Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Актерот и режисер Мартин Мирчевски ја доби наградата „4 Ноември“ што ја доделува Општина Битола. На Свечената академија по повод одбележувањето на 81-годишнина од ослободувањето на Битола, традиционално беа доделени наградите на поединци и институции за едногодишни достигнувања, како и највисоката општинска награда за животно дело. Мартин Мирчевски е добитник на наградата „4 Ноември“ – признание за неговиот уметничка работа, талент и ...
На сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на кој ќе гостуваат пионерите на џез-фјужн жанрот „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets). Диригент на концертот ќе биде единствениот Боб Минцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари. Угледното списание „Џез тајм“ ќе ги опише како „совршено запалив електро-акустичен состав, чии интелигентни, често предизвикувачки ...
Изложбата „Автопортрети и неколку палети“ на Мирослав Масин ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата „Остен“ во Скопје. Станува збор за самостојна изложба на слики и објекти на познатиот уметник. Мирослав Масин (р. 1963 г.) дипломирал на Факултет за ликовни уметности, отсек сликарство во Скопје, во 1988 година. Член е на ДЛУМ и во периодот од 2000 до 2001 година бил претседател на ДЛУМ. Бил на студиски престој во Велика Британија, ...
Претставата „Ифигенија за ништо“ во режија на Филип Петковски, а продукција на Драмскиот театар од Скопје е прогласена за најдобра на Фестивалот на антички театар „Стоби“, што заврши синоќа. Претставата е наградена и за најдобра режија за Филип Петковски, како и за најдобра женска улога за Јелена Жугиќ за улогата на Клитемнестра. Наградата за најдобра машка улога ја освои Марко Трајковиќ за насловната улога во претставата „Калигула“ на ...
Kнижевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година ќе биде врачена вечерва во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. Ќе биде и промовиран победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На доделувањето на првиот добитник на оваа награда за најдобар необјавен роман за деца и млади, востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе се обрати жирито во ...
Издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје деновиве го објави романот „Страв од чекорење“ на Ѕвездан Георгиевски. Оваа книга по многу нешта е несекојдневна појава во македонската литература. Во неа Георгиевски си поигрува со односот на човекот и времето. Не со времето во кое живееме, туку токму со времето како физичка категорија што тече покрај нас и во нас. На некој начин, токму тоа време е главниот херој на романот и игра активна улога во неговото ...
Есента во книжарницата и издавачката куќа „Или-Или“, како никогаш досега, дефинитивно и’ припаѓа на поезијата! По објавените книги од Игор Исаковски, Георги Господинов, Ана Пејчинова… оваа „поетска есен“ ја заокружуваат и со дебитантската стихозбирка на Игор Анѓелков симболично насловена „Ноември“. Книгата која е дел од едицијата „Поеза“ од печат излезе денес и таа е 12. објавено издание на авторот, по седумте прозни и четирите ...
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска ја освои наградата за најдобро уметничко остварување на Меѓународниот филмски фестивал во Токио, Јапонија. Наградите беа соопштени денес, а ја прими режисерката Стругар-Митевска. Оваа награда доаѓа по последната од пред неколку недели од Филмскиот фестивал во Хаифа, Израел, каде што „Мајка“ доби специјално признание во интернационална конкуренција. Гран-при на ова издание на фестивалот во ...
Македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Хрватска од вечерва до 7 ноември ќе го организира првото издание на Фестивалот на современата македонска книжевност. Фестивалот го организира во соработка со издавачката куќа ,,Македоника литера“ од Скопје. Идејата на фестивалот е да придонесе за афирмација и за продлабочувањето на македонско-хрватските културни врски, а посебно на соработката на полето на книжевноста. Фестивалот ќе отвора ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со писателка Хана Корнети. Нејзината збирка раскази „Каде леташ, Јулија?“ е книга на месецот во Библиотеката и дел од четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Разговорот со Корнети ќе го води Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Според Наташа Атанасова, расказите во „Каде леташ, Јулија?“ се ...
И јас како урбаните рудерални растенија преживувам. И тоа не во меланхолична, туку во буквална смисла. Повеќето уметници што ги знам живеат во постојана несигурност. Системот е таков што бара видливост, а ретко обезбедува услови. Моето присуство, и дома и надвор, е повеќе последица на упорност отколку на стратегија, вели Мусовиќ Одамна одбив да припаѓам на некоја „сцена“. Не се усогласувам со очекувањата на институциите, ниту со трендовите. Тоа ...
Во скопската галерија „Матаноја“ вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција и изложба на „Синхроницитети – Чувари на приказната“, новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески. Станува збор за друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот во еден интуитивен процес на создавање и размислување. На ...
Во свет каде технологијата постојано ја редефинира иднината, Avenga Academy (Авенга Академи) веќе 15 години го гради мостот меѓу знаењето и реалните вработувања. Како дел од глобалната групација Avenga, академијата претставува еден од највлијателните центри за едукација во областа на ИТ, дизајн и бизнис, создавајќи заедница од над 20.000 алумни и 200 искусни ментори. Под мотото „When I complete Avenga Academy, I won’t tell, but there will be ...
Во чешкиот град Табор денеска во 17 часот ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштво на ликовните уметници на Македонија. Ќе бидат претставени дела од македонски современи ликовни уметници, кои учествуваа на истоимената изложба на ДЛУМ во 2023 и 2025 година. На изложбата се селектирани дела од седумдесеттина автори меѓи кои: Синиша Новески, Јасмина Главинче, Иво Пецов, Татјана Ристовска-Керамика, Ирена Паскали, Дијана ...
Филмот „Мајка“ ја имаше својата азиска премиера на престижниот фестивал од А-категорија во Токио, на 1 ноември. Режисерката Теона Стругар Митевска беше гостинка на фестивалот и го промовираше филмот, а по проекцијата, одговараше и на прашања од публиката и новинарите. Митевска беше пречекана и од Андријана Цветковиќ, поранешна амбасадорка на Македонија во Јапонија и актуелен програмски директор на една од програмите на фестивалот – за женско ...
Дејан Дуковски, еден од највлијателните и најизведувани македонски драмски автори, ќе биде Автор во фокус на претстојното 60. Јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската театарска меморија и култура, воопшто. Фестивалот годинава ќе се одржи од 12 до 19 јуни 2026 година. Името на ...
Стихозбирката „Таму каде што не сме“ од Георги Господинов, како 12 книга во едицијата „Поеза“ на „Или-Или“ ќе излезе од печат денеска. По шесте прозни изданија и една детска книга, ова е првата стихозбирка на скопската издавачка куќа од популарниот писател во препев на Никола Маџиров, а нејзиното објавување е поддржано од „Традуки“ и Министерството за култура. Георги Господинов е еден од највлијателните современи бугарски писатели, роден во 1968 ...
„Идентитетски паралели“ е насловот на изложбата од Лудовико Елиа Персич од Италија и Ана Трајковска од Македонија што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Изложбата е дел од европскиот проект „Креарт“, платформа за запознавање и вмрежување на уметници, уметнички форми, истражувања и реализации од различни европски градови кои оствариле соработка во период од еден месец. Според историчарката на ...
Студентските средби „Скомрахи“ на Факултетот за драмски уметности и годинава ги обединуваат во Скопје студентите од повеќе европски драмски академии. Под мотото „Друг свет“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја претстават од 5 до 8 ноември на Академската сцена на ФДУ, во Драмскиот и во Албанскиот театар. Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави на студенти од Белгија, Словачка, Турција, Србија заедно со оние на ...
Осум претстави ќе бидат дел од програмата на 11. Битола Шекспир фестивал што годинава ќе се одржи од 14 до 21 ноември. Публиката ќе може да види претстави од: Полска, САД, Хрватска, Англија, Бугарија и од Македонија, под мотото „Стореното не може да се поништи“. На програмата ќе бидат „Дванаесеттата ноќ” на Драмскиот театар „Александар Венгерко“ од Бјалисток, Полска (15 ноември), „Крал Лир” на “Lit Moon Theatre” од САД (17 ноември), „Еволуцијата ...
Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул вечерва во 19 часот концерт ќе одржи „Македонскиот брас квартет“. На програмата се дела од Хендл, Верди, Моцарт, Равел, Корсаков, Пјацола и од Зографски. „Македонскиот брас квартет“ е составен од четворица истакнати музичари, членови на Националната опера и балет: Стојанче Косовски (труба), Александар Златески (труба), Горан Јанев (хорна) и Владан Дробицки (тромбон). Формиран во 2013 година, ...
Уште денес може да се гласа онлајн за наградата Cinema Eye Honors Audience Choice Award за најдобар документарец, на кој еден меѓу 16-те кандидати е и македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. Гласањето е едноставно и може да се направи на следниот ЛИНК. Филмот ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Венеција 2025 година, каде што доби извонредни критики и беше наречен „триумф“ и „чудо над чудата“. ...
Друштвото на ликовните уметници на Македонија ги врачи наградите на изложбите „Мал формат“ и „МиниАРТура“, отворени во Културно-информативниот центар во Скопје. Уметничкиот совет на ДЛУМ ги награди Ненад Тонкин за „Мал формат“ и Давор Кешќец за „МиниАРТура“. И КИЦ додели две награди за мал формат – „Вангел Коџоман“ на Никола Смилков и „Константин Мазев-Коце“ на Марија Чепишева. На изложбите се претставени дела во дводимензионален и ...
Пишува: Марко Погачар Пораснав асинхроно. Од самиот почеток добро ми беше познат тој чувствителен, тивок немир: искуството на лесна несовпаѓање на личното време со доминантното време на светот. Поставките, во тој поглед, за поголемиот дел од луѓето, се чини, се слични — можеби дури и универзални — и тешко е да се замислат поинаку. Мислам притоа на оние рани, во вистинска смисла формативни години за личноста, во голем дел сè уште нецелосно ...
Операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет в петок (7 ноември) во 20 часот. Диригент е гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, режијата е на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, а костимографијата – на Никола Булески. Кореографијата е на Олга Панго, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстор – Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Ќе настапат: Дешира ...
Во средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија денеска во 12.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Одблесоци на сонот“, збирка раскази и есеи од ученици од градот. Во збирката се опфатени наградените раскази и есеи испратени на литературните конкурси на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, реализирани во соработка со наставниците од сите основни и средното училиште во градот. На промоцијата ќе се претстават и дел од учениците, ...
Во средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија денеска во 12.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Одблесоци на сонот“, збирка раскази и есеи од ученици од градот. Во збирката се опфатени наградените раскази и есеи испратени на литературните конкурси на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, реализирани во соработка со наставниците од сите основни и средното училиште во градот. На промоцијата ќе се претстават и дел од учениците, ...
Археолошкиот локалитет Исар кај валандовското село Марвинци е населба и некропола со континуитет од 7 век пред новата ера до 4 век Скелет од коњ од железното време открија археолозите на локалитетот Исар Марвинци кај Валандово. Тимот е од Археолошкиот музеј во Скопје го предводеше археологот м-р Јане Клековски, а учествуваа неговите колеги м-р Сања Битрак и Васил Николовски и археолозите Андриана Петковска и Игор Ширтовски. – На римската ...
Филмот „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска ја освои наградата Silver Hugo за најдобар документарец на Чикаго филмскиот фестивал. Филмот на Котевска веќе засилено го оди својот фестивалски пат, како дел од американска турнеја. Котевска учествуваше и на програмата Docs to Watch, престижна селекција на The Hollywood reporter, во рамките на SCAD Савана филм фестивал, на кој учествуваа режисери од десетте најуспешни документарци од ...
Изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Завод и музеј – Прилеп. Изложбата е резултат на десетгодишната соработка меѓу Завод и музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата која беше насочена на проучување на овој извонреден археолошки локалитет во Пелагонија. На изложбата ќе бидат претставени најновите резултати од мултидисциплинарните истражувања меѓу повеќе македонски и европски ...