Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Задача на граѓаните е да го селектираат отпадот на соодветни места, велат од Министерството за животна средина по критиките на граѓаните дека градовите тонат во ѓубре. Тоа значи да не се фрла отпад по улиците и патеките, а оној отпад што треба да се рециклира да се фрла во соодветните канти. Што се однесува до проблемот со дивите депонии, од Министерството велат дека дел од вината имаат и несовесните граѓани, но и недоволната покриеност со ...
Шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази не ги коментира обвинувањата на премиерот Мицкоски дека како долг кон претходната влада, пред крајот на мандатот, го затворил предметот за модуларните болници иако во пожар во една од нив изгореа 14 луѓе. Од обвинителството велат дека остануваат на ставот дека нема да коментираат политички изјави. ВМРО ДПМНЕ и денеска на прес го обвинија Абази дека го спасува ...
Нов смртен исход од западнонилската треска. Почина 73-годишен пациент, кој три недели се лекувал на Клиниката за инфективни болести. Сериозната клиничка слика, но и придружните заболувања, придонеле за тешкиот тек на болеста. Ова е вкупно петтата жртва со лабораториски потврдена инфекција на западнонилска треска. , изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести. Д-р Цана вели дека речиси секој ден на клиниката има ...
Првиот долгометражен игран филм „ 17 “ на режисерката Косара Митиќ, снимен по сценарио на Митиќ и на истакнатиот хрватски сценарист и режисер Огњен Свиличиќ, прикажан во главната натпреварувачка програма за долгометражни играни остварувања, освои вкупно 4 награди на 32. Филмски фестивал во Сараево: Специјална награда за промовирање на родова еднаквост, престижната награда „Срцето на Сараево“ за најдобра актерка ја понесе Ева Костиќ за ...
Премиерот Христијан Мицкоски и Владата и оваа година продолжуваат со суровиот и нечовечен однос кон лозарите, кои среде берба се соочуваат со понижувачки откупни цени и огромен раст на трошоците за производство, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета на Тиквешкиот регион и средбите со лозарите. „За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан ...
По 5 години и голем број на докази, Абази го заштити Филипче со чување на предметот и доказите во фиоките на обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО. Еве зошто Филипче, кој треба да одговара за модуларните болници, Абази директно го заштити, рече на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, Артан Етеми, поранешниот економски директор на тетовската болница, кој беше осуден на ...
Градежна и земјоделска механизација прави засеци низ нивите за да огнените јазици не зафат куќи во атарите на струмичките села Баница и Водача. Пожарот избувнал попладнево. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели дека на терен се струмичките пожарникари, но на помош се повикани и пожарникарите од соседните општини, за да се стави под контрола огнената стихија, која што се шири брзо поради високата трева. Во ...
И македонските и странските возачи речиси подеднакво не ги почитуваат сообраќајните правила. Од почетокот на примената на системот „Безбеден град“ до денес се евидентирани над 310 илјади прекршоци, а нешто повеќе од половина ги направиле странци. По воведувањето на контролите на граничните премини, токму неплатените казни предизвикаа повеќечасовни задржувања на Табановц. Дека МВР денеска објави дека состојбата е нормализирана. Над 310 илјади ...
Додека Албанија ги исполни утврдените цели и го отвори патот за 61 милион евра од Европската Унија, Владата на ВМРО-ВЛЕН ја пропушти можноста да ја повлече траншата од 50 милиони евра од макрофинансиската помош на ЕУ. Рокот за овие средства истече на 2 август 2026 година. Властите ниту поднесоа барање, ниту ги исполнија потребните услови, се вели во соопштението од Алијанса. Албанија спроведува реформи и обезбедува милиони. Северна Македонија ...
Нов бран американски царини за широк спектар канадски стоки стапи на сила по прекинот во последен момент во трговските разговори. Најавувајќи го прекинот на преговорите кратко пред рокот во петокот навечер, канадскиот премиер Марк Карни рече дека ќе воведе реципрочни царини за американски стоки „долар за долар“. Тој ги нарече промените кои во последен момент ги предложи САД како „неправедни, неекономични и ја доведуваа во прашање ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е нов играч на Аталанта. Во Бергамо доаѓа на едногодишна позајмица од бундеслигашот Лајпциг. Елмас повторно се враќа во Серија А, овој пат во Бергамо. Сезоната 2026/27 ќе ја мине како позајмен играч од Лајпциг, а Аталанта ќе има опција да го откупи следното лето. Македонскиот репрезентативец има договор со германскиот клуб до јуни 2028 година. Аталанта ќе биде трет италијански клуб во ...
Партијата Алтернатива сè уште фигурира како активен политички субјект во Централниот регистар. Документите откриваат уште еден скандал: раководството на Алтернатива го сменило претседателот на партијата без да ги информира ниту членството, ниту јавноста, објави денеска ДУИ. Според податоците во Централниот регистар, претседател на Алтернатива е Зекирија Бериша, шеф на кабинетот на министерот Беким Сали. Кога е избран Зекирија Бериша за ...
Најмалку едно лице е загинато, а повеќе од 300.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија, бидејќи шумските пожари продолжуваат да горат илјадници хектари, соопштија официјални лица од двете земји. Седумдесет и осумгодишен маж почина во шпанскиот град Манисес, северозападно од Валенсија, во област погодена од шумски пожар, според локалната противпожарна служба. Жртвата имала намалена подвижност и била зафатена од пожарот во близина на ...
Мицкоски ја прогласи Македонија под ДПМНЕ за прва или втора во регионот по економски раст, без да каже ниту кој е тој ‘регион’, ниту според која споредлива статистичка серија го добил пласманот. Последните официјални податоци за првиот квартал од 2026 година се дека во Западен балкан сме четврти од шест земји, односно, пред нас се Косово, Албанија и Србија, се вели во денешното соопштение на Левица. Според партијата манипулација е обидот една ...
Заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година. На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците. Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски ...
МВР соопшти дека вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од село Лешок, тетовско откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар. Според МВР, вчера околу 20:21 часот се лишени од слобода и А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), ...
По усвојувањето на новиот Закон за игри на среќа, продолжуваме со неговата имплементација и дорегулација преку донесување на еден од потребните правилници – Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа – акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, ...
TikTok се согласи да плати 400 милиони долари на САД за да ја прекине тужбата во која се тврди дека нивната платформа ја нарушува приватноста на децата, што претставува една од најголемите спогодби досега за ова прашање. Договорот произлегува од тужбата од 2024 година од Министерството за правда под поранешниот претседател Џо Бајден, во која се тврди дека TikTok и нејзината матична компанија ByteDance собрале „огромни количини на податоци“ за ...
Бројот на загинати се искачи на 16 откако руски беспилотни летала нападнаа трговски центар во градот Кривји Рих во централна Украина. Во нападите во трговскиот центар, плус два други одделни руски напади во регионите на Миколаев и Харков, убиени се 21 човек, соопштија украинските власти. „Имаше експлозија зад мене. Експлозивниот бран ме фрли назад, паднав на колена, а потоа побегнав. Ме пресече од двете страни“, изјави Татјана Хивренко, ...
Претрес во Велес, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице, соопшти МВР. На 21.08.2026 во 13:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода М.З.(22) од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен ...
Под покровителство на Советот за регионална соработка (РСС), наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар студентски филм уште еднаш го истакна младиот филмски талент од Југоисточна Европа. Наградата и беше доделена на Réka Pinczés за филмот Unwellness, на свеченото доделување на наградите на затворањето на 32-иот Сараевски филмски фестивал (SFF). За новите филмски автори од регионот, ова претставува значајна можност да стекнат пошироко ...
Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје информира дека денеска, 22 август, поради високите температури е воведено и ограничување на брзината во железничкиот сообраќај. Железничкиот сообраќај се одвива редовно, но поради високите температури од 11 до 17 часот брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. Возовите ја намалуваат брзината при големи жештини главно поради ширењето на шините од високата температура. ...
Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% а пензиите за 325% просечната нето плата се намали за 1.163 денари. Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 проценти, соопштуваат од СДСМ. Според опозицијата за падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во празните ...
За пожарот кој се случи во модуларната болница во Тетово на 8 септрмври, на 10 септември 2021 година беше оформен предмет, кој потоа со години стоеше во фиока. Предметот за 19-те модуларни болници, кои беа поставени за време на ковид кризата, и каде во модуларната болница во Тетово животите ги изгубија 14 лица, а за време на Венко Филипче како министер за здравство, беше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, од криминалното ...
Почетокот на учебната година е период исполнет со радост за секое дете, но и со дополнителни трошоци за секое семејство. Со цел да им се олесни финансискиот товар на родителите, ВЛЕН, преку министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со попусти до 15 проценти за училишниот прибор. Во „училишната кошничка“ ќе бидат опфатени ранци, тетратки, моливи, маркери, блокови за цртање и ...
На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Оттаму додаваат дека e зголемен и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување ...
Најмалку 14 луѓе загинаа, а над 120 се повредени при удар на два руски дрона во трговски центар во градот Криви Рог, во централна Украина, соопштија локалните власти. Меѓу повредените има 22 деца, рече регионалниот гувернер, Олександар Хања. Украиснкиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „целосно циничен и подол“, наведувајќи дека вториот руски дрон го погодил трговскиот центар по половина час од првиот, со намера, како што ...
Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо, кој се развива над Тихиот Океан, веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја. Моќниот природен климатски феномен предизвикува раст на глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни метеорлошки настани, објавува BBC Weather. Со ефектите од климатските промени предизвикани од човекот, метеоролошката служба на Велика Британија оценува дека 2027 ...
Поради исклучително тешката состојба со пожарите, Србија го активираше Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, со што го стави на располагање сателитскиот систем за следење на огнената стихија, а побарана е помош и со летала со поголем капацитет за носење вода, вклучително и рускиот противпожарен авион „Иљушин-76“, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Тој посочи дека во моментов најтешка е состојбата во ...
Соединетите Американски Држави покажаа дека не го разбираат јазикот на дипломатијата, напиша претседателот на Одборот за национална безбедност и надворешна политика во парламентот на Иран, Ебрахим Азизи на Икс. Тој додаде дека САД ниту ќе ги укинат санкциите, ниту ќе ги ослободат иранските средства, ниту, пак, ќе запрат со „поморската пиратерија“. Азизи заклучи дека „историјата ќе покаже оти јазикот на силата ќе ги принуди САД не само да ...