MY:TIME, реномираната компанија во светот на часовниците и накитот, со радост ја претставува својата ексклузивна кампања за вљубените која не само што ја опфаќа сезоната на љубовта, туку и ја слави убавината на различностите преку неверојатна низа на форми, бои и големини. Под слоганот „WATCHES AND JEWELRY FOR EVERYONE” („ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ ЗА СЕКОГО“), оваа кампања е доказ за заложувањето и љубовта на MY:TIME кон инклузивноста и ...

Нашиот интернационален модел Татјана Тати Јанушева веќе трета година по ред работи во најголемите модни центри, па и со најдобрите светски брендови. Таа неодмна беше ангажирана по трет пат да работи кампања за брендот Tally Weijl. На Јанушева светската кариера ѝ ја води една од најдобрите менаџери и букери Јелена Ивановиќ од Белград во соработка со нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје. Досега има работено на значајни модни ...

Страст, љубов, моќ, опасност, храброст, енергија, романтика се некои од нештата што ги поврзуваме со црвената боја, една од основните бои и со ефект на највпечатлива. Датумот 14 февруари асоцира на Св. Валентин и нашиот Св. Трифун, па еве неколку комбинации во оваа боја кои одговараат на зимска мода, но и на преодот во пролетни стилови. Црвената боја е тренд оваа сезона, а во чест на Св. Валентин и Св. Трифун црвената како симбол на љубовта и ...

Се отвора нов изложбен салон и најголемата заедница на македонски дизајнери и занаетчии „Лабораториум“ објавува отворен повик до сите дизајнери и занаетчии кои изработуваат производи и нудат услуги во полето на текстилот, накитот, модните додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, за домот, осветлување итн. со фокус на рачната изработка, одржливоста, еколошкото и етичко производство. Повикот е отворен до ...

Уредникот и стилист Едвард Енинфул успеа на едно да собере 40 „легендарни жени“ за една групна фотографија за неговата проштална насловна страница на британскиот Vogue. Мартовскиот број на ова модно списание ќе биде последниот со Енинфул на позицијата главен уредник. Супермодели и ѕвезди од светот на филмот, телевизијата, модата и спортот се собраа во Њујорк на снимањето со фотографот Стивен Мајзел. Тоа е најголемиот број на жени некогаш ...

На 11 февруари Музејот на современата уметност – Скопје бележи 60 години од основањето. Во пресрет на овој значаен јубилеј, оваа сабота на 10 февруари, со почеток во 12 часот, Музејот организира дневен настан – матине. Ексклузивно по 35 години ќе биде изложено уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело (1924 –2023). По катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, уметниците од целиот свет во ...

Во пресрет на Свети Валентин – Денот на вљубените и пријателството и Свети Трифун – Денот на виното и лозјето, во организација на Скопје Сити Мол од 9 до 14 февруари ќе биде отворен шестдневен „Базар на љубовта и виното“. На големиот базар ќе земат учество преку 50-тина современи ракотворци, a ќе се претстават и неколку мали домашни винарии. Посетителите ќе имаат исклучителна можност да ги дегустираат македонските вина и да подарат за своите ...

На 3 февруари (сабота), со почеток во 12 часот ќе се оддржи промоцијата на книгата „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“ во Дебар Маало, на улица „Орце Николов“, посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, од познатите македонски музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ (автор на воведниот текст) и Марко Коловски (автор на нотографиите). Ова издание претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов, еден од нашите ...

Новата книга на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, „Манчевски: Пет есеи“ ќе биде претставена како дел од целовечерна мултимедијална презентација (со проекција на филмови и промоција) на 1 февруари (четврток) во 19 часот во новиот Културен центар „Лабораториум“ (старата печатница на „Нова Македонија“, Бул. „Климент Охридски“ 68) во Скопје. Издавач на двојазичната книга (македонски и англиски) е Филозофското друштво на Македонија. ...

Модните уредници, стилските ѕвезди, дизајнерите и познатите личности се собраа во Париз минатата недела за да ги проследат ревиите за колекциите на висока мода за пролет-лето 2024. На Париската недела на висока мода се прикажуваат најексклузивните и најдекадентните рачно изработени креации, а настанот за оваа сезона почна со ревијата на Скјапарели и заврши со колекцијата на Maison Margiela. Погледнете ги видеата кои најдобро ги илустрираат ...

Во Францускиот институт во Скопје отворена е модната изложба „Носиме УМЕТНОСТ/ llevamos ARTE/ nous portons l’ART“, составена од модни креации на студентите на ТМФ – Институт за текстилно инженерство кои под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева креираа инспирирани од делата на еден од најголемите уметници Пабло Пикасо и сликарскиот правец кубизам. Изложбата е организирана од страна на Францускиот центар во ...

СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ е платформа креирана од дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“ од Скопје, со мисија да детектира, ангажира и промовира квалитетни автохтони младински движења, музички бендови, диџеи и поединци од Македонија. Активностите на платформата се во организација на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“ и здружението „Крај Вардарот“. Концептот на платформата е да ги препознае прогресивните и креативни млади луѓе, кои со своето творештво и ...

Париската недела на висока мода започна со ревијата на модната куќа Скјапарели за која креира Даниел Роусбери кој во последните години успешно го возобнови брендот преку еклектични креации и надреалистични мотиви кои беа препознатливи и за основоположничката Елса Скјапарели. И започна во голем стил со славните личности кои дојдоа да ја гледаат ревијата на Скјапарели облечени во драматични стајлинзи со потпис на модната куќа – Зендаја изгледаше ...

Допир на луксуз за секоја дама е мотото на германскиот козметички бренд ZEENA, кој сега е достапен кај нас, а нуди вегански производи за шминкање по прифатливи цени Во убавиот амбиент на ресторанот ABC by Ria беше промовиран новиот бренд ZEENA, кој веќе пристигна во нашата земја и е дел од најголемата германска брзорастечка компанија за декоративна козметика. Брендот ZEENA, чија мисија е – убавина за сите, ја демократизира убавината, нудејќи ...

Во нејзиниот нов и долгоочекуван извештај „Трендови за 2024: На работ на надежта“, Маријан Салзман открива 24 трендови кои ќе го обликуваат светот во следната година.Специјалистот за трендови, Салзман, виш потпретседател за глобални комуникации во Philips Morris International, секоја година нуди план за движење кон иднината. Меѓу 24 трендови што ги предвидува за 2024, се издвојува врската што ги спојува: „Постои невидлива нишка што ги поврзува: ...

Годинава по втор пат ќе се одржи БЕАМ Фестивалот кој ги наградува најдобрите и најуспешни настани одржани во 2023 година и веќе е отворена можноста за пријавување. БЕАМ Фестивалот (Best of Event Awards Macedonia) е на иницијатива и во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП а произлезе како потреба за мапирање на индустријата и валоризирање на работата на професионалците. Сите кои организирале настан во 2023 година имаат ...

Со богата програма и со најдобрите претставници од свадбената индустрија на 23 февруари се отвора традиционалниот Саем за венчавки “Wedding Expo 24″, вака го најавува саемот организаторот на настанот, интернет порталот за културата на венчавките www.vobelo.mk. Ова ќе биде 12-то издание на саемот, а по традиција ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“. Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите во петок на 23 февруари во 18 часот, а ќе трае ...

Како што навлегов во 40-тите, огледалото стана непријател број еден! Секојдневно откривање мали, нови линии и брчки кои се чинеше дека се продлабочуваат со секој изминат ден. Борбата со стареењето на кожата е реалност како одминува времето – цврстината, сјајот и еластичноста се губат први. Одењето пречесто на козметичар е и временски невозможно и не е препорачливо да биде толку зачестено. Барањето соодветна нега може да биде талкање низ ...

Со вчеранното доделување на „Златен глобус“ почна сезоната на филмски (и телевизиски) награди и на модата на црвениот килим. На првата поголема церемонија за оваа година се врати холивудскиот гламур, а модата се движеше во правец на вечерни тоалети во разни бои – црвени и розови, бели и црни, зелени и виолетови, сребрени и златни. Направивме моден избор од „Златниот глобус“, со пошон на објавите на Инстаграм профилот Check the Tag, кој детално ...

На 12 и 13 јануари 2024 со почеток во 20 часот ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2024. Националната опера и балет го востанови овој концерт во 1995 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас. Традицијата ќе продолжи и оваа година, а публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски ...

H&M, нова дестинација за шопинг! По неверојатниот успех на претходни две продавници, еве информација за отворање на третата продавница на модниот бренд H&M. Таа ќе биде сместена во самото срце на Skopje City Mall, нудејќи уникатно искуство за шопинг. -Оваа нова експанзија ја покажува нашата посветеност да им обезбедиме на нашите вредни клиенти во Скопје уште поудобен пристап до нашите производи и услуги. H&M ќе понуди модна ...

На прагот на новата сезона на венчавки Ателје Антонија Ристовска ја претстави новата колекција на венчаници за 2024 година наречена „Рапсодија на љубовта“, која како што вели дизајнерката „креирана е со големо внимание, посветеност и има вткаена љубов во секое парче, во секој детаљ, во секој цвет“. -Инспирација е Таа – единствена и волшебна, силна и непоколеблива. Секогаш посебна и на пиедестал. Таа, со срце полно љубов и топлина, убава и ...

Модниот дизајнер Мите Занов ја претставува својата нова колекција Heartbeats ‘24, во која се осврнува на феноменот на љубовта, а и во која за првпат вклучува машка облека. Дизајнерот кој креира под името на својот бренд Zanov, колекцијата ја открива преку фотосесија со манекените Веда Евтимова, Мухамед Енуз, Софија Симоноска и Yllzinho, а фотографиите ги потпишува Антонио Станков. За својата нова колекција Мите Занов ќе напише: HEARTBEATS’24 е ...

Модната дизајнерка Росица Мршиќ ја лансира новата лимитирана капсуларна колекција Bloom со која го продолжува својот моден израз на употреба авторски дизајнерски решенија и принтови во своите колекции. Изработена со голема посветеност и внимание и „нула“ отпад во производствениот процес, оваа колекција на женски блузи е со препознатливи рачно изработени детали, карактеристични за дизајнерката, и безвременски дизајн. Блузите се изведени во ...

Во пресрет на божиќната и новогодишна празнична сезона модниот бренд H&M ја претстави новата капсулна колекција од линијата H&M Studio во која ја редефинира вечерната облека со заводлива фузија и одржлив гламур. Колекцијата се издвојува со своите грациозни силуети изработени во сензуални ткаенини како свила и чипка, а содржи и модели со корсети, фустани со тул и добро скроени костими. -Безвременското облекување и трајното чувство на ...

Како и секоја година институтот „Пантон“, најголемиот авторитет за бои, одредува боја на годината која ќе ја одбележи следната 2024-та во модата, дизајнот на продукти, технологијата, дизајнот на ентериери и мебел, шминката и други области на животниот стил. Експертите од институтот проучуваат разни аспекти за да ја пронајдат бојата која ќе ја одбележи следната година – од модните писти преку поп културата до човековата психологија. Резултат на ...

На сцената на Националната опера и балет на 7 декември 2023, со почеток во 20 часот, концертно ќе се изведе моќната „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот. Диригент е Иван Еминовиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска. Настапуваат Наде Талевска, сопран; Васко ...

Како заокружување на националната кампања „Денови за донирање“ во организација на здружението „Конект“, во сабота, 2 декември, од 13 часот во East Gate Mall посетете го отворањето на добротворниот базар на социјални претпријатија. На настанот ќе донирате со купување на производи и новогодишни подароци од социјални претпријатија, а истовремено ќе уживате во програмата со Огнен Јанески и музички ѕвезди, ќе се забавувате со вашите најблиски и ќе ...

Манекенката Ирина Шајк позира во гламурозни комбинации од новата колекција на Зара, пригодна за вечерни излегувања, но и за претстојната празничка сезона. Сржта на колекцијата ја чинат макси фустаните со отворен грб, во кои ќе изгледате грациозно и самоуверено. Зара, исто така, го редефинира традиционалниот смокинг-костим, трансформирајќи го во симбол на смелата женственост. Впечатлив е фустанот со долги ракави украсен со светки, а брендот ...

Во сферата на негата на кожа, каде што секој нов производ ветува револуција, антипигментниот серум со двојно дејство на Eucerin е зачудувачки ефикасен. Серумот е хармоничен спој на науката и убавината, специјално дизајниран да одговори на една од најчестите, но сепак проблеми што се голем предизвик за кожата: хиперпигментацијата. Главните компоненти во овој производ за нега на кожата се тиамидол и хијалуронска киселина. Тиамидол, иновативна и ...

Првата

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1021
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
80%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1019
weather icon

Софија

10ᴼ / 6ᴼ
1.03
82%
1021
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.21
68%
1020
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1020
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
4.92
73%
1021
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
100%
1020
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.47
78%
1020
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.34
85%
1021
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1024
Currency

61.525

Currency

59.0494

Currency

73.4228

Currency

36.7864

Currency

40.9235

Currency

65.0647

Currency

8.23148

Currency

0.59468

Currency

0.38019

Currency

0.52474

Currency

1.64882

Currency

0.68145

Алуминиум

2.58

Кобалт

30.86

Никел

15236.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.76

Сребро

995.04

Злато

88706.52

Бакар

8.51

Паладиум

30478.91

Платина

30913.44

Родиум

149500.97

Цинк

2.75