
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 5 до 8 март, Скопје Сити Мол организира осмомартовски базар на кој ќе се претстават 26 модерни ракотворци. Со уникатни колекции, рачно изработени ќе се претстават: Zen.Zeal, Frankly concept & gift-shop, BLOOM, Solar Creations, Nebula Jewelry, АКРЕА, Медена, Ваша мала башта, Infinity accessories, LaSoy & LA CHA, Блумен и Арт 2005, Small piece of joy, Igneа eco aroma cosmetic, Елена Ристовска, ...
Деновиве во културниот центар „Лабораториум“ во центарот на Скопје се случи отворањето на изложбениот (и продажен) салон „Лаб дизајн маркет“, како заедница на македонски дизајнери и занаетчии. Ова не беше само еднократен настан, организаторите најавија дека маркетот ќе работи од вторник до сабота, во периодот од 12 до 18 часот. Идејата и целта на заедницата обединета под „Лаб Дизајн маркет“ е да да им се понуди на македонските дизајнери ...
На 1 март, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на светски познатиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“. Холандскиот уметник, кој ќе биде специјален гостин на музејот е препознатлив по истражување на односот помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата, а неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de Rome“. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. Еден од ...
Црвената боја е тренд за сезоната есен-зима 2023/24, се применува во облеката и во помала доза во модните додатоци, а сега на преминот од зима во пролет посебно се предлага тенденцијата на носење црвени хулахопки. Згодни се за овој преоден период карактеристичен со променливо време и доволно се впечатливи за да се издвоите со својот стил. Дека станува збор за вирален тренд кој доминира цела сезона и сè уште расте интересот, зборува истражуњето ...
Во тек се последните подготовки за уште една успешна саемска приказна. На 20 март започнува Саемот на мебел со целосна понуда за сите вкусови. За Саемот на мебел резервирани се пет дена во комплексот „Борис Трајковски“ и сите посетители ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите совети и да ги изберат најуникатните парчиња мебел за освежување на нивниот дом. Следуваат денови на големи саемски попусти, голем број производителина мебел ќе се ...
Денеска започна пријавувањето за осмото издание на трката „Халк Еко Скопје Трча 10км“ кое ќе се одржи на 12.05.2024 година. Сите кои сакаат да бидат учесници, ќе може да се пријават најдоцна до 30.04.2024 година. Доколку се пополни предвидениот број на учесници, пријавувањето ќе биде затворено и порано. Право на учество во трките имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, а при самиот процес на ...
На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет ќе се изведе популарната комична опера во два чина „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценограф е Марија Ветероска, костимографијата е на Марија Пупучевска, хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Изведувачката екипа ја сочинуваат: во улогата на Фигаро ќе настапи Васко Здравков, ...
Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата нова изложба „Симбиоза“ во Музејот на град Скопје на 29 февруари 2024 година. Овој уникатен приказ ветува да ги фасцинира љубителите на уметноста, нудејќи магична комбинација на човечкото тело и земјениот елемент. Бојан Ковски, роден во 1993 година во Куманово, го остава својот печат во светот на уметноста со својата страст и иновативен пристап кон сликарството. Дипломиран на Факултетот за уметности ...
Шведската модна компанија H&M ги отвора вратите на својата трета продавница во Скопје, во Skopje City Mall, на 7 март, во 10:00 часот. H&M ќе понуди модна инспирација за целото семејство на површина од 1,477 м². Клиентите ќе имаат можност да добијат -15% попуст на целокупната куповина, од денот на отворањето до недела, 10 март. Дополнително, првите 100 клиенти ќе освојат подарочни картички во вредност од 650 МКД. H&M ќе го прослави ...
Во облик на златна круна што се создава од житен клас се претстави новото лого на Жито Лукс. Концептот на кој е развиен новиот визуелен идентитет на компанијата, новото лого и новите дизајни на сите пакувања е инспириран од фактот што со секој нов ден започнува и мисијата на доставувачите на свежиот леб кои го будат секој град, село, улица… Боите во логото и во идната комуникација на брендот се поистоветуваат со волшебната златножолта боја на ...
Оваа сабота, на 17 февруари, во 20:30 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи фестивал на современа македонска поп музика „ПОП КУЛТУРА“. На ПОП КУЛТУРА со концерти во живо ќе се престават „Young Dadi“, „Zee“, „Matej Foltz“ и „Vanski“, а атмосферата ќе ја загрее со диџеј сет „Dimchuga“. Како специјална гостинка од Суботица, Србија ќе настапи и младата раперка „Mlada Beba“. ПОП КУЛТУРА е дел од платформата СИЛАТА ЕУ ...
MY:TIME, реномираната компанија во светот на часовниците и накитот, со радост ја претставува својата ексклузивна кампања за вљубените која не само што ја опфаќа сезоната на љубовта, туку и ја слави убавината на различностите преку неверојатна низа на форми, бои и големини. Под слоганот „WATCHES AND JEWELRY FOR EVERYONE” („ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ ЗА СЕКОГО“), оваа кампања е доказ за заложувањето и љубовта на MY:TIME кон инклузивноста и ...
Нашиот интернационален модел Татјана Тати Јанушева веќе трета година по ред работи во најголемите модни центри, па и со најдобрите светски брендови. Таа неодмна беше ангажирана по трет пат да работи кампања за брендот Tally Weijl. На Јанушева светската кариера ѝ ја води една од најдобрите менаџери и букери Јелена Ивановиќ од Белград во соработка со нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје. Досега има работено на значајни модни ...
Страст, љубов, моќ, опасност, храброст, енергија, романтика се некои од нештата што ги поврзуваме со црвената боја, една од основните бои и со ефект на највпечатлива. Датумот 14 февруари асоцира на Св. Валентин и нашиот Св. Трифун, па еве неколку комбинации во оваа боја кои одговараат на зимска мода, но и на преодот во пролетни стилови. Црвената боја е тренд оваа сезона, а во чест на Св. Валентин и Св. Трифун црвената како симбол на љубовта и ...
Се отвора нов изложбен салон и најголемата заедница на македонски дизајнери и занаетчии „Лабораториум“ објавува отворен повик до сите дизајнери и занаетчии кои изработуваат производи и нудат услуги во полето на текстилот, накитот, модните додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, за домот, осветлување итн. со фокус на рачната изработка, одржливоста, еколошкото и етичко производство. Повикот е отворен до ...
Уредникот и стилист Едвард Енинфул успеа на едно да собере 40 „легендарни жени“ за една групна фотографија за неговата проштална насловна страница на британскиот Vogue. Мартовскиот број на ова модно списание ќе биде последниот со Енинфул на позицијата главен уредник. Супермодели и ѕвезди од светот на филмот, телевизијата, модата и спортот се собраа во Њујорк на снимањето со фотографот Стивен Мајзел. Тоа е најголемиот број на жени некогаш ...
На 11 февруари Музејот на современата уметност – Скопје бележи 60 години од основањето. Во пресрет на овој значаен јубилеј, оваа сабота на 10 февруари, со почеток во 12 часот, Музејот организира дневен настан – матине. Ексклузивно по 35 години ќе биде изложено уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело (1924 –2023). По катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, уметниците од целиот свет во ...
Во пресрет на Свети Валентин – Денот на вљубените и пријателството и Свети Трифун – Денот на виното и лозјето, во организација на Скопје Сити Мол од 9 до 14 февруари ќе биде отворен шестдневен „Базар на љубовта и виното“. На големиот базар ќе земат учество преку 50-тина современи ракотворци, a ќе се претстават и неколку мали домашни винарии. Посетителите ќе имаат исклучителна можност да ги дегустираат македонските вина и да подарат за своите ...
На 3 февруари (сабота), со почеток во 12 часот ќе се оддржи промоцијата на книгата „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“ во Дебар Маало, на улица „Орце Николов“, посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, од познатите македонски музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ (автор на воведниот текст) и Марко Коловски (автор на нотографиите). Ова издание претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов, еден од нашите ...
Новата книга на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, „Манчевски: Пет есеи“ ќе биде претставена како дел од целовечерна мултимедијална презентација (со проекција на филмови и промоција) на 1 февруари (четврток) во 19 часот во новиот Културен центар „Лабораториум“ (старата печатница на „Нова Македонија“, Бул. „Климент Охридски“ 68) во Скопје. Издавач на двојазичната книга (македонски и англиски) е Филозофското друштво на Македонија. ...
Модните уредници, стилските ѕвезди, дизајнерите и познатите личности се собраа во Париз минатата недела за да ги проследат ревиите за колекциите на висока мода за пролет-лето 2024. На Париската недела на висока мода се прикажуваат најексклузивните и најдекадентните рачно изработени креации, а настанот за оваа сезона почна со ревијата на Скјапарели и заврши со колекцијата на Maison Margiela. Погледнете ги видеата кои најдобро ги илустрираат ...
Во Францускиот институт во Скопје отворена е модната изложба „Носиме УМЕТНОСТ/ llevamos ARTE/ nous portons l’ART“, составена од модни креации на студентите на ТМФ – Институт за текстилно инженерство кои под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева креираа инспирирани од делата на еден од најголемите уметници Пабло Пикасо и сликарскиот правец кубизам. Изложбата е организирана од страна на Францускиот центар во ...
СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ е платформа креирана од дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“ од Скопје, со мисија да детектира, ангажира и промовира квалитетни автохтони младински движења, музички бендови, диџеи и поединци од Македонија. Активностите на платформата се во организација на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“ и здружението „Крај Вардарот“. Концептот на платформата е да ги препознае прогресивните и креативни млади луѓе, кои со своето творештво и ...
Париската недела на висока мода започна со ревијата на модната куќа Скјапарели за која креира Даниел Роусбери кој во последните години успешно го возобнови брендот преку еклектични креации и надреалистични мотиви кои беа препознатливи и за основоположничката Елса Скјапарели. И започна во голем стил со славните личности кои дојдоа да ја гледаат ревијата на Скјапарели облечени во драматични стајлинзи со потпис на модната куќа – Зендаја изгледаше ...
Допир на луксуз за секоја дама е мотото на германскиот козметички бренд ZEENA, кој сега е достапен кај нас, а нуди вегански производи за шминкање по прифатливи цени Во убавиот амбиент на ресторанот ABC by Ria беше промовиран новиот бренд ZEENA, кој веќе пристигна во нашата земја и е дел од најголемата германска брзорастечка компанија за декоративна козметика. Брендот ZEENA, чија мисија е – убавина за сите, ја демократизира убавината, нудејќи ...
Во нејзиниот нов и долгоочекуван извештај „Трендови за 2024: На работ на надежта“, Маријан Салзман открива 24 трендови кои ќе го обликуваат светот во следната година.Специјалистот за трендови, Салзман, виш потпретседател за глобални комуникации во Philips Morris International, секоја година нуди план за движење кон иднината. Меѓу 24 трендови што ги предвидува за 2024, се издвојува врската што ги спојува: „Постои невидлива нишка што ги поврзува: ...
Годинава по втор пат ќе се одржи БЕАМ Фестивалот кој ги наградува најдобрите и најуспешни настани одржани во 2023 година и веќе е отворена можноста за пријавување. БЕАМ Фестивалот (Best of Event Awards Macedonia) е на иницијатива и во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП а произлезе како потреба за мапирање на индустријата и валоризирање на работата на професионалците. Сите кои организирале настан во 2023 година имаат ...
Со богата програма и со најдобрите претставници од свадбената индустрија на 23 февруари се отвора традиционалниот Саем за венчавки “Wedding Expo 24″, вака го најавува саемот организаторот на настанот, интернет порталот за културата на венчавките www.vobelo.mk. Ова ќе биде 12-то издание на саемот, а по традиција ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“. Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите во петок на 23 февруари во 18 часот, а ќе трае ...
Како што навлегов во 40-тите, огледалото стана непријател број еден! Секојдневно откривање мали, нови линии и брчки кои се чинеше дека се продлабочуваат со секој изминат ден. Борбата со стареењето на кожата е реалност како одминува времето – цврстината, сјајот и еластичноста се губат први. Одењето пречесто на козметичар е и временски невозможно и не е препорачливо да биде толку зачестено. Барањето соодветна нега може да биде талкање низ ...
Со вчеранното доделување на „Златен глобус“ почна сезоната на филмски (и телевизиски) награди и на модата на црвениот килим. На првата поголема церемонија за оваа година се врати холивудскиот гламур, а модата се движеше во правец на вечерни тоалети во разни бои – црвени и розови, бели и црни, зелени и виолетови, сребрени и златни. Направивме моден избор од „Златниот глобус“, со пошон на објавите на Инстаграм профилот Check the Tag, кој детално ...