Најголемата македонска прехранбена компанија „Витаминка“ во првата половина од 2026 година остварила приходи од продажба од 33,7 милиони евра (2 милијарди денари), што претставува раст од 9% во однос на истиот период минатата година, покажува неревидираниот финансиски извештај објавен на Македонската берза. Најголем дел од продажбите, близу 20,2 милиони евра или 60% од вкупните приходи од продажбите, се реализирани на домашниот пазар, каде ...
Македонски Телеком го продолжи нагорниот тренд на раст и на инвестиции во иновации и инфраструктура во првата половина од 2026 година, потврдувајќи го своето лидерство и преку Ookla®признанија за најдобрата мрежа и национално признание за одржлив развој. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на првата половина на 2026 изнесуваат 895 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за ...
Во првите шест месеци од 2026 година македонските компании извезле 3,5 илјади тони сладолед во вредност од 13,4 милиони евра. Во споредба со истиот период минатата година, вредноста на извозот е зголемена за 20%, додека извезените количини пораснале за 15%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Македонскиот сладолед во периодот јануари–јуни бил пласиран на 24 странски пазари, а на само четири од нив е реализиран извоз вреден ...

