна единица во 19 часот. По укажана прва медицинска помош од страна на лекар специјалист трауматолог тој е упатен на Оддел за радиодијагностика. Направена е компјутерска ...

29/04/2024 12:44 - МИА - +2

Скопје, 28 април 2024 (МИА) - Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Србија. Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром. Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците. ...

Мотоциклист од велешко е тешко повреден откако излетал од коловозот со „хонда“. На 28.04.2024 во 17.10 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Богомила, општина Чашка, С.Ѓ.(54) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Велес, информираа денеска од полицијата во дневниот билтен. Извршен бил увид од ...

На 28.04.2024 во 14:00 часот во Полициската станица Центар, Т.К.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Рилски конгрес“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 28.04.2024 во 14:45 часот во Полициската станица Центар, И.Б.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Периша Савелиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 28.04.2024 во 20:35 часот во Полициската станица Карпош, С.К.(23) од Скопје пријавила дека на ул.„Загребска“ во Скопје била касната од ...

На 27.04.2024, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Меџитлија при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода К.К.(31) од Република Албанија. Тој е приведен затоа што остварил илегален влез во Република Македонија. На 28.04.2024 бил известен судија од Основен суд Битола, по чија насока на лицето му е издадено решение за враќање и забрана за влез во РМ во рок од две години, по што преку Граничниот ...

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
80%
1037
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
3.6
92%
1038
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
82%
1038
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
3.09
93%
1036
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.83
54%
1035
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
85%
1038
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
63%
1030
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
70%
1027
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
86%
1029
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -1ᴼ
4.63
80%
1033
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
90%
1037
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1032
Currency

61.535

Currency

59.7585

Currency

72.8654

Currency

36.9644

Currency

41.3984

Currency

65.5803

Currency

8.161

Currency

0.58524

Currency

0.38414

Currency

0.52545

Currency

1.6816

Currency

0.69046

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $