Најголема штета од блокирањето на Изборниот законик од страна на СДС, Левица и ДУИ нема да претрпи ВМРО-ДПМНЕ, туку македонските граѓани кои живеат надвор од државата, истакна денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Со месеци, додава тој, се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, СДС, Левица и ДУИ избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски ...

СДСМ повторно потврди дека политичката ирелевантност не е само прашање на изборен резултат, туку и на политички рефлекс, велат од Левица. „Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија која иницираше координација на опозицискиот блок околу суштинска реформа на Изборниот законик. Наместо одговорна и достоинствена реакција и воопшто став ...

Општина Чаир денес ја претстави програмата на првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, кој ќе се одржи од 23 до 26 јули во автентичниот амбиент на Старата скопска чаршија. Фестивалот претставува нова културна иницијатива на Општина Чаир, создадена со цел воспоставување нова уметничка традиција што ќе ја афирмира класичната музика, ќе ја зајакне меѓународната културна соработка и ќе го промовира богатото историско и културно ...

Син го убил татко си со нож на Бит Пазар откако тој пијан ја нападнал сопругата, односно мајката на 31-годишникот. Синот е уапсен, а жената е пренесена на лекување во болница. Скопје е потресено од тешко семејно злосторство, откако син е осомничен дека го лишил од живот својот татко. Според првичните информации, случајот е пријавен во полиција, а надлежните институции преземаат интензивни истражни дејствија за целосно расчистување на ...

Руските власти објавија дека три лица се убиени во напад со беспилотни летала врз московскиот регион, додека десетици дронови се соборени. Три лица загинаа во Московскиот регион, а уште три се повредени во напад со беспилотно летало, соопшти денес гувернерот на тој регион, Андреј Воробјов. – Во селото Пионерскиј во Истра, три лица загинаа, а уште три се повредени поради пад на дрон. На сите жртви им е пружена потребната медицинска помош – ...

Од Општина Карпош информираат дека инспекциските служби на општината имаат преземено акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на превентивна контрола при одлагање на кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална Хигена“. Оваа иницијатива, додаваат од таму, произлезе од координативниот состанок кој претходно го организираше Град Скопје и општините во градот Скопје, каде беше договорено да се организираат вакви ...

Во текот на изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 27 за ...

Некои луѓе пленат со својот изглед, други со својата духовитост, а трети едноставно ја имаат таа необјаснива привлечност што плени на прв поглед. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци се издвојуваат по својата харизма, самодоверба и способност да остават силен впечаток за многу кратко време. Нивниот шарм е често толку природен што не им треба многу напор за да привлечат внимание. Лав Лавовите сакаат да бидат во центарот на ...

Западните земји, вклучувајќи ги и САД, со години го обвинуваат Иран дека се обидува да развие нуклеарно оружје. Ормутскиот теснец има многу поголемо стратешко значење од поседувањето десетици нуклеарни бомби, изјави советникот на иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, Мохсен Резаи, објавија иранските медиуми. – Овој стратешки премин е поважен од десетици атомски бомби и Исламската Република Иран ќе го заштити – рече Резаи, како што објави ...

Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100. Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде ...

Свети Павле е празник посветен на Свети апостол Павле и верниците го слават на 13 јули, веднаш по Петровден. Овој ден е и празник на сите апостоли, а со нив и на Павле. Свети Павле е роден како Савле, учен еврејски фарисеј кој бил признат во заедницата и имал висок статус. Од својот татко, учен рабин, Павле го стекнал своето прво образование во Тарс, каде што го научил ткајачкиот занает покрај Мојсеевиот закон; изработувал теписи и воени ...

„Мицкоски нема никаков резултат зад себе па денеска ќе прави нов политички театар. Стариот кабинет со нов распоред односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, доаѓаат неколку нови имиња, но клучните ресори и клучниот центар на моќ останува во истите раце – на Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ. „Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога ...

„СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада. Иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. Блокадата на Изборниот законик е ...

Агресивното однесување кај децата, како што се удирање и гризење, најчесто се јавува помеѓу првата и третата година. Во овој период, децата сè уште немаат доволно развиен говор или контрола на импулсите, па затоа често ја покажуваат својата фрустрација со физичка реакција. Ова однесување не значи дека детето е непослушно, туку дека само учи како да ги изрази своите емоции и потреби. Најважните чекори што се препорачуваат се смирен одговор на ...

Во последните 48 часа, грчко-албанскиот појас регистрира серија помали земјотреси што укажуваат на обновена сеизмичка активност во овој дел од Балканскиот Полуостров. Според најновите податоци од Републичкиот сеизмолошки институт на Србија, регистрирани се три последователни земјотреси кои географски ја следат речиси истата раседна линија и се случуваат на иста длабочина. Врз основа на податоците од автоматскиот извештај, овие настани го ...

Министерството за здравство, во координација со Министерството за внатрешни работи, ги заврши сите контроли врз правните лица кои одгледуваат канабис за медицински цели. Како што соопшти Министерството за здравство, пронајдени се бројни неправилности во законските одредби за контрола на психотропни супстанции и наркотични дроги. Поради оваа причина, со одлука на Владата, одземени се вкупно 13 лиценци за одгледување канабис за медицински цели. ...

Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а еве што може да очекува секој хороскопски знак. ОВЕН ЉУБОВ: Сигурно ќе имате можност да запознаете некој нов. РАБОТА: Можеби ќе добиете можност да работите за многу подобра компанија или странци. ЗДРАВЈЕ: Послабо. БИК ЉУБОВ: Имате огромни очекувања кои можеби нема да бидат исполнети. Нервоза. РАБОТА: Ќе се занимавате со приватен бизнис или недвижности. ЗДРАВЈЕ: Гастритис. БЛИЗНАЦИ ЉУБОВ: Можеби ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, вчера вечер го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Според неа „Охридско лето“ симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање. За претседателката, Охрид е оаза и ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250мм. на улица Мкедонска Косовска Бригада 23А позади зградите на Аквадукт, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел корисниците на улицата Македонска Косовска Бригада од бензинската пумпа Мак Петрол до подвозникот Шуто Оризари, улицата 11, касарната Илинден, трговскит центар Поинт. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 11.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улицата Беаз Куле, општина Ѓорче Петров; · во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Теодосиј Синаитски – парни броеви до бр. 12., општина Карпош. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 11.00 до 14.00 часот, дел од ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена. Како што информираат од ДЗС, гранатата била пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ – Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на ...

Собранието утре со почеток во 11 часот ќе ја одржи седницата за реконструкција на Владата, на која треба да бидат разрешени и избрани нови министри во осум ресори. Ова е прва реконструкција на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Според предложените кадровски решенија: – Сашо Клековски е предложен за нов министер за здравство. Тој доаѓа од директорската функција во Фондот за здравствено осигурување, каде што треба да биде ...

За припадниците на овој знак, парите не се само средство за егзистенција, туку и начин да уживаат во убавината, квалитетот и малите задоволства во животот. Додека некои хороскопски знаци внимателно го планираат секој трошок и размислуваат за иднината, други се препуштаат на уживањето во моментот без многу размислување. Според астролошките толкувања, еден знак особено се издвојува по својата љубов кон шопингот, луксузот и сè што го прави ...

Со години, Новак Ѓоковиќ привлекува внимание не само поради своите успеси на тенискиот терен, туку и поради својот животен стил, кој вклучува строго контролирана исхрана, внимателен избор на храна и дисциплина што стана негов заштитен знак. Иако многумина веруваат дека традиционалните специјалитети не можат да се најдат во неговото мени, вистината е малку поинаква. Новак не се откажува од вкусовите што го потсетуваат на детството, туку ги ...

Кошмарот на Чарли Роули започна денот кога зеде нешто што изгледаше како сосема обично шишенце парфем. Она што требаше да биде гест на внимание кон сакана личност се претвори во смртоносна стапица што ги повлече двајца невини луѓе во самиот центар на меѓународен шпионски скандал. Во јуни 2018 година, во англискиот град Ејмсбери каде што живеел, Чарли пронашол мала картонска кутија завиткана во пластична обвивка со натпис „Нина Ричи“ во ...

Бред Пит присуствуваше на четвртфиналниот натпревар од Светското првенство во фудбал помеѓу Шпанија и Белгија, а посебно внимание привлече со дресот што го носеше. Тој го гледаше натпреварот во дресот на репрезентацијата на САД, иако оваа екипа беше елиминирана од натпреварувањето. Неговиот избор на облека стана тема на дискусија на социјалните мрежи, предизвикувајќи многу коментари. „Дојде да навива против Белгија“, „Она што го прави е од ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, остро ги отфрли тврдењата дека Москва има намера да започне Трета светска војна. Иако ја исклучи можноста за неиспровоциран глобален конфликт, тој предупреди дека европската милитаризација и обемната западна воена поддршка за Украина доведоа до ескалација на сегашната криза. Песков ја отфрли можноста Москва да иницира глобален конфликт, нагласувајќи дека големината и стратешката одговорност на Русија го ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми, која беше пронајдена на брегот на Дојранското Езеро. Како што објави Дирекцијата, гранатата датира од Првата светска војна и била наменета за хаубица М14. Според нив, вакви неексплодирани направи најчесто се наоѓаат во регионите на Дојран, Гевгелија, Битола и Охрид. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.96
25%
1013
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
3.13
37%
1014
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.43
26%
1014
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.58
26%
1014
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
3.48
27%
1014
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 34ᴼ
0.45
38%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.81
36%
1011
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
4.58
22%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.11
27%
1013
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 33ᴼ
3.13
39%
1014
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 38ᴼ
1.34
22%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
4.86
39%
1012
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Платина

56135.20

Родиум

274085.11

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Цинк

0.00

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29

Сребро

1994.05

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18

Рутениум

53852.50