Грузиската полиција уапси истакнат опозициски лидер рано денес, окако употреби водени топови и солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои се собраа пред Парламентот четврта ноќ по ред. Протестите беа поттикнати од минатонеделната најава на Владата дека ги прекинува разговорите за пристапување во Европската Унија. Критичарите тоа го видоа како потврда за оддалечувањето од прозападните политики под влијание на Русија, нешто што ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц вети 680 милиони долари воена помош за Украина како што вети поддршка за земјата за време на посетата на Киев денес. Шолц рече дека Украина може да се потпре на Германија и дека неговата посета има за цел да ја зајакне таа посветеност. Тој рече дека новата воена опрема треба да биде испорачана на Украина овој месец. Посетата доаѓа во време на прашања во врска со идната помош на Западот за Украина, како што САД ќе ...

Речиси 68.000 жени служат во вооружените сили на Украина, а 10.000 од нив се борат против руските војници на фронтот, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Embed share Недостасуваат женски униформи во украинската армија Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:02:34 0:00 Direct link „Може да ве разбудат среде ноќ, во 3 часот по ...

Либанското министерство за здравство соопшти дека во израелски напад во понеделникот загинало едно лице во јужен Либан, додека либанската војска соопшти дека во израелски напад бил ранет војник во источниот дел на земјата. Израелската војска веднаш не ги коментираше нападите. Нападите доаѓаат неколку дена откако Израел и Хезболах се согласија за прекин на огнот, со што беа запрени 14-месечните борби што избувнаа по нападот на сојузникот на ...

Пит Хегсет е одликуван ветеран на Националната гарда на армијата кој служел во Ирак, Авганистан и заливот Гвантанамо. Но, поранешниот водител на емисија на Фокс нема претходно искуство во владата или со управување со голема организација. „Мислам дека ова е исклучително необичен избор. Ова не работа за почетник и би очекувале некој што доаѓа на оваа работа да има значително менаџерско искуство“, вели Марк Монтгомери од Фондацијата за одбрана на ...

Американските власти присуствуваа на отворањето на американска база за одбрана од балистички проектили во Полска, што беше планирана уште од 2008 година. Варшава ја пофали посветеноста што ја покажаа последователните претседатели на САД. „САД се навистина, во многу опиплива смисла, гарант за безбедноста на Република Полска, како и на целата северноатлантска алијанса“, истакна полскиот претседател Анджеј Дуда. Топли зборови за Вашингтон - но под ...

Патeшетвието да се стаса до САД е опасно и застрашувачко за секој мигрант, но уште повеќе за децата. И покрај ризиците, над 110.000 малолетни мигранти без придружба од родител или одговорен старател, биле фатени од агентите на американската погранична патрола во текот на фискалната 2024 година, откако илегално ја преминале јужната граница. Откако ќе бидат фатени, вели портпаролката на граничната патрола Кристина Смолвуд, - децата добиваат ...

Одделот за одбрана на САД продолжува да ги зголемува испораките на клучните резерви за Украина, вклучувајќи артилерија, проектили и оклопни возила. Ова се наведува во изјава на американскиот претседател Џо Бајден. Бајден го осуди „ужасниот“ масовен воздушен напад извршен од Русија ноќта на 28 ноември и истакна дека поради тоа била оштетена украинската енергетска инфраструктура, лишувајќи го украинското население од пристап до електрична ...

„Имаме црвена линија, толку можевме да направиме, повеќе не можеме“ – тоа беше одговорот на премиерот Мицкоски на прашањето што Владата мисли да преземе по изјавите од новата евркомесарка за проширување, Марта Кос, дека Брисел очекува Северна Македонија да ги заврши преземените обврски во делот на уставните измени. Embed share Мицкоски за ЕУ и деблокадата на процесот Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес се закани дека ќе ги нападне „центрите за одлучување во украинската престолнина Киев“, со новите руски хиперсонични крстосувачки ракети Орешник, откако ја погоди украинската енергетска инфраструктура и им ја исклучи струјата на повеќе од еден милион луѓе ширум земјата. „Не ја исклучуваме употребата на Орешник против воените, воено-индустриските или центрите за одлучување, вклучително и во Киев“, рече ...

Тројца американски државјани со години затворени во Кина пристигнаа во САД доцна во средата како дел од размената на затвореници меѓу Вашингтон и Пекинг. Размената, која Белата куќа ја објави претходно во средата, означи редок дипломатски договор меѓу САД и Кина со завршувањето на мандатот на американскиот претседател Џо Бајден. Пекинг вчера објави дека САД вратиле четири лица во Кина, вклучително и најмалку тројца кинески државјани, за кои ...

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов пристигна денес во Северна Кореја на разговори со севернокорејските воени и политички лидери, како што земјите ја продлабочуваат соработката околу руската војна во Украина. Во најавата за посетата, руското Министерство за одбрана не соопшти со кого ќе се сретне Белоусов или за целта на разговорите. Државните медиуми на Северна Кореја веднаш не ја потврдија посетата. Белоусов, поранешен економист, го ...

Кога рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во август 2023 година, многу аналитичари рекоа дека неговата смрт може да го означи крајот на групата „Вагнер“, приватната воена компанија што тој ја основаше, а која обезбедуваше илјадници руски платеници за иницијативите на Москва и други интереси во странство. Но, повеќе од една година подоцна, сликата за руските платенички активности стана само покомплицирана, велат ...

Американскиот Црн петок или „Black Friday“ го има и во Северна Македонија. Македонските сопственици на продавници и трговски објекти имаат големи реклами за попусти, но граѓаните велат дека не се реални. Од тие причини и интересот за овие таканаречени попусти е незначителен. Сопствениците на дуќани, ни рекоа дека попустите кои ги нудат се во рамките на нивните можности. Од Организацијата на потрошувачи велат дека се сведоци на секојдневни ...

„Ми дава неверојатен мир...“. Така раскажува 36-годишната Катерина Котљарова која помина две години борејќи се со руските војници во Украина. Таа беше демобилизирана на почетокот на летото 2024 година. Кога дошла дома, страдала од несоница. Барајќи помош, Котљарова се приклучи на програмата за рехабилитација со едрилици за да помогне во обновувањето на нејзината ментална благосостојба. „Концентрирана сум на тоа што го правам. Тоа е тимска работа ...

Дали новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе биде осуден за неговите дела? Тоа е прашање на кое останува да се одговори, бидејќи судијата на државата Њујорк, ги разгледува вонредните околности на поранешниот претседател на САД и осудениот престапник, кој исто така е иден претседател. Во мај, Трамп беше прогласен за виновен со 34 кривични дела за фалсификување документи за да ги прикрие плаќањата на ѕвездата на филмови за возрасни Сторми ...

Израелската војска денес соопшти дека нејзините воени авиони пукале врз јужен Либан, откако забележале активност на Хезболах во складиште за ракети, што е прв израелски воздушен напад еден ден по воспоставувањето на прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах. Засега нема информации за жртви од воздушниот напад на Израел, кој дојде неколку часа откако израелската војска соопшти дека пукала врз луѓе кои се обидувале да се вратат во одредени области ...

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вчера рече дека ќе го номинира пензионираниот генерал-полковник Кит Келог да служи како помошник на претседателот и специјален пратеник за Украина и Русија. Келог беше шеф на кабинетот на Советот за национална безбедност на Трамп за време на неговата прва администрација и беше советник за национална безбедност на поранешниот потпретседател Мајк Пенс. „Заедно ќе обезбедиме мир преку сила и ќе ги направиме ...

Подготвеност во Собранието има, политички договор се` уште нема - тоа е позицијата на претседателот на Парламентот за ситуацијата со носењето на уставните измени, нешто за што повикува новиот состав на Европската комисија. Африм Гаши на денешниот брифинг рече дека за ова прашање се разговара, дека има спремност во Собранието, но и дека кај владејачкото мнозинство постои страв дека по евентуалното внесување на Бугарите во Уставот, Софија може да ...

Британските медиуми објавија дека Украина за првпат истрелала ракети доставени од Британија на руска територија. Оружјето било користено против руските сили во окупирана Украина - вклучувајќи го и нападот врз поранешната централа на руската црноморска флота на Крим минатата година. Лондон и Киев одбија да ги потврдат најновите извештаи. Неодамна, украинските сили истрелаа проектили со подолг дострел обезбедени од САД длабоко на руска територија, ...

„За младите подобро да се вклучат во структурите на општеството, прво тие треба да бидат слушнати. Кај нас седум од десет млади според истражувањето велат дека никогаш за ништо не биле прашани од локалните и од централните државни власти“, вели Сотир Габелоски, потпретседател на Национален младински совет. Токму ова се едни од главните причини, поради кои кај младите во земјата, преовладува апатија и немотивираност, односно се незаинтересирани ...

Планот на САД за распоредување софистицирани ракети на јапонскиот архипелаг близу до Тајван предизвикува лути реакции и од Кина и од нејзиниот близок сојузник Русија. САД подготвуваат заеднички воен план со Јапонија за распоредување артилериски ракетни системи со висока подвижност (ХИМАРС ) и друго оружје на јапонски острови, според неделниот извештај на „Кјодо Њуз“, кој се повикува на неименувани извори. Планот се очекува да биде завршен до ...

САД ѝ кажаа на Украина дека треба да ангажира повеќе војници за да ги зајакне своите сили во нејзината речиси тригодишна борба против инвазијата на Русија, велејќи дека Киев треба да ја намали возраста за регрутација од 25 на 18 години. „Потребата во моментов е побројна сила“, изјави еден американски функционер за новинарите вчера. „Русите всушност напредуваат, стабилен напредок, на исток и почнуваат да ги потиснуваат украинските линии во ...

Еден век по првата парада за Денот на благодарноста на стоковната куќа „Мејсис“, годишната празнична традиција започнува денес во Њујорк со нови балони Спајдермен и Мини Маус, изведби на Џенифер Хадсон и Идина Менцел и многу повеќе. Како и во 1924 година, ќе има многу бендови што ќе маршираат и многу кловнови, по што ќе следи големото финале на Дедо Мраз кој поминува низ Менхетн и ќе ја донесе празничната сезона. На овогодинешната парада има 17 ...

Изборот на Доналд Трамп за одговорно лице за границата работи повеќе од 30 години во федералната контрола на имиграцијата. Том Хоман изјави на овогодинешната републиканска национална конвенција дека секој претседател кажал дека ќе ја обезбеди границата, но само Трамп го има направено тоа. „Тој ја создаде најбезбедната граница во нашата историја. И тоа е неверојатен факт. Тоа го докажуваат податоците. И погодете што: Тој ќе го направи тоа ...

Тројца Американци кои со години беа притворени во Кина се ослободени и ќе се вратат во САД, објави денес Белата куќа. „Задоволство ни е да го објавиме ослободувањето на Марк Свидан, Каи Ли и Џон Леунг од притвор во Народна Република Кина“, се вели во соопштението на портпаролот на Советот за национална безбедност. Тоа е дипломатска победа за претседателот Џо Бајден кој ќе ја напушти функцијата во јануари. Со ослободувањето на мажите, „сите ...

Десетици Израелци се собраа на главниот автопат во Тел Авив вчера вечер, протестирајќи за враќање на заложниците, додека земјата чекаше да слушне дали е договорен прекин на огнот во Либан. Околу 100 луѓе земени како заложници се` уште се држат во Газа, од кои најмалку една третина се верува дека се мртви. Повеќето од другите заложници заробени од Хамас беа ослободени за време на прекинот на огнот минатата година. Рикардо Гришенер, вујко на ...

СКОПЈЕ – За новогодишните празници, граѓаните ќе имаат на располагање околу 600 производи на кои ќе им биде ограничена маржата до 10 отсто во рамките на владината мерка за потрошувачка кошница, соопшти денес министерот за економија, Бесар Друмиши. При креирањето на листата на производи кои ќе бидат содржани во кошницата покрај министерството за економија учествуваат и Синдикатите како и трговците и производителите. „Цело време сме во контакт со ...

Американскиот претседател Џо Бајден ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари, соопшти Белата куќа, нарекувајќи го тоа „посветеност на нашите демократски вредности“ и покрај тоа што Трамп ја прескокна заклетвата на Бајден. Тогашниот претседател Трамп одби да присуствува на инаугурацијата на Бајден во 2021 година, откако лажно тврдеше дека победата на Бајден на изборите била фалсификувана и поттикнувајќи толпа поддржувачи кои ...

Претседателката повеќе да се ангажира во областите кои се во нејзина надлежност како што се безбедносните служби – тоа денеска го побарал лидерот на опозицијата од шефицата на државата. Венко Филипче ѝ ја пренел загриженоста на Гордана Сиљановска-Давкова за случувањата во Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање и укажал дека таа треба да интервенира. „Изразив загриженост и укажав дека таа треба да интервенира за некои ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
53%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
60%
1020
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
56%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.88
51%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
0.0
75%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
4.02
32%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
60%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
53%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
56%
1018
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
65%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
64%
1019
Currency

61.525

Currency

52.3161

Currency

71.2586

Currency

34.3123

Currency

38.3912

Currency

65.8304

Currency

7.28205

Currency

0.66238

Currency

0.36287

Currency

0.52505

Currency

1.30824

Currency

0.6117

Алуминиум

2.62

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15082.50

Рутениум

22601.97

Калај

33.80

Сребро

1180.98

Злато

107082.42

Бакар

10.34

Паладиум

36298.19

Платина

43957.31

Родиум

176829.11

Цинк

2.71