
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Македонското друштво „Сонце“ од Корча стана членка на Мрежата за промовирање на јазичната разновидност, (NPLD) со добиената едногласна поддршка на Генералното собрание, што се одржува во Сантијаго де Компостела, Шпанија, информираше за МИА, Васил Стерјовски, претседател на друштвото. Во своето обраќање на Генералното собрание Стерјовски, меѓудругото посочил дека друштвото е цврсто посветено на застапувањето за македонското малцинство во ...
Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 31.01.2023 година испрати барање бр. 953/2023 при Комитетот за национални малцинства за поставување на повеќејазичната табела во Комитетот за национални малцинства. На 10.02.2023 година Комитетот за национални малцинства одговори на барањето со бр. 38 дека ќе се земе предвид и помина повеќе од една година, а табелата не е поставена. Повеќејазични табли беа поставени одамна во институцијата на Комесарот за ...
Кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на владејачката СДСМ, претседателот Стево Пендаровски, се пласираа во вториот круг од претседателските избори, соопшти доцна синоќа Државната изборна комисија (ДИК). Силјановска во првиот круг освои речиси двојно повеќе гласови од нејзиниот главен противник, од кој беше поразена во вториот круг на претходните претседателски избори во 2019 година. Силјановска ...
Албанските медиуми контунирано информираат за денешниот прв круг од претседателските избори. Сите, без исклучок, посебна акцент ставаат на тоа дека во изборната трка за Претседател на државата, од седум кандидати двајца се Албанци. Медимите известуваа и за изборната кампања, а неколку телевизиски екипи го следат денешниот изборен тек. Граѓаните на Македонија денеска избираат Претседател на државата. Изборниот тек минува во фер и демократска ...
Грчката владејачка партија направи особено спорен избор за учество на европските избори во јуни: Фреди Белери, затворениот новоизбран градоначалник на градот Химарa. Тој ќе биде кандидат на Нова демократија за изборите во Европскиот парламент. Затворањето на Белери е крупна тема во Грција бидејќи тој е етнички Грк, а тензиите меѓу Атина и Тирана околу неговото притворање сега се закануваат да влијаат на напорите на Албанија за пристапување во ...
Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА. Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата. Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз. Кога се разгледува моќта, пристапот, ...
Со пакет мерки, вредни 13.720 милиони евра, ЕУ и УНДП ќе работат на заштита на биодиверзитетот во Преспанското Езеро и на развојот на одржливо земјоделство и туризам, а ќе се спроведат и поголеми инфраструктурни интервенции за справување со крупниот отпад и отпадните води, како и за подобрување на регионалниот развој. Како што информираа денеска од Канцеларијата на УНДП во Скопје, инвестициите за заштита на еколошкиот систем во регионот на ...
Македонските граѓани бираат шеф на државата кој треба да ја води земјата во наредните пет години. Во изборната трка се вклучија седим кандидати, а за нив ќе гласаат 1.814.317 граѓани. За да се избере претседател потребно е повеќе од половина од гласачите запишани во единствениот гласачки список или 907.159 гласачи. Доколку никој не добие ваква поддршка ќе се организира втор круг кој се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на ...
Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград (Горна Џумаја) поднесе тужба против Европската Комисија пред Судот на Правдата во Луксембург, за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити европското право на асоцијација и здружување. Тужбата е поттикната и организирана од НовАсном, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Симон Поповски, Иљо Јанев и многу други ...
Се финализираат подготовките за поставување биста на апостолот на македонскиот народ, Гоце Делчев, на плоштадот во Пустец, кој го носи неговото име, информираше за МИА, Васил Стерјовски, претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, по чија иницијатива се поставува бистата. Сите потребни активности се веќе завршени, деновиве ќе биде поставен постаментот а потоа и бистата, која ќе биде откриена на свеченоста што ќе ...
Што очекуваат малцинствата од Европската Унија? Прочитајте го манифестот ФУЕН за изборите во ЕУ! Ние, традиционалните малцинства во Европа, веруваме во Европа која гордо ги чува своите културни богатства, традиции и јазична различност. Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и неговите организации членки се залагаат за културно и јазично богата и демократска Европска унија во која напредуваат националните и јазичните малцинства. ...
Над 900 набљудувачи, странски новинари и преведувачи ќе ги следат претседателските избори во Македонија, чиј прв круг се одржува утре, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните. Заклучно со 19 арпил, за следење на изборите се акредитирале вкупно 942 набљудувачи и преведувачи од кои 342 домашни и 568 странски. Најбројни се набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР – вкупно 375, а од домашните, набљудувачите на Здружението за развој на опшествено-социјални ...
По повод годишнината од убиството на великиот македонски водач Јане Сандански во Мелник, Бугарија се одвива собир, одганизиран од ОМО “Илинден”-Пирин. Полицијата ги запираше сите автобуси, конфискуваа знамиња и постер, ги проверуваат и сликаа личните карти. Присуствуваат над 100 униформени и цивилни полицајци – информираат од ОМО “Илинден”-Пирин На собирот збореше внук на Јане Сандански. Поради своите идеолошки погледи, убиен е на 22 април 1915 ...
Надојдените реки во пограничниот регион меѓу јужниот дел на Русија и северниот дел на Казахстан дополнително се зголемуваат. Нивото на водата достигна рекордно ниво, а поплавите предизвикани од ненадејниот пораст на температурите, кои доведоа до големи количини на стопен снег, продолжуваат да прават хаос и да принудуваат илјадници луѓе да бегаат од нивните домови. Нивото на реката Ишим, недалеку од истоимениот град во руската област Тјумен, ...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средба со Министер советник Луфтим Спахиу и Радмила Стојмировска прв секретар. На работната информирав за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Воедно, Спахиу и Стојмировска беше информирана и за ...
Во Академијата на науките денеска беше промовирана книгата на Намик Докле „Танц со месечината“ со 52 легенди пренесени усно од областа Гора. Писателот на промоцијата собра културни личности, но и клучни фигури на Социјалистичката партија Писателот Намик Докле уште од детството слушал за најубавите девојки „Перите“ од Гора, со кои жена разговарала и го повикувале на орото. Исто како и за останатите 51 легенда што ги резимира во книгата „Танц со ...
Германскиот пратеник Питер Баер кој доаѓа од редовите на ЦДУ даде отворена поддршка за кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија, објави пратеникот Антонио Милошоски. Тројцата оствариле средба во Парламентот. Се разговараше за актуелната изборна кампања, за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители, како и за програмата на Проф Силјаноска Давкова која е заснована на ...
Рускиот претседател Владимир Путин ги повика сите страни на Блискиот Исток да се воздржат од потези кои би предизвикале нов конфликт кој би имал катастрофални последици, објави Кремљ на 16 април, пренесува Ројтерс. Путин, кој ги зајакна врските со Иран откако испрати руски војници во Украина во 2022 година, телефонски разговараше со иранскиот претседател Ебрахим Раиси за нападот на Иран врз Израел, кој Кремљ го нарече „одмазднички мерки“. Доцна ...
Началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-полковник Херзи Халеви, во изјава од воздухопловната база Неватим, рече дека „ќе се одговори“ на иранскиот напад со ракети и дронови врз Израел. Минатиот понеделник видовме што се организира и мислиме дека државата Израел е многу силна и знае како сама да се справи со тоа, но со толку многубројна и толку далечна закана, секогаш сме среќни што ги имаме САД со нас, изјави Халеви. Гледаме напред, ги ...
Кои значајни пресвртници и успеси успеавте да ги постигнете досега како претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана? НЃ: Идејата за формирање на македонското друштво “Илинден”-Тирана дојде од неколкумина млади Македонци, а целта беше поинакво дејствување од дотогаш практикуваното, за заштита и афирмација на Македонците во Република Албанија. Еве, 15 години од формирањето на македонското друштво “Илинден”-Тирана се бори за заштита на ...
Министерот за внатрешни работи Таулант Бала денеска најави дека од идната недела ќе се користат беспилотни летала „Бајрактар“ за контрола на албанската територија и откривање случаи на одгледување канабис, што ќе го надополни воздушниот мониторинг од авионите на Guardia di Finanza. Тој најави дека 2024 година треба да биде година кога на „феноменот на одгледување и тргување со канабис ќе му биде зададен истребувачки удар“. Јас од средината на ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција, упати најостра осуда за масовниот напад на Иран врз Израел во текот на ноќта, што може да доведе до дополнителна ескалација на состојбите во Блискиот Исток. “Го осудуваме овој напад како што ги осудивме и претходните, и како што ќе ги осудиме и евентуалните следни одмазднички напади кои се најавуваат. Насилството раѓа насилство, а овој повторувачки круг на одмазда ...
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, преку објава на социјалните мрежи изрази поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата, на претстојните избори. Тој оценува дека со победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучна гаранција за тоа. Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе ...
Иран лансирал околу 300 дронови и крстосувачки и балистички проектили кон Израел во досега невиден напад, објавија Израелските одбранбени сили (ИДФ), додавајќи дека 99% од нив биле соборени од израелските противвоздушни системи и од сојузниците во регионот. Досега има информации за едно повредено лице и за мали штети во една воена база во јужен Израел. Снимките покажаа експлозии и огнени топки над Ерусалим како резултат на дејствувањето на ...
Иранската револуционерна гарда го заплени бродот „MSC Aries“ за кој вели дека е „поврзан со Израел“, јавува иранската државна новинска агенција ИРНА. Иранците најавија дека ќе го преместат бродот во иранските територијални води, пренесува Ројтерс. Операцијата била изведена така што иранските командоси се симнале од хеликоптер на брод кој пловел под знаме на Португалијаи. Сето тоа се случило во Ормутскиот Теснец на околу 80 километри ...
Денес Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Пустец и Корча на состанoк на партијата на слободата на Албанија на покана од партијата. На состанокот беше присутен поранешниот претседател на Албанија и актуелен претседател на Партијата на слободата на Албанија, Илир Мета. Претседателката Весна Јаневска изрази задоволство за соработката, а албанскиот поранешен претседател Илир Мета даде поддршка на македонската заедница ...
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во „име на единствениот политички субјект кој ги застапува интересите и правата на македонското малцинство во Албанија“, упати писмо до Комитетот за елиминација на расна дискриминација-Канцеларијата на Обединетите нации во Женева, во кое се изнесува посебен извештај подготвен од партијата во врска со „значајни и загрижувачки прашања поврзани со пописот на населението спроведен во Албанија во ...
Членките на Советот за безбедност на ОН синоќа не успеаја да се договорат за барањето на Палестина за полноправно членство во светската организација, изјави амбасадорот на Малта, земјата која во април претседава со Советот за безбедност, пренесе Бета. Немаше консензус за прием на палестинска држава, рече Ванеса Фрејзиер по состанокот зад затворени врати. Сепак, недостатокот на консензус не ја спречува земјата-членка да го поднесе прашањето до ...
Опозицијата повторно одржа протест пред општина Тирана, каде бара оставка од градоначалникот Ерион Велиај, по приведувањето на неколку функционери од општината инволвирани во корупција поврзани со случајот „5Д“, пренесуваат албанските медиуми. Протестот ескалираше, каде што демонстрантите се судрија со полицијата, а дел од нив дури и фрлаа молотови коктели кон општината. Пратениците од опозицијата Албана Вокши, Фламур Нока, Клевис Балиу, ...
Синодот на МПЦ-ОА, по предлог на Синодската комисијата за канонзирање на светии, на денешната седница одлучи да ги вброи во диптихот на светители и исповедниците и праведни Спасе и Спаса Вишенски и преподбно-маченичка Стефанида Битолска. Синодот смета за потребно да појасни дека независно од личните мислења на поединци и црковни портали, официјалните ставови на МПЦ – ОА се оние кои излегуваат од портпаролот на Синодот и преку соопштенијата од ...