Избирачките места се отворија во Казахстан на парламентарните избори, гласање за кое се очекува дополнително да ја зајакне моќта на претседателот Касим-Џомарт Токаев. Се предвидува дека владејачката пропретседателска партија Адилет ќе освои огромно мнозинство, а неколку помали партии лојални на Токаев исто така се очекува да влезат во парламентот. 73-годишниот Токаев – поранешен советски функционер и казахстански дипломат кој претходно ...

Под делумна контрола е ставен шумскиот пожар кај делчевското село Бигла. Пожарот во боровата шума го има предизвикано неодговорно лице кое во дворот на својот дом запалило гуми. Изгубил контрола врз огнот и се проширил кон високата борова шума. Ангажирани беа пожарникари, доброволци, вработените од Македонски шуми, Делчевските претпријатија и месното население, а од воздух се гаснеше и со ер тракторите. Директорот на Дирекцијата за заштита и ...

Утре почнува судењето на поранешниот вице-премиер Aртан Груби, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба, дело за кое е предвидена највисока казна од пет години затвор, согласно измените на Кривичниот законик од 2023 година. Иако на почетокот на годината имаше нови законски измени, се применува најблагиот закон кој важел по извршувањето на делото. Груби, доби обвинение за кривично дело со пониски казни во споредба со она за кое се ...

Актуелниот светски шампион Ландо Норис дојде до втората последователна победа сезонава во Формула 1, откако славеше на трката за Големата награда на Холандија. Зад него финишираше двоецот на Мерцедес, додека трката на патеката „Зандворт“ ја одбележа и опасното излетување на домашниот фаворит Макс Ферстапен. Возачот на Мекларен до победата дојде со 11,536 секунди предност пред Кими Антонели од Мерцедес, додека Џорџ Расел финишираше како трет, ...

ВЛЕН денес, наводно, откри дека трагедијата во Тетово бара институционална одговорност и дека на јавноста „ѝ се должи одговор“. Но, пред ВЛЕН да морализира за одговорноста и правдата, треба да им одговори на граѓаните: Каде бевте вие тогаш?, парашуваат од Алијанса на Албанците. Двајца од денешните лидери на ВЛЕН, Изет Меџити и Биљал Касами, беа дел од власта за која денес се преправаат дека немале никаква поврзаност. Покрај тоа, Изет Меџити ...

Голем шумски пожар беснее во близина на делчевското село Бигла. Гори борова шума, а пожарот околу 10 часот го има предизвикано неодговорно лице кое во дворот на својот дом запалило гуми. Изгубил контрола врз огнот и се проширил кон високата борова шума. Ангажирани се пожарникари, доброволци, вработените од Македонски шуми, Делчевските претпријатија и месното население. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов најави ...

Шар Планина под опсада на мотори и квадрицикли со кои се уништува природното богатство и се нарушува мирот и спокојот на дивите животни како и останатите посетители. Од Националниот парк бараат апелираат на совесност. Се надеваат на поголема помош од другите институции, а се смета дека треба да воведе и систем налик на Сејф сити. Наместо дестинација за што е можно повеќе посетители, Шар Планина на лето го губи препознатливиот лик, бидејќи ...

Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем и државата тоа го признава во предложената Национална стратегија за безбедност на сообраќајот 2026–2030. Анализата во документот покажува дека бројот на сообраќајни незгоди постојано расте. Во 2024 година се регистрирани 124 фатални незгоди и целта е да се преполови таа бројка, за четири години од сега. Намалување од педесет проценти е предвидено и кај вкупниот број на настрадани. ...

Скопска Апелација има уште 4 работни дена да донесе одлука за Талир 2 пред да застари на 31 август. Првостепената пресуда со која Никола Груевски доби ослободителна пресуда и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО ДПМНЕ судијката Даниела Алексовска Стојановска ја објави на 14 јули. На 5 август обвинителството поднесе жалба а ден подоцна Кривичен го испратил предметот во повисокиот суд кој треба да одлучи по жалбата Од информациите ...

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „18“ во село Арачиново се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42). ...

На место каде е дозволено да се вози 80, возел двојно повеќе. Полјак е приведен на граничниот премин Табановце, откако преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека возел со брзина од 164 километри на час. На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, ...

Пожар во атарот на делчевското село Бигла кое е од развиен тип, односно куќите се раштркани низ теренот, соопшти првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов. Ангажирана е тешка механизација од страна на тамошниот градоналаник. А двете лица кои се обиделе го изгаснат однот сега се однесени во боница бидејќи вдишале прекумерка количина на чад. Пожар во атарот на делчевското село Бигла кое е од развиен тип, односно куќите се раштркани низ теренот, ...

По светската премиера на филмскиот фестивал во Сараево, вечерва на фестивалот за креативен документарен филм „ МакеДокс“ ќе се одржи официјалната македонска премиера на првиот долгометражен документарен филм на Милчо Манчевски „ Добри луѓе“. Филмот е посветен на трагедијата во кочанската дискотека „ Пулс“, а ќе биде прикажан во главната натпреварувачка програма. А, по учеството на фестивалот во Шангај, утревечер во програмата „ Нови автори“ ...

Канада ќе возврати со контрацарини, „трговската“ војна меѓу Отава и Вашингтон ескалира. Челик, млечни производи, бела техника, електроника и земјоделска опрема. Ова се областите, во кои, како што најави канадскиот премиер ќе бидат воведени контрамерки, кои треба да стапат во сила на 8. септември. Тој не крие дека јазот е премногу голем по како што го нарече „лошиот договор“ со Вашингтон за слободна трговија. Јазот помеѓу партнерството и ...

Познати се финалистите на тенискиот турнир во Синсинати. Кај мажите за трофејот ќе играат Франсес Тијафо и Артур Фис, додека во женска конкуренција ќе гледаме американска пресметка меѓу Коко Гоф и Џесика Пегула. Артур Фис прв обезбеди место во машкото финале откако убедливо го совлада Флавио Коболи со 6-3 и 6-4. Фис освои 82 проценти од поените по првиот сервис и искористи три од четирите брејк-топки. За 22-годишниот Французин ова ќе биде ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија утре од 17:30 часот официјално ги почнува подготовките за втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. Во августовскиот ФИБА „прозорец“ нашата селекција ќе одигра еден натпревар, на гостински терен против Австрија. Селекторот Жозеп Марија Берокал повика 15 кошаркари на подготовките, а меѓу нив е и нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ. Играчот на Арис доби дозвола од ...

За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница. Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата како правно лице со парична казна, рече на денешната прес-конференција Миле Лефков, член ...

Две здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската. Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира. Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на одмор, среде кризи, рече на денешната прес конференција на СДСМ, Симона ...

На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка, информира Центарот за управување со кризи. Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го бранеше неодамнешниот меморандум за разбирање како најдобар начин земјата да се движи подалеку од она што го опиша како ситуација „ниту војна ниту мир“. Во говор објавен од државната агенција ИРНА рано денеска, тој рече дека членовите на Врховниот совет за национална безбедност на Иран веруваат дека меморандумот претставува најдобар можен договор врз основа на она што тој го опиша како достоинство, ...

По вчерашната реакција на ВЛЕН, очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Одговор не добивме. Пред трагедијата во која во Тетово загинаа 14 лица, нивниот молк продолжува, соопштува ВРЕДИ. Од партијата велат дека во меѓувреме, се отвораат уште повеќе прашања за начинот на кој Обвинителството дошло до заклучокот да ја затвори постапката за јавните набавки за 19-те модуларни болници. Ислам Абази, кој денес раководи со Обвинителството за гонење на ...

На 23.08.2026 во 00:05 часот на улица „Лазо Трпоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Д.Б.(31) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон член на неговото семејство, а потоа и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.08.2026 во 00:05 часот на улица „Лазо Трпоски“ во ...

Сè уште ни надоаѓаат морници кога ќе се присетиме на 16 март. Има родители што го мерат времето на пред и по тој датум, млади што носат спомени кои не смеевме да дозволиме да ги имаат на тие години, семејства на кои секој празник им е празно место на масата и цел народ кој точно го помни чувтвото, горчината на тоа утро. А додека Македонија сè уште учи како да живее со 16 март, Мицкоски облече бела кошула и отиде во Кочани да слави роденден и ...

Охрид како домаќин го одбрани трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, откако синоќа во големото финале во салата „Билјанини Извори“ го совлада Вардар. Тоа беше втора победа по ред на охриѓани над „црвено-црните“ во едно финале, откако пред една недела славеа и во борбата за трофејот на турнирот во Струга. Охрид го совлада Вардар со 29-27, а на полувремето имаше предност од 12-10. Тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, не можеше да смета на ...

Умерен земјотрес ја потресе источна Јапонија, вклучително и областа Токио, рано наутро во неделата, при што беа повредени повеќе од 30 лица, повеќето од нив полесно, соопштија официјални лица. Нема опасност од цунами. Според Јапонската метеоролошка агенција, земјотресот имал прелиминарна магнитуда од 5,9 степени, а неговиот епицентар бил во јужната префектура Ибараки со длабочина од 70 километри (42 милји). Геолошкиот завод на САД регистрирал ...

Пожарот во Струмичкиот регион е ставен под контрола информираат од Противпожарната единица. Во моментов гори на едно непристапно место кај Водоча. Инаку попладнево сите сили и од земја и од воздух се справуваа со огнената стихија меѓу селата Баница и Водоча и струмичката викенд населба Софилар. Спасени се куќи и викендици во населбата Софилар, а има и хоспитализирано повозрасни жители кои при гаснењето и штитејќи си ги своите домови и објекти ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека украинските напади предизвикале загуби, но дека нема да го свртат текот на војната. Во интервју за руската државна телевизија, тој рече дека украинските напади врз цивилни цели „предизвикуваат економска штета за земјата“ и, но дека „не е постигната пресвртница“ во конфликтот. Владимир Путин, руски претседател. Руските напади со беспилотни летала и ракети убија најмалку седум лица во ...

Земја во фокус на 17-тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е Шпанија, а програмата со современи шпански документарни филмови беше отворена на 21 август во Куршумли ан со проекција на филмовите „Роење птици“ на Ксавиер Марадес и „Амилкар“ на Мигел Еек. Изолиран за време на карантините поради ковид-19, во филмот „Роење птици“ Ксавиер ги снима хипнотизирачките летови на сколовранците над својот роден град во ...

Гори во Струмичко меѓу струмичките села Баница и Водоча и струмичката викенд населба Софилар. Спасени се куќи и викендици во населбата Софилар, а има и хоспитализирано повозрасни жители кои при гаснењето и бранејќи си ги своите домови и објекти вдишале повеќе чад. Заменик директорот на ЈП Македонски шуми, Кире Михаилов вели изгорени се пластеници, дворови, а пожарникарите, месното население и механизацијата на Општината попладнево не ...

Голем пожар избувна денеска на граничната област меѓу Босна и Хрватска, затворајќи го главниот автопат помеѓу Требиње во Босна и Дубровник во Хрватска, предизвикувајќи илјадници туристи да се вратат назад и да ја евакуираат областа. Неколку села околу малото гратче Иваница во Босна мораа да бидат евакуирани бидејќи пожарот се приближуваше кон домовите во областа. Според локалниот пожарникар, дел од добитокот бил зафатен од пожарот. Хрватските ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Цинк

3.76