
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Фокус на програмата е економијата и енергетиката, поддршка за општините и капитални инвестиции, здравствениот систем и демографијата, намалување на бројот на државни институции преку фузирање, намалување на бројот на пратеници, отворање на две нови министерства и укинување на балансерот ВМРО – ДПМНЕ ја промовираше изборната програма со која ќе настапи на претстојните парламентарни избори. Програмата го носи името „Платформа 1198“ согласно ...
Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г. г. Стефан испрати телеграма со сочувство до неговата светост, патријархот Московски и на цела Русија, г.г. Кирил за загинатите во терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва. Ваша светост, Длабоко сме нажалени од веста за грозоморниот терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва каде животот го ...
По налог на Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, вчера доцна попладне, уапсен е вршителот на должноста градоначалник на општина Химара, Јорго Горо, за злоупотреба на службената положба. Судија на претходна постапка му одредил притвор, а на три лица одговорни во секторот урбанизам мерка домашен притвор. Едно лице е во бегство. Горо интервенирал во отуѓување државно земјиште да биде дадено на трети лица за потоа ...
Објавен е најновиот труд на лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов – „Автори и дела, 8“, во кој се опсервираат монографии што се резултат на повеќегодишни научни истражувања и имаат трајна вредност со вонвременско значење за македонистиката. Во книгата Дрвошанов анализира самостојни дела од Мери Јосифовска, Дијана Петровска и Славчо Ковилоски, чиј заеднички признак е македонството. Изданијата што се предмет на анализа се публикувани во ...
Терористички напад ја погоди Москва Во застрашувачки пресврт на настаните, групата Исламска држава ја презеде одговорноста за смртоносниот вооружен напад што се случи во концертната сала во Москва. Нападот, кој се случи на 22.03.2024, остави трага на пустош по него, при што руските власти потврдија неверојатен биланс на загинати од најмалку 40 лица, како што објави Гардијан. Барања за одговорност Според извештаите на „Тајмс оф Израел“, борците ...
Македонското друштво “Илинден“-Тирана повторно го актуелирира барањето владите на Албанија и Македонија, да го реализираат договореното, граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо да функционира 24 часа. Бараме од владите на Албанија и Македонија целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, што е неопходно потребно за да може луѓето полесно да комуницираат од двете страни на границата. Исто ...
Муабетов е за оние кои не се отчоечиле, за оние кои си ја зачувале честа и чистата душа. Онакви какви што нѐ има многу повеќе од оние кои катадневно нѐ предизвикуваат пизмата, иднина да нѝ биде. Моето најголемо девојче, објаснувајќи како врват годините, еднаш знаменито заклучи: „Годините летаат како птици во јато“. Ние со години, како на смеа, ја задевавме за знаменитиот исказ, не обрнувајќи внимание на неговата вистинитост. Од друга страна, ...
Одборот на Централниот Совет на Македонците во Германија се состана на 14 февруари 2024 година за да расправа за претстојните избори во Македонија. На средбата детално се разговараше за недемократските практики на изборната комисија на изминатите избори. На последните избори стана јасно дека регистрацијата на дијаспората за гласање во амбасадите е недемократска и нефер. Илјадници гласачи останаа без својот глас бидејќи бројните апликации беа ...
Ни претставува чест и задоволство денес да ви претставиме една особено посветена личност која не само што е страсна за истражување на македонската историја, туку и активно придонесува за одржување и ширење на нашето историско наследство. Во знак на благодарност за неговиот извонреден ангажман, Флориан Вист му беше доделен примерок од книгата “Основање на независната Република Македонија” од д-р Дејан Маролов и Оливер Митев за неговата докторска ...
Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за Празникот. Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение. Пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува Велигден – Новата Пасха или Новозаветна Пасха. Велики пост – заради големото значење на постот и на празникот Велигден. Четириесетница – Велика или Света Четириесетница – затоа што трае четириесет дена (од Чист понеделник до Лазарова ...
Во периодот 14-16 март 2024 година, во Азербејџан се одржа 11-тиот Глобален Баку Форум во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Поправање на скршениот свет“, на кој учествуваше и поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Во текот на форумот, претседателот Иванов оствари средба со Заменик Генералниот секретар на ОН и Висок претставник на Алијансата на цивилизации Мигуел Ангел Моратинос, со кој ...
На граничниот премин Џепиште – Требиште, во првите два месеца од годинава забележана е зголемена фреквенција на патници, споредено со истиот период минатата година. На граничен премин Џепиште-Требиште, забележана е зголемена фреквенција за над 15 отсто. На влез регистрирани се вкупно 3.643 додека на излез 3.409 патници или вкупно 7.052 патника. Одделно на влез регистрирани се 165 а на излез 150 македонски и 3.478 странски државјани на влез, ...
За првпат во регионот, а веројатно и во Европа, трговски центар од затворен тип неколку дена во целост ќе биде посветен на поезијата. Од 21 до 24 март, во „Скопје Сити Мол“ ќе се одржи манифестацијата „Денови на поезијата“, по повод Светскиот ден на поезијата, а во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија. ...
Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 14 март 2024 година, на Универзитетот ,,Скопје’’, учествуваше на форумот со наслов ,,Како да го заштитиме македонскиот идентитет’’ со свое излагање, кое го пренесуваме во целост. Почитуван ректоре, почитувани учесници, професори, студенти, гости, Денес, во таканареченото постмодерно општество во кое царува релативизирањето на секоја вистина, на силен удар се и најважните ...
Во издание на Современост – Скопје, деновиве беше објавена „Светлината во нашите вени“, нова поетска збирка на Стефан Марковски. Стихозбирката на 100 страници содржи вкупно 39 песни распоредени во шест циклуси: Светлината во нашите вени, Пријател со времето, Пребирливоста на стихот, Машински метаморфози, Политикологија на дишењето и Бакнежност. За збирката, македонскиот поет и книжевен критичар Санде Стојчевски, меѓу другото, подвлекува: ...
Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и цела Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Албанија и Македонија. Сеизмографите на Хрватската сеизмолошка служба забележаа силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер. Според првите информации, епицентарот бил веднаш до границата на Црна Гора и БиХ, на 28 километри од Никшиќ. ...
Летник е народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар). Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се ...
Издавачката куќа „Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски. Второто издание на книгата се објавува по само неколку месеци од првото, кое веќе е исцрпено по големиот интерес на читетелите и одгласите на македонската книжевна наука и културологија, а веќе предизвика забележлив интерес и надвор од Македонија. Академик Ала Шешкен од Универзитетот ...
Компанијата “Veridos GmbH”, лидер во областа на сигурниот идентитет, внимателно го разгледа барањето испратено од Централниот совет на Македонците во Германија за обезбедување пасоши. Господинот Роберт Кленкоски, Претседател на Централниот совет на Македонците во Германија, преку писмо до господин д-р-Инг. Стефан Хофшен, Управен Директор на “Bundesdruckerei Gruppe GmbH”, изрази загриженост поради можни одложувања во испораката на пасошите од ...
Со цел привлекување што поголем број туристи од сите делови на светот албанската Влада донесе одлука со која до крајот на годинава ги укинува визите за граѓаните на пет држави. Станува збор за државјаните на Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Тајланд. Граѓаните од овие земји можат да влезат во Албанија само со патна исправа. Ова е со цел да донесе што е можно повеќе странски туристи, се наведува во образложението. Одлуката стапува во сила ...
По кусо боледување, на 51-годишна возраст, денес во својот дом во Панчево, почина Борче Величковски, претседател на Националниот совет на Македонската заедница во Србија. Борче Величковски е роден на 29 август 1973 година во Крива Паланка, Република Македонија. Со неговата мајка од Македонија доаѓаат во Јабука, Панчево и таму продолжува да живее. Оженет е за Адела со која имаат три прекрасни ќерки. Неговото семејство живее во Панчево. Борче ...
Во ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943 година градовите Битола, Штип и Скопје биле блокирани, а еврејските населби опколени со бугарска војска и полиција. Во раните утрински часови на 11 март започнало собирањето на Евреите. Од куќа до куќа оделе по неколку вооружени полицајци, агенти и војници и ги собирале Евреите. Во скопски Монопол, во нехумани услови биле интернирани овие луѓе од каде потоа биле спроведени во логорот на смртта во Треблинка. ...
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ги повикува Македонците во Канада да ни се придружат и да му изразат поддршка на Ден Масин, горд канадски Македонец, кој се номинира за пратеник од областа Маркам-Стофвил во Онтарио. Итно ни е потребен горд македонски глас во канадскиот Парламент кој ќе не застапува нас, Македонците, и ќе повика да се стави крај на ужасната анти-македонска политика на Канада. Како низ целата област на Торонто, ...
Шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, денеска откри дека трупите на одредени земји-членки на НАТО веќе се на терен во Украина. Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски денеска изјави дека НАТО трупите се присутни во Украина. Војници од земји-членки на НАТО веќе се во Украина. Сакам да им се заблагодарам на земјите кои преземаат таков ризик. Ќе се препознаат, изјави Сикорски. Тој одби да ги именува државите, посочувајќи дека ...
Верниците од исламска вероисповед утре во 03:50 часот го почнуваат рамазанскиот пост, што трае 30 дена. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска ...
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ја поздравува одлуката на Генералното Собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) за прием на Македонска алијанса за европска интеграција, како полноправен член исклучително важна за Македонска алијанса за европска интеграција и за Македонците во Република Албанија. Тоа што делегатите на Конгресот оваа одлука ја донеле едногласно, дава уште поголема тежина на фактот дека Македонска алијанса за европска ...
„Со нашите иселеници, со дијаспората разговараме како да се подобрат состојбите во Македонија. Првиот чекор е промената на власта на парламентарните и претседателски избори кои што ќе се случат 24-ти април и 8-ми мај. И ги повикуваме сите наши кои што живеат надвор од Македонија да дојдат на 24-ти април и 8-ми мај во Македонија и да го искористат своето право на глас, како ВМРО-ДПМНЕ би освоило рекорден број на пратеници. И така не би било ...
„Со нашите иселеници, со дијаспората разговараме како да се подобрат состојбите во Македонија. Првиот чекор е промената на власта на парламентарните и претседателски избори кои што ќе се случат 24-ти април и 8-ми мај. И ги повикуваме сите наши кои што живеат надвор од Македонија да дојдат на 24-ти април и 8-ми мај во Македонија и да го искористат своето право на глас, како ВМРО-ДПМНЕ би освоило рекорден број на пратеници. И така не би било ...
По покана на Неговата Светост, Патријархот Српски г. г. Порфириј, а по повод тригодишнината од Неговиот избор за Претстоител на сестринската Српска Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан беше во дводневна посета на Белград, Србија. Архиепископот беше придружуван од членовите на работниот состав на Светиот архијерејски синод: Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и ...
Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа вториот Состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој беа присутни и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија. Република Македонија претседава со Процесот за соработка во Југоисточна Европа во периодот јули 2023 – јуни 2024 година, под мотото „Премостување поделби, градење ...