Отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски” ќе се случи на 17 септември со музичкото драмско дело/рап-перформансот, „Црнила ремикс” со почеток во 21:00 часот. Режисер на ова современо читање на драмската класика „Црнила” од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ. Талентираната актерска екипа, односно организацијата која пренесува ...
Како што беше најавено, Македонскиот народен театар, новата театарска сезона 2024/2025 година ќе ја започне со отворање на новата сцена – летната сцена „Славиша Кајевски”, со патувања и гостувања надвор од државата, гостувања во МНТ, како и реализирање на премиерни изведби. На 4 септември официјално започнаа подготовките за претставата „12″ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз. ...