
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Македонски дизајнерски и занаетчиски производи на престижниот интернационален настан во Словенија Како резултат на соработката помеѓу „Лаб дизајн маркет“ и Big SEE од Љубљана, македонските дизајнери и занаетчии кои се затапени во скопскиот маркет викендов групно ќе се претстават на интернационалниот настан „BIG Design Ljubljana 2024“. Од 10 до 12 октомври улиците во центарот на Љубљана, Словенија, ќе се трансформираат во интерактивен изложбен ...
Една од нашите најдобри и најпопуларни манакенки Елена Реи (Елена Трајановска) последниве години изгради неверојатна кариера. Голема пресвртница беше кога во 2015 година се појави на модна ревија на Келвин Клајн, веднаш потоа модната библија Vogue ја стави на својата листа на модели на кои им се предвидува блескава кариера. За среќа тоа навистина се случи, па денес Реи може да се пофали со фантастично портфолио во светскиот моделинг. На ...
Тимот на онлајн продавницата Mitra.mk го најавува петтиот роденден и констатира дека овие 5 години биле исполнети со постојан раст, иновации и силна посветеност кон клиентите. Прославата а петтиот роденден почнува со големи попусти и подарувања, а следи и ново издание на Mitrafest, музички настан овој пат посветен на Мирко Попов, голем пријател и поддржувач на Митра. -Наш најголем успех во овие години е проширувањето на продажбата надвор од ...
Подгответе се за единствениот настан од светски размери каде се претставува уметноста преку мастило. Скопје ќе биде домаќин на втората интернационална конвенција за тетовирање, Skopje Tattoo Show 2024, која ќе се одржи на 12 и 13 октомври во Skopje Event Center. Skopje Tattoo Show ќе биде место каде што ќе се слави различноста, креативноста и уметничкото изразување преку тетовирањето – форма на уметност која има долга историја и различни ...
Во очекување на претстојниот Skopje Design Week 2024, на 19 октомври (сабота), со почеток во 11 часот, во просториите на Public Room во Скопје ќе се одржи работилница за редизајн на ранец. Оваа работилница кој се реализира во соработка со „Литература.мк“, е наменета за сите млади креативци и талентирани дизајнери. Под менторство на познатата модна креаторка и професорка Лидија Георгиева, тие ќе редизајнираат ранци, инспирирани од темата на ...
Дали сте забележале дека некои луѓе стареат побрзо од другите? Дека некои жени на пример на возраст од 48 години, имаат кожа на лицето како да се на 42-та година, и обратно. Причина за тоа е епигенетиката, односно влијанието од начинот на живот и околината врз нашите гени и стареењето на кожата. Нездравата исхрана, стресот, прекумерното изложување на сонце и загадувањето може да ги оневозможат или „исклучат“ младите гени, што резултира со ...
Моден Викенд Скопје се враќа со својата 29-та сезона во полн сјај, подготвен да ја редефинира модната сцена. Под мотото „Fashion Forever“, од 25 до 28 октомври, Културниот Центар Лабораториум во Скопје ќе биде домаќин на најзначајниот моден настан во регионот, кој ќе ја истакне бескрајната моќ на модата како културна и економска сила. Ова издание ќе биде фокусирано на иновациите и одржливоста – теми кои ја обликуваат иднината на модната ...
„Бела ноќ“ по 20-ти јубилеен пат ќе се одржи во сабота, 5 октомври, на неколку локации низ Скопје. Настанот претставува симбол на културно-уметничкиот живот на скопјани и со низа активности секоја година ја збогатува понудата на културно-уметнички настани во Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси на ...
Модниот бренд Зара ја откри својата мошне очекувана колекција креирана во соработка со познатиот италијански дизајнер Стефано Пилати, преку модната кампања во која се појавува самиот дизајнер заедно со познатата супермоделка Жизел Бундхен. Кампањата фотографирана од Стивен Мајзел беше официјално презентирана деновиве на забава во рамките на Париската модна недела. Впечатливите фотографии ги прикажуваат Стефано Пилати и Жизел Бундхен облечени ...
Македонска кинотека секогаш е актуелна. Одбележува, слави, потсетува навреме за сето она што треба да остане во колективната меморија како достигнување на филмската уметност. Не е важно дали станува збор за филм како целина, за режисер, за сценарист, за артисти, за сниматели односно за секој што учествувал во креирањето на творбата, популарно наречена сликите што се движат. Така ќе биде и овој октомври. Кинотека ќе прикаже филмови со Ален ...
ДАЛИ ЗНАЕМЕ ШТО Е ДИЗАЈН КОЈ ГО БАРА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА? Skopje Design Week, настан што нè очекува во ноември (од 6 до 10), во Мала Станица, но и во Јавна Соба и во Литература.мк во Дајмонд Мол. Во Експо зоната на фестивалот, се очекува да се појават сите иновативни компании, креатори, студија и стартапи кои се спремни да ги покажат своите најнови достигнувања пред пошироката јавност. Тука повторно се адресира прашањето до јавноста, „што е ...
Првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев излезе од печат во идание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата, чиј автор е доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов, ќе биде промовирана на 25 септември (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Љубомир Кекеновски и поранешниот фудбалер и соиграч на Панчев, Васил Рингов, а модератор ќе ...
„Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“ е новата сликовница од циклусот: Приказни за облеките, каде главните протагонисти се маичката Лефти и панталоните Рајти. Во новата сликовница која се очекува да биде следна во низата, го запознаваме џемперчето Воли, скратено од Волненко. Оваа сликовница ја напиша Наташа Дукоска која вели: „отсекогаш имам посебен однос кон џемперите, кои нè топлат и ги носиме за секој случај, а Воли е едно прекрасно ...
Модните љубители знаат дека во Милано се случува модната недела каде сите дизајнери и брендови ги промовираат своите најнови колекции. Во саботата се одржа и модното шоу на италјанската дизајнерка Лаура Бјаџоти (Laura Biagotti), на кое настапи нашата манекенка Сара Стои. Оваа модна куќа стана препознатлива кога го лансираше парфемот „Рома“ кој беше многу популарен при крајот на 90-тите години. -Нашата убавица престојува во Милано каде работеше ...
“5 Years of Style” – беше насловот на големата забава која се одржа во Magnetik Gallery во Skopje City Mall, по повод 5-тиот роденден. Во присуство на љубителите на модата, лојални клиенти, блиски соработници, личности од јавниот живот, како и претставници од медиумите се одбележаа 5 години од уникатна мода, тренд и одлична работа во Magnetik Gallery. Гостите уживаа во забавата со одлична музика, молекуларен пијалок, храна и многу изненадувања. ...
Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен… ќе имаат самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес. Изложбата на светски реномираните уметници Дан Пержовски, чие изразно ...
Фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ ќе биде промовирана на 23 септември (понеделник), во 18 часот, во КЦ „Магаза“ во Битола. Настанот е во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Промоторка на книгата ќе биде Наде Геневска-Брачиќ, етнолог и кустос-советник во НУ Завод и музеј – Битола, воедно и авторка на ...
Македонската дизајнерка и стилистка Шалева Душица, која живее и твори во Париз, го носи на Балканот најголемиот европски манекенски натпревар. Првиот кастинг ќе биде во Скопје, а потоа во Белград, Загреб и Софија. Топ Модел Европа е еден од најголемите и најпрестижни меѓународни натпревари за модели во Европа, а од оваа година Македонија првпат ќе биде дел од овој настан. Кастингот ќе се одржи во Скопје на 13 октомври. Селекциите се ...
Како што навлегов во 40-тите, огледалото стана непријател број еден! Секојдневно откривање мали, нови линии и брчки кои се чинеше дека се продлабочуваат со секој изминат ден. Борбата со стареењето на кожата е реалност како одминува времето – цврстината, сјајот и еластичноста се губат први. Одењето пречесто на козметичар е и временски невозможно и не е препорачливо да биде толку зачестено. Барањето соодветна нега може да биде талкање низ ...
Групата Синтезис, еден од најзначајните амбасадори на македонската музика, ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј со спектакуларен концерт во Македонската Филхармонија на 25 септември 2024 година. Формирана во 1995 година, Синтезис ја започна својата кариера со уникатна визија – да ја оживее и презентира македонската традиционална музика на современ начин. Со комбинирање на старите фолклорни звуци со модерни аранжмани, групата брзо се истакна ...
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ продолжува со кампањата „Читаме современи македонски автори“ По успешните две сезони, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува третиот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. До мај следната година ќе бидат претставени осум македонски автори и исто толку дела. Кампањата ја задржува препознатливата структура: секој месец започнува со Книга на месецот, првата ...
Скопското инди-рок трио Милко се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник” во издание на Шарла Рекордс. „Тажен понеделник” е снимена во студио Алшар, во период мај-јуни 2024 година. Текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на Милко, продуцент е Ивица Јанкуловски. Покрај Сашо Митревски на гитара и вокал, Филип Поповски свири бас гитара, Стефан Терпини – тапани и Владимир Бичковски – сајзери. Синглот го носи скопскиот урбан ...
Венеција деновиве е центарот на филмот благодарение на најстариот филмски фестивал во светот кој се одржува во италијанскиот град, на отворањето беше премиерата на „Битлџус Битлџус“, продолжението на култниот филм „Битлџус“ на Тим Бартон од 1998 година. На црвениот килим на свеченото отворање се појавија актерите од филмот Винона Рајдер, Мајкл Китон и Кетрин О’Хара кои се појавуваат и во првиот дел, младата Џена Ортега, Вилијам Дефо, Џастин ...
По годишноодморската пауза вратите на кинотеката, домот на седмата уметност, во септември повторно се отвораат. Разновидноста, во неколку форми, е карактеристика на оваа понуда за гледачите. Различни жанрови, разновидни земји во кои се продуцирани, разновидно време во кои се создадени. Оваа инклузивност го подразбира и значителниот број на регионалните копродукции, како дел од месечнава програмска понуда. Ќе се стартува со турско-македонската ...
Нашата модна дизајнерка Евгенија Зафировска ја претстави својата колекција „Кога модата ја следи архитектурата“ на модна ревија што се одржа на 12 август на брегот во Сутиван на хрватскиот остров Брач. Колекцијата потпишана од брендот EZ (Евгенија Зафировска Дизајн) е презентирана и со каталог со сите модели фотографирани во Сутиван. Фотографиите се дело на Сања Гргич Чурич, а како заштитни лица се појавуваат Ника Шунара и Николина Петров ...
На 10 август (сабота), во градината на кафулето „P_inn“ во Старата скопска чаршија, со почеток во 21 часот ќе се реализира промотивен музички настан по повод 5 години активно делување на лејблот за електронска музика ПМГ Танц Дигитал (PMG Tanz Digital). „PMG Tanz Digital“ се јавува како одговор на потребите за регистрирање, издавање и промоција на новиот автентичен и квалитетен израз на македонските електронски музички автори. Оние, чија музика ...
Women in Tech Macedonia ја најавува втората WITCON конференција, на 18 мај во Скопје WITCON е конференција со главен фокус на спој помеѓу технологијата и бизнис заедницата. По втор пат, оваа година повеќе од 20 говорници ќе ја споделат својата експертиза на различни теми од овие две категории. Преку панел дискусии говорниците од индустријата ќе ги споделат своите искуствата на актуелни теми во ИТ индустријата во последната година, бизнис ...
Нашата интернационална манекенка Тати Јанушева во последниве месеци престојуваше во најголемите модни центри Париз, Лондон, Милано и Мадрид, каде работеше на многу кампањи и едиторијали. Последно, Тати се појавува во кампањата за познатиот бренд Tod’s изработена во Милано, во која таа позира во облека, обувки и чанти од новата колекција. -Татјана Тати има изградено веќе богато портфолио и ангажмани за врвни брендови како Sportmax, Prada, Miss ...
ЈУ „Универзална сала“ – Скопје и Град Скопје објавуваат јавен повик за програмски активности за манифестацијата Бела ноќ 2024. Крајниот рок на аплицирање е 19 август 2024. Оваа година ќе се одржи јубилејното 20-то издание на „Бела ноќ“, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ќе се одбележи уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани кои ...
Тој е македонски диџеј и продуцент многу добро познат на домашната музичка сцена и пошироко за кого со години веќе не е потребен вовед. Галоски е синоним за талент, амбиција, дисциплина, посветеност, емоција, а со тоа еден од најуспешните диџеи кои некогаш постоеле во земјава. Човекот кој ја постави Македонија на светската мапа за електронска музика. Со итнернационални настапи од едниот до другиот крај на светот и музички изданија за ...