Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Овој број се однесува на општото користење на вештачката интелигенција во продукцијата, а не на целосно машински генерирани филмови и серии. Сепак, покажува колку брзо AI-технологијата излезе од рамките на изолираните експерименти. Дебатата за тоа дали вештачката интелигенција припаѓа во филмската и телевизиската продукција можеби веќе е застарена. Netflix потврди дека неговите креативни партнери користеле генеративна вештачка интелигенција ...
Регулаторната Комисија за Енергетика се очекува во текот на денов да ги објави новите цени на горивата во Македонија. На светските берзи нафтата од типот брент се продава за 88 долари за барел, додека вти круд за 81 долар. Во моментов горивата се продаваат по следните цени: ЕУРОСУПЕР БС – 95 87 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88 ден/л ЕУРОСУПЕР БС – 98 89 ден/л ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 86 ден/л Регулаторната Комисија за Енергетика се очекува во ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година изнесува 68.498 денари и е пониска за 156 денари во однос на претходниот месец, информира Сојузот на синдикатите. Пресметката со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јуни изнесува 83.873 денари. И овој месец најголем дел од трошоците на четиричлено семејство без автомобил, се за храна и пијалаци односно 36,5%. Структура на новата СMK за месец јули 2026 година Месечно по ...
ТИТАН Усје продолжува да инвестира во развојот на идните инженерски кадри преку активности што го поврзуваат академското образование со практичната примена на знаењето. Во рамки на оваа заложба, 28 студенти и професори од Градежниот факултет реализираа стручна студиска посета во Солун, Грција. Делегацијата беше предводена од главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николаoу, заедно со претставници од тимовите за готов бетон, ...
Постапката што Европската комисија ја покрена против Португалија поради неисполнување на целите за рециклирање е уште еден сигнал дека Европската Унија сè построго ќе го следи спроведувањето на еколошките политики. Истовремено, ова е и јасна опомена за земјите кандидати, меѓу кои е и Македонија, дека развојот на ефикасен и транспарентен систем за управување со отпадот повеќе не е избор, туку неопходност. Брисел испрати образложено мислење до ...
Земјоделците редовно да ги наводнуваат посевите, да ја следат евентуалната појава на болести и штетници и да ги почитуваат препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите на УХМР. Според нив, сите активности кои се итни, треба да се извршуваат рано наутро или приквечер. -Изминатава седмица имавме сончево и топло време со повремени врнежи од дожд на некои места. Топлото време доведува до зголемување на транспирација и ...
Очекувано со доближувањето до пикот на летната туристичка сезона, гужвата на граничниот премин со Грција, Богородица-Евзони, повторно се зголемува, а како што е познато истиот не го користат само македонските граѓани, туку и многу други од регионот. Денеска според информации на еМагазин од таму, за влез во Грција се чекало и над 5 часа и без примена на новиот електронски систем за влез и излез во Шенген зоната – ЕЕС. Еве како изгледаше ...
Акцијатата на РЖ Техничка контрола АД Скопје бележи најголем раст, од 16,92%, во првите шест месеци од годинава, покажува билтенот на Македонската берза. Акцијата на Македонијатурист АД Скопје пак бележи најголем пад, од 28,91%. Еве кои се другите акции со најголем раст и пад за тој период: ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Минимален раст на прометот и пад на трансакциите на Македонската берза во првото полугодие Кои се најтргуваните акции на Македонската берза ...
Продажните и набавните цени на основните производи ќе бидат во фокусот на состанокот што за утре го закажа министерот за економија Дурмиши со производителите и дистрибутерите. Новата рунда разговори следува по контролите на Пазарниот инспекторат, кои покажале дека од мај лани до мај годинава набавните цени на прехранбените производи и средствата за хигиена пораснале во просек за 2,6 проценти, додека продажните цени се зголемиле за 4,5 ...
Иран извезол околу 70 милиони барели нафта, во вредност од пет до шест милијарди американски долари, за време на привременото олеснување на американските санкции, објави угледниот економски весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на најновите податоци на невладината организација „Обединети против нуклеарен Иран“. Според анализата на оваа организација, во периодот од средината на јуни до средината на јули годинава околу 20 ирански танкери ...
„Муншот ВИ“ (Moonshot AI) ги известил инвеститорите дека ќе излезе на берза за шест месеци, користејќи ја можноста да прибере капитал откако неговиот најнов модел ја промени перцепцијата за можностите на Кина во областа на вештачката интелигенција и ги разниша глобалните технолошки пазари. Кинескиот пионер во областа на вештачката интелигенција официјално до своите инвеститори доставил предлог-одлука на акционерите, барајќи нивна согласност ...
„Епл“ (Apple Inc.) и американското Министерство за правда преговараат за можна спогодба за решавање на тужбата од 2024 година, во која компанијата е обвинета за кршење на антимонополските прописи. Разговорите се во тек, но нема гаранции дека двете страни ќе постигнат договор. Датумот за почеток на судењето сè уште не е утврден, а „Епл“ годинава во повеќе наврати му понуди на Министерството за правда различни предлози за завршување на ...
Volkswagen подготвува обемна реорганизација на својата понуда со цел да ги намали трошоците за развој и производство и да се насочи кон најпрофитабилните модели и технологии. Според најавите, неколку модели би можеле да бидат повлечени од понудата. Меѓу нив се Touran, Touareg, кабриолет верзијата на T-Roc, како и Taigo и електричниот ID.5, кои се сметаат за модели што се преклопуваат со останатите SUV возила во гамата. Неизвесна останува и ...
Врвна енергетска ефикасност: Висока А+++ класа на ладење и А++ класа на греење за одлична заштеда на струја. Напредна филтрација и заштита: Опремена со антибактериски филтер и Antifungus функција против габи, како и вградена заштита од истекување на гас за целосна безбедност. Паметна контрола и работа во екстремни услови (F серија): Доаѓа со вграден Wi-Fi за лесно управување од далечина и гарантира сигурна работа дури и при екстремни ...
Министерството за здравство склучи договор за набавка на амбулантни возила со надоградена медицинска опрема за потребите на јавните здравствени установи во земјава, со друштвото за промет и услуги Аутомотив груп ДООЕЛ Скопје. Договорот е во вредност од 460.902.100 денари или 7.494.343 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 605,6 илјади евра склучи Министерството за здравство со Неоком Министерството за здравство склучи договор за набавка на ...
Од Факом АД увоз-извоз Скопје преку Македонската берза информираа дека против Друштвото е поведена претходна постапка за испитување на условите за отварање стечајна постапка. Информацијата е објавено и во Службен весник од 13.07.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работеле Факом и Факом Монтажа во првото полугодие Јавна опомена од Берзата за Факом Факом со намалена загуба во третиот квартал Од Факом АД увоз-извоз Скопје преку Македонската берза ...
Првата акција не се купува од инает, ниту од муабет на кафе. Не е доволно некој да каже дека „ова ќе расте“ и утредента да се отвори сметка. Пред да се стигне до берза, прво се бира човекот или куќата преку која ќе се тргува. Брокерот. А токму тука многумина го прават првиот погрешен чекор. За почетник, берзата изгледа како нешто далечно. Табели, графикони, проценти, налози, провизии. Но зад целиот тој свет стои едно едноставно прашање: кому ...
Македонската компанија за здрава храна „Виталиа“ и официјално стана членка на новоформираната Кинеско-македонска стопанска комора, чие основање беше одбележано на свечен настан во „Рагуза 360“ во Скопје. Комората претставува нова платформа за поврзување на деловните заедници од Македонија и Кина, со цел зајакнување на економската соработка, поттикнување на трговијата и инвестициите и создавање нови можности за партнерства меѓу компаниите од ...
Доколку САД и Иран наскоро не овозможат поголем проток на нафта низ Ормускиот Проток, светот треба да биде загрижен за енергетската безбедност, предупреди денеска извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ), Фатих Бирол. -Безбедноста на снабдувањето со нафта останува клучно прашање. Треба да бидеме загрижени, и јас сум, ако ситуацијата не се подобри во следните неколку недели- рече Бирол на состанокот на Советот за ...
Градот Пеќ деновиве пулсира со креативноста на 17-то издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм Анибар, кој на едно место ги собира филмските автори, уметниците, младите креативци и љубителите на анимација од Западен Балкан, но и други земји од Европа и светот. Во текот на седумте фестивалски денови, посетителите имаат можност да проследат стотици анимирани филмови, мастер-класови, изложби, дискусии и бројни културни активности, со ...
Годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 2,9% во јуни 2026 година, што е намалување од 3,3% во мај. Една година претходно, стапката беше 2,3%., објави Евростат. Според пресметките на Европстат инфлација во еврозоната во јуни изнесуваше 2,8%, што е намалување од 3,2% во мај. Една година претходно, стапката на инвлација во еврозоната беше 2,0%. Најниски годишни стапки се регистрирани во Шведска (1,0%), Чешка (1,1%) и Данска (1,8%). ...
FIFA World Cup 2026™ влезе во својата одлучувачка фаза, а во трката за најпрестижниот трофеј во светскиот фудбал останаа само репрезентациите со најдобри перформанси. По неколку недели интензивни натпревари, секое додавање, секоја одбрана и секоја одлука добиваат уште поголемо значење. На ова ниво, успехот ретко е резултат на случајност – тој се гради преку доследност, посветеност, иновации и способност да се даде максимум токму кога е ...
Постои еден момент кога сфаќаш дека денот не треба да изгледа исто како вчера. Дека не мораш да брзаш, да се прилагодуваш, да „фаќаш“ распоред што не е твој. Туку обратно. Денот може да почне да се прилагодува на тебе. Во тој ритам, малите работи прават најголема разлика. Да завршиш обврска без да излезеш од дома. Да не чекаш ред. Да не губиш време на нешто што може да се реши со неколку клика. Решенија како дигиталните услуги на MTEL ...
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) денеска во Битола го презентираше стручниот извештај од проектот CARBONICA, изработен од проф. д-р Миле Маркоски од Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје. Во рамки на проектот беа анализирани 47 почвени примероци од 33 земјоделски парцели, со цел да се добијат релевантни податоци за состојбата на органската материја и потенцијалот за складирање јаглерод. Овие податоци ...
Приватната здравствена установа за физикална медицина и роботска рехабилитација „ФизиоС Плус“ започнува со работа како современ центар во кој стручната медицинска проценка, класичните физикални методи и напредните роботски технологии се обединуваат во индивидуално приспособени програми за пациентите. Центарот е создаден со цел да понуди јасен и стручно воден пат кон функционално закрепнување, подобрување на подвижноста и враќање на ...
Под површината на една држава се наоѓа дел од нејзината најмалку видлива, но стратешки најважна природна инфраструктура. Таму се подземните води, геотермалниот потенцијал, различните геолошки формации и минералните суровини што се користат во градежништвото, индустријата, енергетиката и современите технологии. Но да се претпоставува дека одреден ресурс постои и да се располага со научно потврдени податоци за него се две сосема различни ...
Европската комисија донесе две правно обврзувачки одлуки со кои му наложува на Google да овозможи поголем пристап за конкурентските компании до Android и до податоците од пребарувањето, во рамките на европскиот Закон за дигитални пазари (DMA). Според одлуката, Google од јануари 2027 година ќе мора да почне да споделува податоци од пребарувањето со други интернет-пребарувачи, додека од јули 2027 година корисниците на Android ќе добијат повеќе ...
Пензионерите повторно се во центарот на вниманието, откако во јавноста се отвори прашањето за следното покачување на пензиите. По претходните линеарни зголемувања, новото усогласување треба да се направи во септември, а точниот износ ќе зависи од законската пресметка и економските параметри, пишува Centar.mk. Според последното зголемување беше линеарно и тоа од 1.000 денари, додека за септември се најавува законско усогласување кое допрва ...
Европската Унија подготвува една од најголемите реформи на банкарската регулатива во последните неколку години. Целта е да се намали регулаторното оптоварување, да се ослободи капитал за инвестиции и да се поттикне создавање посилни пан-европски банки кои би можеле да се натпреваруваат со американските финансиски гиганти. Брисел размислува да укине дел од правилата познати како „Столб 2“, кои им дозволуваат на националните регулатори да ...
Од 29 до 31 октомври 2026 година, Арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе стане централно место за претставување на најновите достигнувања во енергетиката, технологијата, иновациите и недвижностите преку одржувањето на иновативните саеми ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026. Под мотото „Вклучи одржливи навики“, ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 ќе ги обедини водечките компании, институции, експерти и иноватори од областа на техниката, технологијата, ...