Моментален резултат со долгорочен ефект нудат револуционерните филери на Синклер сега достапни во Клиника Жан Митрев. Дермалните филери Елансе и Маили и колагенската-стимулирачка инјекција Ланлума се најновиот медицински метод во корективната дермална естетика за подмладување на кожата. Филерите на Синклер во медицинската дерматологија се посебно препорачани заради нивното 2-во-1 дејство кое започнува со корекција на брчките, а потоа продолжува ...

Дали некогаш си одвоил време и внимание да го слушнеш твојот стил? Тропкањето на алките, самоувереното отчукување на твојот часовник, суптилното ѕвонење на огрлицата додека се движиш – овие звуци се саундтракот на твојот ден. Во MY:TIME, веруваме дека секој аксесоар што го носиш раскажува приказна. Од моментот кога ќе го закопчаш омилениот часовник, до мелодијата на твојот накит што се ниша со секој твој чекор, твојот стил создава уникатна ...

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Паоло Бресан од Италија диригира со ...

Новоотворената 52 concept store во трговскиот центар Рамстор во Скопје е комбинацијa на врвни брендови и исклучителен дизајн со кои се влегува во светот на луксузната мода и креативните иновации. Овој внимателно создаден простор ги обединува најпрестижните имиња во модната индустрија, поставувајќи нов стандард за луксузна малопродажба. Во срцето на 52 концепт продавница се наоѓа исклучителна колекција од Dsquared, храбра софистицираност која се ...

Модниот бренд Манго во својата понуда постојано има дел со облека наменета за забави, кој сега е надополнет со нови party креации и фустани за сезоната лето 2024. Неодамнешниот водич за трендовски фустани за забави за претстојната сезона прикажува стилска колекција прилагодена за специјални настани како што се свадби и вечери на отворено. Колекцијата содржи долги фустани со тенки прерамки или на едно рамо креирани во интензивни бои, а е ...

Со промоција на наградуваното дело „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, на 16 мај (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе почне првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Фестивалот во организација на „Литература.мк“, што ќе трае од 16 мај до 16 јуни 2024 година, ќе ги обедини литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, ...

Разговорот е дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“ што на Библиотеката и го донесе признанието „Промотор на читачката култура“ според Македонската асоцијација на издавачи. Скопје, 7 мај – Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со поетесата Долорес Атанасова-Лори, чија стихозбирка „Сега ТИ стануваш ЈАС“ е книга на месецот. Разговорот е закажан за во четврток (9 мај) во 19 часот во спомен-собата ...

Qinshift Academy (поранешен Сеавус едукативен и развоен центар) го организира традиционалниот Challenge Day, каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност дa добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области. Настанот ќе се одржи на 25 (четврток) и 27 (сабота) април, во просториите на едукативнитe центри во Скопје и во Охрид. За биде предизвикот поголем оваа година е зголемена поддршката на нови студенти со ...

На 11 мај со почеток во 20 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки ...

Нашата манекенка Татјана Јанушева Тати продолжува да ја гради интернационалната кариера, оваа сезона престојува во Париз и помеѓу другите проекти, таа беше дел и од модната ревија на брендот Фила (Fila) на која се промовира колекцијата FILA X VERSAILLES наменета за љубителите на голф. Ревијата се одржа во замокот Chateau de Maintenon (кој се наоѓа на стотина километри од Париз) пред голем број на познати гости и љубители на модата. Тати веќе ...

Мојата работа е во индустрија каде што изгледот е клучен, отсекогаш сум чувствувала притисок да имам беспрекорна кожа. Предизвиците со хиперпигментацијата започнаа во раните дваесетти години на мојот живот, тоа фрли сенка не само на мојот тен, туку и на самодовербата. Да се најде соодветен и ефикасен производ, како и за други предизвици со кожата, не е баш лесна работа. Кога го открив серумот за усовршување на кожата на Eucerin е всушност ...

Денеска во едукативниот културен центар „Лабораториум“ се одржа конференција за печат во пресрет на петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, кој ќе се одржи од 20 до 27 април. Програмата се состои од 3 вечери и 5 концертни настапи, кои ќе се реализираат во Македонската филхармонија и во едукативниот културен центар Лабораториум. Годинашното издание ќе се одржи во чест на Мирко Попов, кој заедно со Владан Дробицки се идејни творци на ...

Филмот е посветен на архитектонско-урбанистичката историјана Скопје со главен фокус на ерата на брутализмот Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов и продукција на Скопје Филм Студио ќе биде премиерно прикажан во четврток, 18 април во Кино Фросина. „Време на бетон“ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонскоурбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот ...

На сцената на Националната опера и балет на 16 април со почеток во 20 часот ќе се изведе современиот балет „Сага“ (идентитети), во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје. „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој ...

Пролетта и топлите денови се прекрасен период и одморите се нешто кое сите го исчекуваат. Топлината, природата и светлината покрај убавината носат и предупредување. Особено за оние со нежна кожа, склона кон алергиски реакции. Алергиите знаат да бидат повеќе од мала непријатност, тие нè поттикнуваат да го заштитиме здравјето на кожата со будност и грижа. Помеѓу расцветаната пролет и лето стојат производи што се грижат да бидеме заштитени од ...

Утре на 13 април (сабота), во 12 часот на пладне, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи МСУ водич и како пропратен настан матине дружење со диџеј сет на Дарко Јорданов. Со кустос водичот Бојана Јанева ќе може се погледнат двете новоотворени изложби: „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“. Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Поставката проследува хронологија на ...

Од 20 до 27 април ќе се одржи петтото издание на „Крај Вардарот Џез“. Фестивал кој произлезе од големата љубов, визионерство и посветена работа на Мирко Попов и Владан Дробицки за интегрирање автори и изведувачи од македонската музичка сцена во сферата на џез, светска и современа музика. Годинашното фестивалско издание нуди исклучителна програма на македонска авторска музика селектирана од Попов и Дробицки, која излегува од границите на ...

Популарниот моден бренд Манго за да ја одбележи својата 40-годишнината, одлучи да се здружи со Викторија Бекам, која од поп ѕвезда се наметна како модна дизајнерка со сопствен бренд. Соработката помеѓу Викторија Бекам и Манго означува посебен момент за оние кои долго време се восхитуваат на софистицираните дизајни на Бекам, но се воздржуваат од луксузните цени. Како резултат на ова партнерство, на 23 април ќе биде лансирана колекција што ги ...

Утре, 6 април во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ во 12 часот напладне ќе започне промоцијата на новите дизајнери кои ќе се приклучат на досегашната понуда на современи дизајнерски и занаетчиски производи. „Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон, кој се отвори неодамна во центарот „Лабораториум“ што се наоѓа на булевар „Св. Климент Охридски“ број 68, односно во индустриската хала на печатницата ...

Македонската дизајнерка Ивана Кнез ги прослави петнаесетте години присуство на домашната сцена со драматичниот спектакл „Viva La Drama“, кој се одржа синоќа во трговскиот центар Diamond Mall. Mистеријата е конечно разрешена – домаќинка на тајната вечера за која се подготвуваа главните протагонисти од најавнaта кампања за четвртата сезона на Skopje Fashion Festival powered by Државна лотарија – всушност е Ивана Кнез, која на присутните гости под ...

Пролетното издание на Моден викенд Скопје (FWSK) кое минатиот викенд се одржа во трговскиот центар „Ист Гејт“ претставуваше спој на одржливоста и стилот. Меѓу најголемите трендови надвор од модните писти, кој модните ентузијасти брзо го прифатија е познатиот „streetwear“ и „streetstyle“ стил. Се работи за феномен што со сигурност сè повеќе доминира и надвор од модните писти. Хајлајт настан на годинашниот Моден викенд Скопје беше ревијата ...

На 4 април (четврток) во 19.30 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“. Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Изложбата е дел одбележувањето на шесетгодишнината од основањето МСУ – Скопје кое ќе продолжи во текот на целата 2024 година со повеќе значајни настани, изложби и предавања, работилници. Поставката ...

Претпоследниот ден на 28-то издание на Моден викенд Скопје одржан вчера, стоеше на раскрсницата на традицијата и иновациите, како одраз на еволуирачката природа на модната индустрија. Па така, денот обедини различна низа на млади визионери, сите селектирани со заедничка цел да ги поместат границите на она што модата може да го претстави во денешното општество. Со голем фокус на одржливоста, културната длабочина и постојано менувачката динамика ...

Во просторите на модерното здание на East Gate Mall, овој март е во знакот на 28-та сезона на Моден викенд Скопје. Настан кој се ближи кон големото финале со уште една потврда дека секогаш има прецизно курирана програма, посветена и на амбициите на новите дизајнерски сили, но и на одржливите аспирации на модата и дизајнот, што е уште една потврда дека Моден Викенд Скопје е сериозен афирматор на модата и еко-свеста, кој е далеку од само парада ...

Утревечер, на 29 март, во 19 часот во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари – ПОП КУЛТУРА. Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано ...

За само неколку денови, на 30 и 31 март во хотелот Александар Палас од 10 до 19 часот ќе се одржи второто издание на најголемиот детски саем во земјава, наменет за децата и за целото семејство. Оваа детска манифестација која годинава ќе се одржи по втор пат е препознатлива по задоволните и весели лица кај децата и родителите. Организаторите на Кид Експо, Боттега Евенти и Бејбишоп.мк, го осмислија овогодинешното издание со квалитетна програма и ...

Македонските дизајнери Јована Филиповиќ, Mарјан Бебекоски, Ирина Тошева и Наталија Терзија и нивните уникатни креации годинава се дел од креативната кампања „Фустани со џебови“ на Халкбанк посветена на поддршката на жените и мотивирање на бизниси основани и раководени од жени. Кампањата, која започна минатата година е дел од платформата на Халкбанк чија цел е градење и поддршка на финансиската и економската самостојност на жените. Централната ...

За каква ли тајна вечера се подготвуваат и што може да ја обедини на иста маса ѕвездената шесторка: Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска? Одговорот ќе се дознае многу наскоро – на четвртото издание на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија. Културно-забавната манифестација ќе се одржи во трговскиот центар Diamond Mall, a ќе биде во знакот на одбележувањето два големи ...

H&M повторно ја буди пролетта со модерни кроеви и рафинирана романтика Модниот бренд H&M ја откри кампањата за колекцијата за пролет 2024 во која доминираат белата боја, модели со бел вез, сребрени материјали и светол џинс. Пролетната колекција го спојува модерното кроење со рафинирана романса, со акцент на волуменот и чистите линии, а дефинирана со минималистичка палета на бои. Впечатливите парчиња вклучуваат бел мини фустан кој ...

Познатиот ди-џеј, автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов пред неколку дена доби мозочен удар и се бори за својот живот во Клиниката за реанимација и интензивно лекување на скопските клиники. Покрај пораките за поддржка и желба за опоравување на овој познат лик од музиаката и културата, на социјалните мрежи се појавија објави со говор на омраза, а на неколку пати информација дека е починат. Во врска со сите информации и ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
49%
1021
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
7.2
51%
1016
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
44%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1022
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.37
57%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
53%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1023
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
20%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
43%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
3.6
43%
1023
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
5.14
39%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
42%
1025
Currency

61.535

Currency

54.11

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65