Најмалку едно лице загина, три се тешко повредени, а 10 се здобиле со полесни повреди во силното невреме што ја погоди источна Германија. Според службата за вонредни ситуции во Дрезден, 28-годишен маж го загубил животот кога врз него паднало дрво во близина на сцена во Ратен, пренесува Шпигел. Невремето предизвика проблеми и во Штутгарт и во Хамбург, каде пожарникарите интервенирале 140 пати поради последици од олујата. Најмалку едно лице ...

Три лица од Скопје се лишени од слобода на 29 јули под сомнение за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Акцијата ја спровеле полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот ...

Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...

Дваесет и осумгодишната Русинка, Људмила Туркова Константиновна од Санкт Петербург по петдневна потрага е пронајдена мртва во Белград. Српската полиција се сомнева дека е убиена од 25-годишниот турски државјанин К.Е. кој е уапсен при обид да ја напушти земјата. Људмила, како што пренесуваат српските медиуми, допатувала во Белград на двонеделен одмор. Минатата сабота планирала посета на ноќен клуб, но не е познато дали воопшто стигнала таму. ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ, времето во деновите од продолжениот викенд и до крајот на наредната недела ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...

Од 30 минути до еден час е времето на чекање на граничните премини „Табановце“, односно „Богородица“ за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, ...

Заклучно со 30 јули, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. 12 се од Скопје и 1 од Велес. Епидемиолозите со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита, да избегнуваат да излегуваат надвор кога комарците се најактивни, да се користат репеленти и при првите евентуални симптоми веднаш да се јават на лекар. „Од случаите коишто се регистрирани во Скопје шест се со место на живеење во Драчево, по двајца ...

Парламентот на Бугарија го одреди 25 октомври како ден кога земјата ќе го избере својот следен претседател. Претседателската функција во Бугарија главно е церемонијална, а најголемиот дел од власта во земјата со 6,5 милиони жители ја имаат премиерот и парламентот. Сепак, претседателот е врховен командант на вооружените сили, може да стави вето на законите и да потпишува меѓународни договори. Владејачката центристичко-лева Прогресивна бугарска ...

Шпанските власти јавуваат дека е сменета ситуацијата со мигрантите во својата енклава Сеута на северот на Африка и тврдат дека 37.500 луѓе кои пристигнаа од Мароко по копно и по море, доброволно се враќаат таму од каде што дошле. Мароканските сили со палки и солзавец ја принудија масата да се повлече од капиите на Сеута, со цел да спречат уште еден налет врз малата територија на Шпанија на брегот на Средоземното Море. Министерството за ...

Над една четвртина (27,5 отсто) од населението на Европската Унија (ЕУ) постаро од 16 години, не можело да си дозволи една недела годишен одмор надвор од домот во текот на 2025 година, објави Евростат. Европската статистичка служба наведува дека уделот на граѓаните кои не можеле да одвојат пари за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 отсто во однос на 2024 година, но истовремено бил за 7,7 отсто понизок отколку пред 10 години, во 2015 година. ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут. „Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави“, напиша Мицкоски на Фејсбук. На средбата, ...

Пиварницата Миноква Бруинг Компани од Висконсин остана без дозвола за работа. Одлуката следуваше по објавата на компанијата на социјалните мрежи дека ќе дели бесплатно пиво на денот на смртта на Доналд Трамп, што предизвика истрага на регулаторите, пренесува Унилад. Покрај одземената дозвола, за пиварницата е изречена и парична казна и наложен е прекин на производството и продажбата на алкохол. „Бесплатно пиво цел ден кога ќе умре. Покажете ...

Италијанската влада ја суспендира примената на договорот за Шенген со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката, како што се наведува, е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во шпанската енклава Сеута на северот на Африка. Иако Италија и Шпанија немаат заедничка копнена граница, двете земји се дел од шенгенскиот простор, што во вообичаени околности овозможува слободно патување меѓу нив без ...

На повеќе популарни плажи во Црна Гора е воведена забрана за пливање откако најновите анализи покажаа дека морската вода е небезбедна и под пропишаните стандарди. Надлежните органи поставија црвени знамиња на загрозените локации, упатувајќи предупредување до граѓаните и туристите да не влегуваат во морето до понатамошно известување. Забраната за пливање се однесува на следните локации: На плажата Жукотрлица во Шушањ, забраната е поставена на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени снимките и фотографиите со мигрантите од Мароко во Сеута како „страшни“ и смета дека слично сценарио може да се случи и во САД за три години, доколку Демократите дојдат на власт. „Страшно е. Запаметете ги фотографиите. Тоа ќе бидеме ние за три години ако победи другата страна. Ако Демократите дојдат на власт, ќе немате баш добар живот“, рече Трамп во разговор за „Фокс њуз“. Околу 60.000 мигранти ...

Не се евидентирани законски нерегуларности, односно субјектите постапувале согласно пропишаните услови во еколошките дозволи за управување со отпадните води, се наведува во соопштението на министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) по спроведените вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната под државна надлежност во врска со појавата на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец. ...

Македонскиот шампион МЗТ Скопје полека го комплетира ростерот за новата сезона. Американскиот кошаркар Лесли Ворнер е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално потпиша договор со тимот од Аеродром. Станува збор за искусен крилен кошаркар со богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман на Стариот континент го имаше во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во ...

Марјан Илиевски се враќа на тренерската работа и седнува на клупата на Маџари. Поранешниот селектор на Македонија по кратка пауза повторно ќе работи во домашниот шампионат. Маџари минатата сезона, како дебитант во елитата, имаше сезона од соништата и стигна до големото финале, во кое загуби од МЗТ Скопје во битката за титулата. Тимот тогаш беше предводен од Миодраг Тодоровиќ, но младиот стратег летово си замина од клубот и го презеде Кожув. ...

Власта крева рачна со Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ кој по брза постапка требаше да ги реши проблемите со доцнењето, но отвораше други, многу посериозни. Премерот Христијан Мицкоски денеска вели дека предлогот за закон по скратена постапка, кој дојде од пратеници од владејачкото мнозинство, бил симнат по негово инсистирање. Мицкоски вели дека со години не било направено ништо и се ...

Македонската кошаркарска федерација објави дека грчкиот клуб Арис ќе му даде дозвола на Ненад Димитријевиќ да настапува за репрезентацијата во августовскиот прозорец од втората фаза на претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. Конечната одлука дали ќе го облече националниот дрес ќе ја донесе самиот кошаркар. Димитријевиќ во изминатите години настапуваше за екипи што се натпреваруваат во Евролигата, а клупските обврски честопати се ...

За шест месеци во земјава се продадени станови во вредност од околу 300 милиони евра, покажува најновиот извештај на Агенцијата за катастар. Од документот може да се види дека за овој период, вкупната сума пак која е потрошена за купување на сите недвижности изнесува над 600 милиони евра, но половина од овој износ е токму од продажбата на станови. Од овие бројки може да се заклучи дека по послабиот старт на годинава, пазарот повторно забрза, ...

На прес во Битола, граѓанин го праша Мицкоски што ќе биде со волонтерите во болницата кои веќе осум месеци работат без плата За време на прес-конференцијата пред Клиничката болница во Битола, на која премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Сашо Клековски и директорката на болницата Ненси Лозанче зборуваа за нова опрема и нови вработувања, граѓанин се доближи до камерите и постави прашање за статусот на лицата кои со месеци ...

Македонија спаѓа меѓу земјите со најниско ниво на БДП по жител ги појаснуваат од НБРМ за Телма последните податоци на Евростат. „Во рамки на регионот, повеќето земји имаат повисоко ниво на БДП по жител во однос на Македонија, при што Турција, Црна Гора, Србија и Албанија се поблиску до просекот на Европската Унија“, додека Босна и Херцеговина се наоѓа под нивото на Македонија, велат од НБРМ. Од НБРМ понатаму појаснуваат дека БДП по глава на ...

Интерпелации за претседателот на Собранието, Африм Гаши и за министерот за локална самоуправа, Иван Стоиљковиќ, најави претседателот на СДСМ, веднаш по враќањето од одмор на пратниците. Работењето на Гаши, како што рече Филипче, ќе се преиспитува поради кршење на Деловникот во неколку наврати. Ќе го поддржат и барањето на ДУИ, да се формира анкетна комисија за инцидентот со министерот Стоилковиќ по седницата за реконструкција на Влада. ...

На прес во Битола, граѓанин го праша Мицкоски што ќе биде со волонтерите во болницата кои веќе осум месеци работат без плата За време на прес-конференцијата пред Клиничката болница во Битола, на која премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Сашо Клековски и директорката на болницата Ненси Лозанче зборуваа за нова опрема и нови вработувања, граѓанин се доближи до камерите и постави прашање за статусот на лицата кои со месеци ...

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот пензиски столб. –Кој најавил дека ќе се укине вториот столб? Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на Владата нема, рече премиерот Христијан Мицкоски. Во изминатиот период владините претставници ...

Летото е време кога базените се преполни, а водата е засолниште од горештините. Но, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, тишина. Нема стартни свирежи, нема пливачки патеки, нема тренинзи. Само откорнат покрив и катанец на вратата. Едно невреме ја оттурна водата, а со неа и секојдневието на стотици пливачи. Следните две години, наместо да се бркаат секунди и медали, ќе се чека реконструкција. Невремето не го создаде проблемот, само го ...

За шест месеци во земјава се продадени станови во вредност од околу 300 милиони евра, покажува најновиот извештај на Агенцијата за катастар. Од документот може да се види дека за овој период вкупната сума пак која е потрошена за купување на сите недвижности изнесува над 600 милиони евра, но половина од овој износ е токму од продажбата на станови. Од овие бројки може да се заклучи дека по послабиот старт на годинава, пазарот повторно забрза, ...

Хакиран е серверот на Државниот завод за ревизија и од официјалната е-адреса на директорот на Заводот, Максим Ацевски, се испраќаат фишинг, измамнички пораки на електронски пошти низ цела Македонија, но и на соработници на Заводот низ целиот свет. Нападите според ДЗР потекнуваат од Франција и Сингапур, станувало збор за нудење на соработка на проекти, случајот е пријавен во МВР. Ваквите напади најчесто се случувале како што велат од ДЗР по ...

Националниот конзерваторски центар-Скопје нема законска надлежност да оценува веќе преземени превентивни мерки за заштита, спроведени од друг надлежен субјект. Ова е одговорот од Конзерваторскиот центар до Управата за заштита на културното наследство, откако таа му даде рок од три дена да утврди дали челичните конструкции што се поставуваат на споменикот Македониум во Крушево, го оштетуваат објектот и дали се прифатливи од стручен аспект. ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.43
49%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
60%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.66
64%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.25
61%
1017
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.02
54%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.67
83%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
5.36
59%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.24
29%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.52
36%
1013
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 17ᴼ
0.89
72%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
46%
1014
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.94
100%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.3279

Currency

71.8876

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.19

Сребро

1853.71

Платина

52855.83

Цинк

0.00

Родиум

265243.66

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Бакар

13.08

Паладиум

40381.34

Злато

129943.67

Калај

54.92