Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од земјата. Предупредувања за сериозни до екстремни топлотни бранови се во сила во речиси секоја држава и територија освен во Квинсленд, а се предвидуваат високи температури за наредните денови, објавува Би-би-си. Предупредување од највисоко ниво Во државата Викторија е прогласена целосна забрана за палење оган ...
Зимскиот период традиционално носи бран на стомачни вируси, настинки и грип, особено по семејните собирања и празниците. Во такви околности, избегнувањето на зараза често изгледа како невозможна мисија. Сепак, според зборовите на д-р Сабин Донај, докторка по општа медицина и експерт за долговечност, постојат едноставни и научно поткрепени чекори кои можат значително да го намалат ризикот од потешко заболување. Додека лекарите секојдневно ги ...
Вообичаените конзерванси што се користат за зачувување на храната и продолжување на рокот на траење може да бидат поврзани со зголемен ризик од неколку видови рак и дијабетес тип 2, покажуваат две нови студии од Франција. „Ова се исклучително важни резултати за конзервансите кои широко се користат не само на францускиот и европскиот пазар, туку и во Соединетите Американски Држави“, изјави Матилд Тувије, главен истражувач на студијата ...
На планината Кораб, на границата меѓу Северна Македонија и Албанија, е откриен нов вид кокиче, кој научниците го класифицираат како критично загрозен и ендемски. Растителниот вид, со научно име „Galanthus subalpinus“, досега не бил документиран во научната литература и претставува значајно откритие за флората на западниот Балкан. Иако припаѓа на добро познатиот род „Galanthus“, деталните истражувања покажале дека станува збор за посебен вид. ...
Газдата на компанијата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули се пријави во затворот „Идризово“ за да почне да ја одлежува затворската казна од 10 години за страотната сообраќајна несреќа кај Ласкарци по превртувањето на негов неисправен автобус. Тогаш загинаа 16 патници, над 30 беа повредени. Директорот на „Идризово“ Зоран Јовановски потврди за СДК.МК дека Белули е в затвор. На 1 декември 2025, Белули кој требаше да тој ден влезе в затвор, доби уште ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се приклучи во подготовката на оброци за народните кујни на Скопската Епархија, во рамки на хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево. „Заедно со отец Оливер од хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево, подготвивме повеќе од 200 оброци кои ќе бидат распределени во пунктовите на народните кујни на Скопската Епархија. Мал гест, но со силна порака дека човечноста живее и дека ...
Регистрирани се 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип во периодот од 29 декември и 4 јануари, што е 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела кога бројот на пријавени лица бил 771. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со истата недела минатата сезона, кога бројот бил 331, е зголемен 5,2 пати, а во споредба со истата недела во последните 15 сезони, зголемувањето е 38,7 проценти, покажуваат ...
Роботската компанија „Boston Dynamics“ на саемот „CES“ во Лас Вегас претстави нова, продукциски подготвена верзија на хуманоидниот робот „Atlas“, демонстрирајќи пристап кој свесно се оддалечува од строгото имитирање на човечката анатомија. За време на настапот на сцената, роботот покажа исклучителна подвижност благодарение на зглобови кои овозможуваат непречена ротација од 360 степени. За разлика од класичните хуманоидни концепти, роботот ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се приклучи во подготовката на оброци за народните кујни на Скопската Епархија, во рамки на хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево. „Заедно со отец Оливер од хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево, подготвивме повеќе од 200 оброци кои ќе бидат распределени во пунктовите на народните кујни на Скопската Епархија. Мал гест, но со силна порака дека човечноста живее и дека ...
Одморот влијае на телото и психата побрзо и посилно отколку што досега се мислеше. Но, колку често и колку долго треба да патуваме за да почувствуваме реални здравствени придобивки? За многумина, најомилениот збор во календарот без сомнение е – одмор. Пакувањето куфери и едноставното заминување звучи примамливо, а позитивните ефекти од патувањата врз здравјето се познати со децении. Новото истражување објавено во „Journal of Applied ...
Поради обилните врнежи од дожд, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, Општина Гостивар, е тешко прооден. За состојбата се известени ЕЛС Гостивар и ПС Чегране, информираше Центарот за управување со кризи. Забележано е излевање на Лакавичка река во село Мало Турчане и на Сушечка река во село Горна Бањица, Општина Гостивар. За настаните се известени надлежните институции и службите за итно дејствување, кои ја следат состојбата на ...
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои спијат лошо имаат „мозочна возраст“ која е поголема од нивната реална возраст. Хроничното воспаление во организмот, предизвикано од неквалитетен сон, најверојатно игра значајна улога во овој процес. Иако врската меѓу лошиот сон и деменцијата одамна е позната, долго време не беше јасно дали лошите навики на спиење ја предизвикуваат деменцијата или, пак, лошиот сон е ран симптом на болеста. Ново ...
Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи Греам, по состанокот во Белата куќа. Како што пишува Политико, Сенатот би можел да гласа за тој предлог уште следната недела. Сенаторот од Јужна Каролина рече дека целта на санкциите ќе биде дополнително да се изврши притисок врз Москва да ја прекине војната против Украина. Зелено светло од ...
Во американскиот напад во кој беше соборен претседателот Николас Мадуро во саботата загинаа 100 лица, изјави синоќа венецуелскиот министер за внатрешни работи Диосдадо Кабељо. Каракас претходно не објави бројка на жртви, но војската објави список од 23 свои жртви. „Голем дел од безбедносните сили на Мадуро беа убиени ладнокрвно“ Венецуелските власти изјавија дека голем дел од безбедносниот контингент на Мадуро беше убиен „ладнокрвно“, а ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, на ист начин како што направија со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, верувајќи дека таквата операција би можела да влијае врз руското раководство. „Еве еден пример со Мадуро. Да, тие спроведоа операција. Сите ги видоа резултатите, целиот свет. Го направија тоа брзо. Па, нека спроведат ...
Компанијата „Lego“ ги претстави „Smart Bricks“, технолошки унапредена верзија на своите класични коцки кои вклучуваат светлосни и звучни ефекти, како и реакции на движење, со цел сетовите да станат поинтерактивни. Иако производителот оваа иновација ја опишува како голем исчекор, дел од јавноста и експертите веќе изразија загриженост, сметајќи дека новиот концепт би можел да ја наруши самата суштина на „Lego“ играта. Новата линија производи ...
Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во Украина, според полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. „Германските војници се стационирани во Полска со години како дел од разни мисии на НАТО“, рече Сикорски, заклучувајќи дека присуството на трупи на Бундесверот на полска територија нема да биде новост. Сикорски ја даде изјавата вчера по состанокот во ...
Иако патот до Копаоник преку Косово е значително пократок и побрз, македонските граѓани треба да бидат внимателни со патните исправи. Сведоштво на скопска фамилија укажува на сериозни проблеми на граничниот премин Јариње, додека друго возило од истата група поминало без никакви пречки, а дополнителна конфузија создава и навигацијата на Google Maps. За сите оние кои планираат патување од Македонија до Копаоник преку Косово, оваа информација ...
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“. Фиона Хил, тогашна ...
Минатиот викенд инвазијата беше и враќање во минатиот век и нов, единствено трампистички кошмар — кој допрва започнува. Доналд Трамп тешко дека е првиот американски претседател што погледнал кон југ и тргнал да освојува. Во текот на изминатиот век, не помалку од десетина негови претходници ја прифатија идејата дека демократијата и профитот во Латинска Америка се оддалечени само еден успешен државен удар. Но, специфичниот вид империјална ...
Платени алатки што „соблекуваат“ облека од фотографии со години постојат во помрачните агли на интернетот. Сега платформата на Илон Маск, „X“, ги отстранува бариерите за пристап — и ги прави резултатите јавни. Илон Маск не го запре "Grok", чет-ботот развиен од неговата компанија за вештачка интелигенција „xAI“, да генерира сексуализирани слики од жени. Откако минатата недела се појавија извештаи дека алатката за генерирање слики на „X“ се ...
Загатката гласи вака… „Што е тоа поголемо од Соединетите Американски Држави, најстудено на светот и го нарекуваат ‘земјата која спие’“? Тоа е и дом на најдлабокото езеро во светот, низ него течат некои од најголемите реки во светот. Сето тоа, но и многу повеќе, е Сибир – неверојатно пространство од тајги, степи, тундра, пермафрост и планини, кое истовремено воодушевува, но и плаши. Во овој текст тргнуваме токму таму, во неверојатниот Сибир! ...
Почина Јованка Јолиќ, контроверзна личност од социјалните мрежи позната по своите теории на заговор. Како што пишуваат српските медиуми, Јолиќ долго време била болна. Погребот ќе се одржи на 10 јануари во Белград. „Експертка за конспирологија“ Јолиќ, која се претставуваше како „стручњачка за конспирологија“, стана исклучително популарна на социјалните мрежи, не само во Србија, туку и во целиот регион. Својата „слава“ ја стекна промовирајќи ...
Кој град има најмногу цркви и храмови? Рим, Ерусалим и Истанбул се наметнуваат како можни кандидати, но, ако им се верува на легендите, титулата би му припаднала на место за кое веројатно никогаш не сте слушнале: градот Ани. Познат и како „Град на 1.001 црква“, се наоѓа на границата меѓу Турција и Ерменија, околу четириесет километри источно од турскиот град Карс. Иако не е познато кога е основан, првпат се споменува во записите на ...
Глобална трансформација е пред нас, истакна денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така почна 2026 година“, наведе Орбан во објава на Фејсбук. Тој рече дека најважната тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“, пренесува МТИ. Háború Ukrajnában, krízis Venezuelában. Forr a levegő ...
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за надворешни работи на Бугарија. „Не ме чуди, ги потврдуваат тезите дека Бугари во Устав не е единствено барање, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет. Но, ова се денови кога треба да простуваме, да се сплотуваме како нација. Како народ ќе сфатиме дека без ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на Министерството. Од МВР соопштија дека по завршување на постапката, јавноста ќе биде соодветно информирана за утврдените факти. Свештеник ги осветува новите ...
Од Украина, меѓу другото, се очекува да создаде услови младите мажи да ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина, наместо да заминуваат во европските земји, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц обраќајќи му се на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Економскиот капацитет ќе биде неопходна гаранција дека Украина ќе може уверливо да ја одврати Русија во иднина. Драг Володимире, сакам ова отворено да го кажам: тоа подразбира и ...
Истражување спроведено на 11.000 луѓе, нарачано од производителот на возови „Hitachi Rail“, покажало дека една третина од сите испитаници планираат во следните 12 месеци почесто да патуваат со воз. Се очекува во следните пет години уделот на патувањата со воз да сочинува 40 отсто од сите патувања на подрачјето на Европа. Железничкиот сообраќај расте, а со тоа доаѓа и отворање нови линии и воведување возови со сè подобра понуда за патниците. ...
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили. Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, ...