Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Наместо по Законот за јавни набавки, околу 21 милион евра, најмногу пари од државата и локалните скопски буџети, и половина милион евра европски пари, за Скопје 2028-ма, Европска престолнина на културата, ќе ги дели 5-члена комисија за набавки, стои во предлог законот за владеачките пратеници. Комисијата ќе има претседател, и 4-ца членови, правник, економист, експерт за јавни набавки и член на посебно формирана фондација. Во предлогот законот ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување поради очекувани високи температури кои ќе ја зафатат земјава во периодот од 29 јули до 2 август 2026 година. Според најавите на УХМР, во следните денови ќе преовладува многу топло време, а во поголем дел од државата се очекуваат екстремно високи дневни температури. Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во најтоплиот дел од денот, да избегнуваат подолг престој на ...
Челичните конструкции на „ Македониумот “ во Крушево се поставуваат без наше одобрение и се спротивни на законот. Ова денеска за Телма го кажа Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство , откако вчера инспектори од Управата беа на терен, по реакциите во јавноста дека споменикот кој е симбол на вековната борба за слобода, е окован во решетки. Според директорката , тие дале решение само за прогласување на ...
Шумски пожар на грчкиот остров Парос повторно се разгоре во текот на ноќта и се прошири низ јужниот и југоисточниот дел на островот. Пожарникарите веќе втор ден се борат со повеќе огнени фронтови, а властите наредија евакуација на жители и туристи од десет области, објави „Јуроњуз“. #paros pic.twitter.com/09d8uTVMDu — Pierre james (@Pierrej76571631) July 28, 2026 Силните ветрови им го отежнуваат пристапот на копнените екипи, а пожарот се шири ...
До крајот на неделава водата во Гостивар ќе може да се користи за пиење и за подготвување на храна. Ова се очекувањата на министерот за здрaвство Сашо Клековски, кој информираше дека денеска се регистрирани 71 нов пациент. Според него, намалување на бројката е резултат на подобрување на водата во градскиот водовод и веќе неколку дена таа се хлорира соодветно. Параметрите се подобруваат, а министерот верува дека водата ќе биде безбедна до ...
Може да доцни поврат на ДДВ, пари за комунални услуги, исплата на тендери, државна помош, но политичките партии не смеат да трпат. Парите за нив се исплаќаат редовно. Податоците од алатката Отворени финансии покажуваат дека Министерството за правда на 2 јуни им ги префрли на политичките партии парите за државно финансирање. Партиите си поделија над 8,5 милиони евра, кои се распределуваат врз основа на изборните резултати. ВМРО-ДПМНЕ доби 151 ...
По бројните реакции во јавноста и кратко препукување на собраниската седница, предлог-законот за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ беше повлечен на вонредна координација на координаторите на пратеничките групи. Спорен е начинот на кој е предвидено да се управува со проектот и со јавните средства, преку посебна фондација која би била одговорна за реализацијата со посебни правила за јавни ...
Кривична пријава заработи Охриѓанка под сомнение дека измамила брачен пар, ветувајќи им дека ќе им обезбеди работни визи за странска држава. Од СВР Тетово соопштија дека против С.Ѓ. (41) од Охрид е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „измама“. Според информациите од полицијата, таа на сопружниците им ветила дека ќе посредува при обезбедување работна виза за странство, при што ги довела во заблуда. Надлежните ...
Премиерот Христијан Мицкоски утринава имал онлајн работен состанок со директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман посветен на Реформската агенда. „Ние сме единствена земја од регионот којашто работи за реформите до декември, барем така тие го кажаа. Ние остануваме посветени на таа испорака. Ќе направиме сѐ што зависи од нас. Нема да потпишуваме капитулации и бели листови ...
По најавата на германски БМЗ дека заминува од земјава се отвара шанса погонот во зоната во Скопје да не остане празен. Потенцијален инвеститор денеска пристигнува тука за да преговара за негово преземање, додека БМЗ ги прави последните подготовки за преселба во Полска, каде ќе продолжи со производството. Дали ќе се успее да се најде нов сопственик на објектот или уште еден производствен капацитет ќе ги затвори портите, ќе покаже исходот од ...
Високите температури, климатските промени, сушата и зголемената концентрација на веномите кај инсектите го зголемија и бројот на пациенти со убоди на Клиниката за токсикологија. Само во изминативе дваесет дена се евидентирани два случаи на пациенти кои биле каснати од пајакот Црна вдовица. 61 годишна жена која работела земјоделски работи во велешкото село Еловец примена на Токсикологија и 16 годишно момче од Радовишко. „Морам тука да истакнам ...
Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните. Скоро 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДС е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок од граѓаните. Венко Филипче и СДС свесно оставиле граѓаните бавно да се трујат само за да не изгубат политички поени, рече на денешната ...
Законот за Скопје – европска престолнина на културата 2028 година нема да се најде на дневниот ред на денешната 119. собраниска седница. Ова е компромисот кој на вонредната координација на претседателот на Собранието Африм Гаши и шефовите на пратеничките групи е договорен откако претходно опозицијата со процедурални забелешки не дозволи да се утврди дневниот ред. Договорено е законот да биде ставен на нова седница по летниот одмор на ...
Германскиот производител на автомобили „Бе-Ем-Ве“ (BMW) ќе укине 8.000 работни места ширум светот, јави германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на неименуван извор. Предвидено е намалувањето на работните места да се одвива преку флуктација на вработените и доброволно заминување. Кратењето на работните места ќе се одвива од октомври годинава до крајот на 2027 година, а ќе бидат опфатени сите вработени во Германија кои не се директно ...
Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Бесник Џемаили е избран за заменик претседател на ДКСК, функција што ќе ја врши шест месеци. Изборот на заменик претседател на ДКСК е извршен по принцип на ротација, а редоследот е утврден според азбучен ред на презимињата на членовите на ДКСК, појасни претседателот Адем Чучуљ. Мандатот на актуелната заменичка претседателка на ДКСК, Софија Спасова Медарска, завршува на 18 ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини отвори јавен повик за субвенционирање на приклучок на природен гас и набавка на котел на гас. Со мерката, како што соопшти Министерството, домаќинствата може да добијат субвенција до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас или за набавка на котел на гас. Рокот за поднесување на барањата е 31 октомври 2026 ...
Владата, на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи во државата до крајот на 2026 година. Вработувањето на вкупно 600 специјализанти беше предвидено со одлука во 2024 година. „По одреден застој се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. Тоа е одлука на Владата од 2024 година. Се доцнеше со ...
Т Арена официјално го започнува своето ново поглавје. Од денес, најголемата спортска сала во Македонија, којашто функционира во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, започнува да работи со ново име, нов визуелен идентитет и визија да биде водечка дестинација за најголемите музички, спортски и културни настани во земјата. Почетокот на новата сезона во Т Арена ќе биде одбележан со голем музички настан за сите граѓани, посветен на ...
Со два милиони евра грант од Европската Унија (ЕУ) се воведуваат паметни граници, граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани, најавија од Царинската управа на Македонија. „Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура, со што се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската Унија во ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза. Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Со камион – влекач со ...
Шемата на Али Ахмети е пробиена. Гајле нема ни за правата на Албанците, ни за Охридскиот договор, а уште помалку за правичната застапеност, која, патем, имаше цели 25 години да ја претвори во законска гаранција, реагираат од ВЛЕН. Според партијата вечните фотелјаши од Мала Речица имаат само една цел во глава. Да блокираат сè што е во корист на Албанците, а со таквата политика да ѝ одат нарака на македонската десница и да ја обезвреднуваат ...
Потврдени се нови три случаи на вектор преносливите болести кои до вчерашниот ден не беа потврдени, рече Сашо Клековски, министер за здравство, на денешната прес-конференција. „Два се на Инфективната клиника, еден на Неврологија. Тој на Неврологија е потврден само на еден од тестовите. Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести е дека, настрана случаите што се поврзани со Грција, има дефинитивно ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) смета дека новиот предлог закон за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата за 2028“ не е проблем. Добри практики за вакви проекти постојат низ Европа. Проблемот настанува кога речиси секој закон кај нас секој се претвора во алатка за местење тендери, криење од јавноста и концентрирање на моќта во неколку партиски раце. Додека устите им се полни со „борба против криминалот“, ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски денеска беа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, во увид на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава. Министерот Мисајловски порача дека инвестициите за подобрување на инфраструктурата во Армијата продолжуваат со засилено темпо. „Последните недели ...
На 28.07.2026 во 04:20 часот пред ноќен клуб на бул.„Железничка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(19), А.М.(19), Б.Т.(18), М.С.(19) и Е.И.(18), сите од Охрид, од една страна и М.М.(19), А.Л.(19) и И.С.(19), сите од Кочани, од друга страна. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид. На 28.07.2026 во 04:20 часот пред ноќен клуб на ...
Вчера (28.07.2026) во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со „СУП“ даски пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош. Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, ...
Maglaj Spirit Weekend не е само фестивал. Тој претставува платформа што преку културата ги обединува младите лидери, уметниците, активистите, претставниците на институциите, меѓународните организации и локалните заедници, создавајќи простор за нови пријателства, идеи и регионална соработка. Кога минатиот петок вечерта се изгаснаа светлата над средновековната тврдина во Маглај и на платното се појави првиот кадар, стотици посетители седеа рамо ...
Регистрирани се 71 нови случаи на прв контакт, бројка што е во рамки на инциденцата што беше пред прогласување на епидемија, значи меѓу 50 и 100 случаи дневно, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски за епидемиолошката состојба во Гостивар во последните 24 часа. „Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Формален крај на епидемија мора да има само кога, врз основа на епидемиолошките анкети, ќе се утврди дека повеќе нема случаи ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против три лица кои се сомничат за кривичните дела „давање награда за противзаконито влијание“, „примање награда за противзаконито влијание“ и „примање поткуп“. При претресот на полициски службеници кај второ и третопријавените се пронајдени и одземени парични средства во износ од 65.280 евра 29.840 франци и 161.500 денари. Пријавената А.Т., како студент на ...
Уште една странска компанија ја затвора својата инвестиција и ја напушта Северна Македонија. За само две години, три американски и германски инвеститори донесоа одлука да го прекинат или да го преселат своето производство, што претставува сериозен удар за економијата и за вработените, реагира ДУИ. Ова веќе не може да се претставува како изолиран деловен случај. Инвеститорите гледаат држава без јасна европска перспектива, со испразнет буџет, ...