Откако двапати колабираше во период од само неколку дена, германската ѕвезда од екипата на Баерн (М), Џамал Мусијала нема да биде вклучен во составот на баварците за натпреварот од Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд. Двата тима ќе се натпреваруваат за првиот трофеј оваа сезона во сабота. 23-годишниот фудбалер претходно на двата последни натпревари на Баерн Минхен против Лајпциг и Хајденхајм колабираше, поради што му беше ...

Летото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Еуростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население. ЕУ – произведе ...

Според најновото истражување спроведено преку онлајн платформата „Сабмит хаб“ (SubmitHub), речиси 40 отсто од новата музика во 2026 година била создадена со ВИ. Tаа онлајн платформа каде што музичарите можат да ги достават своите песни на музички плејлисти и блогови анализирала повеќе од милион музички нумери. Со помош на алатката „СХ лабс“ 23,2 отсто од анализираните песни биле целосно генерирани со ВИ. Дополнителни 15,3 проценти од ...

Еден поранешен продавач на автомобили преку ноќ стана принц откако белгискиот принц Лоран го призна за свој син. И не само тоа. 26-годишниот Клеман Ванденкеркхове ќе стане и легален наследник на принцот, иако нема да влезе во линијата за наследување на белгиската круна, пишува Би-би-си. Ванденкеркхове е роден по врската на принцот со пејачката Венди Ван Вантен, а на мала врата влезе во семејството на принцот Лоран на церемонија одржана во ...

Хрватската Влада предлага нова мерка со која најранливите граѓани ќе добијат дополнителна заштита од исклучување на електричната енергија. Со измените на Законот за пазар на електрична енергија, кои се доставени во собраниска процедура, се предвидува забрана за прекин на снабдувањето за ранливите потрошувачи и домаќинствата погодени од енергетска сиромаштија. „Со законот, дополнително ја зајакнуваме заштитата на потрошувачите на електрична ...

Трагична авионска несреќа се случи во западниот дел на американската сојузна држава Алјаска, каде чартер-авион се урна во близина на оддалечена воена радарска станица. Според американската војска, во несреќата загинале седум лица, а нема преживеани. Авионот се урнал во близина на аеродромот на радарската станица „Лонг Ренџ“ кај Кејп Нуенем, околу 725 километри западно од Енкориџ. Несреќата се случила во близина на аеродромот на радарската ...

Милена Богојевска (51) ќе помине најмалку шест години зад решетки во Австралија, откако судот ја осуди на вкупно осум години затвор за убиство од небрежност на нејзината 85-годишна соседка Лолин Вајтхенд. Македонката се изјаснила за виновна за делото, а условен отпуст ќе може да побара дури по истекот на шестгодишниот период. Случајот се случил во јули 2024 година во Мелбурн. Богојевска ја задушила старицата, а потоа го сокрила телото во ...

Односите меѓу Атина и Анкара повторно се најдоа под зголемен притисок, откако Турција реагираше на новата грчка законска рамка за развој на проекти за обновлива енергија на островите во Егејското Море. Грчкото Министерство за надворешни работи остро ги отфрли турските критики, оценувајќи ги како „неосновани и апсолутно неприфатливи тврдења“, додека во позадина повторно се отвораат чувствителните прашања за поморските права и суверенитетот во ...

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се упати кон Соединетите Американски Држави од Блискиот Исток, по девет месеци поминати на море од страна на екипажот и маринците, соопшти денеска еден американски претставник. Официјално лице изјави за „Си-Би-Ес Њуз“ (CBS News) дека американскиот носач на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ пристигнал на Блискиот Исток за да го замени „УСС Абрахам Линколн“, кој испловил од Сан Дијего на 21 ноември ...

Договорот меѓу Италија и Албанија за притвор на мигранти е под остар удар од страна на „Амнести интернешнл“, која предупредува дека со него се загрозуваат безбедноста, слободата и човековите права на барателите на азил. Во извештајот за договорот од 2023 година, организацијата наведува дека стотици луѓе биле присилно пренесени во објекти во Албанија, каде ограничениот пристап до адвокати и судови им ја отежнува можноста да побараат азил и да ...

Зајакнување на соработката во земјоделството и ветеринарството беше во фокусот на официјалната посета на македонската делегација на Србија. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, заедно со стручни тимови, остварија средби со српскиот министер за земјоделство Драган Гламочиќ и потпретседателката на Владата и министерка за стопанство Адријана ...

Бразилската фудбалска легенда Роналдињо пристигна во Италија вчера за да се приклучи на тимот од Серија Ц, Равена, што го одбележува неговото враќање во професионалниот фудбал 11 години по неговиот последен настап. Поранешната ѕвезда на Барселона и Милан потпиша со италијанскиот клуб од третата лига во јуни и исто така се приклучи на тимот. Роналдињо беше претставен пред илјадници поддржувачи за време на церемонијата на претставување на ...

Трагично заврши тешката сообраќајна несреќа во Белград, во која животот го загуби 33-годишниот мотоциклист Микица Б. Тој бил тешко повреден на крстосница, а и покрај напорите на лекарите, починал во болница само два часа по приемот. Лекарите вложија натчовечки напори да го спасат младиот човек, кој беше примен во болницата во бесознание и со повреди опасни по живот, но и покрај напорите на медицинскиот персонал, тој им подлегнал на тешките ...

„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од ВРЕДИ сè уште ниту збор. Оние што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните“ соопштија утринава од опозициската ДУИ. Од партијата велат „ВРЕДИ знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Знае дека неговата власт се потпира врз милоста на политичките падрони и врз газењето на слободниот глас“. „Ако добиле дозвола, ...

Жешките летни денови ја зголемуваат побарувачката за сладолед, но статистиката открива дека Македонија има и своја „слатка“ предност. Новите податоци на Еуростат и Државниот завод за статистика покажуваат дека, додека европските земји произведуваат и трошат огромни количества сладолед, Македонија бележи значителен надворешнотрговски суфицит и извезува многу повеќе сладолед отколку што се троши на домашниот пазар. Бројките на ЕУ – произведени ...

ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори предмет и да го испита постапувањето на Венко Филипче во периодот кога бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата. Од партијата тврдат дека документите и информациите доставени од свиркачи покажуваат оти биле направени околу 400 анализи, при што дел од резултатите укажувале дека водата не била исправна за пиење, вклучително и во Гостивар. „Токму затоа, се поставува ...

Џил Бајден потврди дека ракот на простатата кај нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, се проширил на коските, при што отворено призна дека е свесна за исходот од оваа тешка болест. Во интервју за магазинот „Пипл“ (People), таа изјави дека се соочува со големи стравови бидејќи тој е речиси десет години постар од неа, но дека се труди да не им подлегнува на црните мисли. Според неа, иако е тешко да се замисли ...

Бројот на бродови што минуваат низ стратешки важната Ормуската Теснина драстично се намалува, што е сигнал за зголемена загриженост околу безбедноста на поморскиот сообраќај во регионот. Во четвртокот низ теснината поминале само седум бродови што превезуваат суровини – двојно помалку од претходниот ден, покажуваат податоците на службата за следење на бродови „Кплер“, додека мировните преговори меѓу САД и Иран остануваат во застој. Од ...

Во едно интервју, поранешната прва дама ги откри своите стравови, како и пристапот на семејството кон одржување на оптимизмот, пренесува „Пипл“ (People). Гостувајќи во емисијата „Jaime Kern Lima Show“, 75-годишната поранешна прва дама опиша како се справува со фактот дека ракот на простата на поранешниот претседател се проширил на коските. Иако се соочуваат со можноста за негова смрт, Џил вели дека се обидува да ги потисне негативните мисли. ...

Вашингтон најавува нов силен економски притисок врз Техеран, со закана за „најстрогите санкции во историјата“ против Иран. Американскиот министер за финансии Скот Бесент порача дека целта на мерките е да се намали потребата од нови големи воени операции, откако претседателот Доналд Трамп предупреди дека секоја земја што ќе му обезбеди финансиска помош на Иран ќе се соочи со сериозни економски последици. Бесент изјави за CNBC дека ќе даде ...

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на одлуката за затворање на предметот за набавката и изградбата на 19-те модуларни болници, обвинувајќи дека со тоа е избегнато кривично гонење на поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Од партијата велат дека одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвора сериозни прашања за начинот на кој е постапувано со случајот. Од партијата потсетуваат дека предметот бил ...

Лондонскиот „Met Office“ предупреди дека Ел Нињо (El Niño), кој се развива над Тихиот Океан, најверојатно ќе се покаже како најсилниот во историјата. Оваа моќна природна климатска појава ги покачува глобалните температури и може да ги зголеми ризиците од екстремни временски неприлики. Во комбинација со ефектите од климатските промени предизвикани од човекот, „Met Office“ предвидува дека е „многу веројатно“ 2027 година да биде најтоплата ...

Јапонија погуби маж осуден за убиство на пет лица во напад со подметнат пожар во 2009 година. Ова е прво погубување во земјата по повеќе од една година, пренесува BBC News. Сунао Такајами (58) беше осуден откако во 2009 година истурил бензин и подметнал пожар во сала за „пачинко“ во Осака, недалеку од неговиот дом. Во пожарот животот го загубија четворица посетители и еден вработен. „Пачинко“ игрите се популарни игри на среќа во Јапонија. ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М. (50) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“. Според пријавеното, на 14 август 2026 година, во семејниот дом, Р.М. физички ги нападнал сопругата и ќерката, со што постапил спротивно на издаденото судско решение за привремени мерки за заштита од семејно насилство. СВР Тетово поднесе кривична пријава ...

Тешка ноќ зад себе имаат прилепските пожарникари, кои со контра пожар успеале да го прекинат огнениот фронт и да спречат пламените јазици да стигнат до селото Подмоље. Благодарение на нивната брза интервенција, утрово селата Бонче, Подмоље и Лопатица се безбедни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Пожарната линија која беше видлива од регионалниот пат Прилеп Битола е целосно изгасната, активен е ...

Италијанските научници тргнаа во генерална офанзива против инвазивниот син рак кој прави пустош низ Јадранското Море. Овој незаситен предатор уништува сè пред себе во одгледувалиштата на школки во североисточна Италија, а вкупната штета веќе достигна огромни 200 милиони евра. За да му застанат на патот, истражувачите од Универзитетот во Болоња го активираа неговиот најголем природен непријател, обичниот октопод. Според истражувачот Антонио ...

Расте бројот на банкротирани фирми во Европската унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси, покажуваат податоците на Евростат. Во вториот квартал од 2026 година, регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5% во споредба со првиот квартал, додека банкротите се зголемени за 5,7%. Намалување на новорегистрирани бизиниси е забележани во 5 од 8 сектори на деловната економија. Најголем пад има во индустрискиот сектор (-3,6%), во ...

Министерството за внатрешни работи ја пушти во функција новата мобилна веб-апликација „Безбеден град“, која во оваа прва фаза е наменета за сите странски државјани и возачи на возила со странски регистарски таблички. Преку оваа платформа, странските возачи ќе можат веднаш да проверуваат дали камерите од системот ги снимиле во сообраќаен прекршок низ државата, да имаат директен увид во прекршочните налози и сите глоби да ги платат по ...

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтер го потресе јужен Перу, објави Националниот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на длабочина од околу 66 километри во покраината Паринакочас, департман Ајакучо, околу 800 километри јужно од главниот град Лима. Засега нема извештаи за жртви, а според првичните видеа што се споделуваат, има материјална штета. Луѓето по потресот излегоа на улиците. Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра која ако падне на сува трева може да настане вистинска катастрофа. Ангелов вели дека е загрижен дека зголемувањето на температурите околу пладне на одредени ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75