Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе одржи билатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во недела, 28 декември, објави Белата куќа. Како што е наведено, средбата е закажана за 15 часот по локално време во Палм Бич, во американската држава Флорида. На новинарите ќе им биде дозволено да присуствуваат на настанот. Трамп претходно истакна дека секој мировен предлог што би го дал Зеленски во ...

Во ноќта од петок кон сабота, во Киев се слушнаа серии гласни експлозии, објави новинар на АФП, откако властите предупредија дека Украина е под закана од руски ракети. Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да отпатува во Флорида за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во недела, целата територија на Украина беше во состојба на воздушен напад кратко по 2:00 часот по локално време, според мапата ...

Можни се и понатамошни падови, бидејќи инвеститорите очекуваат Федералните резерви на САД да имаат простор дополнително да ги намалат каматните стапки следната година, дури и кога повеќето од нивните конкуренти веројатно завршија со намалувањето. Дури и солидното отчитување на бруто домашниот производ (БДП) на САД не ги промени изгледите за каматните стапки, додека инвеститорите очекуваат уште приближно две намалувања на каматните стапки од ...

Хидрометеоролошкиот завод, информира дека македонските граѓани денеска ќе имаат сончево време со мала до умерена локална облачност, наместа засилен ветер од северен правец. На веб страницата на УХМР стои дека слабиот до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец ќе се движи со над 60 km/h. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремен засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

Зеленски рече дека „многу работи може да се одлучат пред Нова Година“, додека Вашингтон продолжува со напорите да ја прекине руската инвазија на Украина, најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида во недела за територијални прашања, голем камен на сопнување во мировните преговори, бидејќи мировниот план од 20 точки и ...

Вулканот Килауеа на Хаваи еруптираше на Бадник со фонтани од лава што достигнаа висина до 427 метри. Шестчасовната ерупција на Големиот Остров се случи во кратерот Халемаумау, а беше снимена од камерите на Геолошкиот завод на САД (USGS), пишува USA TODAY . Сè започнало вечерта на 23 декември и заврши веднаш по 2 часот наутро по локално време на Бадник, 24 декември. Според USGS, камерите првпат ја снимиле активноста кратко по 2:30 часот ...

Дел од Пионирски парк, помеѓу Домот на Народното собрание и зградата на Претседателството во Белград, во кој од март има шаторска населба на поддржувачи на владата, познат и како „Чациленд“ денес бил испразнет од шатори, јавуваат српските медиуми. Како што претходно објави агенцијата Бета, мал дел од паркот покрај улицата Кнез Милош, неколку десетици метри во внатрешноста на паркот, бил исчистен од шатори, а на граѓаните им било дозволено да ...

Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, на 26 декември 2025 година, со почеток во 18:00 часот, ќе биде промовирана книгата Она што се памети живее (со поднаслов „Никогаш докрај раскажани приказни“) – збирка раскази посветена на споменот на автори, поети и писатели, поранешни членови на ДПМ, чие творештво оставило трајна вредност во македонската култура. Со оваа промоција, Друштвото на писателите на Македонија симболично ќе ја ...

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, најави дека земјата ќе продолжи со развој на ракети и во наредните пет години, објави државната новинска агенција KCNA. Ким им наложил на надлежните институции да го зголемат производството на ракети и да изградат нови фабрики со цел да се задоволат воените потреби на земјата, нагласувајќи дека јакнењето на воените капацитети е клучен приоритет. Според Reuters, севернокорејскиот лидер извршил увид во ...

Рускиот претседател Владимир Путин им соопштил на водечки руски бизнисмени дека е подготвен да размисли за размена на дел од териториите што ги контролира руската армија во Украина, но дека Русија инсистира да го добие целиот Донбас, објави рускиот весник Комерсант. Новинарот на „Комерсант“, Андреј Колесников, кој известува за Кремљ, наведува дека Путин ги изнел овие ставови на доцновечерен состанок во Кремљ. Според него, рускиот претседател ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржал разговори со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, за можностите за завршување на војната со Русија. „Тоа беше навистина добар разговор. Разговаравме за многу детали. Се појавија некои нови идеи за тоа како да се приближиме до вистински мир, кога станува збор за форматот, состаноците и временската ...

Израел никогаш нема да ги повлече сите свои трупи од Појасот Газа, изјави денес израелскиот министер за одбрана Израел Кац. „Израел никогаш нема целосно да се повлече од Газа. Во рамките на Појасот ќе постои значајна безбедносна зона“, рече Кац на конференција организирана од весникот Мakor Rishon, кој ги поддржува доселениците. Тој додаде дека тоа ќе остане така дури и во случај да се премине во втората фаза од мировниот план на ...

Земјава викендов и на почетокот на следната недела ќе биде под влијание на изразен ладен воздушен бран од североисток, кој ќе донесе засилен до силен северен ветер, значителен пад на температурите и локални снежни врнежи, особено во источните делови од земјата. Според прогнозите, ќе дува силен северен ветер, кој на моменти и локално ќе достигнува брзина над 60 до 70 километри на час. Времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена ...

Информацијата ја пренесе украинскиот медиум Ukrainska Pravda. Од обвинителството појаснија дека жртвата се здобила со сериозни повреди на главата од гелери, откако дрон погодил подрачје во Свјатошинскиот округ. Таа била пренесена во болница во критична состојба, но и покрај напорите на лекарите, починала од последиците на повредите. За време на утринскиот напад на 23 декември, остатоци од соборен дрон паднале во близина на станбена зграда во ...

Според официјалните информации, меѓу загинатите се и водич и лекар од Танзанија, пилот од Зимбабве, како и двајцата чешки државјани. Хеликоптерот се урнал во близина на кампот Барафу, една од последните станици пред искачувањето кон врвот на планината. Танзаниската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека несреќата се случила вчера, а локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори од регионот Килиманџаро, наведуваат дека леталото ...

Во соопштението на Одбранбените сили на Израел се наведува дека убиениот е идентификуван како Хусеин Махмуд Маршад ал-Џавхари, опишан како клучен оперативец во Единицата 840, која дејствува во рамки на Quds Force. Според израелската страна, ал-Џавхари бил убиен во подрачјето на местото Ансар во јужен Либан, без да бидат објавени дополнителни детали за околностите на операцијата. Војската тврди дека тој бил вклучен во активности насочени ...

Според документација за поддршка што ја забележа технолошкиот портал 9to5Google, Google воведува опција со која корисниците ќе можат да ја заменат постојната @gmail.com адреса со нова, која исто така завршува со @gmail.com, додека целата содржина на сметката ќе остане непроменета. Во ажурираната документација се наведува дека е-поштата поврзана со Google сметката служи за најавување на сите услуги и за идентификација на корисникот, но дека, ...

Автомобилите не се единствените што стануваат „паметни“ – истото важи и за гумите. На претстојниот Саем за потрошувачка електроника (CES) 2026 во Лас Вегас, Michelin ќе ја претстави револуционерната линија на гуми кои, благодарение на вештачката интелигенција, можат да го следат своето трошење и да даваат информации за состојбата во реално време. Новата технологија е развиена во соработка со компанијата Sonatus и ќе биде демонстрирана на ...

Видео-снимка направена денеска во попладневните часови на магистралниот пат Заечар–Параќин покажува дека оваа делница е зафатена од силна снежна виулица, поради што сообраќајните услови се исклучително отежнати. Снимката ја објави Инстаграм-страницата 192_rs, со апел до граѓаните да не тргнуваат на пат без да имаат итна потреба во овој дел од источна Србија. Поради големите снежни наноси на коловозот, на возачите им се препорачува строго ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал со вселенскиот патријарх Вартоломеј, при што го информирал дека руската војска не ги прекинала нападите ниту за Бадник и Божиќ, кој денес се слави според грегоријанскиот календар, пренесуваат украинските медиуми. „За жал, руската војска дури ни за Бадник и Божиќ не ги запре своите брутални напади врз Украина, енергетскиот сектор и нашиот народ. Во многу наши градови и села нема електрична ...

Автомото сојузот на Македонија информира дека поради магла намалена видливост до 100 метри има на планинските премини Стража-Ѓавато и Крушево. „Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на патните правци Пехчево-Обозна-Берово и Суви лаки кој во мометов не се задржува на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, ...

На денешен ден пред 122 години, во Софија, е објавена книгата „За македонцките работи“ од македонскиот публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков – капитално дело што ја поставува основата на современата македонска национална и јазична мисла. Во време на силни политички и идентитетски притисоци, Мисирков со јасен, аргументиран и визионерски пристап ја афирмира посебноста на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската култура. ...

Во заедничката реакција се вклучени Германија, Белгија, Канада, Данска, Франција, Италија, Исланд, Ирска, Јапонија, Малта, Холандија, Норвешка, Шпанија и Обединето Кралство. Во заедничката изјава, објавена на веб-страницата на германското Министерство за надворешни работи, се наведува дека израелските постапки „не само што го кршат меѓународното право, туку и ризикуваат дополнително поттикнување на нестабилноста“ во регионот. Државите ...

Овие 4 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во првата недела од јануари 2026 година! Овие хороскопски знаци на почетокот на јануари ќе имаат судбоносно среќни денови – ако реагираат брзо и ја искористат шансата што им ја даваат ѕвездите, нивните животи ќе се променат целосно! Овие 4 хороскопски знаци веќе ги имаат најсреќните денови во првата недела од јануари 2026 година! БИК Најсреќниот ден според хороскопот на Бик ќе биде недела, 4 ...

„Посветени сме на мирот, безбедноста и просперитетот на нашиот континент“, изјави Мерц, кој важи за силен поддржувач на Украина. Тој додаде дека владата ќе ја исполни својата должност „со трпелива и упорна работа на унапредување на интересите на Германија“. „Потребни се трпение и упорност“ Осврнувајќи се на динамичната година, Мерц потсети дека по изборите во февруари ја презеде одговорноста за водење на најголемата европска економија. ...

По три одлични изведби, „Лилјакот“ ќе се изведе повторно на големата сцена на МОБ за вечер исполнета со музика, хумор и емоции, културно доживување што ја освои публиката и критиката. Македонската опера и балет со гордост ја најавува четвртата изведба на оперетата „Лилјакот“ (Die Fledermaus) од Јохан Штраус II, која ќе се одржи на 26 декември 2025 година. По две претходни изведби што предизвикаа бурни аплаузи, високи оценки од публиката и ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина и Соединетите Американски Држави постигнале консензус за неколку критични прашања насочени кон завршување на речиси четиригодишниот воен конфликт, но дека клучните и најчувствителни теми – територијалната контрола во источниот дел на земјата и управувањето со нуклеарната електрана Запорожје – остануваат нерешени. Зеленски ова го изјави во момент кога САД им презентирале на ...

Украинската војска соопшти дека 19 локации низ земјата биле погодени од руски дронови во текот на изминатата ноќ, во еден од посериозните воздушни напади во последните денови. Според информациите на украинското воено воздухопловство, од вкупно 116 руски дронови лансирани во текот на ноќта, 60 биле пресретнати или пренасочени со електронско попречување, додека 48 дронови успеале да погодат цели на територијата на Украина. Од украинската ...

Како што пренесе парискиот весник Le Monde на својата веб-страница, Зеленски синоќа во своето редовно обраќање изјави дека добил детален извештај од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров и од началникот на Генералштабот на украинските вооружени сили Андриј Хнатов, по нивните состаноци со американски претставници. Зеленски рече дека се подготвуваат нацрт-договори и дека одредени точки биле разгледувани за време ...

Соединетите Американски Држави во Обединетите нации соопштија дека ќе воведат и ќе спроведуваат максимални санкции со цел да му ги ускратат финансиските и економските ресурси на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. „Најсериозната закана за оваа хемисфера, за нашето непосредно соседство и за Соединетите Американски Држави доаѓа од транснационални терористички и криминални групи“, изјави американскиот амбасадор во ОН, Мајк Волц, пред ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
52%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
3.6
43%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
6.69
45%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
69%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1011
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.49
57%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 14ᴼ
3.6
58%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
68%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Злато

166450.52

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.57