text size Приходите на „Дојче банка“ од тргување со инструменти со фиксен принос значително пораснаа во вториот квартал, бидејќи оваа единица ги надмина резултатите на повеќето свои американски конкуренти. Овој показател се зголеми за 16 отсто во однос на истиот период лани и достигна 2,6 милијарди евра (3 милијарди долари), „поттикнат од каматните стапки и кредитните производи“, се наведува во соопштението објавено во средата. Ова е над ...

Сопственикот на Алта банка АД Битола, Алта банка АД Белград, Србија, купи нови акции на македонската банка. Како што информираа од таму преку Македонската берза, Алта банка Белград купила девет акции. Сега поседува вкупно 372.123 обични акции односно 95,1777% од вкупниот број на обични акции издадени од Алта банка Битола. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работела лани Алта банка Битола Алта банка Битола доби нов Надзорен одбор Кој е Давор Мацура, кој е ...

Рудници Бањани АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил нето добивка по оданочување од 3.093.00 денари, информираа од таму преку Македонската берза. Друштвото остварило вкупни оперативни приходи од 38.544.000 денари, од кои приходите од продажба изнесува 37.423.000 денари. -Во споредба со истиот компаративен период во 2025 година, приходите од продажба и на домашниот и на странските пазар се зголемени, поради зголемениот обем на ...

Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) денеска во Скопје официјално ќе го промовираат проектот „Месеци на практикантство“, чија цел е да им овозможи на студентите да стекнат практично работно искуство во своите матични општини. Отворањето на проектот ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“ со почеток во 11:30 часот, во присуство на претставници на локалната самоуправа, ...

Настанот „Resilient AI & EU Opportunities“, посветен на примената на вештачката интелигенција во деловниот и јавниот сектор и можностите што ги нудат европските програми за поддршка на дигиталната трансформација и иновациите, ќе се одржи денеска во Europe House Skopje. Во организација на „Силајз“ ДООЕЛ, настанот ќе трае од 11 до 13 часот и ќе ги претстави актуелните трендови и практичните решенија од областа на вештачката интелигенција. ...

Фармацевтската компанија „AstraZeneca“ во понеделникот ги задржа своите годишни и долгорочни прогнози, настојувајќи да ги увери инвеститорите по неодамнешните неуспеси во клиничките испитувања, кои повторно го насочија вниманието кон нејзиното портфолио на лекови во развој. Ова следува и покрај тоа што компанијата оствари подобра добивка од очекуваната во вториот квартал. Иако силната побарувачка за лекови за лекување рак и ретки болести ...

Германската компанија BMZ Battery Solutions Group, еден од водечките светски производители на системи за батерии, ќе го затвори својот производствен погон во Илинден, а производството ќе го префрли во својата фабрика во Полска. Според соопштението од компанијата, производството ќе се префрла по фази во периодот од август до декември 2026 година, при што сите производствени активности ќе бидат преземени од BMZ Полска, која веќе работи според ...

text size „Епл“, по години заостанување зад конкурентите на пазарот за паметни домови, подготвува значително проширување на своето присуство во овој сегмент преку нови уреди и софтвер. Компанијата наскоро планира да го започне овој нов бран производи со домашен хаб-уред базиран на новиот Сири ВИ асистент, според лица запознаени со плановите. „Епл“ исто така се подготвува да претстави нова верзија на „Епл ТВ“ и освежен Хоумпад мини, велат ...

text size „Виза“ укинува околу 2.600 работни места како дел од напорите на главниот извршен директор Рајан Мекинерни да ја направи компанијата поефикасна во услови на сè поостра конкуренција во платежната индустрија. Намалувањето претставува околу 7 отсто од вкупната работна сила, а најмногу ќе ги погоди тимовите за технологија и развој на производи, навел Мекинерни во интерно известување до вработените во кое „Блумберг“ имаше увид. „Имам ...

Машиновозачите во Британија размислуваат да штрајкуваат поради недостаток на тоалети, а синдикатите предупредуваат дека основните потреби на работниците сè уште не се задоволени. Проблемот не е решен ниту една година откако регулаторот им наложи на операторите да обезбедат повеќе санитарни услови и да ги подобрат условите. Синдикатот на машиновозачи Aslef соопшти дека компаниите не успеале да обезбедат соодветни тоалети или да го скратат ...

„SAP“ оствари подобри од очекуваните приходи од продажбата на своите облачни услуги, бидејќи најголемата софтверска компанија во Европа ги поттикнува своите корпоративни клиенти да ги надградуваат системите и да воведуваат производи базирани на вештачка интелигенција. Приходите од облачните услуги пораснале за 24 проценти, достигнувајќи 6,28 милијарди евра во вториот квартал, соопшти компанијата со седиште во Валдорф. Аналитичарите анкетирани ...

Необичните, но одлично платени привремени работни места сè повеќе го привлекуваат вниманието на младите кои по завршувањето на образованието бараат алтернатива на класичната канцелариска работа. Иако некои огласи изгледаат како маркетиншки трик или приказна од летен одмор, зад нив често стојат вистински договори со конкретни работни задачи и високи хонорари. Еден од највпечатливите примери е германски студент кој добил можност да работи за ...

Корисниците на апликацијата Myiute отсега ќе можат да купуваат онлајн преку новата платформа iute Market, создадена во соработка со SuperMart Macedonia. Во рамки на новата услуга се достапни стотици производи од различни категории, а купувањето и плаќањето се вршат директно преку апликацијата. Корисниците можат да изберат начин на плаќање што најмногу им одговара, како и да ги искористат своите iutePlus поени за дополнителни поволности. ...

Експертската и научна јавност е согласна дека проектот за рудник за бакар „Иловица-Штука“ останува неискористена економска можност, особено во период кога Европа бара сѐ повеќе критични минерали за да ја постигне зелената транзиција. Наспроти нападите кон проектот од дел од активисти, инженерите и геолозите велат дека технологиите кои сега ги користи рударската индустрија се современи и го минимизираат влијанието врз животната средина, па на ...

Халкбанк го доближува банкарското работење до своите корисници преку 12 кратки и корисни видеа за брзо и лесно користење банкарски услуги преку мобилен телефон. Станува збор за серија едукативни видеа со актерката Дарја Ризова, во кои се објаснети чекорите за користење на најчестите банкарски услуги преку мобилната апликација на Халкбанк. Банката во изминатиот период постојано работеше на зголемување на бројот на функционалности на ...

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) објави дека седиштата во стотици авиони Боинг 737 MAX регистрирани во САД можеби биле неправилно инсталирани и треба да се корегираат. ФАА изјави дека добила извештај дека одредени склопови на седишта за патници не биле правилно поставени на водилките. Ова значи дека седиштата би можеле да се одвојат од водилките во случај на зголемен товар, силна турбуленција или принудно слетување. ...

Mikel Coffee Company, со мрежа на продавници во Грција и во странство и водечка позиција на пазарот за кафе, има потреба од ентузијастични и одговорни лица за приклучување кон својот тим за следните работни позиции: Бариста Профил на идеален кандидат: -Пријатна личност -Организираност, лесна комуникација и тимски дух -Одговорност и доследност -Претходно работно искуство во угостителската дејност ќе се смета за предност Компанијата нуди: ...

Загреб, 28 јули 2026 година – Атлантик Група во првите шест месеци од 2026 година оствари приходи од продажба во износ од 618,8 милиони евра, што претставува раст од 10,6 проценти во однос на истиот период минатата година, потврдувајќи ја отпорноста и флексибилноста на својот деловен модел во динамичниот пазар. Компанијата бележи и значителен раст на добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) која достигна 59,1 милиони евра, што е ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ две години испорачува конкретни резултати, инвестиции и развој за заштита на животната средина, а капиталните проекти ја менуваат инфраструктурата и го подобруваат животот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ во новото соопштение. Обезбедени се средства и започната е реализација на повеќе од 300 инфраструктурни проекти низ државата. Тоа е доказ дека развојот не е само ветување, туку процес што секојдневно се ...

Тргувањето на светските берзи заврши со мешани резултати, при што најголем пад забележаа технолошките компании во САД, додека европските индекси се движеа околу нивото од претходниот ден. На американскиот пазар, индексот US Tech 100, кој ги следи најголемите технолошки компании, ослабе за 1,07 проценти, што претставува најголем дневен пад меѓу водечките индекси. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите продолжуваат внимателно да ги следат ...

Друштвото за меѓународен транспорт и шпедиција ЖАС АД Скопје продолжува да работи со загуба и се уште е со блокирана сметка од извршител. Како што информираа од таму преку Македонската берза во првите шест месеци од годинава Друштвото остварило загуба од 34.778 денари. Остварените вкупни приходи изнесуваат 42.645 денари и истите во однос на претходниот период бележат пoраст. -Истите се остварени со наплата по Решение од извршител, велат од ...

Од Универзална Инвестициона (УНИ) Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Извршниот одбор на Народна банка со решение издала претходна согласност Орлин Георгиев Ваташки повторно да се именува за член на Управниот одбор (УО) на Банката. Согласноста ја добил за период од две години, сметано од денот на приемот на Решението. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Реизбрани членови на НО на Уни Банка Акцијата на УНИ Банка стана дел од МБИ10 Орлин ...

Фармацевтскиот гигант „Џонсон и Џонсон“ предложи спогодба вредна до 5,5 милијарди долари со цел да стави крај на десетици илјади судски постапки во САД, во кои се тврди дека производите на база на талк, меѓу кои и познатата бебешка пудра, предизвикале рак на јајниците. Со новиот предлог компанијата сака конечно да ја затвори правната сага што трае повеќе од една деценија и која претставува едно од најголемите судски прашања во нејзината ...

Нафтената индустрија на Србија (НИС) достави ново барање до американската Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC) за издавање посебна лиценца која би ѝ овозможила непречено да продолжи со деловните активности и по 31 јули 2026 година, кога истекува важноста на актуелното одобрение. Од компанијата соопштија дека во барањето е истакната стратешката улога на НИС во обезбедувањето стабилно снабдување со нафтени деривати на српскиот ...

text size „Амазон“ (Amazon.com Inc) побара дозвола од Федералната комисија за комуникации на САД да лансира мрежа од 5.000 сателити директно до уредот за да обезбеди мобилни услуги за мобилни телефони од вселената, продлабочувајќи ја конкуренцијата на компанијата со „Спејс екс“ (SpaceX). Доколку регулаторот даде зелено светло, новата мрежа во ниската орбита на Земјата ќе обезбеди глобална покриеност и ќе се поврзе со паметни телефони и ...

Владата на Малта започна програма наречена „Шема за откажување од возачка дозвола“, нудејќи им на младите возачи до 25.000 евра за да се откажат од возење пет години. Министерот за транспорт Крис Бонет вели дека оваа програма е клучен дел од поширокиот план за реформа на транспортот, нагласувајќи дека владата не сака да им наметнува промени на граѓаните, туку да ги охрабри на доброволна основа. Програмата, која беше отворена за аплицирање до ...

На Македонија ѝ е потребен стабилен, транспарентен и фер систем за управување со отпадот, бидејќи само така се штитат инвестициите, животната средина и јавниот интерес. Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија апелира до институциите да обезбедат доследна примена на законите, еднакви услови за сите учесници на пазарот и заштита на интегритетот на системот за управување со отпадот од ...

Македонски Телеком повторно го освои престижното Ookla® Speedtest Awards™ признание, потврдувајќи го своето лидерство со најдобрата мрежа во Македонија и во првата половина на 2026 година. Според најновите мерења, компанијата има најдобра мобилна и фиксна мрежа на пазарот и е добитник на наградите за најдобра мобилна мрежа, најбрза мобилна мрежа, најдобро мобилно гејминг искуство, најдобро мобилно видео искуство, како и за најдобра фиксна ...

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на последниот состанок во Германија покренаа иницијативата за нов голем договор меѓу Париз и Берлин. Владите на двете земји се обврзаа да постигнат договор што треба да ја зајакне европската индустрија и да му помогне на автомобилскиот сектор. Спогодбата би го поврзала инсистирањето на Франција за заштита на европскиот пазар со напорите на Германија за ублажување на ...

Клиентите на возраст од 18 до 29 години кои се корисници на Zipp Mastercard Debit World картичката од Комерцијална банка, со секоја трансакција учествуваат во Наградната игра ZIPP & WIN и добиваат можност да станат добитници на електричен MATE велосипед или 30.000 денари на нивната Zipp сметка. Во периодот до 10 септември 2026 година, секоја трансакција со Zipp картичката направена во земјата со физичка картичка, преку телефон или смарт ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
37%
1017
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
2.9
38%
1019
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
24%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
4.63
39%
1021
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
5.51
33%
1020
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 28ᴼ
2.24
31%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
11.32
36%
1013
weather icon

Тирана

37ᴼ / 36ᴼ
3.6
28%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.6
24%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.63
35%
1022
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
2.68
25%
1021
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
9.26
70%
1016
Currency

61.5217

Currency

53.3725

Currency

71.9616

Currency

37.6714

Currency

38.2876

Currency

65.5025

Currency

7.90796

Currency

0.64188

Currency

0.33454

Currency

0.52437

Currency

1.11367

Currency

0.55893

Злато

138910.52

Бакар

13.19

Рутениум

53852.50

Калај

56.21

Сребро

2051.41

Платина

54720.57

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Паладиум

41281.56

Алуминиум

3.24

Родиум

282926.57