Четвртото издание на фестивалот „Родни ритми“ ќе ги собере љубителите на бугарскиот фолклор на 7 ноември во Орландо, САД. Настанот, кој се одржува секоја година од 2023 година, го организира истоимената фолклорна танцова група, јавува БТА. Дани Берковски од групата изјави дека на фестивалот се поканети гости и танцови ансамбли од различни американски сојузни држави. Настанот се организира на волонтерска и добротворна основа. Танцовата група ...

Бугаринот Тома Џуниор Попов стана првиот француски натпреварувач во поединечна конкуренција што стигнал до финале на турнир од највисоката категорија „Супер 1000“, јавува БГНЕС. Во финалето, 27-годишниот Попов загуби од шестиот светски рекет, 36-годишниот Чоу Тиен-чен. „И покрај неизбежното разочарување, кога ќе ги погледнеме турнирот и целокупната слика, билансот е целосно позитивен“, изјави Попов. Негов најголем претходен успех во ...

Пожарот што избувна во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму соопштија дека веднаш по пријавата била воспоставена координација со сите надлежни институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и ефикасно на терен. Од ЦУК посочуваат дека директорот лично бил на местото на настанот, каде ја следел состојбата и ја координирал работата на службите. Иако ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Владата ќе продолжи со поддршка на развојните проекти во Скопје, најавувајќи дека до крајот на годината главниот град ќе добие нова комунална опрема и електрични автобуси. Тој го пофали градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оценувајќи дека за неколку месеци се постигнати значајни резултати во реализацијата на проекти кои претходно биле во застој. „За овие неколку месеци откако ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...

Димитар Иванов/Фактор На 23 јули левичарските сили во Бугарија одбележаа уште една годишнина од стрелањето на Никола Вапцаров. Комунистичката пропаганда го митологизираше и го претвори во најсветлиот симбол на неостварениот комунизам и во жртва на мракобесниот фашизам, каков што во Бугарија никогаш немало. Надвор од левичарската и русофилската пропаганда, за секој родољуб нема сомнение дека Вапцаров е антибугарин, бидејќи е ревносен ...

Меѓународниот фолклорен фестивал „Oро се вие“ годинава ќе се одржи во Босилеград од 27 јули до 2 август. Во текот на седумте фестивалски дена, градот ќе биде домаќин на изведувачи и љубители на традиционалниот фолклор од неколку балкански држави, јавува БТА. Директорот на Центарот за култура „Босилеград“, Воислав Божилов, за локалните медиуми изјави дека програмата ќе го претстави богатството на балканските фолклорни традиции преку народни ...

Повеќе од 200 граѓани вечерта на 25 јуни се собраа на плоштадот пред Културниот центар во Цариброд за да му дадат поддршка на Александар Васов и да испратат јасна порака дека во овој град нема место за говор на омраза и за меѓуетнички поделби, јавува ФАР.рс. Собирот беше организиран по обвинувањата што во изминатите денови беа упатени кон Васов во одредени медиуми блиски до власта. Граѓани и претставници на различни групи и организации од ...

Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе положија и претставници на Град Скопје, во ...

Русија во текот на ноќта изврши балистички напад врз Киев, при што беше погодена и станбена зграда, соопштија украинските власти. Нападот следуваше само еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои опасност од нов масовен ракетен удар врз главниот град. Според украинските медиуми, околу 00:23 часот по локално време во Киев одекнале повеќе експлозии, а непосредно пред тоа украинското воено воздухопловство ...

Повисоки сметки за данок на имот се очекува да добијат скопјани во наредниот период, затоа што Град Скопје, воден од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП врши репроценка на вредноста на имотот на граѓаните, нешто што според нив не е направено повеќе години. „Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадрат, а данокот да се плаќа на проценка од 1.200 евра“, тврдат од Град Скопје. Тоа е и една од причините зошто ...

Ви го претставуваме документарниот филм на бугарскиот новинар Иво Иванов и нашиот редовен колумнист Владимир Перев, снимен пред 25 години и посветен на хероите кои пред 119 години, на 14 јули 1907 г. останaле засекогаш на врвот „Ножот“. Христо Силјанов ги нарекол овие млади момчиња „витезите на Ножот“ и во нивна чест ги напишал безвременските зборови: „Тивко е на Ножот“, од своја страна пак авторите на документарецот ќе додадат „верувајте, на ...

СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат ...

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, а на третата интензивно се работи. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на ...

Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор. „Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече ...

Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ покажаа пресметките на проценителите по силното невреме проследено со дожд и ветар кој се движел со бризина од 134 километри на час во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова се пресметките на проценителите за штетите на институциите кои се под надлежност ...

Летната школа по словенска палеографија „Кирилометодиевско наследство: Кирилицата во средновековните јужнословенски земји“ ќе се одржи во Софија од 27 јули до 2 август, соопштија од Кирилометодиевскиот научен центар кон Бугарската академија на науките (БАН), кој е еден од коорганизаторите на иницијативата, пренесува БТА. Годинава ќе се одржи третото издание на летната школа. Секојдневните активности ќе се реализираат во неколку академски ...

Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...

Иван Николов/БГНЕС На 8 јули 2026 година, Европскиот парламент ја изгласа Резолуцијата за извештајот на Европската комисија за Србија за 2025 година, со 468 гласа „за“, 116 „против“ и 79 „воздржани“. Главните акценти во Резолуцијата се правата на малцинствата, демократијата, владеењето на правото и надворешната политика. Но, не само тоа. Внимателната анализа на Резолуцијата покажува дека таа, всушност, претставува силна европска порака до ...

Партијата на Бугарите во Србија реагираше на колумната на пратеникот и висок функционер на Српската напредна партија, Небојша Бакарец, оценувајќи дека тврдењата изнесени против Александар Васов од Цариброд се неосновани, политички мотивирани и потенцијално опасни за безбедноста на поединецот и за меѓуетничките односи, јавува Фар.рс. Во соопштението се наведува дека Бакарец го претставил Александар Васов како „великобугарски сепаратист“, кој ...

Во Цариброд, на 25 јули (сабота), ќе се одржи собир за поддршка на Александар Васов. Собирот е закажан за 18:30 часот на плоштадот пред Центарот за култура, јавува Фар.рс. Организаторите порачуваат дека нема да дозволат обиди за разгорување меѓуетнички поделби и ширење омраза. Собирот се организира по објавувањето на, како што наведуваат организаторите, невистинити тврдења и клевети на сметка на Александар Васов во одделни медиуми блиски до ...

Оловен печат на цар Симеон е пронајден за време на археолошки истражувања на манастирот на Георги Синкел во старата бугарска престолнина Велики Преслав, јавува БТА. На едната страна од печатот е прикажана Богородица со ореол и медалјон со ликот на Младенецот, со натписи на грчки јазик. На другата страна е претставен владетелот со круна и владетелска облека, со кугла со крст и царскиот знак лабарум. Кружниот натпис во превод гласи: „На Симеон ...

Бугарскиот премиер Румен Радев разговараше телефонски со американскиот секретар за енергетика Крис Рајт. Меѓу главните теми биле енергетската диверзификација во Југоисточна Европа преку подобрување на поврзаноста, изградбата на Вертикалниот гасен коридор и проектот за нови блокови во нуклеарната централа „Козлодуј“ со технологија од САД, јавува прес-центарот на бугарската Влада. Радев и Рајт разговарале и за изградба на големи центри за ...

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин, на која се разговараше за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно да обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот Мој термин. На средбата, на која учествуваа претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско здравство беше разговарано и за посебни алатки за пребарување ...

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи, информираат од таму, спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети ...

Новата унгарска влада предводена од премиерот Петер Маѓар започна институционална истрага за заемот од една милијарда евра што државната Ексимбанка ѝ го одобри на Северна Македонија за време на претходната влада на Виктор Орбан. Според Маѓар, предмет на проверка се условите под кои бил одобрен кредитот, економската оправданост на трансакцијата и можната злоупотреба на државни средства, пишува CIVILMEDIA. Премиерот Петер Маѓар соопшти дека ...

Никица Корубин Постои тема, која е клучна во секоја демократија, која функционира врз база на индивидуалната одлука на граѓаните – а, тоа е точната и навремена информација, односно вистината. Од неа зависи ставот на граѓаните, која како таква – како вистина – се подразбира дека треба да дојде од секоја форма на институционалност, но особено од оние кои постојат за пренесување на информациите, а тоа се медиумите. Но, информации како вистина, ...

Министерот за правда Јетон Шасивари имаше работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. Министерот ...

Општина Бутел достави 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Локалната самоуправа презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди вода за пиење, поради актуелната состојба со водоснабдувањето. Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до сите членови на Советот на општината, кои ја поддржаа оваа донација. Воедно, градоначалникот изрази посебна благодарност до општествено одговорните компании ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека шири лаги и манипулации за состојбата со водоснабдувањето во Велес, тврдејќи дека партијата објавила стар извештај кој не се однесува на градскиот водовод. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека извештајот што го објавила опозициската партија е од февруари 2025 година и се однесува на село Сливник во Општина Велес, кое не е поврзано со градскиот водовод. Од владејачката партија оценуваат дека со ваквите, како што велат, ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53