Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Американската Агенција за храна и лекови (FDA) одобри капки за очи за лекување на пресбиопијата, постепеното губење на видот на близина што се јавува со стареењето. Активната состојка во капките за очи, наречени VIZZ, е ацеклидин, а производот одобрен од FDA го контрахира мускулот на сфинктерот на ирисот, што ја проширува длабочината на фокусот и го подобрува видот во близина. „Ова одобрување од FDA претставува пресвртница во опциите за третман ...
Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува со силен патриотски порив да ги буди сеќавањата, љубовта и достоинството на македонскиот народ – овој пат преку изведбата на Андријана Јаневска на песната „Каде сте Македончиња“, композиција која одамна не е само музика, туку симбол на болка, надеж и национална свест. Создадена од Бранко Ѓорѓиевски, оваа песна ја понесе титулата „химна на децата-бегалци“, посветена на македонските деца кои беа ...
Вчера, на 89 годишна возраст почина оперската примадона Милка Ефтимова. Таа беше истакната фигура во Македонската опера и горда претставничка на македонската уметност и култура на меѓународната сцена. Во текот на својата долгогодишна , успешна и творечка кариера таа изведе четириесетина оперски улоги, како и бројни партии во ораториуми и соло настапи, настапувајќи повеќе од 1200 пати пред публика во близу дваесетина земји ширум светот. Од неа со ...
Анѓела Ражнатовиќ, ќерка на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан, некое време беше искрена во разговорот за својот живот, откривајќи детали за болеста со која се бореше долго време, заработката, наследството, како и за односите со своите браќа и сестри, но и со нејзината мајка, актерката Љиљана Мијатовиќ. – Шест години работам како фриленсер за странска компанија. Предавам англиски јазик на Азијци. Имам еден проблем што го прави овој вид работа ...
Вики Миљковиќ потпиша договор со Жељко Митровиќ, а од септември ќе имаме можност да ја видиме во „Ѕвездите на Пинк“. Инаку, Жељко Митровиќ објави видео на својот Инстаграм профил во кое го гледаме како потпишува договор со пејачката, а во таа прилика откри дека таа имала посебен услов. – Вики Миљковиќ е четвртиот член на жирито на „Пинкови ѕвезди“, најважното музичко натпреварување во овој дел од Европа. Покрај Десингерица, Босанца и Зорица ...
Оние кои ја следат и ја слушаат Северина, често ја нарекуваат кралица на стилот, а пејачката, велат тие, летово покажала голем број модни комбинации додека настапувала долж јадранскиот брег. Но, некои имаат забелешки на нејзиниот стил и тоа, не поради тоа дали стилот е сам по себе добар или не, туку исклучиво во однос на возраста. Една госпоѓа го коментирала изгледот на Северина на нејзиниот настап во боди од тексас кое ги открива нејзините ...
Netflix објави трејлер за втората сезона од емисијата за животен стил на Меган Маркл, ден откако таа и нејзиниот сопруг, британскиот принц Хари, го обновија договорот со стриминг платформата. Според најавата што ја сподели Меган на нејзиниот профил на Instagram, следниот дел од шоуто „With Love, Meghan“ ќе биде емитуван за две седмици, на 26-ти август. Меѓу познатите гости кои ќе во осумте нови епизоди ѝ се придружат на поранешната ѕвезда на ...
„За себе правиш здравје, а за туѓите очи создаваш тело“, ова е девизата на личниот тренер на познатиот шеф Никола Мишковски кој изминатите неколу месеци го смени својот животен стил од корен. Кога го започна овој свој животен проект, Никола најави дека оваа промена нема да застане само со симнување неколку килограми, тој сега стигна со ново ниво. Имено познатиот шеф „извади“ и мускули на плажа, па гордо се пофали со дефинираните стомачни. ...
Наследникот на пејачката Гоца Божиновска, Мирко Шијан, на Инстаграм сподели жешка фотографија со сопругата Бојана Родиќ. Мирко Шијан заедно со сопругата Бојана Родиќ и синовите моментално ужива на море во Грција. Синот на Гоца Божиновска сега објави фотографија со Бојана, што предизвика лавина од реакции. Имено, на гореспоменатата фотографија се гледа како двајцата разменуваат нежности на зајдисонце. Бојана и Мирко цврсто се прегрнаа и ...
Пејачката Марина Висковиќ одмара на Миконос и ужива во љубовта со своето ново момче, кое за прв пат го покажа на јавноста. Пејачката неодамна за прв пат проговори за своето момче, со кое изјави дека ја пронашла вистинската среќа. Таа откри дека ужива во љубовта со маж кој не е од Србија, а сега реши да го покаже. Таа на својот Инстаграм профил објави нивна заедничка фотографија, на која јасно се гледаат силните емоции меѓу нив. На сликата, ...
За Аделина Тахири летниот одмор трае долго, промена има само на дестинациите за доживувањето да биде повпечатлво, поубаво… Овој пат, актрактивната убавица преку Инстаграм прати поздрав од Капри во Италија каде максимално со своите најмилите хедонистички уживаат во секој поглед. Бујна, расна, со сите атрибути кои ја красат, Аделина Тахири плени со својата женственост и сексапил кој редовно е нејзин задолжителен аксесоар. А кога си на летен одмор ...
Талентот, поривот, желбите и вистинската намера кон нештата ја однесоа младата пејачка Ања Ветерова да студира музика на Беркли во САД каде и дипломираше, а со тоа таа веќе целосно се адаптираше на американскиот живот. Македонија секако не ја заборава, тука е нејзниното семејство, но новиот живот, новите навики, пријателите и се далеку преку „барата“. Ања постојано е активна на социјалните мрежи од каде може да се видат сите нејзини активности ...
Пејачката Јелена Розга на настап се појави во бел фустан, кој беше многу краток и провокативен, а собра бројни симпатии поради својот физички изглед. Јелена многумина ја пофалија дека изгледа како милион долари, а нејзиниот бел фустан имаше прорез на градите, над кои стоеја бели машни, додека долниот дел беше веднаш над колената. Пред тоа, како што е веќе познато, пејачката на настапот носеше ултра кратки шорцеви, а мрежите беа преполни со ...
Сузана Спасовска и Благоја Грујовски ќе настапат во ревијалниот дел на Фолк вечерта на фестивалот Охрид- фест, Охридски трубадури која ќе се одржи на 29 август на сцената на „Долни сарај“ во Охрид. „Ќе ги слушнеме по подолго време со нова песна и песна што била изведена на овој фестивал“, вели Љупчо Соколовски, уметничкиот директорот на Фолк вечерта кој ветува висококвалитетна музика на 32 издание на фестивалот. „Благоја Грујовски ќе настапи со ...
На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се во сцена на еден од најуспешните мјузикли во историјата – „Mamma Mia!“ Со повеќе од две децении триумф на Бродвеј, Вест Енд и на најпрестижните сцени ширум светот, „Mamma Mia“ претставува врвна комбинација на заразни мелодии, моќна енергија и топла, човечка приказна. Преку песните „Dancing Queen“, „Super Trouper“, „The Winner Takes It All“, „Gimme! ...
Пејачката Маја Беровиќ ужива на море по бројните настапи во изминатиот период, а видеото што го објави на Инстаграм ги остави сите без зборови. Имено, пејачката го покажа своето лице без ниту трошка шминка, а беше во целосно опуштено расположение со пријатели на јахта. Маја покажа и како пловеле по морето, а погледот од јахтата и прекрасната природа ги остави сите без зборови. Инаку, Маја Беровиќ сега има сè за што сонувала како дете, а ...
Пејачката Дара Бубамара веќе неколку дена е на одмор во Грција, а нејзините најнови објави на социјалните мрежи најмногу им се допаднаа на мажите. Имено, во едно од нејзините видеа, Дара се сними во мини костим за капење, па едвај успеа да ги задржи градите, бидејќи речиси и испаднаа. Пејачката ги „излуди“ мажите со својата нова објава, а доби и многу комплименти за својот изглед. Таа се фотографираше и покрај базенот, а многумина ја пофалија ...
Додека настапуваше, 31-годишниот пејач ја прекина музиката и се обрати на мајка во публиката, која со себе донела бебе старо околу една година, но без заштита за уши. На снимка што брзо се прошири низ интернетот, Малума прво ја прашал за возраста на детето, а потоа со сериозен тон ја критикувал ситуацијата. „Дали мислиш дека е добра идеја да донесеш едногодишно бебе на концерт каде децибелите се толку високи? Тој малечок дури и не знае каде се ...
Оваа година „МакеДокс“ ќе се одржи од 21 до 28 август на неколку локации во Скопје – Куршумли-ан, Музеј на Македонија, Сули-ан, МКЦ и „Лабораториум“. Мотото е „Кому му е гајле за реалноста?“. Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани 75 документарни остварувања, а се очекуваат околу 100 странски гости. Дарко Набаков истакна дека во време кога вистината се менува побрзо од нашата способност да ја сфатиме, потребата од внимателно, креативно и ...
Дел од најбараните артисти, најгледаните шоу-програми со највпечатливите точки од фестивалите на уличната уметност ќе бидат дел од јубилејното 15. издание на Баскерфест 2025. Оваа селекција на уметници кои настапуваат ширум Европа и светот, од 25 август до 6 септември ќе се претстават на македонската публика, во рамки на највеселиот уличен, уметнички караван кој ќе помине низ 9 градови, а ќе настапува на 13 локации, на уличните сцени кои не ...
ОВЕН Денеска е позитивен ден за вас. Ќе се чувствувате задоволно, без разлика дали работите или одмарате. Некои од вас веќе гледаат кон иднината и ќе ги разгледаат деталите за промените што планирате да ги направите наскоро. БИК Денеска не плашете се да излезете надвор од рамките и да експериментирате – нудете идеи и предлози, воспоставете нови контакти и прифатете го новото и прогресивното. Вашата сила – комуникацијата – повторно ќе ви помогне ...
Нова студија покажа кои хобија мажите ги сметаат за најпривлечни за жените. Имено, тоа се мажите кои сакаат да читаат. Date Psychology го спроведе претходно споменатото истражување. Наведени се 74 хобија, а потоа од дамите беше побарано да ги оценат. Имено, 98,2 проценти од испитаниците рекоа дека ги сметаат мажите кои сакаат да читаат за најпривлечни. На второ место е учењето странски јазици (95,6 проценти), а на трето место е свирењето ...
Малку се знае за животот на Оливера Гудељ, мајката на фудбалерот Немања, бидејќи таа никогаш не сакала да дава интервјуа за медиумите. Сепак, нејзиниот сопруг Небојша, кој порано бил успешен фудбалер, а сега е тренер, открил дека Оља отсекогаш била столб на нивното семејство. Небојша рекол дека неговата сопруга Оливера сè зела на свои рамена, почнувајќи од неговите тренинзи, патувања и карантин, па сè до воспитувањето на три деца кои ги извела ...
Џенифер Анистон вели дека за Метју Пери е подобро што е мртов бидејќи повеќе не мора да се бори со својата зависност. Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон даде емотивна исповед за „Vanity Fair“ во која, меѓу другото, зборуваше за смртта на нејзиниот долгогодишен пријател и колега Метју Пери. „Се потрудивме најдобро што можевме. Неговата битка со оваа болест беше многу тешка. Колку и да беше болна за нас и за обожавателите, има дел од мене кој ...
Пејачката Драгана Мирковиќ за неколку месеци ќе стане баба. Првото внуче на најголемата музичка ѕвезда ќе биде девојче. Сопругата на нејзиниот син Марко Бијелиќ, Мелани, е бремена пет месеци, а нејзините пријатели открија на социјалните мрежи дека бебето е девојче. Семејството е пресреќно поради проширувањето и сите со нетрпение го очекуваат бебето. – Денес сум најсреќната жена на светот бидејќи официјално можам да потврдам дека ќе станам ...
Ако сте љубител на чоколадни десерти со богата текстура и длабок вкус – Choco Figaro е вистинскиот избор. Овој рецепт е совршен за почеток на денот со кафе или како сладок завршеток на секој оброк. Се подготвува лесно, а резултатот е вистинско задоволство! Состојки: Подготовка: Изматете ги јајцата со 100 грама шеќер и ставете ги на тивок оган. Додадете го маргаринот, искршеното чоколадо, мелените и сечканите ореви, како и мелените бисквити. ...
Трчањето не е единствениот начин за согорување калории и подобрување на вашата физичка подготвеност. Постојат вежби кои истовремено зајакнуваат повеќе мускулни групи, го зголемуваат срцевиот ритам и трошат енергија дури и откако ќе завршите со тренингот. Може да се прават дома, не одземаат многу време и не бараат посебна опрема. Подолу се дадени седум едноставни и ефикасни вежби кои го активираат целото ваше тело и ви даваат брзи резултати. ...
Турската актерка Мерјем Узерли, која публиката ја обожаваше по улогата на султанка Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, вчера го славеше својот роденден. Наместо гламурозна забава и рефлектори, Мерјем одлучи овој посебен ден да го помине во кругот на своите најблиски. Нејзината сестра, родителите и двете ќерки беа присутни на прославата што ја организираше Мерјем, познатата султанка Хурем, по повод нејзиниот 42-ри роденден, а судејќи ...
Научниците од Кинеската академија на науките спроведоа сеопфатна студија која открива кога нашите тела всушност почнуваат да стареат и на која возраст се случува клучна промена што го забрзува овој процес. Резултатите беа објавени во научното списание Cell, а објавени од Men’s Journal. Истражувачите анализирале протеини во различни ткива земени од околу 70 луѓе на возраст од 14 до 68 години. Тие се фокусирале на промените што се случуваат на ...
Македонската пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, познатиот водител Димитар Атанасовски ова лето уживаат на полуостровот Пелопонез во друштво на нивните деца, ќерката Илина и синот Кирил. Тие ги полнат батериите во сончевата Грција, а оттаму се огласуваат и ги споделуваат на Инстaграм убавите семејни моменти од одморот. Сара не изостави да се фотографира во провокативен костим за капење па пред следбениците го покажа извајаното тело. Полна со ...