Скопјани 4 години секој ден живеат во хаос, преполни контејнери, нечисти улици и јавен превоз во колапс. Главниот град е во заложништво на неспособноста на ДПМНЕ и нивните кавги со Данела Арсовска. Прашањето е дали ДПМНЕ свесно го остава ѓубрето во Скопје на улица, изјави Јовица Јанковиќ од СДСМ. Според него, очигледно игрите со ЈСП и Комунална хигиена се политички пресметки врз грбот на скопјани. „Во Комунална хигиена четири години ...

Големиот број инфлагрантни коруптивни случаи што МВР ги откри во изминатата година покажуваат дека МВР има поинаков суштински пристап во бробата против корупцијата, но секако дека уште многу треба да се работи на оваа тема за да имаме значително намалување на корупцијата во Македонија. Сметам дека сме на прав пат, но не чека многу работа, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Прашан како МВР се справува со корупцијата, Тошковски ...

Владата веќе размислува за конкретни мерки за намалување на загадувањето во претстојната зимска сезона. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека денеска на владина седница ќе биде отворена оваа значајна точка. „За еден месец започнува грејната сезона. Денеска на владина седница ќе отворам значајна точка. Гасификацијата ќе трае подолго, затоа треба да разгледаме можност, како што субвенционираме клими и топлотни пумпи, да обезбедиме филтри на ...

СДСМ остро ја критикува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска поради, како што велат, целосен колапс во испораката на учебници за учениците во новата учебна година. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, посочи дека илјадници ученици низ државата се принудени да учат без учебници, а оние кои ги имаат, добиле стари, оштетени и неупотребливи материјали. Според СДСМ, родителите не треба да бидат принудени ...

Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица.По Апасиев, Крмов, Мојсоска, Мециновиќ, и Реџеп Исмаил брцнал во медот на Левица, инкасирајќи близу 300 илјади денари, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. – Врз кој основ Исмаил подигнал слични цифра на суми, изминативе години? Повторно поставуваме прашање во јавноста, дали можеби и Исмаил е сметководител ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на условната казна за докторката која призна злоупотреба на Клиниката за онкологија, изјави дека со такви одлуки, судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми. Па знаете, моите ставови за Обвинителството и Судството се многу пати кажани, многу пати разговарани и секогаш кога ќе зборуваат зошто доцниме во процесот на испорака на ...

Семејството на починатата Теодора Ристовска преку писмено сооопштение извеси дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово за двегодишната затворска казна за Менсур Пајазити. Обраќањето го пренесуваме во целост. „Ние, семејството на Теодора Ристовска, со длабока болка и бес ја известуваме јавноста: Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово, со која обвинетиот Менсур Пајазити ...

Југословенскиот и хрватскиот тенисер и тренер Никола Пилиќ почина во Риека во 87 година од животот објавија хрватските медиуми. Пилиќ ја освои титулата во двојки на Отвореното првенство на САД во 1970 година. Во текот на својата кариера освои четири титули во поединечна и шест титули во двојки. Како тренер, Пилиќ работеше со Србинот Новак Ѓоковиќ, Хрватот Горан Иванишевиќ и Германецот Михаел Штих. -Пилиќ беше таткото на Новак Ѓоковиќ во тенисот. ...

Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, го разреши својот заменик, Анди Махила, поради тоа што не почитувал забрана за пушење во ресторан. Синоќа во објава на официјалната страница на Фејсбук напиша дека одлуката за разрешување на заменик – министерот од функцијата ја донесла по добиена жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк. Во жалбата стои дека заменик-министерот Махила за време на посетата на САД пушел цигари во ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска е откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најпрестижните светски дистрибутери на документарни остварувања. Со тоа, првпат македонски филм влегува во глобалниот каталог на National Geographic и ќе биде достапен во над 170 земји, вклучително и на платформата Disney+. Покрај договорот со National Geographic, британскиот дистрибутер Dogwoof ги ...

Чарли Шин (60), некогаш најплатениот актер на американската телевизија, се врати во центарот на вниманието по шокантното интервју за австралиската емисија „60 минути“. Таму, додека ја промовираше својата автобиографија „Книгата за Шин“ и документарецот на Нетфликс, тој отворено зборуваше за најтемните моменти од своето минато. Шин откри дека во времето кога неговата зависност била на врвот, дури и останал без дрога бидејќи мексиканскиот картел ...

Министерот Муцунски во интервју за Сител ТВ од Њујорк говореше за билатералните односи со САД, втората сесија од стратешкиот дијалог и за интензивната политичка агенда во рамки на 80. Генерално собрание на ОН. Осврнувајќи се на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерот Муцунски посочи дека тој подразбира низа конкретни мерки насочени кон унапредување на односите меѓу двете земји. – На средбата во мај со државниот секретар ...

Јавното комунално претпријатие Белград (ЈКП) доби наредба денес да излезе на терен и да започне со поправка на патиштата оштетени за време на воената парада „Силата на единството“ во саботата во српскиот главен град. Членови на кабинетот на српскиот министер за одбрана и Секторот за инфраструктура и стандардни услуги вчера ја посетија рутата на парадата со претставници на Град Белград, Јавното комунално претпријатие Путеви Београда и ЈКП Белград ...

Цената на златото на светскиот пазар достигна нов рекорд, што обично се случува кога инвеститорите се исплашени и бараат ново засолниште. Од друга страна, берзите се на рекордни нивоа во исто време, што обично е знак на оптимизам. Ретко е цената на златото и берзанските индекси да бидат на рекордни нивоа во исто време. Имено, цената на унца злато е 3.757 долари, додека берзанскиот индекс S&P 500 минатиот петок затвори во минус од 0,49 ...

За училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати што ќе бидат ставени на веб-страницата на Педагошката служба. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека МОН тоа го побарало од издавачките куќи, тие ги доставуваат учебниците во ПДФ-формат и Министертсвото, рече, веќе ги поставува учебниците како ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката ...

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најдобар играч во НБА од страна на кошаркарски експерти. „ESPN“ спроведе анкета меѓу тренери, скаути и раководители низ целата лига. Тие веруваат дека 30-годишниот Србин е најдобриот играч во НБА и водечки кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната. Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер се пласираше на второто место, додека Лука Дончиќ од Лос Анџелес лејкерс ги заокружи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа промовираше недокажани, а во некои случаи и долго побиени тврдења за врска помеѓу лекот парацетамол, вакцините и аутизмот, а неговата администрација објави широка иницијатива за истражување на причините за комплексното мозочно нарушување, објавува АП. „Не земајте парацетамол“ „Не земајте парацетамол“, повтори Трамп на бремените жени десетина пати за време на невообичаено долгата и хаотична ...

Градскиот превоз во Скопје виси на конец, бидејќи иако вчера биле обезбедени околу 20 тони гориво за автобусите на ЈСП, тоа било доволно само за вчерашниот и денешниот ден. Од утре никој не гарантира дека возилата ќе излезат на улица. Иако граѓаните утрово повторно беа сведоци на хаос во превозот, каде што сообраќаа само приватните автобуси, а не и оние на ЈСП, засега нема закажана итна седница на Советот на Град Скопје за решавање на проблемот. ...

„Паднаа маските на Левица позади кои грчевито се обидуваа да се претстават кај народот како скромни и неподмитливи, додека од сметката на партијата испумпувале парични средства по разни основи и завршиле на личните трансакциски сметки кај тесното раководство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „По Апасиев кој над 700 илјади денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата и Мојсоска ...

Времето покажа дека нема значително зголемување на бројот на пријавени кандидатури од независни листи, рече претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, во интервју за „360 степени“ на МРТ. Кондарко посочи дека споредено со минатите локални избори што се одржаа во 2021 година, разликата во бројот на поднесени листи е минимална. Во 2021 година имало 27 политички партии, 7 коалиции и 91 независна листа од група избирачи, а ...

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанок на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените. Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова истакна дека иако Пекиншката декларација останува темел на борбата за родова еднаквост, напредокот е нееднаков, кревок и често реверзибилен. „Насилството врз жените останува ...

Фондацијата Гејтс ќе донира 912 милиони долари на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, објави Бил Гејтс, повикувајќи ги владите да ги запрат глобалните намалувања на средствата за здравство. Зборувајќи на настанот на Ројтерс Њузмејкер во Њујорк, Гејтс рече дека светот е на раскрсница и предупреди дека милиони деца би можеле да умрат ако средствата се намалат премногу. Донацијата на Фондацијата Гејтс е иста како во 2022 ...

Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет. „Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните, ние сме тука за ...

На денешен ден во 2013-та година почина Душан Љубисављевиќ, од популарното дуо „Дуле и Коки“. Штипјаните Дуле и Коки (Никола Јанков) пред дваесеттина години како студенти формираа дуо со кое на македонската забавна сцена донесоа многу песни меѓу кои и нивниот хит „Виолина и гитара“ со кој победија на Макфест 1997. Љубисављевиќ е роден во Штип на 29 мај 1974 година. Кариерата ја започнал заедно со неговиот другар Никола Јанков во 90-тите години ...

Кристијан Хорнер официјално го напушти Ред Бул откако беше постигнат договор за раскинување на договорот и пакет за отпремнина во вредност од 60 милиони евра, објави Би-Би-Си. Британецот (51) беше на чело на тимот од неговото основање во 2005 година и во тој период го водеше тимот до осум шампионски титули во конкуренција на возачи и шест во конкуренција на конструктори. Имаше годишна плата од 12 милиони евра, а неговиот договор беше важечки до ...

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, синоќа на гостување во ТВ21, рече дека се покаја што влегол во Европскиот фронт. Тој го нападна лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека не си го одржал зборот. „Јас се покајав што влегов во Европскиот фронт“, рече Тачи. Во емисијата, тој им се закани на ДУИ. -Ако отворат уста уште еден збор, тогаш на следен јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски. Кој, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, ...

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк упати предупредување до Русија, истакнувајќи дека НАТО ќе ги соборува сите авиони и ракети што ќе го нарушат воздушниот простор на Алијансата. „Ако ракета или авион без дозвола, намерно или случајно, навлезе во нашиот воздушен простор и биде соборен, а остатоците паднат на територија на НАТО, ве молам, не доаѓајте тука да се жалите. ...

На свечената церемонија во Париз за доделување на „Златната топка“, Ламин Јамал беше избран прв, во категоријата најдобар млад играч. Играчот на Барселона ја доби наградата „Копа“. Суперѕвездата на Барселона дојде во „градот на светлината“ за да ја прими главната награда за најдобар играч во светот, но на почетокот на вечерта ја доби истата награда што ја освои и минатата година. Така, тој стана првиот играч во историјата што ја одбрани оваа ...

Репрезентативецот на ПСЖ и Франција, Усман Дембеле, ја освои „Златната топка“, која ја доделува францускиот фудбалски весник „Франс фудбал“. Францускиот крилен напаѓач доби најмногу гласови во натпреварувањето во кое, меѓу другите, беа Ламин Јамал, Витиња, Рафиња и Мохамед Салах. Bravo Ousmane ! 🇫🇷#ballondor pic.twitter.com/7TA1oSpjub — Ballon d’Or (@ballondor) September 22, 2025 Аитана Бонмати е добитничка на Златната топка Шпанската ...

ВМРО-ДПМНЕ упатува сериозни обвинувања на сметка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и нејзината коалиција со СДСМ и ДУИ. Според партијата, поради неспособноста на Арсовска и неисполнувањето на финансиските обврски, Скопје повторно се соочува со ризик да остане без јавен превоз. „Данела Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека фирмата „Пуцко Петрол“, која ја ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1017
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
5.14
58%
1019
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
1.03
58%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
62%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.14
78%
1021
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.78
74%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
7.72
70%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
45%
1015
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
79%
1022
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
67%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.72
68%
1015
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209