Доналд Трамп, изјави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и другите милитантни групи во Појасот Газа. Договорот е дел од мировниот план во 20 точки што беше претставен минатата година. – Овој договор е клучен чекор кон тоа Газа, конечно, да биде управувана од нова палестинска влада, која ќе соработува со Мировниот комитет за да му помогне на палестинскиот народ – објави Трамп на сопствената социјална мрежа. Тој додаде ...

И ние, наследниците на славните илинденци, се наоѓаме на историски крстопат, соочени со нови бури и премрежија. Затоа и нашето поколение треба да го продолжи илинденскиот подвиг и да го чува она коешто е стекнато со многу страдања и жртви. Ова се вели во Илинденското посланието од архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан. „Го прославуваме Илинден – големиот настан од нашата народна и црковна историја, денот кога го чествуваме споменот ...

На повеќе популарни плажи во Црна Гора е воведена забрана за пливање откако најновите анализи покажаа дека морската вода е небезбедна и под пропишаните стандарди. Надлежните органи поставија црвени знамиња на загрозените локации, упатувајќи предупредување до граѓаните и туристите да не влегуваат во морето до понатамошно известување. Забраната за пливање се однесува на следните локации: На плажата Жукотрлица во Шушањ, забраната е поставена на ...

Царински службеници на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на 64.250 евра при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, управуван од грчки државјанин. Против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежниот суд, а непријавените девизи се запленети. Според Царинската управа, патникот при влезот во државата пријавил дека носи 60.000 евра и приложил соодветен образец издаден при влез во Република ...

Загадување на водата за пиење се појавило во Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево и ул. Првомајска во Ново Село, информираат од општината. Оттаму појаснуваат дека загадувањето било минимално и се појавило како резултат на невремето од минатата недела. – Ве известуваме дека како резултат на невремето од минатата недела, прекините во снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето, појавено е минимално загадување ...

Топлотниот бран и температурите што во одредени делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени го зголемуваат ризикот од расипување на храната и појава на труење, предупредува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од таму апелираат граѓаните внимателно да избираат каде купуваат храна, како ја транспортираат и на која температура ја чуваат. АХВ препорачува лесно расипливите производи, како месо, млеко и јајца, да се купуваат од проверени ...

Илинден е еден од најзначајните празници во Македонија, кој ги обединува историјата, државноста и традицијата. Во Крушево и Ташмаруништа ќе се одбележи годишнината од Илинденското востание, а во Пелинце ќе се чествува АСНОМ и темелите на современата македонска државност. Што претставува Илинден за граѓаните денес – историски симбол, национално единство или празник што ја чува традицијата? АНКЕТА: Дали некогаш сте биле на прославите во Крушево ...

Полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 63-годишен жител на Струмица, кој предизвикал пожар во дворот на куќата во село Габрово, струмичко. Според информациите од полицијата, лицето било забележано како го предизвикува пожарот, кој потоа се проширил и кон улицата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а во инцидентот нема повредени лица. При мерење со дрегер било утврдено дека ...

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода 58-годишен жител на селото Равен, гостиварско, поради сомнение за неовластено производство и трговија со наркотични дроги. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полицијата пронашла и одзела бела прашкаста материја, марихуана и куршуми за пиштол. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на ...

Македонија и во наредните денови ќе биде под влијание на силен топлотен бран, со сончево и стабилно време и температури значително над просекот. Во најтоплите делови од земјата се очекува максималните температури да достигнат и до 42 степени Целзиусови. Метеоролозите најавуваат претежно ведро време со слаб до умерен ветер, а дневните температури ќе се движат од 35 до 42 степени. Највисоки вредности се очекуваат во јужните и централните ...

Тело на 38-годишна британска туристка е пронајдено во куфер во напуштена зграда во атинската населба Кипсели, откако бездомник ја известил полицијата за сомнителниот багаж, објави грчкиот медиум „Екатимерини“. Жртвата е идентификувана како Елизабет Џејн Рос од Шкотска, која во Грција пристигнала на 29 јуни, а последен пат била видена на 15 јули. Според првичните информации од истрагата, форензичарите не пронашле видливи повреди или траги од ...

Царински службеници на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на 64.250 евра при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, управуван од грчки државјанин. Против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежниот суд, а непријавените девизи се запленети. Според Царинската управа, патникот при влезот во државата пријавил дека носи 60.000 евра и приложил соодветен образец издаден при влез во Република ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упати апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни и одговорни за време на претстојниот празничен викенд по повод 2 Август – Денот на Републиката – Илинден. Од Советот посочуваат дека се очекува значително зголемен сообраќај, особено кон туристичките центри, излетничките места и граничните премини. РСБСП ги повикува возачите да ги почитуваат сообраќајните ...

Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се постигнати значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Во координирани акции низ државата биле запленети 43,3 килограми марихуана, 693 грама кокаин, 691 грам амфетамин, 141 грам хашиш, 541 таблета екстази, 69 ЛСД таблети, 14 таблети МДМА, 50 грама халуциногени ...

Напад со дрон врз два танкери за природен гас во египетското пристаниште Дамиета повторно ги отвори прашањата за безбедноста на Суецкиот Канал и нафтоводот „SUMED“ – клучни правци за извоз на саудиска нафта. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а аналитичарите предупредуваат дека секоја закана за овој регион би можела да влијае врз глобалното снабдување со енергенси. Иако пазарите засега не очекуваат прекин на пловидбата низ ...

Пожарникарите продолжуваат со борбата против големите шумски пожари низ Грција, каде силниот ветер предизвикува нови жаришта и го отежнува локализирањето на огнената стихија. Најкритична останува состојбата во областа Агиа Параскеви во Ретимно, на островот Крит, каде екипите цела ноќ се бореа со пожарот, а со првите утрински часови повторно беа вклучени и противпожарни авиони. Нови пожари избувнаа и во Ахаја на северозападниот дел од ...

Италијанскиот и светскиот фудбал останаа без една од своите најголеми легенди. Франко Барези, поранешен капитен на Милан и еден од најдобрите дефанзивци во историјата, почина на 66-годишна возраст по долга борба со болест. Веста ја потврди неговиот матичен клуб Милан, кој му оддаде почит на својот легендарен капитен. Барези целата своја играчка кариера ја помина во дресот на Милан, за кој настапи на 719 натпревари и освои шест титули во ...

Хамас се согласил со планот за целосно разоружување во Газа, потврди висок претставник на движењето за Би-Би-Си, додавајќи дека наскоро ќе биде објавено и официјално соопштение. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот претставува важен чекор кон траен мир и предвидува постепено повлекување на израелските сили по завршувањето на процесот на разоружување. Според предложениот план, оружјето на Хамас ќе биде евидентирано и ...

Шпанија испрати воени сили за засилување на безбедноста во северноафриканската енклава Сеута, откако илјадници мигранти од Мароко се обидоа да влезат на шпанска територија, дел од нив препливувајќи ја морската граница. поред достапните информации, најмалку 15 лица загинале при обидот да стигнат до Сеута. Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека војската ќе ѝ помогне на Цивилната гарда во одржувањето на јавниот ред и ...

Американскиот Сенат ја отфрли најновата резолуција со која демократите се обидоа да ја ограничат можноста претседателот Доналд Трамп да презема воени дејствија против Иран без одобрение од Конгресот. Предлогот не доби доволно поддршка, а гласањето заврши со 49 гласа „за“ и 50 „против“. Авторката на резолуцијата, демократската сенаторка Кирстен Гилибранд, го обвини претседателот дека ја вовлекува земјата во конфликт без јасна стратегија. „Ни ...

Големиот шумски пожар во департманот Жиронда во југозападна Франција засега е ставен под контрола и не се проширил во текот на денот, соопштија локалните власти. И покрај тоа, тие предупредуваат дека ризикот од повторно активирање на огнот останува висок. Претседателот на Советот на департманот Жиронда, Жан-Лик Глез, изјави дека околу 3.300 пожарникари и понатаму се ангажирани на терен. Хеликоптери постојано ги гаснат преостанатите жаришта, ...

Сообраќајот на бродови низ Ормутскиот Теснец и натаму е речиси целосно запрен, бидејќи петмесечниот конфликт меѓу САД и Иран продолжува без знаци за брзо решение. Во текот на денот двете земји повторно разменија ракетни напади, дополнително намалувајќи ги надежите за деескалација. Затворањето на Ормутскиот Теснец, преку кој во мирновременски услови минуваат околу 20 проценти од светските испораки на нафта и природен гас, предизвикува сериозни ...

Предлог-законот за „Скопје 2028“, со кој требаше да се воспостави законска рамка за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, предизвика сериозни реакции во јавноста. Најголемите дилеми се однесуваат на предвиденото трошење на 21 милион евра и можноста да се заобиколат процедурите предвидени со Законот за јавни набавки. Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата го оцени предлог-законот како ...

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека објектот што рано утринава паднал во поле во источна Полска „со голема веројатност“ е руска крстосувачка ракета од типот Kh-101. Проектилот оставил кратер широк околу 10 метри во близина на селото Тарнава Колонија, на околу 92 километри од украинската граница, за време на масовниот руски напад врз повеќе украински градови. Според Туск, анализата на пронајдените остатоци укажува дека станува збор за ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по завршувањето на финалните тестирања, во функција се пуштени безбедносните камери од системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на автопатската делница меѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Од МВР информираат дека наскоро камерите ќе започнат со работа и на сообраќајниците во Охрид и околниот регион, каде што опремата е веќе поставена, а во тек се последните технички проверки ...

Централната изборна комисија на Русија претстави дрон-брод кој, според најавите, би можел да се користи за достава на изборен материјал до тешко достапни подрачја за време на парламентарните избори закажани во септември. Претседателката на Комисијата, Ела Памфилова, изјави дека во Русија има 36 региони со оддалечени населени места, каде организирањето на гласањето чини од 400 до 500 пати повеќе од националниот просек. Таа нагласи дека ...

Тунелот од пругата кон Бугарија долг околу три километри повторно ги седна на маса Скопје и Софија. Кој да го изработи проектот и од каде да се најдат парите се прашањата на кои почнаа да се бараат одговори во Софија. Според информации до кој дојде Телма, денеска таму е присутна македонска делегација која со своите бугарски колеги разговараат за тоа која држава е најдобро да го изготви овој проект со кој би се тргнало во потрага по финансии. ...

На почетокот на август би можела да гори цела Европа, предупреди агенцијата на Европската Унија (ЕУ). Големи пожари се веќе активни во Франција, во Шпанија и во Португалија, а сè поголема е загриженоста за избувнување на нови во Италија, во Грција и во централна Европа. 🔥🇫🇷 #Viral | Inside the Front Lines of France’s Deadliest Wildfire First-person footage from the Gironde region captures the terrifying reality faced by firefighters as ...

Границата во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка, е преплавена со мигранти кои ја надвладеаја полицијата на брегот на градското пристаниште, откако препливаа од мароканска страна, соопшти шпанската Цивилна гарда. BREAKING: 🇪🇸 An “absolute migratory emergency” has been declared in Spain’s enclave of Ceuta after a massive surge of illegal migrants. Hundreds of Moroccan and Algerian migrants who flooded the Spanish enclave yesterday ...

Меѓусебни обвинувања за неспособност, корупција, лаги, сиромаштија и низок животен стандард си упатија претседателот на опозициската СДСМ и премиерот на денешната седница за пратенички прашања. Филипче укажа и дека владата нема одговор за серијата случаи со загадена вода низ државата и дека граѓаните остануваат без информации за ризиците по нивното здравје, додека никој не презема одговорност за труењето. Мицкоски, пак, презентираше извештаи ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.43
49%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
60%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.66
64%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.25
61%
1017
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.02
54%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.67
83%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
5.36
59%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.24
29%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.52
36%
1013
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 17ᴼ
0.89
72%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
46%
1014
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.94
100%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.3279

Currency

71.8876

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Рутениум

53852.50

Сребро

1853.71

Калај

54.92

Платина

52855.83

Иридиум

252383.36

Паладиум

40381.34

Алуминиум

3.19

Родиум

265243.66

Кобалт

56.29

Бакар

13.08

Цинк

0.00

Злато

129943.67