Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Додека во Собранието од денес влегува во постапка Предлог-законот за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, кој предвидува и основање на Фондација, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веќе го назначи екс директорот на МРТ, Марјан Цветковски за директор на Фондација која правно сè уште не постои, регираат денеска од Левица. Велат дека ова назначување го отвара наједноставното, најлогично, но и најсуштинско прашање: врз основа ...
По Скопје 2014 сега нов начин на крадење пари измисли ВМРО-ОКГ: Скопје 2028. Класична легализација на корупција. Криминалната организација ВМРО повторно се обидува да протне закон со кој ќе ги заобиколи правилата за јавни набавки и ќе отвори простор за нови милионски тендери без контрола, пишува со соопштението на СДСМ. Подготвиле закон со кој 21 милион евра јавни пари ќе можат да се трошат без примена на Законот за јавните набавки, без ...
По најавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека сите средношколци од прва година во скопските средни училишта ќе добијат бесплатни униформи, повторно се отвора прашањето дали униформата може да биде решение за намалување на социјалните разлики меѓу учениците. Поддржувачите на идејата сметаат дека униформата создава еднаквост, дисциплина и чувство на припадност кон училиштето, додека критичарите велат дека облеката е дел од личниот израз ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието на Република Северна Македонија веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, поднесен од група пратеници. Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – ...
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин „Богородица“. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), времето на чекање за преминување на границата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат возачите да управуваат внимателно, да ...
Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 ...
Шпанија е најсилно погодената членка на Европската Унија (ЕУ) од пожари оваа година во однос на големината на земјата и уделот на изгорена површина. Податоците на Коперникус, европска програма за набљудување на Земјата, покажуваат дека огнот уништил повеќе од 200.000 хектари што претставува околу 0,4 проценти од шпанската територија, пренесува Еуроњуз. Со пожари се бори и соседна Португалија која со 0,3 проценти изгорена територија е на второ ...
Најмалку 13 лица се загинати во земјотресот со јачина од 7,1 степен што ја погоди околината на Кумамото додека продолжува потрагата на спасувачките екипи по преживеани под урнатините, изјави премиерката на Јапонија, Санае Такаичи. „Сè уште има луѓе кои чекаат да бидат спасени и ова е трка со времето. Ќе ги искористиме сите расположливи средства на терен за да спасиме и извлечеме што е можно повеќе луѓе“, изјави Такаичи во Токио. Земјотресот ...
Бугарската гранична полиција евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав. Бродот, што пловеше под знаме на Швајцарија, требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода. По евакуацијата на патниците, на брод останале 52 членови на екипажот. Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон Видин, ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе избира заменик-претседател. Покрај изборот на заменик-претседател, членовите на ДКСК на 37-та седница ќе разгледуваат и предмети од нивна надлежност, како и прашања и предлози. На дневен ред е и постапување по предмети поднесени од укажувачи. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе избира заменик-претседател. Покрај изборот на заменик-претседател, ...
Јапонската полиција уапси музичар од Кјото под сомнение дека повеќе од седум години ги вознемирувал соседите со гласно свирење на гитара и пуштање музика. Шеесет и едногодишниот Казунори Јокои наводно од 2019 година свирел на десетина гитари и пуштал радио и гласна музика со што, според наводите на полицијата, го нарушувал сонот и здравкето на своите соседи, пренесува „Тајмс оф Јапан“. Три лица на возраст од 60 до 80 години пријавиле дека ...
Вардар го заврши настапот во европските купови, откако по голема драма и продолженија загуби со 5-2 на гостувањето кај Рига во реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Летонскиот тим се пласира понатаму со вкупен резултат 8-4. „Црвено-црните“ беа на чекор до голем подвиг, иако речиси целиот натпревар го одиграа со фудбалер помалку. Давид Бабунски во 17-тата минута го доведе Вардар во водство, но само две минути подоцна ...
Извршниот одбор на Народната банка (НБ) одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25 проценти. Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. Во јуни НБ ја зголеми основната каматна стапка од 4 на 4,25 проценти. „Движењата на девизниот пазар од почетокот на мај се стабилни, но и натаму има повисока побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, ...
Актерот, писател и музичар Игор Џамбазов е годинашeн добитник на престижната награда „Васил Иљоски“, што Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ја доделува за особен придонес во театарската уметност. „Со особена чест и задоволство, Фестивалот и Советот на фестивалот „Денови на комедија 2026“ ја доделуваат престижната награда „Васил Иљоски“ на Игор Џамбазов, истакнат актер, писател, музичар и еден од ...
Специјалната известувачка на Обединетите Нации за окупираните палестински територии Франческа Албанезе повторно ги повика државите да ја прекинат трговската размена со Израел и да воведат ембарго на испораките на оружје. „Веднаш прекинете ја трговската размена со Израел. Веднаш воведете ембарго на оружје“, изјави Албанезе. Нејзината порака доаѓа по изјавата на поранешниот израелски амбасадор во Франција кој ја повика јавноста да признае дека ...
Дваесет и тригодишен маж е обвинет за серија намерно предизвикани пожари во департманот Вар, на југот на Франција, соопшти обвинителството во Драгињан. Пожарот кај Гро Бесијон, во департманот Вар, сè уште не е ставен под контрола, пренесува телевизијата БФМ. Дваесет и тригодишниот маж е обвинет за повеќе намерно предизвикани пожари во местата Брињол, Кабас и Ван-сир-Карами, соопшти заменичката обвинителка во Драгињан, Лоранс Барикан. ...
Националниот парк Шар Планина соопшти дека, во координација со надлежните државни институции, започнала демонтажата и изнесувањето на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ во долината на Лешница, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор кон обновување на природниот екосистем. Од НП Шар Планина посочуваат дека токму на Светскиот ден на заштитата на природата сакаат да испратат порака дека природата се штити со ...
Сите граѓани кои имале здравствени проблеми или почувствувале тегоби, треба да поседуваат медицинска документација, извештаи, извршени анализи, отпусни писма, како и да ги чуваат фискалните смеки за паричните издатоци кои што ги имале во однос на терапија за лекување, со цел да можат да ги користат во евентуалната постапка за надомест на штета, рече Андријана Марковска од македонското Здружение на млади правници, во денешното Телма интервју ...
Попладнево избувна пожар во велешката месност „Дорутовец“ на влезот во Велес. Поради силниот ветер и опасноста огнот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два авиона „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен интервенираат пожарникари од ТППЕ Велес со две противпожарни возила и шестмина пожарникари, а во гаснењето се вклучени и месното население од село Чалошево, ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во изминатиот период е забележана појава на нови фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки, како што додаваат од МВР, наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила, како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат ...
Вкупно 10 лица се повредени, меѓу кои две деца, во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Охрид, во близина на селото Другово. Несреќата се случила вчера попладне, сите лица се пренесени во Медицинскиот центар во Кичево каде се констатирани повредите. „На 27.07.2026 во 13:35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на с. Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ...
Роберто Манчини се враќа на клупата на италијанската фудбалска репрезентација. Искусниот стратег по вторпат ќе ги предводи „аѕурите“, само еден ден откако пропадна назначувањето на Андреа Пирло за нов селектор. Манчини ќе го наследи Џенаро Гатузо, кој ја напушти функцијата во април по елиминацијата од Босна и Херцеговина во баражот за Светското првенство. Италија со тоа го пропушти третиот Мундијал по ред. Шеесет и едногодишниот тренер ги ...
Повеќе луѓе загинаа во уривање на трговски центар по земјотресот со магнитуда од 7,1 степени што го погоди островот Кјушу, пренесува ТВ Асахи, повикувајќи се на полициски извори. Претходно беше објавено дека итните служби не успеале да воспостават контакт со 20 до 30 вработени во трговскиот центар. Еон Мол е делумно уништен во експлозија по земјотресот. Трговскиот и забавен комплекс беше повторно отворен минатиот месец по обновата од ...
Протоколите од Договорот за добрососедство со Бугарија не се дел од Преговарачката рамка со Европската унија, е став на премиерот, Христијан Мицкоски, според кого тоа е став и на целата влада. Изјавата на Мицкоски дојде како потврда на ставот на шефот на диломатијата, Тимчо Муцунски, кој во петокот рече дека во содржината на Преговарачката рамка нема ниту експлицитна, ниту имплицитна одредба поврзана со моментот на влегување во сила на ...
Полицијата се уште не ги открила двајцата вандали кои ноќта петок кон сабота го исчкртаа со навредливи пораки влезот на Културно Уметничкото друштво „Српски Вез“ во Центарот за култура во Куманово. „Ве информираме дека СВР Куманово интензивно работи на расчистување на случајот по што соодветно ќе ја известиме јавноста“, ни одговорија од полицијата. Снимките кои ги објави министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ покажуваат како две ...
Пет пациенти со потврден вирус западно-нилска треска во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника, додека за тројца кај кои е засегнат централниот нервен систем се уште се чекаат резултатите од Институт за јавно здравје. Сите пациенти се на возраст над 60 години. Во одредени случаи западно-нилската треска може да биде без симптоми и лесна клиничка форма, но може да биде и невроинвазивна, со вирусно воспаление на мозокот и мозочните ...
Последната поголема интервенција на водоводната мрежа во Гостивар била направена на 7 мај годинава, открива интернет порталот на јавното претпријатие Комуналец. Гостиварчани биле предупредени дека од 7 до 19 часот нема да имаат вода за тоа што поради работи на Коридор 8 од Бехтел и Енка ќе се преместува главната водоводна цевка. Дел од луѓето кои се обратија до Телма велат дека се сомневаат дека проблемите тогаш се зголемиле. „Поради градежни ...
Сè уште постои висока неизвесност и ризици за разгорување на инфлацијата, соопшти Народната банка, која одлучи да ја задржи актуелната основна каматна стапка на ниво од 4,25%. Во јуни инфлацијата забави на 3,4%, но според Народната банка тоа делумно е резултат на високата споредбена основа од минатата година. –Инфлацијата и натаму е на релативно повисоко ниво, а увозните цени сѐ уште се високи и нестабилни, во услови на одолжена неизвесност ...
Македонските граѓани со постојан престој во Италија се соочуваат со проблем бидејки не можат да ја заменат македонската возачка дозвола со италијанска. Тоа значи дека за добивање локална дозвола треба повторно да полагаат, што за некои од нив претставува ризик да останат без работа. Дел од туристите пак не можат да изнајмат автомобил без меѓународна возачка дозвола, додека иселениците повеќе не можат директно да ја заменат македонската ...