Скопје
-6ᴼ /
-6ᴼ
Во постот што се шири на Фејсбук не е посочен линк до насловот што се споделува, а во кој се вели: „Ковачевски: Ќе се смени законот за брак, секој ќе може да има по две жени без проблем“. Вистиномер го пронајде написот во којшто најдолу со големи црвени букви е обележано дека се работи за сатира. Од самиот опис на постот, се добива впечаток како авторот да не сфатил дека станува збор за сатира, па ја презентирал оваа содржина како да се ...
Повеќето држави членки на НАТО се меѓу земјите со најдобри економии и најсилни армии во светот. Овој факт е сосема спротивен на тврдењето во објавата дека партнерството со НАТО значи дека немаш силна армија. Рангирањето на 20-те најсилни војски во светот кое се прави според активен персонал, буџет, и вид на оружје, вели дека од нив осум се членки на НАТО – Канада, Германија, Полска, Турција, Обединетото Кралство, Италија, Франција и САД. Во ...
Лидерот на политичката партија Единствена Македoнија, Јанко Бачев, на својот Фејсбук профил сподели изјава која наводно ја кажал поранешниот претседател на Куба, Фидел Кастро. Но, иако Кастро никогаш не изјавил вакво нешто како што тврди Бачев, оваа објава е многу вирална со 180 споделувања и над 1.000 реакции. Кажано пред 30 години прецизно и точно. Фидел Кастро во 1992 година: „Следната војна во Европа ќе биде меѓу Русија и фашизмот, само ...
САД и западните сојузници во многу наврати покажале дека одлуките за иднината на Украина се во рацете на Украина и нејзините институции. Уште повеќе, многупати е повторена изреката „ништо за и околу Украина без Украина“ и тоа дури и од претседателот Џо Бајден. Ваквото однесување на САД покажува дека Украина не е „топовско месо“ Фејсбук постот на страната Кратко и јасно е објавен со цитат, со потпис од Глобал тајмс и со карикатура што ја ...
Документот кој се спомнува во објавата – Документот за човечко братство – е заедничка изјава потпишана од папата на Католичката црква и големиот имам на Ал-Азхар на 4 февруари 2019 година. Изјавата е симболичен гест наменет да ја промовира соработката и меѓусебното почитување меѓу главните светски религии, римокатолицизмот и исламот, и на ниту еден начин не сугерира спојување на двете религии. Оваа теоријата на заговор за потпишување ...
5Г технологијата не влијае негативино врз имунолошкиот систем на луѓето и не предизвикува рак, бидејќи оваа мрежа користи радиофреквентна (RF) електромагнетна енергија која е форма на нејонизирачко зрачење слично на FM радио брановите и топлината. Нејонизирачкото зрачење не ја оштетува ДНК, за разлика од јонизирачкото зрачење кое предизвикува рак, како што е УВ светлината. Светската здравствена организација, на својата веб-страница вели дека ...
Дали Мицкоски треба да појде кај Ковачевски или обратно, за да се презентира КОНЦЕПТ за набавка на поевтин гас и електрична енергија за претстојната зимска сезона, при што ќе се заштеделе околу 300 милиони евра? Оваа тема вака поставена е самата по себе спин, покрај сите други потспинови што ги нуди. Спинуваат и Мицкоски и Ковачевски. Најблизок неспинерски став засега е изнесен од министерот за економија, Крешник Бектеши Пишува: Теофил ...
Мицкоски не кажува, на пример, дали и колку тогашната влада морала да ја субвенционира разликата меѓу продажната цена кон индустријата, односно загубите на ЕЛЕМ со призната цена од 2,5 денари по киловат час за производство за регулираниот пазар, не кажува колкав дел од индустријата, па и подружницата на АД ЕЛЕМ за тргување набавувале електрична енергија во странство или продавале од домашното производство, не кажува колкави биле цените на ...
Целото тврдење на СДСМ за Мицкоски и Томе Блажески, основачот на клубот од Охрид „Цар Борис Трети“ е еден спин базиран врз претпоставки и недокажани факти. СДСМ поаѓа од фотографија на која се гледа како во некој црковен објект на заедничко место лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски и основачот на клубот во Охрид Цар Борис Трети, Томе Блажески, палат свеќи. Но, оваа фотографија не докажува ништо друго, освен дека двајцата биле на исто ...
ВЕТУВАЊЕ: Доделување простор за изградба на дневен центар за децата со церебрална парализа. [Извор: Охриднет – „На Охрид му е потребен Дневен центар за деца со церебрална парализа“; Датум: октомври 2021] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков за доделување простор за изградба на дневен центар за згрижување на децата со церебрална парализа, е исполнето. Општината деновиве (15.03.2022) додели простор во поранешната ...
Тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека Генералниот секретаријат на Владата имал дискреционо право да троши 700 милиони евра годинава, искажано во смисла дека Владата не сакала да се откаже од своите намери да троши и во услови на криза, е невистина. Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата нема свој буџет, туку се потпира на буџетот на Владата, а тој е далеку помал од она што го тврди Николоски Потпретседателот на ...
По проверка на законската регулатива може да се констатира дека постапките на Владата и вчерашните одлуки на Економско-енергетскиот совет се целосно законски покриени Премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-енергетскиот совет при Владата, соопшти синоќа дека се донесени две клучни одлуки за претстојната сезона есен-пролет 2022/2023 г., при што, посебен акцент во одговорите на новинарските прашања беше ставен на управувањето ...
Следната буџетска година ќе започне со веќе „изместени“ владини проекции кои се зацртани во Фискалната стратегија. Владата најави кратења кај повеќе ставки – трансфери, стоки и услуги, субвенции, пишува Порталб Дали прогнозите за трошење во 2023 година беа „надувани“, па има простор за намалување или поради кризата нема друго решение освен да се стесни ременот за буџетските трошења. Намалување Очекуван ефект За плати и надоместоци 10 отсто ...
Во Извештајот на ЕУ за напредокот на С. Македонија во 2021/2022, година „критиките“ ако можат да се оценат како критики, зашто се опис на состојбите, најмногу се однесуваат на „непостоење консензус“ за важни законски промени што доведува до „поларизација во Собранието помеѓу политичките партии“, што доведува до намалена функционалност на парламентот при сосема нова улога што треба да ја има откако Македонија стана земја која започна ...
Насловот на текстот споделен во постот е невистинит. САД нема пратено војска да се бори во Украина. Наспроти содржината на текстот во која се зборува за починат доброволец од Америка, насловот сугерира за официјално постоење на американска војска во Украина, што е манипулација. На 12 февруари Пентагон им нареди на американските трупи стационирани во Украина да ја напуштат земјата поради тоа што имаше најави дека ќе се случи руската инвазија. ...
Речиси не постои сектор, бизнис, дејност, услуги каде не се зголемија крајните цени за граѓаните, пишува Порталб.мк. Во септември годинава, во однос на истиот месец лани, индексот на цени во угостителството е зголемен за фантастични 17,6 отсто, а индексот на цените на крајните производи во преработувачаката индустрија е со раст за 25,8 отсто. Драматично поскапување има и на дел од земјоделските производи Драматичен раст на цените во ...
Со споделувањето на видео материјалот јавноста се доведува во заблуда дека настанот се случил неодамна, односно по инвазијата на Русија врз Украина и дека Словачка ѝ откажува поддршка на Украина. Видеото е снимено на 8 февруари годинава, пред да почне инвазијата и тоа за време на вжештена парламентарна сесија на која се дискутираше за договор за одбрана со САД. Уште истиот ден министерот за одбрана на Словачка Јарослав Над се извини за ...
Од средината на септември досега, бројките на новозаболени во земјава се двоцифрени, односно ситуацијата е стабилна и бројките се намалуваат. Нема „наплив на нови заболувања” како што се тврди во објавата. Во вториот дел од објавата се става знак еднаквост меѓу коронавируост и прскањето со авиони, односно се инсинуира дека оние кои имаат симтоми на вирусот се всушност отруени од прскањето. Оваа теорија на заговор е позната како „кемтрејлс“ и ...
Константин Кисин, руско-британски комичар и политички коментатор кој пишува за голем број светски мејнстрим медиуми, на Твитер даде свое гледиште во однос на говорот на Путин, обидувајќи се да го преведе на јазик за секој да може да ги разбере дури и скриените пораки на рускиот претседател, откако тој ја објави анексијата на четирите украински региони Пишува: Мери Јордановска Рускиот претседател Владимир Путин во петокот (30.09.2022 г.) ...
Конкретната изјава на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на која се повикуваат од партијата не значи дека ДКСК нема да постапува никогаш, туку дека нема основа за постапување врз основа на утврдување на судир на интереси. Освен ова, самата ДКСК со своето сегашно и досегашно непристрасно постапување и за високи сегашни или поранешни функционери од власта, без оглед дали се или не се членови на владејачката партија СДСМ или друга ...
Во објавата на Фејсбук манипулативно се тврди дека фотографијата од Украина покажува ‘жена која се враќа од пазарење‘, а со тоа се инсинуира дека ситуацијата каде што е снимена фотографијата не е страшна и опасна по живот. Всушност, станува збор за исечок од видео сторија на британската телевизија BBC, односно новинарско известување од украинскиот град/предградие Ирпин, во близина на Киев, каде што во март се водеа жестоки битки меѓу руските ...
Незначителното намалување или зголемувањето на вредноста на валутите за еден ден, два дена, или за една недела, не е никакво изненадување, како што невистинито се тврди во објавата на Фејсбук и во медиумскиот напис. Истиот е „јадица“ за привлекување кликови која не е соодветна, односно претстaвува дезинформација Дезинформација е насловот дека има „повторно изненадување во менувачниците во Македонија“ како што сугерира постот на Фејсбук во ...
Огромни промени одамна се потребни севкупно во високото образование. Дури и пред времињата кога владите предводени од експремиерот Никола Груевски започнаа со експериментирањето со високото образование, кога се отвораа факултети ширум државата без услови за изведување настава и без потребен број професорски кадар. Затоа, покачувањата на платите, досега и во иднина, малку ќе решат, исто како што нема да се реши ништо ако УКИМ ги „реорганизира ...
На овој пост му недостига контекст. Точно е дека началникот на Генералштабот на АРМ изјавил дека е потребно да се врати задолжителниот воен рок во Македонија, но тоа е негов личен став, а не некаков предлог или план како тоа би изгледало. Идејата за враќање на воениот рок не се разгледува во Министерството за одбрана, а како можна ја отфрли и претседателот Пендаровски Рецензираме пост на Фејсбук кој споделува ударна вест дека во Македонија ...
Во насловот на текстот споделен во постот се содржи зборот „мобилизација” што асоцира на тоа дека во НАТО се случува она што се случува во Русија по одлуката на претседателот Путин, да се мобилизираат 300 илјади лица за да се борат во Украина. Наспроти тоа во содржинскиот дел на текстот од написот се пренесува дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на средба со директори за национално вооружување на земјите од Алијансата, ...
Бајден не им кажува на Американците да се подготват за ураган со тоа што ќе се вакцинираат, туку зборува општо, за опасноста ураганите да го ограничат медицинскиот пристап. Во постот што го рецензираме, не се наведува поширокиот контекст за кој зборува Бајден, се премолчуваат клучни податоци за целосно да се разбере неговата порака и се добива впечаток дека вакцинацијата ќе го заштити населението од ураган Рецензираме пост објавен на ...
Ветување: 250 нови еколошки автобуси Заради намалување на загадувањето во главниот град, предвидуваме транзиција кон целосно еколошки јавен транспорт. Нашата цел е поефикасно извршување на јавниот превоз, како и заштита на животната средина. Во соработка со централната власт и меѓународни партнери, се обврзуваме на промена на автобуската флота со еколошки автобуси на природен гас и електрични автобуси. [Извор: Изборна програма на Данела ...
Наспроти тврдењето во постот, од Владата нема никаква најава или потврда дека училиштата ќе се затворат во декември. Оттаму се децидни дека наставата мора да се одржува со физичко присуство. Исто така, премиерот не е ниту трајно работно неспособен, ниту ментално растроен, а уште помалку тоа му го утврдиле лекари како доживотна дијагноза. Тој бил оценет дека е неспособен за служење воен рок од здравствени причини, односно поради ...
Видеото споделено во постот е од инцидент кој датира од 2013 година, a луѓето прикажани на него не се никакви италијански патриоти, туку неонацистичка група. Во периодот кога се случил овој инцидент Урсула Фон Дер Лајен воопшто не беше претседателка на Европската Комисија Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува видео. Описот на видеото дезинформира. Во објавата се вели: Пред извесно време, група ...
Наспроти она што го спинува Јакимовски, дека „земјава и со сила ќе беше внесена во НАТО, и без да го смени името“, определбата за евроатлантски интеграции на која било држава е самостојна и независна одлука на секоја од нив. За што впрочем говорат фактите и бројките – 30 држави се членки на НАТО Алијансата, а има и држави од европскиот свет кои не се дел од истата. Досега, историски, не е познат случај некоја држава „со сила да биде внесена ...