Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Со Ребалансот на Буџетот државните пари одат таму каде што се најпотребни, истакнаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека капиталните расходи со Ребалансот растат за 14,5 проценти и достигнуваат речиси 46 милијарди денари. -Капиталните дотации до општините се зголемуваат за околу 1 милијарда и 683 милиони денари, додаваат од партијата. Пратеникот, Бојан Стојаноски пак, на прес конференција потенцираше дека со ребалансот, социјалните трансфери ...
Високите температури кои следат, топлотниот бран, бујната вегетација, ниската влажност и променливиот ветер се исклучително висок ризик за појава на пожари на отворен простор и шумски пожари. Вклучен е алармот и граѓаните мораат да бидат внимателни порача првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Доволна е само една искра за катастрофален пожар. Со апел до граѓаните да бидат внимателни за сите ризични ситуации. Во ...
Сериозна загриженост поради начинот на кој Судскиот совет определи вршители на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје и на Основниот суд Струга изрази Коалицијата Сите за правично судење. Судскиот совет го избра нивниот поранешен колега Зоран Герасимовски да ја предводи Апелација, иако неговиот против кандидат судијата Тања Милева е највисоко бодувана. Додека пак прв човек на струшкиот суд ќе биде Ндерим Полиси, кој воопшто не е ...
Свеченост се оддржна на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ на која беа промовирани 53 офицери, а Министерот за одбрана посочи дека Армијата отсекогаш била една од најпочитуваните институции во државата, нагласувајќи дека одбраната има историска улога, додека современите закани не познаваат граници, со што го нагласи членството во НАТО како „повеќе од безбедносна гаранција“. Членството во НАТО претставува повеќе од безбедносна ...
И покрај бројните јавни реакции и ветувањата дека проблемот со неисплатените породилни отсуства ќе биде надминат, хаосот со исплатата на породилните надоместоци продолжува – реагираше денеска на прес конференција Евгенија Станкоска од Централниот комитет на Левица. Таа истакна дека до партијата во изминатите денови повторно пристигнале бројни сведоштва од родилки кои потврдуваат дека дел од нив не добиле никаква исплата, дел добиле само дел ...
Група пратеници поднесoa до Собранието, Предлог-одлука за формирање на Анкетна комисија со цел да се утврдат сите факти и околности поврзани со инцидентот што се случи во просториите на Собранието, при кој член на Владата употребил навредлив и понижувачки говор кон пратениците, соопшти денеска Европскиот фронт. Коалицијата Европски фронт, во денешното соопштение меѓу другото, наведува дека Собранието треба да биде „простор на демократски ...
Македонија спаѓа меѓу земјите со најниско ниво на БДП по жител ги појаснуваат од НБРМ за Телма последните податоци на Евростат. „Во рамки на регионот, повеќето земји имаат повисоко ниво на БДП по жител во однос на Македонија, при што Турција, Црна Гора, Србија и Албанија се поблиску до просекот на Европската Унија“, додека Босна и Херцеговина се наоѓа под нивото на Македонија, велат од НБРМ. Од НБРМ понатаму појаснуваат дека БДП по глава на ...
Власта повторно покажа дека реагира задоцнето кога станува збор за здравјето на граѓаните, наместо навремена превенција, институциите се разбудија дури откако епидемијата во Гостивар доби сериозни размери, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг за медиуми. „Водата во Гостивар е показател дека сите реакции се задоцнети. Дури денеска Министерството за здравство носи некакви препораки за рано детектирање и откривање ...
Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор – изјави денеска за медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле за намалување на бројот на пожари и го успориле нивното ширење. „Но, периодот со врнежи заврши. Високите температури, ниската влажност на воздухот и променливиот ветер создаваат услови за брзо ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Првопријавениот Т.М., полициски ...
Жена и маж се потешко повредени и префрлени на скопските клиники по сообраќајната несреќа што се случи на експресниот пат Градско – Прилеп, а во која се повредени девет лица кои патувале со две возила. На болничко лекување во Велес се задржани седуммина пациенти. Несреќата се случила вчера при судир на патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А. Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски ...
Според наредба од исландската влада, фармерот Гунар е принуден да ја продаде својата фарма и да се пресели во главниот град. Таму се населува во едноставен стан, на ѕидот виси слика од неговиот омилен коњ, и се бори да се снајде во живот исполнет со осаменост и носталгија по домот. Но, во станот до него живее десетгодишно момче кое исто така нема многу пријатели. Она што започнува како случајни средби, наскоро се развива во неочекувано и ...
Денеска во Полициската академија во Идризово се одржи свечена промоција на новата генерација полициски службеници од генерацијата 2025/2026. На настанот се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На новите припадници им порача дека не е важна функцијата туку заложбата да се грижат за безбедноста на граѓаните, институциите и државата. Денеска во Полициската академија во Идризово се одржи свечена промоција на новата генерација ...
Филмот се одвива во Рим, во 1946 година, веднаш по Втората светска војна. Градот се уште чувствува последиците од конфликтот — опустошување, сиромаштија, секојдневни тешкотии. Делја, е мажена за Ивано и мајка на три деца: двa сина и ќерка која наскоро треба да се венча. Ивано е строг, тврд маж, често насилен и омаловажувачки кон Делја. Делја истовремено се грижи и за својот кого-свекор, кој ја споделува слична патријархална менталитет и често ...
Семејната авантура за целото семејство во која главните ликови се 11-годишните Анабел и Дино. Тие се убедени дека ги контактирале вонземјани, но никој не им верува. При посетата на Европската вселенска агенција, нивната авантура добива неочекуван пресврт кога случајно се лансирани во вселената. Во режија на Феликс Биндер, Историја: „Wow! Сигналот“ беше 72-секунден, теснопојасен радио бран, откриен од телескопот Big Ear на Државниот ...
Сеул, 1970-тите. Филмскиот режисер Ким е убеден дека неговиот најнов филм ќе стане ремек-дело ако го сними одново неговиот крај. Додека се обидува да обезбеди уште два дена снимање, се соочува со цензура, несогласувања со актерите, нервозни продуценти и низа непредвидливи ситуации. Во хаосот што следува, неговата опсесија со совршенството станува вистинска битка за уметничка слобода. Сеул, 1970-тите. Филмскиот режисер Ким е убеден дека ...
Тес е воен ветеран од војната во Ирак, поканета на моминската забава на нејзината сестра. Прославите штотуку започнаа кога ги прекинува група натрапници кои ја опседнаа куќата и се чини дека имаат намера да не остават докази. Како експертот за специјални операции, Тес ја разбира тежината на ситуацијата и решава да реагира со повторно лов на напаѓачите. Тес е воен ветеран од војната во Ирак, поканета на моминската забава на нејзината сестра. ...
Бардо е биографска драмска серија во 6 епизоди што го следи подемот на Брижит Бардо – од бунтовна млада девојка до светска филмска икона. Серијата открива како славата, медиумскиот притисок и личните избори ја обликуваат нејзината кариера, љубовниот живот и односот со општеството. Ова е интимен портрет на жена која го промени лицето на поп-културата и засекогаш ја редефинира женската слобода. Бардо е биографска драмска серија во 6 епизоди ...
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека го следел случајот со враќање на пасошот на обвинетиот битолски бизнисмен Борче Марковски и според него направена е „груба маниупулациија од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство којшто е соучесник во овој процес“. „Toa нема така да заврши“, рече Мицкоски. Тој не кажа за кого се работи за како што рече не ја попречи истрагата. „Нема да шпекулирам со имиња и презимиња затоа што допрва ќе ...
Француска комедија од 2020 година, режирана од Мартин Провост, со Жулиет Бинош во главната улога. Во Франција, во 1967 година, Полет Ван Дер Бек води училиште за домаќинки заедно со својот сопруг. Целта на училиштето е да ги подготви младите девојки да станат „совршени сопруги“ – послушни, вешти домаќинки и поддршка на мажите. Но кога нејзиниот сопруг ненадејно умира, Полет се соочува со финансиски и лични предизвици. Истовремено, низ ...
Алекс Данила е млад украински имигрант кој со семејството се сели во Канада во потрага по подобар живот. Кога финансиските проблеми ги оставаат без заштеда, Алекс ги користи своите извонредни компјутерски вештини за да влезе во светот на сајбер-криминалот. Заедно со новите соработници, тој брзо напредува во опасната мрежа на хакери, но секој нов успех носи сè поголем ризик и закана што може да го чини слободата, семејството и иднината. ...
Дирекцијата за заштита и спасување предупредува на зголемен ризик од пожари на отворен простор поради силниот топлотен бран, високите температури, ниската влажност и сувата вегетација. Во текот на јули во просек се регистрирале околу 15 пожари дневно, кои благодарение на брзите интервенции на пожарникарите и поддршката од воздухопловните средства биле успешно изгаснати. Од ДЗС посочуваат дека претстојниот период носи исклучително висок ризик ...
Контроверзниот план на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за влез на приватни инвеститори во комерцијалното работење поврзано со Светските првенства и другите натпреварувања практично е блокиран. Азиската фудбалска конфедерација денеска им се придружи на УЕФА и на Конкакаф и отворено се спротивстави на идејата. ФИФА планираше да формира нова компанија наречена „ФИФА Форвард Ентерпрајс“, во која би биле обединети нејзините највредни ...
Фудбалот остана без една од своите најголеми легенди и можеби најдобриот дефанзивец на сите времиња. На 66-годишна возраст почина Франко Барези. Барези целата своја 20-годишна кариера ја мина во дресот на Милан, од дебито во сезоната 1977/78 до пензионирањето во 1997 година. За „росонерите“ одигра 719 официјални натпревари, а капитен на тимот беше цели 15 години. Со Милан освои шест шампионски титули во Серија А, три трофеи во Купот на ...
Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се залага за суспензија на Шпанија од шенгенскиот простор, по вчерашниот инцидент кога стотици мигранти илегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. „Поддржувам затворање на шенгенскиот простор кон Шпанија“, напиша Тајани на платформата „Икс“ осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана миграција“. Мигранти вчера ја преплавија ...
Површина од околу 4.500 хектари, изгорела на отстровот Крит по пожарот кој избувна во средата, покажуваат податоците на метеоролошката служба Метео на грчката Национална опсерваторија. Изгорената површина е контатирана по обработената сателитска снимка со висока резолуција од сателитот Sentinel-2 на „Коперникус“, направена вчера напладне при неговиот прелет над Грција, се однесува на периодот 29 и 30 јули, а не е вклучена површината во новиот ...
Гостиварската полиција уапси 34-годишник откако неговата сопруга пријави дека физички ја нападнал, па и одзел пари, но и клучевите од автомобилот. Според информациите на МВР, рано утринава околу 02:20 часот на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го уапсија Х.С.(34) од Гостивар. Претходно, неговата 36-годишна сопруга пријави дека околу 23 часот, по кратка семејна расправија, тој физички ја нападна во нивниот ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во болницата се хоспитализирани четири пациенти. ...
Заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска, соопштија од Министерството за здравство. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи ...
Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека ...