На маргините на Конгресот на Европската народна партија (ЕPP), Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски освари средба со Сали Бериша поранешен претседател и премиер на Република Албанија. Денеска беше остварена значајна средба со г. Сали Бериша, поранешен претседател и премиер на Република Албанија, како и долгогодишен лидер на Демократската партија. Средбата претставуваше можност за размена на мислења и ставови за актуелните ...

По повод “Недела на македонската култура” на 30 април 2025 година, 20:00 часот во Театар АрТурбина, ќе се одржи театарска претстава: 8%? од Театарот за современа уметност од Битола, Македонија Придружете ни се на последниот настан од “Недела на македонската култура” моќна вечер на современ театар со режија на Јован Ристовски, изведена на македонски јазик, со албански и англиски преводи на екранот. Манифестацијата „Недела на македонската ...

На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на држави, премиери и државни делегации се одвиваа бројни црковни церемонии. Изразувајќи длабока жалост и искрено сочувство за неговата смрт, претседателката Сиљановска Давкова, во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски беше домаќин на заменик-претседателот на Владата за меѓународни односи и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ. На средбата, двајцата министри се согласија дека посетата претставува потврда за одличните пријателски односи и соработка меѓу двете земји, засновани на заемна поддршка и почитување. Министрите изразија задоволство од нивото ...

Во однос на посeтата на Обединетото Кралство, тој потенцираше дека постета била политичка, но дека не се исклучува можноста да се потпишат договори за стратешко партнерство. Имаме развиено готови проекти, нешто што претходните влади го немале. Работиме на нови инвестиции во инфраструктурата, туризмот здравството и енергетиката. Силниот инвестициски циклус е опфатен во три компоненти, објасни вицепремиерот и министер за транспорт Александар ...

Во кладилниците фаворити за нов папа се Италијанецот Пјетро Паролин, кој е државен секретар на Ватикан, Унгарецот Петер Ердо, Филипинецот Луис Антонио Таљат, кој доколку биде избран, би бил првиот папа од Азија, како и Матео Купи кој стана член на колеџот на кардинали благодарение на папата Франциск. Но, извори од Ватикан брифираат дека повеќе од 20 кардинали се идентификувани како можни кандидати за папа. Најдолгата конклава во историјата ...

Јас сум активист за човекови права и се залагам за мојата земја – Македонија – и за нејзиниот јазик и култура. До американските даночни обврзници, вие веројатно не сте слушнале за мене. Веројатно не знаете многу за Македонија, па дури ни каде се наоѓа на мапата. Но има едно нешто што треба да го знаете. Милиони од вашите долари беа искористени за да се предизвика политичка криза во мојата земја и за моја лична клевета. Прочитајте во целост: ...

По повод “Недела на македонската култура” денес, со голема возбуда и радост го одржавме настанот посветен на промоцијата на македонското вино и винскиот туризам во Тирана. Во преубава атмосфера, присутните имаа можност да уживаат во богатството на врвни македонски вина, да се запознаат со традиционалните вредности, но и со современите достигнувања во винската индустрија. Настанот помина во одлично расположение, исполнет со дегустации, ...

Со порака дека ќе се борат за своите права за да бидат она што се – Македонци, припадниците на Македонската заедница во Бугарија денеска го чествуваа споменот на Јане Сандански, еден од најголемите македонски револуционери. На собирот во градот Мелник, пред споменикот на Сандански се одржа народен собир на кој учествуваа Македонците од Бугарија, припадниците на ОМО „Илинден” – Пирин“, како и бројни гости од Македонија и од други земји во кои ...

Ѕвоната на плоштадот свети Петар за последен пат биеја за папата Франциск. Со 3 часовна миса кардиналите во Ватикан се простија од поглаварот на римокатоличката црква Папата Франциск и го испратија кон вечното почивалиште… Мисата ја предводеше кардиналот Џовани Батиста Ре, кој испрати порака дека наследството на понтифот да се грижи за мигрантите, угнетените и животната средина не смее да умре со него. „Војната секогаш заминува – тоа е негов ...

По повод “Недела на македонската култура”, во топла и пријатна атмосфера вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Тирана, Луфтим Спахиу во македонската амбасада во Тирана, освари средба со учесниците на утрешната манифестација “Промоција на македонски вина и вински туризам”. Разговаравме за срцето на македонските лозја и испреплетените приказни на генерации, кои внесуваат душа во познатиот македонски нектар “македонско вино”. На оваа ...

По повод “Недела на македонската култура”, во топла и пријатна атмосфера вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Тирана, Луфтим Спахиу во македонската амбасада во Тирана, освари средба со учесниците на утрешната манифестација “Промоција на македонски вина и вински туризам”. Разговаравме за срцето на македонските лозја и испреплетените приказни на генерации, кои внесуваат душа во познатиот македонски нектар “македонско вино”. На оваа ...

На изложбата и промоцијата на „Монографија на македонски народни носии“, од проф. д-р Владимир Јаневски беа преставени парчиња облека и приказни, живи сведоштва на македонската историја, традиција и идентитет. Присутни беа Љуфтим Спахиу, в.д. македонски амбасадор во Тирана, Емилија Попивода директорка на македонскиот Културно-информативниот центар, амбасадорите на Слвенија, Катар, Египет, преставници на Министерство за економија, култура и ...

Манифестацијата „Недела на македонската култура“ е повеќе од настан. Тоа е сведоштво за живиот дијалог меѓу две пријателски земји, мост што нè поврзува и нè зближува. Преку културата како најсилниот глас на еден народ – глас што не познава граници, преку изложби, музика, театар, преку вкусот на македонските вина, ја отвораме македонската душа пред албанската публика, порача министерот за култура и туризам на Македонија, Зоран Љутков. „Недела ...

Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за македонските граѓани. Ваква вест сподели премиерот Христијан Мицкоски. Според него, ова се должи, пред се, на неговата последна посета на Емиратите. Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја! Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се ...

Стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство е потврдено со економската и политичка соработка, истакна вицепремиерот Николоски на средбата со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Владата на Обединетото Кралство. Тој ја потенцираше економската соработка и инвестициите како клучен сегмент во зацврстување на пријателските односи меѓу двете змеји. Билатералните односи продолжуваат на ...

Како што е најавено, повеќето странски делегации ќе пристигнат во Рим в сабота и ќе заминат во текот на денот, додека американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да пристигне во Рим. За погребот на папата Франциск се очекува в сабота наутро на плоштадот Свети Петар во Ватикан да присуствуваат над 200.000 луѓе, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на седница со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео ...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова го прими Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кристоф Камп кој, за прв пат е во посета на нашата земја по преземањето на функцијата во декември минатата година. Говорејќи за улогата на ОБСЕ како организација чија основна улога е да превенира внатрешни, но и регионални немири и конфликти, високиот комесар изрази подготвеност за експертска помош во креирањето или ...

„Беломорски клуб читална“, Здружението на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија, одбележа една година од своето работење. На настанот покрај основачите и членовите на клубот, присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министри и претставници од повеќе министерства, градоначалници… Основачите и членовите изразија голема благодарност до Владата, за како што рекоа поддршка и помошта која изминативе години ја добиваат, а во таа ...

Македонија и Обединетото Кралство имаат силни економски односи, трговската соработка е на високо ниво, а можноста за зацврстување на таквата соработка ја гледаме преку нови инвестиции и пренесување на нови искуства и знаења, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство. Македонија и Обединетото Кралство имаат силни ...

Во Тирана вечерва почнува манифестацијата „Недела на македонската култура“, а по тој повод главниот булевар „Народни херои“ блесна со стотици македонски знамиња. Булеварот блесна во црвено жолта боја. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање на манифестацијата, која по првпат се одржува во албанскиот главен град, што навистина не прави горди. Не го криеме задоволството што заедно со Културно информативниот центар, успеавме во нашите напори, ...

Поглаварот на Албанската автокефална православна црква Неговото Блаженство г.г. Јоан, Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, на 7 април годинава, на празникот Свети Георгиј Победоносец, му додели чин ставрофор на отец Илија Мазнику од Голо Брдо. Отец Илија Мазнику е Македонец по потекло од село Врница, областа Голо Брдо. Чинот ставрофор го доделува надлежниот архиереј на оние свештеници кои имаат над дваесет години свештеничка служба, ...

Со концертот со наслов „Поглед кон иднината/Eyes to the future“ на пијанистката Ема Попивода и албанската диџејка Реа Лемнуша, денеска во Тирана, Албанија, започнува манифестацијата „Недела на македонската култура“, која за првпат се реализира во оваа држава. По тој повод, градот Тирана ќе биде обоен со црвено-жолти бои и светла, а на главниот булевар ќе бидат истакнати македонски знамиња. Во текот на неделата ќе се одржуваат концерти на ...

„Македонскиот речник од 16 век“ е драгоцен аргумент против негаторските тези на соседите Огромниот придонес на францускиот македонист Андре Вајан и неговиот „Македонски речник од 16 век“ за побивање на негаторските бугарско-грчки тези дека не постои македонскиот јазик. Во спомен на францускиот лингвист и македонист Андре Вајан „Словенскиот македонски јазик претставува реалност во таква мера што во XIX век суштествувал еден македонски ...

Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 април. Воскресение Христово (трет ден) Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои ...

На ден 21. 04. 2025 година, Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Македонија, г-ѓа Оливера Трајковска во придружба на професор Катерина Тодороска беше во официјална посета во општина Пустец, Албанија и се запозна со актуелната состојба, горливите проблеми со кои се соочуваат Македонците, но, и со напредокот на оваа општина. При посетата оствари средба со градоначалникот г-дин Пали Колефски, ...

Среќен Воскресението Христово – Велигден Христос Восресна! Навистина Воскресна! Почитувани Православни верниците во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита Воскресението Христово – Велигден со желба да го славите во текот на многу следни години. Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, аво нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во ...

Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе од двесте беа повредени. Трагедијата за кусо време, како ретко кога, го сплоти во тага и во молитви сиот наш народ, но и сите оние коишто сочувствуваа со нас. Истовремено, кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната стварност на смртта. Во молитвеното испраќање на овие млади луѓе и ...

Отворањето на нов кластер во преговорите за членство во Европската Унија е добра вест за сите жители на Албанија како идни граѓани на ЕУ и тоа е резултат на решеноста на албанските власти да ги спроведуваат реформите, истакна вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос по завршувањето на четвртата Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Албанија, на која беа отворени преговорите по Кластерот 2 „Внатрешен пазар“. Албанија е навистина ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, како дел од владината делегација која е во официјална билатерална посета на Обединетите Арапски Емирати, се сретна со Претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, Неговото височество, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан. Многу отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори. Разговаравме за соработка во областа на транспортот и ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
990
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
70%
987
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
79%
988
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
3.09
75%
991
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.67
94%
992
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.82
97%
989
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
89%
991
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
987
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
988
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.34
96%
991
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
90%
987
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
100%
994
Currency

61.635

Currency

51.8732

Currency

70.7867

Currency

36.9714

Currency

38.2337

Currency

67.4946

Currency

7.50345

Currency

0.67228

Currency

0.33801

Currency

0.52487

Currency

1.18836

Currency

0.57248

Сребро

2475.93

Алуминиум

3.13

Паладиум

52309.26

Иридиум

213919.04

Родиум

339190.38

Калај

50.54

Рутениум

45750.51

Цинк

3.44

Бакар

11.98

Платина

65523.22

Злато

159145.23

Кобалт

64.04