Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, прв пат во историјата на Собранието на Македонија проговри за решенија коишто ќе стават крај на брзите кредити, кои им нанесоа огромна финансиска, материјална и нематеријална штета на илјадници луѓе во земјава. Апасиев најави „правна војна против брзите кредити“ за справување со „епидемиолошкта“ состојба во Македонија, каде голем број на луѓе се влезени во т.н. „маѓепсан круг“ на брзите кредити. ...

Пратеничката група на Левица поднесе четири законски измени со кои предлага забрана за рекламирање на брзите кредити во електронските и печатените медиуми, преку билборди и други форми на рекламирање. На денешната прес-конференција, претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, најави почеток на законодавна офанзива против, како што ги оцени, лихварските практики на финансиските друштва. Апасиев посочи дека задолжувањето на граѓаните ...