Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Владимир Чупиќ, еден од четирите лица уапсени под сомнение за подметнување пожари на 10 локации во Задарската жупанија, е сопственик на земјиштето во бенковачкото село Билјане Доње на кое со години се наоѓаше озлогласеното „Црно Брдо“ — депонија со околу 140.000 тони канцероген индустриски отпад, објави хрватскиот портал Нет.хр, повикувајќи се на извештајот на РТЛ Данас. Хрватската полиција го уапси Чупиќ заедно со уште двајца хрватски ...
Македонската Aрмија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност и висока интероперабилност со сојузничките сили, порача претседателката и врховна командантка Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на Армијата во Охрид. Во обраќањето таа потсети на историскиот развој на Армијата, од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ во 1943 година до членството на земјата во НАТО, ...
Стратешки важната Ормуска Теснина ќе остане затворена за сообраќај сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат сите услови од привремениот договор што го потпишаа со Иран во јуни – изјави главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф во обраќање пред иранскиот парламент. Калибаф прецизира дека условите на Техеран подразбираат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции ...
Индонезискиот остров Суматра денеска беше погоден од земјотрес со магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика. Според официјалните мерења, подземниот потрес бил регистриран во 13:02 часот по локално време, со епицентар на длабочина од 29 километри. Првичните информации укажуваат дека засега нема податоци за евентуални жртви или за причинета материјална штета. ...
Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе се случи во Македонија под покровителство и под директна режија на Вучиќ, веќе е во тек. Значи токму во ...
Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДС нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос. Тоа е разликата која граѓаните ја гледаат. Додека СДС произведува политички приказни, ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува резултати. Филипче може да одмора со Заев ...
На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска ...
Соопштение на Левица: Вчера јавно обзнанивме дека студентите три години се оштетувани преку непочитување на законската обврска за усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. Очекувавме барем обид за објаснување од Владата и Министерството за образование. Наместо одговор, младите добија целосен молк. Очигледно, кога ќе ги фатиш со раката во студентскиот џеб, најдобрата вмровска стратегија е да се правиш дека џебот не ...
Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. – Кога се работи за амбасадорот во Софија, веќе постапката е во фаза да таа веќе не е класифициран податок и можам јавно да споделам дека наш амбасадор во Бугарија ќе биде амбасадорот Крум Ефремов, професионален дипломат, еден ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство. Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе ...
Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за ...
Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран криминал. Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски. Негов личен пријател и според нашите информации ...
Русија предупреди за „последици“ по Велика Британија по извештаите за употреба на британски дронови за напади врз цели длабоко на руска територија. Украина во рамки на таканаречената кампања за „длабоки удари“ користела дронови произведени од две британски компании, објави лондонскиот весник „Сандеј тајмс“. Киев годинава ги засили нападите врз Русија, при што ракети со долг дострел и роеви дронови се почесто гаѓаат воената индустрија и ...
Дваесетгодишен француски државјанин е пронајден без знаци на живот во раните утрински часови, на лежалка на плажа во Ксамил. „Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение дека бил избоден со нож, од страна на Сократ Вата, на возраст од 29 години, од северниот албански град Хас, кој веднаш по инцидентот избегал, стои во полициското соопштение. Полициските служби ...
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн трговија, во близина на Москва, при што избувнал пожар, соопшти гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов. Воробјов наведе дека дронови оштетиле и други објекти, меѓу кои куќи, станбени згради, продавници и електроцентрали. Според досегашните информации, најмалку три лица се повредени. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека ...
Соопштение на Левица: По повод јубилејот на АРМ, се присеќаме на нејзината историја – создавањето, потешкотиите и раниот развој. Неодминливи се славните денови и херојството прикажано во Конфликтот од 2001 при што, во содејство со специјалните единици на МВР, до израз дојдоа нејзиниот суштински белег и намена, а тоа е способноста за сочувување на територијалниот интегритет на Република Македонија. 25 години подоцна, на 34-годишнината од ...
Хрватската писателка, колумнистка и новинарка Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст по долга и тешка борба со карцином, објавено е на нејзината официјална страница на Фејсбук. Во објавата се наведува дека Рудан „заминала на подрачје без сигнал“. Веста за нејзината смрт за порталот „Шоубаз“ ја потврдија и извори блиски до писателката. Ведрана Рудан, родена на 29 октомври 1949 година во Опатија, беше една од најчитаните, но и ...
Пишува: Салим Кадри Керими, историчар – дипломат во пензија Два настани што можат да најават нова етапа во турската надворешна политика Деновиве, на турската политичка сцена, два мошне важни настани привлекоа особено внимание: потпишувањето на Меканскиот заеднички одбранбен договор меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан, на 7 август 2026 година, и изјавата на претседателот Реџеп Таип Ердоан, од 15 август 2026 година, според која членството ...
Градот Скопје соопшти дека продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје. Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13. дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. „Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против ...
Соопштение на ДУИ: Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула”, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште. Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на ...
На 18.08.2026 во 01:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Ѓ.(47) од Прилеп. При претрес во неговиот дом во Прилеп, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис и повеќе различни пакувања со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. На ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод кај месноста Видуш и селата Драгов Дол, Локвица и Девич, во општините Велес и Зелениково кај селата С’лп, Горно село, Карабуниште, ...
Брод што излегувал од Ормуската Теснина кон Оманскиот Залив бил погоден со неидентификуван проектил, при што било оштетено машинското одделение на пловилото и биле повредени членови на екипажот, соопшти Британската организација за поморски трговски операции (UKMTO). На повредените морнари им помогнала оманската крајбрежна стража. Засега нема пријавено последици врз животната средина. Не е познато кој го истрелал проектилот, ниту под чие ...
Во Кампот за обука на вода во Охрид денеска ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на која ќе присуствува највисокиот воен и државен врв. Според протоколот, на свеченоста со пригоден говор ќе се обратат претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На ...
Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја), соопшти Центарот за управување со кризи. -Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата ...
Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...
Без електрична енергија денеска од 06.00 до 13.00 часот, ќе бидат корисниците од населба Белви, соопшти РЦУК Скопје. Струја во истиот период ќе немаат и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден. Корисниците од населбата Маџирмаало во општина Центар денеска од 8:30 часот ќе останат без водоснабдување поради санирање уличен дефект на улицата „Раде Јовчевски Корчагин“ бр.18. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – ...
Армијата денеска одбележува 34 години од формирањето како модерна, современа и целосно интероперабилна сила во рамките на евроатлантскиот безбедносен систем. Преку учеството во меѓународни мисии, забрзаната модернизација и исполнувањето на НАТО-стандардите таа ја потврдува својата улога како доверлив НАТО-сојузник и важен фактор во регионалната безбедност, но пред се, посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...