Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Јарците наскоро ги очекува период на извонреден успех, бидејќи сите досегашни препреки конечно се поставуваат во нивна корист, а универзумот им испраќа моќен ветер во грб. Ѕвездите им се наклонети, а космосот како да шепоти дека нивното време е конечно дојдено. Ако претходниот период беше тежок и полн со предизвици, до крајот на 2025 година следи целосен пресврт кој ќе ја награди нивната упорност и труд. Јарците се познати по своето трпение, ...
Марс, планетата на борбеноста и акцијата, на 15 декември го менува знакот и влегува во Јарец, каде што ќе остане до 23 јануари. Оваа позиција најсилно ќе влијае врз Јарците, Биковите и Девиците. Марс во Јарец носи силна, дисциплинирана и многу контролирана енергија. Ова е положба во која Марс се чувствува „како дома“, бидејќи Јарец сака структура, план, ред и долгорочна стратегија. Наместо импулсивни реакции, тука доминира смиреност и ...
Во овие зимски денови ако ви недостасува морското синило и мирисот на морска храна, не очајувајте таков амбиент ќе најдете во ресторант Сидро, добро познат на скопјани. Целиот ресторан е со детали што потсетуваат на море, затоа нема потреба да одите на мoре, морскиот амбиент го има во нашиот град. Храната која тука се подготвува е свежа, подготвена од врвни готвачи. Па така кога станува збор за избор на морска храна рестораните Сидро се прва ...
Бананите во Германија може да ве чинат многу – казните за фрлање кори од банана се до 100 евра. Во Германија има специјална забрана за бананите која важи низ целата земја. Всушност, станува збор за фрлање на кората од банана, со оглед на тоа што многу луѓе погрешно мислат дека можат да ги фрлат остатоците од овошје директно во природата. Иако кората од банана е биоразградлива, сепак се смета за отпад. Проблемот е што лушпите од банана скапуваат ...
Плажата Сиџес, недалеку од Барселона, е прогласена за најсреќната на светот – на фотографиите од оваа плажа, луѓето најчесто се насмеани. Сиџес се наоѓа во живописното шпанско гратче со исто име, кое може да се пофали со 300 сончеви денови годишно. Оваа плажа има златен песок, шеталиште полно со барови и ресторани и е на кратко растојание од еден од најдинамичните шпански градови – Барселона. Според анализата на компанијата CV Villas, која со ...
ATS Group ја претстави земјата на SHOT Show 2025, најпрестижниот саем за професионалци од областа на одбрана и огнено оружје. SHOT Show е водечки настан од затворен тип, каде може да се погледне најновата генерација на воена опрема што не може да се најде на ниедно друго место, и поставува нови стандарди во индустријата. Организиран од светската Трговска асоцијација за огнено оружје (NSSF), секоја година привлекува над 2.400 изложувачи од повеќе ...
Иако името „Твитер“ веќе долго време не е во официјална употреба, оние што сакаат да го зачуваат од заборав славното лого со сината птица, сега имаат можност – доколку имаат доволно пари. Знакот, кој е една од двете птици што ги краселе канцелариите на Твитер, моментално се наоѓа на аукција. Огромното лого, кое беше дел од седиштето на компанијата во Сан Франциско, е еден од најпознатите симболи поврзани со оваа социјална мрежа. Без ...
Меланија Трамп исчезна на четири недели, а според информациите на CNN, воопшто не била во Белата куќа. Откако речиси еден месец не се појави никаде, Меланија Трамп се врати во Белата куќа, каде што присуствуваше на вечера со претседателот Трамп и гувернерите на земјата. Таа беше домаќинка на вечерата, што го истакна и нејзиниот сопруг. „Дозволете ми да започнам со изразување благодарност до Првата дама на САД што беше домаќинка на оваа ...
Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 2-ти до 8-ми март, на првиот кат во Скопје Сити Мол ќе се одржи голем „Сити базар – Подари љубов“ на кој ќе се претстават дури 42 модерни ракотворци. Од 2 до 5 март со уникатни и рачно изработени креации на првиот кат ќе се претстават: Gaia_X, Ателје Сиена, MORPHO, ТИНОСКИ, КРУГ, NATURAL.RS, M&M Luxury Soap Bouquet, DIOSA Macrame, Zen.Zeal, Креативно студио Алегра, Botanikly, Lila Handmade, ...
Прочка или Велики поклади е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. ...
Чист Понеделник се нарекува понеделникот по Прочка и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Во втората половина на минатиот век, целата ова недела по Прочка се викала Чиста недела и секој ден одделно: Чист понеделник, Чист вторник итн. Понабожните три дена ништо не ...
Тодорова сабота или Тодорица/Тодорија е православен христијански празник кој се слави во првата сабота од велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Оваа сабота е последниот ден од Тодоровата недела. Тодорова сабота или Тодорица се смета за празник на приврзаноста кон велигденскиот пост. Оваа сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар ...
Авто-мото спортот од година во година станува сè популарен во Македонија, а тоа е благодарение на многуте успеси на нашите возачи на меѓународна сцена. Еден од нив е Синиша Кочоски. Членот на „Сајлент Хантерс“ веќе неколку сезони е при самиот врв во регионот, а потврда за тоа се резултатите во престижните БМУ Европскиот шампионат и ФИМ Европскиот шампионат. Кочоски е двократен шампион во БМУ и актуелен вицешампион во категоријата СТК 1.000. Тој ...
Градинарскиот центар Фоја слави јубилеј 20 години постоење. Две децении на раст и успех, посветени на мисијата за создавање убави и функционални зелени простори и промовирање на радоста од хортикултурата. Благодарение на Фоја, веќе 20 години ги добиваме најдобрите совети како да ја уредиме нашата градина, тераса или друга зелена површини, како да одбереме најсоодветно растение за одредена позиција, како да се грижиме и да ги одржуваме долговечни ...
Според официјалните бројки, 51 лице го загубиле животот а 148 повредени се во болница од кои 18 пациенти се во критична состојба. Тошковски потврди дека трагедијата ја предизвикале искрите од пиротехника употребена за светлосен ефект, односно палење на кровната конструкција која била од лесно запаллив материјал. -Во моентот најверојатно искрите го зафатиле таванот кој бил дел од лесно запалива материја, брзо се прошитил и се создал густ чад, ...
Пејачот Андреј Ѓоргиески од групата ДНК загина во пожарот во Кочани, дознава „360 степени“ од болнички извори. Штипската телевизија ТВ Стар објави дека загинал и Филип Стевановски од Куманово – придружен член на дуото ДНК. Во пожарот загина и тапанарот на ДНК, Горги Горгиевски, од Струмица. Факултетот за музичка уметност ја потврди смртта на професорката Сара Пројковска. „Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, ...
По повод 2-ри април – Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот се обрати познатиот педагог со долго работно искуство во инклузија на деца со нетипичен развој, Славе Павловски. Во изјавата се вели: Почитувани колеги, ученици и родители, Денес, 2 април, го одбележуваме Меѓународниот ден за подигнување на свеста за аутизмот. Овој датум не е само ден за одбележување, туку и за размислување, емпатија и активизам. Секој 2 април е важен ...
Македонскиот бренд „Виталиа“ и годинава го задржува лидерското место како најпрепознатлив бренд во категоријата здрава храна, според истражувањето Најпознати брендови за широка потрошувачка 2025 на Insider ID. Анкетата, спроведена меѓу повеќе од 1.200 испитаници, покажува дека брендот и понатаму ужива највисока свесност и доверба кај потрошувачите. Овој резултат доаѓа во период кога „Виталиа“ бележи засилен развоен циклус. Компанијата неодамна ...
Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар, на 25 јануари со почеток во 20:00 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник” од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна” (1994) и „Лаж и паралаж” (1996). ...
На 19 февруари во 20 часот, во камерната сала на Македонската филхармонија, во организација на Фејмс Институтот, ќе се одржи уникатен музички спектакл насловен „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ кој ќе ја спои магијата на џипси музиката со модерниот оркестарски израз. Под диригентската палка на реномираниот диригент Тимоти Редмонд, концертот ќе понуди богата програма која опфаќа ралични музички жанрови, а е инспирирана од џипси музиката. На ...
Откако уживаше огромна популарност во минатиот век, сега госпел музиката се враќа на голема врата. Се’ повеќе музичари и изведувачи го наоѓаат својот глас токму во госпелот и духовните пораки полни надеж и верба, кои ги испраќаат преку песните. А најдобриот начин да ја доживеете и искусите одблизу госпел музиката е преку концертот на Стефани Барбутова, кој ќе се одржи на 30.03.2025 во домот на Македонската Филхармонија. Македонската пејачка на ...
Директорот на Македонски народен театар, Никола Кимовски, заедно со еминентниот режисер, Дејан Пројковски, престојуваат во официјална посета во Унгарија, по повод потпишувањето на меморандумот за соработка со еден од најголемите и најзначајни театри во Европа – Националниот театар (Nemzeti Színház), Будимпешта. Со овој договор Македонскиот народен театар и Националниот театар на Унгарија стануваат партнери кои што ќе реализираат заеднички ...
По распродадениот премиерен концерт минатата година, традиционалниот „Candlelight“ спектакл под свеќи повторно ќе ги воодушеви љубителите на класичната музика во Скопје. Под магијата на светлината од илјадниците свеќи, на 22 март со почеток во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ве поведе на безвременско музичко патување исполнето со емоции ...
Како и сите приказни, така и МНТ има своја – приказна која се испишува, се раскажува и трае веќе 80 години. Тоа е приказна која започна да се ткае веднаш по ослободувањето во ноември 1944 година од страна на група истакнати театарски дејци, да се прикажува во декември истата година преку пет едночинки и да се испишува со почетокот на 1945 година: на 3 јануари со вработувањето на 60-те актери и технички, административен и сценски персонал и на 3 ...
По потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонскиот народен театар и Црногорско народно позориште, на големата сцена во МНТ, на 17 март во 20:00 часот, ќе гостува претставата „Господа Глембаеви” во режија на Данило Маруновиќ, по текст на Мирослав Крлежа, а во продукција на ЦНП. Во претставата играат: Светозар Цветковиќ, Кристина Обрадовиќ, Мишо Обрадовиќ, Уна Лучиќ, Данило Чечебиќ, Павле Прелевиќ, Емир Ќатовиќ, Стеван Вуковиќ, ...
На 1 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи 13-то по ред издание на ФЕСТИВАЛОТ ЗЕМЈОТРЕС, единствена музичка платформа во земјава, која ја претставува најновата музика издадена од македонската алтернативна сцена на талентирани автори и музичари. Уникатен во концептот, како целовечерен настан од голем обем, фестивалот нуди разновидна и богата програма. Во фокус ги става младите и надоаѓачки таленти, овозможувајќи простор и за веќе ...
Јарците наскоро ги очекува период на извонреден успех, бидејќи сите досегашни препреки конечно се поставуваат во нивна корист, а универзумот им испраќа моќен ветер во грб. Ѕвездите им се наклонети, а космосот како да шепоти дека нивното време е конечно дојдено. Ако претходниот период беше тежок и полн со предизвици, до крајот на 2025 година следи целосен пресврт кој ќе ја награди нивната упорност и труд. Јарците се познати по своето трпение, ...
Овој празничен период, секоја трансакција со НЛБ Visa картичките ве приближува до остварување на вашите соништа. Во духот на празничната радост и магичните моменти, еден корисник на НЛБ Visa картичките ќе стане среќниот добитник на новиот Opel Frontera Hybrid и ќе ја започне годината возејќи го својот сон. НЛБ Банка ја започнува големата наградна игра „Со НЛБ Visa, вози ги своите соништа!“, која ќе трае од 1 декември 2025 до 15 јануари 2026. ...
Новогодишниот базар во Скопје Сити Мол повторно го носи празничниот дух, претворајќи го приземјето од трговскиот центар во атрактивно, колоритно и креативно место, исполнето со локална уметност, автентични производи и уникатни празнични подароци. Од 16 до 31 декември посетителите ќе имаат можност да прошетаат низ најголемиот празничен базар, каде 50 современи занаетчии од целата држава ќе изложат рачно создадени изработки. На базарот ќе може да ...
Овен Неделата започнува со силна енергија и фокус на работата. Можно е да добиете пофалба или мала шанса да се докажете пред некого важен. Во љубовта, внимателно со импулсивни реакции – партнерот може да биде чувствителен. Финансиски, добар период за планирање, но не и за големи трошоци. Бик Оваа недела ви носи смиреност и стабилност. Можно е повторно да се поврзете со личност што одамна не сте ја слушнале. Во љубовта, Биковите ќе почувствуваат ...