Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Државниот завод за ревизија изрази мислење со резерва за финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2024 година. Во конечниот извештај се наведува дека се утврдени слабости во материјалната и сметководствената евиденција, како и пропусти во постапките за јавни набавки и управувањето со имотот. Ревизорите констатирале дека пописните листи не содржеле вредносни показатели, ...
Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење, соопшти Царинската управа. Како што ...
Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно зголемување од приближно 12,2%, се вели во реакцијата на Левица. Од таму ...
СДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар. Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар. СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса, вели владеачката ВМРО – ДПМНЕ. Според нив ...
Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го посети регионот Жиронд и ги пофали екипите за итни случаи кои се борат со големите пожари во југозападна Франција. Макрон рече дека шумскиот пожар во соседниот департман Ланд е ставен под контрола, додека условите во Жиронд остануваат „многу тешки“. „Се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале“, им рече Макрон на новинарите во Бордо. Тој рече дека пожарникари од цела Франција, околу ...
Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена. Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да се случи, посочи Трамп одговарајќи на прашањето колку долго ќе траат преговорите, рече Трамп. Тој наведе ...
Уставните измени во оваа форма како што сега се бара нема да се случат, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Да разговараме. Јас сум подготвен да разговарам со секого секаде. Јас не сум секундант за да ви кажам до кога. Додека е потребно за да се најде решение коешто ќе биде одржливо и коешто ќе нè однесе до крајната цел. А во меѓувреме ќе испорачуваме со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живот и така ...
Мицкоски денеска изјави дека за состојбите во Гостивар се консултираат со експерти и дека партиите не треба да шират хистерија. После толку дена пинг-понг, префрлање одговорност и признанија од министерот за здравство – сега одеднаш се потребни експерти?, прашуваат од СДСМ. Велат дека во нормална држава експертите и институциите што ги има државата би биле прашани од првиот ден. Не Мицкоски да објаснува и да глуми експерт за вода. Не Орце со ...
Голем шумски пожар во францускиот регион Жиронда се приближи на околу 15 километри од градот Бордо, поради што локалните власти се подготвуваат за можни нови евакуации. Градоначалникот Томас Казенаве предупреди дека се разгледуваат сите сценарија и дека се подготвуваат капацитети за сместување на голем број жители доколку ситуацијата се влоши. Француските пожарникари се соочуваат со, како што велат властите, „невидена“ ситуација, додека ...
Водата во скопското населено место Булачани не смее да се користи за пиење, информираат од ЈКП „Гази Баба 2007“. Според официјалното известување, земениот примерок отстапува од критериумите за безбедност и квалитет на вода за пиење, а се претпоставува дека причината се обилните поројни дождови, велат од СДСМ. Според партијата ова е најновиот случај со проблеми со квалитетот на водата, по пријавените ситуации во Гостивар, Крушево и Маврово, ...
Од ноќеска одново поскапуваат горивата и тоа бензините за 3, а дизелот за 4,5 денари. Тоа значи дека Еуросупер 95 ќе се продава по цена од 93 денари, Еуросупер 98 за 95 денари, а литар дизел ќе чини 98,5 денари. Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика посочува деа берзанските цени на нафтата веќе се приближуваат кон зоната на неиздржливост, а тоа изнудува потреба од државна интервенција. „Владата рече дека ќе одлучува на крајот ...
Усвоен е дополнетиот ребаланс на буџетот. Вкупните приходи се проектирани на скоро 6,2 милијарди евра, а расходите 6,9 милијарди евра. Тоа значи дека дефицитот ќе надмине 750 милиони евра, што е значително зголемување од претходно планираните. Ревидиран е и економскиот раст, кој сега се очекува годинава да биде 3,5%. Министерката за финансии образложи дека ребалансот е одговор на предизвиците што ги носи неизвесноста на глобално ниво, но го ...
Свирежи, нетрпеливост и намуртени лица не дочекаа утрово на граничниот премин Богородица, откако почна штрајкот на грчките царинински служби. Ова предизвика колапс на граничните премини, особено на оној кај Гевгелија, кој е и најфреквентен. – Непрегледни колони возила се создадоа на граничниот премин Богородица-Евзони за излез од државата. Повремено се пуштаат одреден број возила, но, тоа е недоволно за да се расчисти гужвата. Меѓу патниците ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со новиот британски премиер Енди Бурнам во поморската база во Портсмут, при неговата прва официјална посета на Обединетото Кралство по стапувањето на Бурнам на функцијата. Зеленски изрази благодарност за силното партнерство и нагласи дека односите меѓу двете земји се посилни од кога било до сега. Бурнам порача дека промената на владата нема да значи промена во британската политика ...
Процесот на идентификација на починатите босанско-херцеговски планинари на Кавказ е завршен, а телата на починатите се препознаени од преживеаните членови на експедицијата во Зеница. Сега ќе следи обдукција, по што треба да се организирање на транспортот на останките во Босна и Херцеговина, oбјави avaz.ba. Тешката задача за идентификација на починатите колеги ја презедоа планинарите кои ја преживеаја трагедијата, Харис Адиловиќ и Кемал ...
Девет лица, меѓу кои и две деца, биле хоспитализирани по труење со салмонела откако јаделе во таверна во атинската населба Перистери. Кај пациентите се појавиле тешки симптоми на гастроентеритис, по што биле пренесени во Државната општа болница во Никеја. Лекарските анализи потврдиле инфекција со салмонела. Според претседателот на Федерацијата на вработени во јавните болници на Грција, Михалис Јанакос, сите девет пациенти добиле соодветен ...
Шумските пожари и натаму беснеат во околината на Мадрид и во регионот Валенсија. Видеоснимки од воздух беа објавени од шпанската Цивилна гарда. Властите продолжуваат со напорите за локализирање на огнената стихија. Поради опасноста, евакуирани се околу 79.000 жители, додека уште 30.000 лица добиле наредба да останат во своите домови. Службите за итни случаи се на терен и ги следат условите во погодените подрачја. Според министерката за ...
Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлогот истакна дека тој претставува навремено и одговорно ...
Цената на нафтата бележи значителен пад откако САД и Иран ја прекинаа размената на напади, што ги зголеми надежите дека конфликтот би можел да се решава по дипломатски пат. Цената на суровата нафта „брент“ се намали за повеќе од 9 отсто и падна под 88 долари за барел. Пазарите позитивно реагираа по информациите дека нападите се прекинати за да се создаде простор за преговори. Претходно, ескалацијата на конфликтот и нарушувањата во пловидбата ...
И покрај привремената пауза во американските воздушни напади врз Иран, безбедносната состојба на Блискиот Исток останува нестабилна. Саудиска Арабија соопшти дека соборила беспилотни летала насочени кон нафтени објекти, додека слични инциденти беа пријавени и во Јордан и северен Ирак. Според саудиските власти, дроновите биле лансирани од Ирак од вооружена група поддржана од Иран. Mеѓувреме, јеменските Хути презедоа одговорност за напади врз ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражни постапки против четири лица осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции. Кај осомничените, во одделни полициски акции спроведени за време на викендот, биле пронајдени поголеми количини дрога и опрема за нејзино мерење и пакување. Во една од истрагите се опфатени татко и син, кај кои во дом во Скопје биле откриени околу пет ...
Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ во саботата ѝ одреди притвор до 30 дена на државјанката на Северна Македонија, Сашка Стојановски (43), поради основано сомнение дека еден ден претходно сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, дознава „Вијести“. Претходно, Основното државно обвинителство (ОДТ) во Улцињ ѝ одреди притвор до 72 часа и поднесе предлог до Основниот суд во Улцињ за притвор поради ...
Од први август ново поскапување на парното. Најголем дел од потрошувачите ќе добијат повисоки сметки за скоро 6 отсто. Железаркото пак поскапива за нешто над 5 отсто, а оние кои се приклучени на мрежата на поранешно Скопје Север ќе добијат зголемување на цената од 3, 6 проценти. Пресметката на регулаторите покажува дека за стан од околу 60 квадрати, фактурата ќе биде повисока за 140 денари. Во носењето на одлуката за цената клучен фактор е ...
Од први август ново поскапување на парното. Најголем дел од потрошувачите ќе добијат повисоки сметки за скоро 6 отсто. Железаркото пак поскапива за нешто над 5 отсто, а оние кои се приклучени на мрежата на поранешно Скопје Север ќе добијат зголемување на цената од 3, 6 проценти. Пресметката на регулаторите покажува дека за стан од околу 60 квадрати, фактурата ќе биде повисока за 140 денари. Во носењето на одлуката за цената клучен фактор е ...
Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците, Сабетим Ќеркези е осомничен дека примил награда за да помогне во полагање на стручен испит за стоматолог. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) дошло до докази против Ќеркези преку екстрахираните податоци од одземените мобилни телефони во истрагата за ботоксите. „Според досега прибраните докази, во декември 2025 година, осомничена опфатена во истражната ...
Алмир Даути од денеска е назначен за нов ве де директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар. Оваа информација ја потврдуваат од Општина Гостивар, а Даути во комуникација со Телма побара време за да одговори на дел од отворените прашања во врска со реализација на проектот „Водоснабдување на Гостивар II – SECO II“. „За сега имате соопштение од Јавното претпријатие, мене ми е прв ден денеска како ВД, имаме многу обврски па ако може да ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки. Во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде, тој почнал агресивно да ја обвинува дека таа не успеала да ...
Гостиварски „Комуналец“ реагира. Телма и другите медиуми да објавуваат прилози за состојбата со реализацијата на проектот „Водоснабдување на Гостивар II – SECO II“, но да проверува факти. Вината дека проектот, кој чинел повеќе од 7 милиони евра, не е функционален ја префрлаат на јавното претпријатие „Државни патишта“. Проблем биле 600 метри од трасата кои требало да се поврзат, но за тоа било неопходна согласност од ЈПДП која ја побарале уште ...