Од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 4. мај, Ефимија Димовска била запишана во трговскиот регистар како член на Управниот одбор – главен извршен директор на Банката. Таа претходно беше в.д. главен извршен директор, а дојде на местото на Кире Наумов, кој беше разрешен. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ефимија Димовска именувана за член на НО на Развојната банка Разрешен главниот извршен директор на ...

ФД Динерс Клуб Интернационал МАК АД Скопје лани остварил оперативна добивка од 36.986 илјади денари, која е поголема од остварената претходната година, соопштија од таму преку Македонската берза. Вкупните оперативни приходи изнесуваат 222.885 илјади денари и истите се зголемени споредено со претходната година. Фото: Унсплеш ФД Динерс Клуб Интернационал МАК АД Скопје лани остварил оперативна добивка од 36.986 илјади денари, која е поголема од ...

Авиоиндустријата се соочува со сериозен притисок, откако превозниците ширум светот повлекоа околу 13.000 летови планирани за месец мај. Причината е наглиот скок на цените на млазното гориво, поттикнат од тензиите на Блискиот Исток, што резултираше со намалување на понудата за речиси два милиони седишта. Според анализите на воздухопловните експерти, компаниите веќе прават стратегиски прилагодувања за да ги ублажат последиците – дел од ...

Нови, нагорни проекции за инфлацијата, а надолни за економскиот раст подготвува Народната банка. Ќе ги презентира неделава. Војната на Блискиот Исток го наруши снабдувањето со нафта во светот и ги вивна цените на енергенсите, што се одрази врз домашната економија, особено врз девизниот пазар и нивото на цени. Иако за сега Централната банка ќе ја задржи референтната камата на исто ниво од 4 отсто, ако инфлацијата е повисока – ќе следи нејзино ...

Во секојдневието исполнето со обврски, секоја жена заслужува момент за себе – време за пауза, нега, убавина и инспирација, велат од компанија dm соопштувајќу дека, во соработка со заедницата на мајки „Мама круг”, организираат Make-up & Glow Brunch. Настанот ќе се одржи на 16 мај, сабота, од 11 до 13 часот, во „Цвет Бистро” во населба Аеродром, Скопје. Влезот за настанот изнесува 1.200 денари, а бројот на учесници е ограничен, се вели во ...

-Евротип со особена чест го одбележува јубилејот од 10 години работен ангажман на Ирена Наумоска, како дел од тимот кој секојдневно придонесува за развојот и успехот на компанијата. Овој јубилеј претставува симбол на посветеност, професионалност и доверба – вредности кои се темел на долгогодишната соработка. Лојалноста кон компанијата и посветеноста во работата се меѓу најважните принципи кои Евротип ги препознава и наградува. Во знак на ...

Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка одлучи да ја задржа основната каматна стапка на нивото од 4%. „Одлуката за монетарната политика беше донесена во услови на исклучително зголемена глобална непредвидливост и потреба од дополнителни информации за поцелосно согледување на ефектите врз домашната економија – соопшти Народна банка. Во прилог на ваквата поставеност се и досегашните измени кај останатите ...

Брачен пар од Хрватска во поодминати години заминал да работи во Баварија, Германија и не зажалиле Дали некогаш е доцна да се смени животот и да се замине од Хрватска во потрага по подобар живот? Многумина ќе речат – најдоцна до четириесеттата, а потоа не се исплати бидејќи никој нема да ве вработи. Сепак, дека животот понекогаш има поинакви планови покажува приказната на брачен пар кој заминал во Германија кога повеќето веќе одат во ...

Во последната година се креирани повеќе од 15.000 нови работни места, последните 2 години се случија 1.200 градилишта, а шест квартали по ред бележиме економски раст од 3,5%. Сето тоа е резултат на поддршка на Владата на инвестиционата активност на компаниите и општините, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање за новата исплатена транша поддршка за компаниите. -И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу ...

Од 6 до 10 мај, Park Hotel & Spa Скопјe ќе биде домаќин на уникатен гастрономски настан – Flavors of Mexico, недела посветена на автентичната мексиканска кујна. Специјален гостин на настанот е реномираниот шеф Diana Beltrán, по потекло од Акапулко, која ќе ги донесе вистинските вкусови на Латинска Америка пред македонската публика. Со богато меѓународно искуство и долгогодишна кариера во Италија, таа важи за едно од препознатливите имиња ...

„Епл“ водел истражувачки разговори за користење на „Интел“ ( Intel Corp.) и „Самсунг електроникс“ (Samsung Electronics Co.) за производство на главните процесори за своите уреди во САД, потег што би обезбедил алтернатива покрај долгогодишниот партнер „ТСМЦ“ (Taiwan Semiconductor Manufacturing Co.). Производителот на Ај-фон и Ај-пад имал разговори во рана фаза со „Интел“ за ангажирање на неговите услуги за производство на чипови, според лица ...

Прецизна дијагностика со најновиот “CT Siemens SOMATOM go.Up“, јасни снимки за неколку минути, со минимална доза на зрачење. Безболно. Брзо. Прецизно. НАЈНОВИ КТ-МЕТОДИ -КТ Остеодензитометрија (QCT) Прецизно мерење на густината на коските и рано откривање на остеопороза – идеално кај пациенти со дегенеративни промени или хронични болки во грбот. -КТ Калциум Скор (Calcium Score) Најсигурна неинвазивна проценка на калциумските наслаги во ...

ЕУ воведува фиксна давачка од 3 евра за мали пакети што ќе се применува од 1 јули 2026 година. Станува збор за пакети во вредност помала од 150 евра, кои сочинуваат 93% од е-трговијата во ЕУ. Ана Брајковиќ, консултант и експерт за малопродажба од Хрватска, за босанскиот портал Капитал наведува дека постои еден важен детаљ. -Не станува збор само за 3 евра по пакет, туку за три евра по различна категорија стока во пакетот. Ова значи дека ако ...

Град Скопје склучи договор за изградба на булеварот “Љубљанска“ (фазна реализација), со друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги Битем увоз-извоз ДООЕЛ Скопје. Договорот е во вредност од 113.952.502 денари или 1.852.886 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор вреден 813 илјади евра склучи Град Скопје со “Мегаконс“ Договор од 1,9 милион евра склучи Град Скопје со „Вато“ Договор од 2,2 милиони евра склучи Град Скопје со „Вато“ Град ...

Хотели-Метропол АД Охрид во првите три месеци од годинава остварил нето загуба од 26.051 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Со оглед на сезонскиот карактер на дејноста на хотелите, остварениот негативен финансиски резултат е во нормални рамки споредбено историски низ последните 10 календарски години и истиот како се навлегува во главната сезона се проектира да премине со позитивна вредност, велат од таму. Приходите ...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска организира работна средба со Беким Сали, прв заменик претседател на Владата. Како што се наведува во најавата на настанот, пред членовите на Управниот одбор на Комората и членовите на Бизнис Клубот Европа, претседателот Бранко Азески организира работна средба со Беким Сали, прв заменик претседател на Владата, министер за европски прашања и главен преговарач со ...

Еве колку ќе ве чини пазарувањето на Халкидики ова лето Грција сè уште се смета за една од попристапните летни дестинации, но цените во тамошните супермаркети покажуваат поинаква слика. Во пресрет на главната туристичка сезона, споредбата на цените во популарното летувалиште Никити на Халкидики открива забележителен пораст на трошоците за основните намирници, пишува Metropolitan.si. Инстаграм/ Никана.гр Поскапувања пред сезоната Анализата ...

„Air France-KLM“ соопшти дека очекува трошоците за гориво да пораснат за 2,4 милијарди долари оваа година поради конфликтот на Блискиот Исток, а геополитичката неизвесност ја натера компанијата дополнително да ги ограничи трошоците и да ја намали својата прогноза за капацитетот за целата година. Се очекува трошоците за гориво за 2026-та година да достигнат 9,3 милијарди долари, од кои 1,1 милијарда долари ќе бидат евидентирани во тековниот ...

Aтлантик Група продолжува да има успешна дистрибутивна соработка со брендот waterdrop® на четирите клучни пазари – Австрија, Хрватска, Србија и Словенија – и донесе одлука за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство преку инвестиција во самата компанија. Со инвестиција во износ од 11 милиони евра, Aтлантик Група стекна малцински сопственички удел во waterdrop® и обезбеди место во Инвестицискиот одбор на компанијата, што ѝ ...

Агенцијата за филм поддржува 20 проекти со зголемен буџет од 35 милиони денари Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти за организирање домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2026 година. На овогодишниот конкурс беа поднесени вкупно 34 апликации, од кои, по спроведена евалуација, поддршка добија 20 проекти. За оваа намена, Агенцијата за филм обезбеди вкупен буџет од 35 ...

Кинескиот суд во Хангџоу донесе пресуда дека компаниите не смеат да отпуштаат вработени само затоа што ги заменуваат системи на вештачка интелигенција. Пресудата е донесена откако една технолошка компанија во источна Кина незаконски отпуштила работник откако тој одбил деградација и намалување на платата поради автоматизација на неговото работно место. „Судот оцени дека аргументите на компанијата не претставуваат законски основ за отказ, ...

Сезоната на финансиски извештаи во Северна Македонија заврши токму како што се очекуваше, со специфичен, интензивен ритам и трка со времето. Законскиот рок за поднесување извештаи, последниот ден од февруари, одамна е зад нас. Во тој вртлог, CompanyWall Business, меѓународна бонитетна куќа на која доверба ѝ укажуваат стотици илјади компании ширум регионот, го стави под лупа работењето во Северна Македонија, каде што досега се објавени дури ...

Српската Народната банка лани купила рекордни 4,3 тони злато од кинеската компанија „Србија Зиџин Копер“. Станува збор за околу 344 прачки, од кои секоја тежи малку повеќе од 12 килограми, со што целото минатогодишно производство на злато од рудникот во Бор беше продадено на еден купувач. Рудникот за злато и бакар во Бор е во мнозинска кинеска сопственост од крајот на 2018 година, кога кинеската компанија „Зиџин Мајнинг“ преку ...

Египет интензивно работи на откривање нафтени и гасни полиња. Од јануари објави неколку наоѓалишта на кои работат странски компании. Последното е за значајно ново откритие на природен гас во делтата на Нил, што би можело дополнително да ја зајакне енергетската стабилност на земјата и да го зголеми домашното производство. Министерството за нафта и минерални ресурси на Египет објави дека е пронајден гас на истражната бушотина Нидоко Н-2, која ...

„ГејмСтоп Корп.“ (GameStop Corp) понуди да го купи „Ибеј Инк“ (eBay Inc.) за околу 56 милијарди долари во готово и акции, што е смел обид на Рајан Коен да преземе познато име за е-трговија, коешто е неколку пати поголемо. Малопродажниот синџир за игри понуди 125 долари по акција во готово и акции за онлајн пазарот, или околу 20 проценти премија во однос на затворањето во петок. „Гејмстоп“, кој изгради околу 5 проценти удел во „Ибеј“, изјави ...

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила добивка од 55.2 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Лани во истиот период Друштвото имало добивка од 7.9 милиони денари. За овој период Друштвото има приходи од 491,2 милиони денари, кои се намалени за 1,7%, споредено со истиот период лани и расходи од 435,7 милиони денари, кои се намалени за 12,8%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како ...

Дебарски бањи-Цапа АД Дебар, традиционално во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, меѓу друго ги објави и месечните плати на членовите на Одборот на директори (ОД). Друштвата кои котираат на Берзата, но и генерално во Македонија, кои објавуваат ваков податок, се многу ретки. Меџит Цапа, кој е председател на Одборот на директори, и е пензионер, добил 145.000 денари награда како неизвршен член на Одборот. ...

Скопски пазар АД Скопје во првите три месеци од годинава имал вкупни приходи од 181.282 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Приходите во споредба со остварените во истиот период лани бележат зголемувања од 166%. -Зголемувањето е резултат на поголем приход од продажба на недвижен имот кои беа присутни во 2026 година, велат од таму. Во овој период Друштво има нето добивка од 117.798 илјади денари. -Нето добивката за ...

Македонските граѓани за продолжениот првомајски викенд, но и претходно за Велигден, практично имаа можност да видат како функционира новиот систем за влез и излез (ЕЕС) во Европската унија (ЕУ), односно во Шенген зоната. На граничните премини со Грција се создадоа колони од граѓани, од кои дел чекаа со часови. Македонија и Србија за летниот период од Грција побараа привремено суспендирање на системот, како што земјата тоа веќе го планира за ...

Современ дом АД Прилеп во првите три месеци од годинава остварил нето добивката од 7.379 илјади денари и истата е зголемена за 2% споредбено со претходната година кога изнесувала 7.247 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените вкупни приходи изнесуваат 29.472 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат намалување од 4%. Оперативните приходи се намалени за 3%. -Друштвото во ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
1006
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
87%
1012
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
89%
1014
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1006
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
10.5
87%
1006
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
57%
1007
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
59%
1009
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
77%
1008
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
76%
1001
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
9.77
50%
1009
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.63
75%
1005
Currency

61.645

Currency

52.3385

Currency

71.202

Currency

37.8865

Currency

38.2623

Currency

67.1996

Currency

7.71061

Currency

0.71184

Currency

0.33255

Currency

0.52519

Currency

1.15428

Currency

0.54881

Бакар

12.70

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Сребро

2585.69

Злато

150267.72

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.50

Родиум

320703.70

Иридиум

253540.09

Паладиум

46843.64

Платина

65233.86

Калај

54.16