
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Претставници на Македонците од Албанија денеска се сретнаа со министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според Панди Јани, претседател на огранокот на Партијата на слободата, за Мала Преспа, на средбата присуствувале и Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на општина Пустец и претседател на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија – „Друштво Преспа, потпретседателот Спиро Малевски и членот на организацијата ...
Бугарскиот амбасадор во Албанија работеше на терен и со пари и пропаганда ги купуваа Македонците од албанските села. Алармиравме во МНР лани и во македонската амбасада воТирана, но залудно, ништо не преземеаа- револтиран поради пописните резултати во Албанија појаснува претседателот на здружението Илинден од Албанија. Според информациите на македонските здруженија, на македонското малцинство во Албанија им се продавале бугарски пасоши за 12 ...
Се огласи и екс премиерот Никола Груевски за пописот во Албанија, каде Македонци изнесува околу две илјади лица. „Деновиве излезе информацијата дека на пописот во Албанија околу 7.000 од Македонците се декларирале како Бугари, а само околу 2.200 се декларирале како Македонци, кои уште ги нарекле и северно Македонци. На сите претходни пописи по втората светска војна во Албанија немало попишани кои се изјасниле за Бугари, вклучително и на ...
Македонското и другите малцинства во Албанија ќе излезат со заедничка декларација за непризнавање на резултатите од пописот кај нашиот западен сосед и официјално ќе побараат спроведување на нова статистичка операција. Ова го најави претседателот на македонската партија МАЕИ. Во декларацијата ќе бидат наведени цврсти докази дека истите се фалсификувани и чиста манипулација и истакна дека ќе ја достават до сите државни и меѓународни институции. ...
ОМО “Илинден”- Пирин со аргументи го демантира новинарот Наумов Реакцијата на ОМО “Илинден”- Пирин ја пренесуваме во целост: Во врска со изјавите на новинарот Столе Наумов во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија (02.06.2024), дека наводно: – пресудите во Стразбур во корист на Македонците во Бугарија, а против бугарската држава биле не 14, туку 6; – Бугарскиот суд во последно време започнал да покажува добра волја во однос на регистрација на ...
Министерството за нaдворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува заканите упатени на социјалните мрежи кон македонскиот новинар Александар Видиновски од страна на лицето Виктор Стојанов за репортажа објавена на телевизијата Канал 5. Секоја форма на притисок, закани или вербални напади врз новинарите и медиумските работници претставува и закана за слободното изразување и слободата на медиумите, и лесно може да ја загрози работата на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, ги прими копиите на акредитивните писма од новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Албанија, Денион Меидани. Министерот Муцунски, посакувајќи му успешна мисија на новиот албански амбасадор, изрази задоволство од билатералната соработка меѓу двете земји и увереност дека амбасадорот ќе даде значаен придонес во натамошното продлабочување на пријателските ...
Во утринските часови денеска, почина Исмаил Кадаре, албански новелист, поет, есеист, сценарист и драматург. Тој беше водечки меѓународна литературен деец и интелектуалец. Кадаре, се фокусираше на поезијата до објавувањето на неговиот прв роман „Генералот на мртвата армија“, кој го направи познат на меѓународно ниво. Исмаил Кадаре е роден на 28 јануари 1936 година, во Кралството Албанија за време на владеењето на кралот Зог , во Ѓирокастро, во ...
По благодарност кон Бога Дародавецот и со пофалба во нашите усни за Неговото пресвето име, ви ја споделуваме радосната вест дека најавената работна акција во бигорскиот метох, Манастирот посветен на Соборот на Светиот Архангел Гавриил – Манастирец, во Долни Дримкол, беше успешно спроведена и завршена. Благодарение на вашите молитви и посветеноста на работниците доброволци, изминатиов викенд, на 29/30 јуни, со благослов на нашиот почитуван ...
Во текот на Светата Литургија, која на 30 јуни 2024 година ја служеа Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан во Соборниот храм „Свети Димитриј“ во Битола, беше извршен свечениот чин на канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолска и Скадарска. На Литургијата сослужуваа високопреосвештените и преосвештените архијереи: Преспанско-пелагониски и ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, Општина Пустец, Република Албанија, присуствуваше и се обрати на отворањето на 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“. Во своето обраќање, министерот Љутков истакна дека фестивалот на дело потврдува дека културата и јазикот што го зборуваме се поголеми и позначајни од ...
Нашинците таму сведочат како Бугарија со уцени за пасоши и со подароци, години наназад го манипулирала населението. Во очекување на конултациите што македонскиот амбасадор во Албанија ќе има во македонското МНР, по кои ќе се знаат следните чекори на Македонија во однос на пописот, нашинците таму сведочат како Бугарија со уцени за пасоши и со подароци, години наназад го манипулирала населението. Во вестите ви го пренесуваме ставот на Јован ...
Институт за статистика денеска го корегираше името па наместо Северномакедонци како што беа запишани во пописните резултати сега пишува Македонци за сите оние албански државјани што се изјасниле како Македонци. Промената доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи (МНР) и средбата на министерот Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Хасани на форумот во Дубровник. Заедно со претседателот на Владата Мицкоски ја ...
По претставниците на македонското малцинство, официјално и Здружението „Омонија” кое го претставува грчкото малцинство во Албанија, се спротивстави на објавените резултати од Пописот спроведен во 2023 година, а кои Институтот за статистика, ИНСТАТ, ги објави вчера. Во реакцијата “Омонија” резултатите ги нарекува неосновани, нереални и неприфатливи во однос на демографијата на грчкото малцинство. Исто така, во име на Грците во оваа земја, ...
Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал, а во Тирана и Драч тврди дека пописниот процес пропаднал. Објавената бројка е нереална. Тоа е голема лага, а во Тирана и Драч, според податоците што ги имам, процесот пропадна. Манипулацијата се прави поради фондовите на ЕУ, од политички причини, рече таа. Нурја ...
Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа“, денеска соопшти дека како најстара македонска организација во Албанија формирана во 1991 година, ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември, за бројот на Македонците и „Бугарите“ и ги смета за груб пописен фалсификат. Друштво Преспа изразува загриженост од ...
Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро реагира по објавените пописни резултати, кои се однесуваат на бројот на Македонците во Албанија. Не ги признаваме и со огорченост ги отфрламе прелиминарните пописни резултати во Република Албанија, кои ги сметаме за груб пописен фалсификат, по желба на Бугарија. Јавна тајна е дека Бугарија го контролираше пописот, што го потврдува и фактот дека во Бугарија за време на пописниот период во Република ...
Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија со сериозна загриженост ги нотира објавените прелиминарни резултати од Пописот одржан во Република Албанија во 2023 година. Техничките нерегуларности во начинот на реализација на истиот, на кои континуирано укажуваа македонските здруженија во Република Албанија во пресрет на Пописот, но и во текот на неговата реализација резултираа со објава на прелиминарни податоци кои што за жал не ...
Mакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) како единствена партија која ги застапува интересите на македонската заедница во Албанија, изразува огорченост и непризнавање на објавените резултати од Пописот во 2023 година, нагласувајќи дека бројките за македонското малцинство се манипулирани и фалсификувани, изјави лидерот на партијата васил Стерјовски на прес-конференција во Корча. Од име на партијата порача дека македонската заедница не ...
Македонското друштво “Илинден”- Тирана упати честитка до Христијан Мицкоски за изборот за премиер на новата македонска влада. Дозволете, во мое лично име, како претставник на Македонците во Република Албанија, и во име на македонското друштво “Илинден”-Тирана, да Ви упатиме најискрени честитки по повод вашиот избор за претседател на Владата на Република Македонија, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Се ...
Боливискиот претседател Луис Арсе го разреши шефот на боливиските вооружени сили, генерал Хуан Хозе Зуниг, обвинувајќи го за обид за државен удар, а властите го уапсија, објави државната телевизија. Засега не се знае каде е однесен Зуниг. Претходно, армијата под команда на Зуниг донесе оклопни возила и војници на централниот градски плоштад во Ла Паз во обид да изврши државен удар и да упадне во претседателската палата. Регионалните и ...
Фото: Горан Анастасовски Земајќи ги предвид заложбите на весникот „Нова Македонија“ во афирмирањето на состојбите и потребите на македонското национално малцинство во Република Албанија, но и во соседните држави, македонското друштво „Илинден“-Тирана одлучи да му ја додели оваа награда токму на нашиот весник. Наградата беше врачена лично од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво ...
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, му честиташе на Христијан Мицкоски за функцијата премиер и изборот на владата искажувајќи целосна убеденост дека ќе „биде пример за инспирација“. Во објава на „Фејсбук“, Мета напиша дека верува дека со својата програма оваа влада ќе биде инспиративен пример за привлекување странски инвестиции и зголемување на извозот, во интерес на сите граѓани и економскиот ...
Денес се навршуваат 90 години од раѓањето на големиот македонски писател Петре М. Андреевски. По тој повод Ви испраќаме осврт на универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, којашто важи за најголем познавач на творештвото на Андреевски. За текстот има авторска согласност за негово интегрално или фрагментарно објавување. – И по девет децении од неговото раѓање, мора да се нагласи и да се запомни – магичниот збор ...
Мнозинството на пратеници во Собрание дадоа зелено светло за предлог Владата предводена од Христијан Мицкоски. По вечерашното гласање, тој е нов премиер на Македонија, а за време на свечената заклетва во законодавниот дом, тој го изговори уставното име на државата Македонија. Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на земјата. По изборниот резултат на 8 мај, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ги избра коалицијата ...
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади се разведуваат по 26 години брак, што е главна тема во домашните медиуми. Информацијата ја потврди Мета, кој наведе дека веќе доставил барање до Судот во Тирана, но она што посебно се издвојува е дека Мета како адреса на живеење ја напишал онаа на канцелариите на Партијата на слободата на улицата „Сами Фрашери“, каде според ...
Компанија „Тимак“ го комплетираше првото албанско оклопно возило, кое ќе биде претставено на изложбата за одбрана и безбедност Eurosatory во Париз. Во претставувањето на прототипот, дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, се наведува дека името на првиот ваков автомобил е „ШОТА“. Арјета Пуца, сопственичка на компанијата вели дека автомобилот бил произведен за многу кратко време, околу три месеци, и оти веќе имало голем интерес од ...
Граѓаните на Албанија со важечки патни исправи може да патуваат во Азербејџан без визи. Амбасадорот на Азербејџан во Тирана, Анар Хусејнов во објава на социјалната мрежа Х информира дека „без виза во Азербејџан може да патуваат и граѓаните на Албанија со регуларни пасоши“. Договорот за укинување на визите за албанските државјани беше потпишан на 1 март годинава за време на посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Баку, кој ја предводеше ...
Најстариот македонски ресторан во континуитет надвор од границите на Македонија е ресторанот „Вардар„ на Петре и Лорета Стојановски од Англија кој денеска слави 45 годишен јубилеј. Ресторанот „Вардар„ е навистина енигма за бизнисмените кои се бават со гастрономија а можеби предизвик за нова научна студија: статистиката нѝ дава податоци дека 60% од рестораните не ја преживуваат првата година, додека пак 80% не успеваат да опстанат подолго од пет ...
По кратко боледување почина примариус д-р Илија Антоновски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија. Антоновски беше роден во 1942 година во Прилеп. Високото образование го имаше стекнато на Медицинскиот факултет во Белград, како првенец на генерацијата. Тој беше вториот лекар во Македонија што по ослободувањето има остварено специјализација по медицинска биохемија. По стекнатото искуство ширум просторите на ...