Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Неколку граѓански здруженија организираат мирен протест кај туристичката населба Смрдлива Вода, под Кожуф, против најавата за изградба на мини хидроелектрани на реката Дошница, на Кожуф. Протестот е најавен за недела (29 јуни), а организаторите обезбедуваат и бесплатен превоз пред Градскиот театар во Гевгелија, во 9.45 часот. – Да не дозволиме реката Дошница да заврши во цевка! Ве повикуваме да бидеме заедно, гласни и достоинствени во ...
Истражувачите проценуваат дека кровна градина со површина од 100м2 може да отстрани околу 40 килограми PM честички од воздухот за една година, а исто така да произведува кислород и да го отстрани јаглерод диоксидот (CO2) од атмосферата. Четириесет килограми PM се приближно колку што 15 патнички возила ќе испуштат за една година типично возење. Покрај тоа, некои растенија што се користат, при подигање на кровни градини , како што се Sedum ...
Ова е најголем пожар досега што го има зафатено ова претставува национално и светско природно богатство со кое треба да се гордее целата држава Во пожарот на 20 и 21 јули изгоре половина од Паркот на природата „Езерани“ во Преспа, а направена е штета од милиони евра, објави Македонското еколошко друштво (МЕД). Ова е најголем пожар досега што го има зафатено ова претставува национално и светско природно богатство со кое треба да се гордее ...
Македонскиот Културно-информативен центар во Белград завчеравечер ја заокружи првата година од своето постоење со вечер посветена на бардот на македонската и на српската култура, Зафир Хаџиманов. Во едно исклучително емотивно музичко дружење со неговите најблиски, синот Васил Хаџиманов и легендарната Бисера Велетанлиќ, бројната белградска публика на глас ги пееше големите хитови на Зафир и Бисера, а со долги аплаузи беа поздравени ...
Хуманитарната организација „Свети Спас“ објави повик за помош на младата Вероника Љоровска, млада уметница, девојка со особена позитивна енергија и талент. Нејзините раце создаваат прекрасни цртежи и уметнички дела во повеќе техники, а нејзината креативност и упорност се вистинска инспирација. Физичкиот предизвик со кој живее, предизвикан од церебралната парализа, никогаш не ѝ бил причина да се откаже од своите соништа. На Вероника и’ е ...
Наставниците се вистински магионичари – не само во однос на знаењето што го пренесуваат, туку и во обликувањето на карактерот и развојот на децата во целина. Тие ги поттикнуваат да размислуваат храбро, да се водат од вредности и да се подготвуваат за свет полн со предизвици. Но, за да успеат неопходна е поддршка и соработка со семејствата и заедницата. Ова беше истакнато на панел – дискусијата „Магијата на создавање храбри, мислечки и ...
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, ...
Средношколците Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски од Битола за идејата ВИ решенија за хотели и ресторани низ светот ја освоија главната награда од еден милион денари и титулата „Средношколец милионер“ на амбициозниот натпревар за средношколски бизнис-идеи во Македонија што го организираше „Бреинстер“. Обединети во тимот Stay BE, нивната бизнис-идеја „Систем 4“ користи напредни алатки со вештачка интелигенција за автоматска ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола одржа тркалезна маса посветена на меѓууниверзитетската соработка во високото образование, науката и иновациите. Во дискусијата на актуелни теми за унапредување на академските партнерства, научноистражувачката соработка и иновативните пристапи во високото образование во Јадранско – онскиот регион, учествуваа претставници на универзитети членки на УНИАДРИОН, регионални засегнати страни и ...
Преку тактилна градба, допир, звук и практично искуство, децата не ја „гледаат“ науката, тие ја чувствуваат, велат од Здружението за развој на технологија, роботика и иновации (CTRI) Кога STEM активностите се правилно приспособени, тие им овозможуваат на децата со попреченост активно учество, самостојност и самодоверба. Преку тактилна градба, допир, звук и практично искуство, децата не ја „гледаат“ науката, тие ја чувствуваат. Овој пристап им ...
Пишува: Maja Москов – франшизер на „Хелен Дорон“ за град Прилеп Во современиот свет, образованието повеќе не е ограничено само на sидовите на училиштата. Иако формалното образование останува клучниот столб во развојот на секое дете – обезбедувајќи структуриран процес и систематско усвојување на знаење, неговата надополнетост со неформалното учење станува неопходна за целосен и хармоничен развој. Времето во кое живееме, бара многу повеќе. ...
Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битолa при Универзитеот „Св. Климент Охридски“ викендов организира хакатон наречен MKSafeNet иноватори. Хакатонот ќе биде отворен денеска во 11 часот, а на присутните ќе им се обрати проф. д-р Игор Неделковски, ректор на УКЛО. Ќе се обрати и проф. д-р Благој Ристевски, декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, УКЛО – Битола Хакатонот – ФИКТ го организира во ...
Во киносалата на Кинотеката денеска во 13 часот ќе се одржи специјална проекција на кратките филмови изработени од младите филмаџии – учесници на работилницата „Филмска училница“, реализирана од Кинотеката и Гете-институт Скопје, како дел од меѓународниот проект ФилмЕД. Премиерно ќе бидат прикажани четири кратки филма создадени во рамките на училницата: Клетвата на папагалот, Ти и јас, Роденденска мистерија, Писмото за наставничката и ...
Михаил Трајков е прогласен за најдобар студент на Природно-математичкиот факултет во Скопје на свеченоста на која факултетот одбележа 79 години постоење. Трајков, поранешен средношколец кој ја претставуваше Македонија на светските олимпијади по хемија дипломираше со просек 9,95 на Институтот за хемија, на студиската програма: Применета хемија. Тој останува на ПМФ и веќе е ангажиран како демонстратор на Институтот. Денот на ПМФ беше одбележан ...
Учениците кои отсуствуваат од настава подолго од три недели, затоа што се на болничко лекување, можат да го продолжат образованието преку онлајн-вклучување во наставата во реално време во својот клас, да ги користат доставените материјали и задачи од наставникот или пак, наставникот да организира индивидуална настава во зависност од состојбата на ученикот, по прилагодена наставна програма на таквата состојба и за тоа да се користат постојни ...
По еден сребен и бронзен медал освоија членовите на 18. Јуниорска балканска олимпијада по информатика, што се одржа во Ларнака, Кипар. Сребрениот медал го освои Марко Кренков од Струмица, а бронзениот – Владимир Грчев од Кочани. Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје освоија олимписка пофалба. Олимпијадата се одржа од 24 до 30 октомври, а учесниците на овој престижен меѓународен натпревар беа ученици на возраст дои 15.5 години. ...
Двајца редовни, осум дописни, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови избра Македонската академија на науките и уметностите на 21. изборно собрание што се одржа вчера. За редовни се избрани дописните членови проф. д-р Изет Зеќири и проф. д-р Блажо Боев. За дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението ...
Шестмина професори се прогласени за најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2024 година. Признанијата им беа врачени вчера, на 10 Ноември, Светскиот ден на науката за мир и развој. Наградата ја добија: – проф. д-р Јасмина Петреска-Станоева, од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, најдобар научник за природно-математички науки; – проф. д-р Христијан Ѓорески, од Факултетот за ...
Археолозите од земјава се собрани на 28. Симпозиум на Македонското археолошко друштво што се одржува во Етносело „Тимчевски“ во Старо Нагоричане Македонската археологија долг период е загрозена од институционална запоставеност. Во изминатите две децении високообразовните, научните и стручните институциите се оставени без потребниот човечки капацитет, кој во бројни институции е сведен на минимум и нивното секојдневно функционирање е доведено ...
Многу основци, наставници, родители и љубители на науката присуствуваа на специјалниот настан по повод одбележувањето на Ноември – месец на науката што се одржа викендов на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Настанот беше посветен на промовирање на научната љубопитност кај најмладите. Основците демонстрираа научни експерименти и презентираа свои истражувачки проекти од различни научни области, меѓу кои физика, хемија, биологија, ...
Со 4 бронзени медали од 22. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки ќе се врати од Сочи, Русија, тимот од Македонија. Медалите ги освоија: Валентино Атанасоски, ученик во прва година ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, Дора Милева, ученичка во прва година во СОУ „Јане Сандански“ Штип, Јордан Соколовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, Дамјан Чамушев, ученик во деветто одделение ООУ „Ванчо Прке“ Штип. На олимпијадата ...
Зборникот од меѓународната научна конференција „Мит и драма: современи толкувања“ ќе биде промовиран вечерва во 20 часот во Јуроп хаус во Скопје. На настанот ќе зборуваат уредниците на зборникот: Наташа Аврамовска, Деспина Ангеловска, Дарин Ангеловски, Бесфорт Идризи, Владимир Мартиновски и Кристина Н. Николовска. Зборникот, во издание на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Институтот за македонска литература – Скопје, Факултетот ...
На собирот ќе биде промовирана и новата Evidence федерација помеѓу Канада, Обединетите Арапски Емирати, Јапонија и Македонија Македонија е една од четирите земји во светот вклучена во новата Evidence федерација која денеска ќе биде претставена на Универзитетот „Њујорк“ во Абу Даби. Зад идејата стои д-р Никола Стиков, професор на Институтот за биомедицинско инженерство при Политехничкиот универзитет на Монтреал, Канада. Тој најавува ѕвездени ...
Книгата Off the Scales, од новинарката на „Ројтерс“, Off the Scales изминатиот викенд беше во фокусот на реномираното списание Wall Street Journal. Во списанието беше објавена рецензија за „фасцинантна нова книга“ за откритието и развојот на пептидот 1 (GLP-1) и неговото влијание врз медицината, културата и во општеството. Зошто оваа вест ја засега и Македонија? Затоа што една од научниците кои одиграа клучна улога во откривањето на GLP-1 е ...
Проф. д-р Александар Кондински од Техничкиот универзитет во Грац, Австрија, ќе одржи предавање утре во 12 часот во Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Предавањето е со наслов „Дигитален пристап кон развојот на напредните материјали“ (Blueprints of Explainable Self-organisation). Ќе се одржи во предавалната 125 или Хемискиот амфитеатар. Предавањето е во рамките на иницијативата на Универзитетот „Св. Кирил и ...
Настан посветен на Театарот на угнетените на Аугусто Боал – театарска и општествена практика која го спојува уметничкото дејствување со борбата за правда, солидарност и помирување, ќе се одржи вечерва во 19 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. Режисер и водител на настанот, во улога на Џокер, ќе биде режисерката Зоја Бузалковска. Ќе играат: Александар Степанулески, Ангела Пејковска, Лора Штарго и Мартин Мазнев. Визуелните интервенции се на ...
Спектакл на форма, природна хармонија и концентрирано гледање понуди изложбата „Суисеки“ на гевгелискиот визуелен уметник Иван Кал’чев, што е отворена во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија. Камења обликувани од времето, внимателно поставени и оставени да „зборуваат“ без зборови, го претворија препознатливиот Амам во простор на силно визуелно и сетилно доживување. Самостојната изложба на Кал’чев беше настан јасно покажа дека впечатокот ...
Седмата меѓународна биенална изложба Ex Libris е отворена синоќа во салата Империјал 1 во Културно-информативниот центар во Скопје. Темата на биеналето е „Отпечатоци на еднаквост – траги од внатрешното ‘јас’“. Биеналето претставува не само изложба на отпечатоци, туку и колективна рефлексија: Какви траги оставаме за идните генерации и чии гласови ќе бидат запаметени?, вели Тања Иванова, претседател на „Реактор“, што ја организира изложбата. – ...
„Под роговите на упорноста“ е насловен последниот настан со кој ќе биде затворена кафе-книжарницата „Буква“ која функционираше повеќе години на аголот наспроти Македонското собрание, покрај домот на АРМ во Скопје. Настанот го организира „Култура бета“, а во себе обединува повеќе сегменти со кои ќе се заокружи циклусот на настани преку кои здружението го развиваше токму во „Буква“, која меѓу другото служеше и како своевиден културен центар. ...
Претставата „Новогодишната желба на Снеже“ според текст на Трајче Кацаров, а во режија на Благој Веселинов, ќе биде изведена утре во 11 часот на сцената на Театар Комедија во Скопје. Во претставата играат: Јована Тасева, во улогата на Снеже, Јордан Атанасов, во улогата на Таткото, Цветанка Атанасова, во улогата на Мајката, Љубица Ќортошева, во улогата на Поштенското сандаче, Андреј Роглев, во улогата на Момчето иИ лија Роглев, во улогата на ...