Факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе ги објават конечните ранг-листи за примени студенти во прва година во академската 2026/2027 година од првиот уписен рок, кој беше организиран на 18 и 19 август. Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска ...

Утринава до 7:30 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 24 се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица – Општина Зелениково, каде гори мешана шума; општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина ...

Не мислам дека иранскиот Врховен лидер Моџтаба Хамнеи е мртов, мислам дека е тешко ранет, рече американскиот претседател Доналд Трамп во емисијата на конзервативниот политички коментатор Глен Бек. Моџтаба Хаменеи, син и наследник на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, ја презеде функцијата по смртта на својот татко, кој загина во првиот ден од војната што почна на 28 февруари по израелско-американските напади врз Иран. Според иранските ...

Американската компанија Мета, во чија сопственост се мрежите Фејсбук и Инстаграм, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави кои ја обвинија дека ги дизајнирала социјалните мрежи да создадат зависност кај децата. Спогодбата предвидува дека „Мета“ ќе воведе дневни ограничувања за користење на Фејсбук и Инстаграм за деца и ќе ја ограничи ...

Двајца од уапсените во врска со планираниот напад со палење фабрика за беспилотни летала во источниот дел на земјата се Летонци, а третиот е Украинец, соопштија словачките власти. Канцеларијата на регионалниот обвинител во источниот град Прешов соопшти дека еден од Летонците е уапсен во Германија, додека другиот Летонец и Украинецот се приведени во Словачка. Двајца од уапсените во врска со планираниот напад со палење фабрика за беспилотни ...

Соединетите Американски Држави соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција одговорна за упади во системите на Министерството за правда, НАСА, Федералните резерви, Сенатот и други владини агенции. Според министерството за правда, домените што ги користат две хакерски платформи, „QScan“ и „QTRouter“, се запленети. Се наведува дека меѓу целите на нападот биле министерството за енергетика, министерството за здравство, Националните ...

Двајца работници на аеродромот во Франкфурт починаа од маларија, откако се заразиле од комарци пренесени со авиони во Германија од региони каде болеста е ендемска, соопштија операторот на аеродромот Фрапорт и градските здравствени власти, јави агенцијата ДПА. Првиот работник починал на почетокот на јули, а вториот во август, соопштија здравствените власти во Франкфурт, додавајќи дека причината за болеста е утврдена дури откако пациентите ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека економијата на земјата повторно расте по три години рецесија и стагнација, и покрај војните во Заливот и Украина, како и глобалните трговски спорови. Тој нагласи дека основните економски показатели го поддржуваат овој оптимизам, а рецесијата ќе биде целосно надмината до крајот на годината, благодарение на добрите стапки на раст во третиот квартал. Мерц истакна дека прогнозите за 2027 година се ...

Овие катаклизмички снимки доаѓаат од Непал. Одрон, а не земјотрес како што беше првично објавено, предизвикаа излевање на реката Ботекоши од сопственото корито, слободниот пад на водата носеше се пред себе. Најмалку 157 лица ги загубија животите, а речиси 600-тини туристи меѓу кои 466 странци се водат како исчезнати, соопшти локалната туристичка заедница по застрашувачките поплави на границата меѓу Непал и Тибет. Меѓу луѓето со кои е загубен ...

Голем пожар од попладнево беснее во албанскиот приморски град Саранда, во област, во близина на хотелот „Туризам“, кој го зафати зелениот појас над градот, во близина на познатиот манастир „40 маченици“. Според извештаите, пламенот и чадот предизвикале тревога во областа, како и меѓу туристите, додека сè уште нема официјални информации за причината за пожарот. Во меѓувреме, се известува дека пламените јазици брзо се шират низ густата ...

Прв случај на западнонилска треска во Бугарија оваа година, објави Националниот центар за борба со заразни болести. Првиот случај со инфекцијата е регистриран кај пациент од Пловдив на возраст од 63 години, кој развил невролошки компликации по летниот одмор на Црното Море. Според здравствените власти, инфекцијата е официјално регистрирана помеѓу 17 и 23 август. Мажот побарал медицинска помош кон крајот на јули, кога бил прегледан од лекар ...

Денеска до 18 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон кракот за село Палиград, како и над село Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума. Активен е ...

Словачката влада одобри Нацрт-закон со кој се забранува користење на социјални мрежи од деца под 16 години, нагласувајќи дека тоа ќе го спречи развојот на зависност и ќе го намали социјалниот притисок и радикализација. Доколку биде усвоен од парламентот, законот ќе им забрани на децата да креираат сметки на социјалните мрежи и ќе бара од корисниците да ја докажат својата возраст, покажуваат документите објавени на веб-страницата на словачката ...

Американската морнарица ги отстрани или ги детонира сите мини во Ормускиот Теснец, виталната поморска рута што Иран ја затвори од почетокот на војната на Блискиот Исток, тврди претседателот на САД, Доналд Трамп. „Иран е известен дека секој брод или чамец кој поставува нови мини ќе биде веднаш и систематски уништен“, напиша Трамп во објава на неговата платформа Трут Сошл. Тој притоа не објасни како е тоа сторено, засега нема реакција од Иран ...

Речиси половина од важечките дозволи за престој на инвеститори во Грција, односно т.н. Златна виза (Golden visa) се издадени на државјани на Кина, втори со значајно помал број се Турците, додека пак на последното место меѓу десетте земји се српските државјани, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Министерството за миграција и азил на Грција, заклучно со јуни годинава, 47,7 отсто од дозволите за легален престој во ...

Сите вооружени системи што беа оштетени за време на војната се целосно обновени, а дополнително се набавени и нови системи, соопшти денеска иранската армија. Портпаролот на армијата, Мохамад Акраминија, за државната телевизија изјави дека презеле значајни мерки за обновување и повторно распоредување на оштетената опрема, што дополнително ги зајакнало нивните борбени способности. Тој појасни дека дел од новите системи се обезбедени преку ...

Европската комисија (ЕК) ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година. Според важечките правила на Европска Унија (ЕУ), летното сметање на времето започнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври. Оваа година, зимското сметање на времето ќе почне на 25 октомври, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври. ...

Околу 250 милиони евра изнесуваат досегашните инвестиции на А1 Македонија, а таквото темпо ќе продолжи, најави раководството на компанијата на денешното одбележување 7 години на брендот А1. „А1 Македонија е оператор со најмногу мобилни корисници. А1 Македонија е најголемиот мобилен оператор во државата. Инвестираме сериозни средства во развој на мобилна мрежа и технологии, оптичка инфраструктура, конектирање на нашите корисници со оптички ...

Скопје денеска одбележува 116 години од раѓањето на Мајка Тереза. Одбележувањето започна со положување цвеќе пред спомен-плочата на местото каде што се наоѓала нејзината родна куќа во центарот на Скопје. Прв цвеќе положи првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој ги предводеше присутните делегации. Во чест на нејзиниот живот и дело наредните денови следуваат низа културни и хуманитарни настани. Скопје денеска ...

Филмот „ 17“ на режисерката Косара Митиќ, кој на филмскиот фестивал во Сараево освои 4 награди, публиката на фестивалот во Херцег Нови го оцени како одличен и дека треба да биде дел од образовната програма за средношколци. Овој филм е еден од трите во кои Македонија е еден од копродуцентите, што се натпреваруваат за наградите „Златна мимоза“ на фестивалот. Филмот „ 17 “ на режисерката Косара Митиќ, кој од светската премиера на „Берлинале“ до ...

Пожарот кој речиси две недели беснее на Китка е клучната точка каде се фокусирани напорите на надлежните во обид да се спречи неговото ширење кон внатрешноста на планината. На земја со огнот се борат екипите на скопските пожарникари, ЈП „Македонски шуми“ и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) а имаат поддршка од трите „ер трактори“ и полицискиот хеликоптер. Тимовите на терен со натчовечки напори неколку пати успеаја да го локализираат и ...

Да бидеш против дата-центар денес е како да си против хидроцентрали пред 100 години. Дата центрите се критична инфраструктура без која што не може да функционира интернетот, социјалните мрежи, вештачката интелигенција, дигиталната трансформација вели за Телма универзитетскиот професор Орце Симов. Појаснува дека Дата центрите ќе ги градат одредени економски субјекти, компании кои што ќе се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар. ...

И покрај редовните покачувања на пензиите предвидени со закон, примањата на дури третина од пензионерите во Македонија се скромни и затоа државата треба да најде начин да им помогне на тие со најниски пензии, сметаат од Сојузот на здруженија на пензионери. Податоците покажуваат дека околу 93.000 од вкупно 253.000 пензионери земаат помалку од 24.000 денари, а просечната пензија во јуни изнесува 28.103 денари. „Значајно за пензионерите, особено ...

Нова ротација и ново одложување во постапката за избор на судија во ЕСЧП. Советодавниот панел на експерти при Советот на европа го вратил назад предлогот на македонската комисија Ана Дангова Хуг да го пополни третото место на предлог лисатата за судија во Стразбур. Во Советот на Европа ќе патува ново име – адвокатката Јелена Ристиќ, потврди за Телма, претседателот на Уставен Суд кој е претседател на комисијата. Постапката за избор на ...

По повеќе од две децении започнува да се гради автопатот Скопје- Блаце, иако експропријацијата не е целосно завршена. Должината е 10,5 километри и ќе се спои со веќе изведените 2 километри во близина на граничниот премин со Косово. Автопатот треба да биде готов за 4 години, а ќе го реализира домашната градежна компанија Гранит. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека изградбата на автопатот е историски момент ии од осбено значење и за ...

Во Македонија, едно од десет деца на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална злоупотреба на интернет во само една година, се вели во извештајот на УНИЦЕФ. Најчестите злоупотреби се случувале на социјалните мрежи и онлајн-игрите, а половина од децата жртви доживеале повеќе од една форма на вознемирување. „Овој извештај ни помага да ја согледаме реалната состојба во нашето општество — како се однесуваат младите онлајн, кои ризици ...

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Oнкологија“ учествувале повеќе лекари и затоа не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување. Ова на денешното рочиште го истакна техничкиот советник на одбраната на Нино Васев, доктор Владимир Даниловски. Според него, кај некои пациенти биле вклучени од три до шест, а во одредени случаи и до осум медицински лица. Даниловски тврди и дека словенечката вештачка на ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција предупреди на сериозните ризици што изградбата на дата-центри кои владата на Мицкоски ги тука нетранспарентно и „под радарот“ може да ги предизвика врз водата, земјоделството и ценатата на струјата. Филипче посочи дека станува збор за центри кои за својата работа користат огромни количества вода, која дополнително се загрева, и праша кој ќе гарантира дека поради нивното ...

Страотна трагедија во Непал. Смртоносна ненадејна поплава во оваа држава предизвика голем број човечки жртви а повеќе стотици засега се водат како исчезнати, меѓу нив и голем број туристи. Разорната водена стихија однела со себе повеќе села во северниот дел на земјата а поплавата го погодила и Тибет, автономен регион во Кина, каде што државните медиуми исто така најавуваат дека има „голем број жртви“. Стравувањата се дека бројот на загинатите ...

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување. Правејќи пресек на досегашната состојба, Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Родиум

295786.87