Во денови кога македонскиот фудбал бара пат за излез од кризата, добро е да се потсетиме на луѓето кои ги поставија темелите. На луѓето за кои дресот беше светиња, а победата прашање на национална чест. Денеска е голем ден за македонскиот спорт. Првиот селектор на самостојна Македонија, легендарниот Андон Дончевски, го прославува својот 90-ти роденден!. Популарниот „Чичко Дончо“ е човекот кој со право го носи епитетот „Татко на модерниот ...

Ова е повеќе од фудбал. Ова е приказна за надеж, пркос и триумф на духот. Хаити, најсиромашната земја на американскиот континент, растргната од насилство, банди и политички хаос, се пласираше на Светското првенство 2026!. За првпат по 1974 година, „Гренадирите“ ќе бидат дел од елитата, откако ја победија Никарагва со 2-0 и завршија први во групата пред фаворитите Хондурас и Костарика. Селекторот кој води „тимови на далечина“ Но, најлудиот дел ...

Заборавете на Исланд и нивното „ХУ!“. Имаме нов херој во категоријата „Давид против Голијат“. Курасао, мал карипски остров познат по тиркизните плажи и холандската архитектура, испиша историја. Тие станаа најмалата нација според популација која некогаш се квалификувала на Светско првенство!. Со популација од само 156.000 жители, Курасао го сруши рекордот на Исланд (350.000 жители) од 2018 година. Драмата во Кингстон: ВАР го спаси сонот во ...

Акраф Хакими е избран за најдобар фудбалер на Африка за 2025 година, додека Гизлан Чебак ја освои наградата кај жените, на свечената церемонија што се одржа во Рабат, Мароко. За мароканската двојка ова беше ноќ полна со емоции, симболика и историски моменти. Хакими, конечно на врвот По две години како финалист, Хакими конечно го освои највисокото индивидуално признание на континентот. Зад себе остави блескава сезона на клупско и ...

Германската машина не запира. Актуелниот вицешампион на Германија и моментален лидер на табелата во Бундеслигата, Магдебург, вечерва покажа брутална сила во „Арена Загреб“, совладувајќи го хрватскиот првак РК Загреб со неверојатни 35-43. Ова беше натпревар во кој одбраните како да не постоеја, а нападот на гостите функционираше без грешка, предводен од левото крило Матијас Муше. Муше без утка, Мандиќ емотивен против „своите“ Победникот се ...

Ракометениот клуб Сесвете го оствари најголемиот дострел во својата европска историја. Со гостинска победа во Тулуз, тимот собра пет бода во ЕХФ Европската лига, со што е во игра за сензационален пласман во нокаут-фазата! Сесвете ги изненадија сите! По триумфот на гостински терен во Франција, тие сега имаат пет бода во групната фаза, што е нивен историски максимум во Европската лига. Иако не се изразени фаворити за понатаму, шансата е жива: ...

Најголемото име во историјата на фудбалот добива нов сопственик. Компанијата на Нејмар Јуниор и неговиот татко, NR Sports, официјално ги откупи правата на брендот „Пеле“ во историска зделка вредна околу 18 милиони долари. Наследството останува во Бразил По смртта на Пеле во 2022 година, комерцијалната употреба на неговиот лик беше намалена. Сега, семејството на Нејмар ја презема контролата врз сè што е поврзано со „Кралот“: Neymar y su padre ...

Додека прашината од дебаклот во Кардиф (1-7) сè уште не е слегната, а јавноста бара одговори, во кулоарите на ФФМ веќе се шепотат имињата на наследниците на Благоја Милевски. Според ексклузивни сознанија и шпекулации кои кружат во фудбалските кругови, „Куќата на фудбалот“ се двоуми помеѓу две концептуално различни решенија: домашната легенда Гоце Седлоски и докажаниот српски стратег Марко Николиќ. Но, пред да ги анализираме кандидатите, ...

Пишува: Редакција на SportStation.mk Пред да фрлите уште еден камен по нашите репрезентативци, застанете за миг. Земете воздух. И погледнете ја сликата подолу. Ова е „Тимот на отпишаните“. Најскапите фудбалери на планетата кои со сигурност нема да ги видиме на Светското првенство во 2026 година. Погледнете ја сликата горе уште еднаш. Добро погледнете ја. Брајан Мбеумо. Виктор Осимен. Квича Кварацхелија. Карлос Балеба. Доминик Собослаи. Вкупна ...

По 14 натпревари пауза поради ишијас, Леброн Џејмс конечно се врати на паркетот и стана првиот играч во историјата кој настапил во 23 последователни сезони. Во неговото долгоочекувано деби за сезоната, Лејкерси стигнаа до триумф од 140-126 над Јута, во меч кој донесе старо-нов енергичен „потпис“ на кралот. Лука Дончиќ блесна со 37 поени и 10 асистенции, додека Леброн одигра 30 минути и заврши со 11 поени. Остин Ривс додаде 26, а Деандре Ејтон ...

„ДАЗН“, водечката глобална платформа за спортска забава, го најави премиерното прикажување на својот нов оригинален документарен серијал „Volver“ (Враќање). Овој серијал од четири епизоди ќе започне да се емитува на 3 декември, а следните продолженија ќе бидат достапни секоја среда. Документарецот ја следи инспиративната приказна на Марк Маркез и неговиот пат на надминување на невидени предизвици и повреди за да се врати на врвот на ...

По тешката ноќ во Кардиф и поразот од 7-1, селекторот Благоја Милевски застана пред новинарите, не бегајќи од одговорноста. Во ситуација кога неговиот договор со ФФМ истекува на крајот од месецов, неговите зборови беа мешавина од разочарување за резултатот и искрена емоција за националниот дрес. „Одговорноста е моја“ Милевски беше директен околу причините за високиот пораз, признавајќи дека тимот потфрлил на енергетски план. „Одговорноста е ...

Европските квалификации за Светското првенство завршија со експлозивна вечер полна пресврти, доцни голови и драматични расплети. Пет селекции го обезбедија директниот пласман на завршниот турнир, а уште пет ќе мора да ја бараат својата шанса преку европскиот бараж, меѓу кои и Македонија. Најмногу внимание привлече крајот на Групата Х, каде Австрија со гол во самиот финиш избори историско учество на Мундијал по пауза од дваесет и осум години, ...

Во четврток во 13 часот, со директен пренос на Македонската радио телевизија, ќе ги дознаеме попатните станици кон крајната дестинација Америка. Македонија после вечерашниот пораз во Кардиф падна во четвртиот шешир, а сега на ждрепката ќе нè пречекаат репрезентациите кои се „пеколно“ тешки, но не и невозможни. Италија, Турција, Данска или Украина? Кој ќе ни биде противникот ќе дознаеме веќе за ден и половина. Она што е сигурно дека сите ...

Пишува: Редакција на SportStation.mk Постојат ноќи кога фудбалот е суров, кога семафорот не е само бројка, туку пресуда. Кога гледате во екранот и се надевате дека е само „грешка во матрицата“. Кардиф вечерва беше токму тоа. Резултатот 7-1 е жива рана. Тоа е резултат што пече, што ја навредува гордоста, што боли до коска. Но, ова не е текст за тактиката. Не е текст за тоа зошто одбраната капитулираше, зошто пеналите беа такви какви што беа, ...

Првите 45 минути на „Кардиф Сити“ стадионот донесоа студен туш, но не и крај на надежите. Велс води со 3-1 на полувреме, но ако нешто научивме за оваа македонска репрезентација, тоа е дека никогаш не треба да се отпишува пред последниот свиреж. Што тргна наопаку? (Дијагноза на Спортска Станица) Нашиот став е јасен, тактиката со формација 5-4-1 се покажа како премногу дефанзивна и пасивна. Велс не е светска велесила за да им се повлечеме толку ...

Има нешто посебно кога Балканците играат за историја. Во Виена вечерва не се игра обичен натпревар, се игра за национална гордост. И Босна и Херцеговина засега го има резултатот од соништата! Во директниот дуел за пласман на Светското првенство, Босна води против Австрија со 0-1 на гостински терен (кој повеќе личи на домашен поради илјадниците босански навивачи на трибините)! Харис Табаковиќ е херојот! Моментот на лудило се случи во 12. ...

Не беше лесно, но слатко е кога се победува вака. Ракометарите на Вардар 1961 покажаа карактер и во „Јане Сандански“ му сервираа ладна одмазда на Кристијанштад за поразот од минатата недела. Со конечни 35-30, „црвено-црните“ не само што ги освоија бодовите, туку и се вратија на лидерската позиција во групата Ф од Европската лига. Хориха „бомбардираше“, Валах правеше чуда Натпреварот започна нервозно, со рана негатива од 0-2, но Вардар брзо се ...

Тежок терен, дожд и уште потешка игра на нашите надежи. Младата репрезентација на Македонија (У21) го претрпе и петтиот пораз во квалификациите за ЕП 2027, овојпат од лидерот во групата, Полска, со минимални 0-1 во Битола. Еден момент на невнимание реши сè Полјаците, кои имаат перфектен учинок (6/6), ја оправдаа фаворитската улога и подобро се снајдоа на натопениот тревник на стадионот „Петар Милошевски“. Клучниот момент се случи во 33. ...

Моментот на вистината пристигна. Селекторот Благоја Милевски ги отвори картите за финалната битка во групата Ј. Пред малку беше објавен официјалниот почетен состав на Македонија за дуелот против Велс на „Кардиф Сити“ стадионот. Во однос на претходните натпревари, Милевски направи неколку промени, давајќи им шанса на Стојчевски во одбраната, како и на Ашковски и Костадинов. Почетниот состав на Македонија: Клучни промени: Милевски се одлучи за ...

Рековме „без калкулации“, но кога влогот е Мундијал, едноставно е посилно од нас. Нашите инбокс сандачиња се преполни. Читателите прашуваат: „Што се случува сега? Дали уште можеме да играме дома?“ Затоа, специјално за вас, ја правиме финалната „пресек“ анализа пред вечерашната битка во Кардиф. Заборавивме на старите математики и се фокусираме на новата реалност. А реалноста е следна: Вечерва не играме за домашен терен, туку играме за да го ...

Германија и Холандија се најновите патници: Анализа на седумте европски тимови кои го обезбедија местото на Мундијалот во Канада, Мексико и САД. Европските квалификации за Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во Северна Америка, влегуваат во завршна фаза, а веќе се познати првите седум сигурни патници од континентот. На Мундијалот во проширен формат со 48 тимови, УЕФА има на располагање вкупно 16 места – 12 за победниците на ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го привршуваат последниот тренинг циклус пред вториот дуел со ПИК Сегед во Лигата на шампионите. Битолчани влегуваат во мечот со скоро комплетен ростер и позитивен импулс од победничкиот ноември, а само седум дена по големиот триумф во Спортската сала во Битола ги очекува уште потежок предизвик на унгарско тло. Пред заминувањето за Сегед пред новинарите говореа тренерот Рубен Гарабаја и дефанзивецот Илија ...

ГРК Охрид е на чекор до историско „презимување“ во Европа! Со импресивна доминација, охриѓани ја декласираа екипата на Слога од Добој со убедливи 37:19 (16:8) во првиот натпревар од третото коло на ЕХФ Купот. Оваа победа со огромна разлика од 18 гола практично го обезбедува пласманот на тимот во осминафиналето, додека Извиѓач ќе има тешка задача во реваншот против противникот од Луксембург. Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ уште еднаш ...

Гостинска статија на Бојан Напредокот на технологијата е евидентен во секое поле на живеење и секоја индустрија. Едноставно не може да се замисли ни еден час, а не па ден без користење на паметен телефон, компјутер, интернет или некоја машина. Па спортот се разбира не е имун на сето тоа, а поточно е да се каже дека доби премногу од користење на технологија од различни аспекти и различни делови во самата спортска индустрија. Еден од ...

Денес е денот кога Македонија го игра завршниот меч од квалификациите за Светското првенство идната година. Нашите фудбалери гостуваат во Кардиф, каде ќе бркаат победа за полесен противник во баражот. Денес завршуваат сите математики, сите пресметки, сите „што ако?“. Она што е важно денес е сплотеноста, борбеноста и срцето на терен. Можеме за многу работи во квалификациите да жалиме, особено за погодокот кој го примивме во 96-та минута против ...

Чикаго го издржа налетот на Денвер Чикаго го запре домашниот перфектен учинок на Денвер во сезоната и го направи тоа против Никола Јокиќ во ноќ со уште еден трипл-дабл. Булс водеа со осумнаесет разлика во првото полувреме, ја испуштија предноста, повторно ја создадоа и на крајот ги издржаа последните напади на шампионот. Ајо Досунму и Џош Гиди беа најдобри со по 21 поен, а Кевин Хуертер и Никола Вучевиќ погодија две големи тројки во ...

Драматичниот вчерашен ден од европските квалификации донесе нови патници за Светското првенство во 2026 година. Германија и Холандија со убедливи победи на свој терен ги потврдија првите места, додека Полска, Хрватска и Чешка обезбедија продолжување на надежите преку плејофот. Група А Германија 6-0 Словачка Стрелци за Германија: Волтемаде (18), Гнабри (29), Сане (36, 41), Баку (67), Уедраого (79) Германија ја завери својата деветнаесетта ...

Манчестер Јунајтед влегува во тежок период: Бенјамин Шешко ќе паузира околу еден месец поради повреда на коленото, здобиена во финишот на дербито со Тотенхем. 22-годишниот напаѓач не игра за Словенија во тековната репрезентативна пауза, а прогнозите велат дека ќе биде надвор од теренот меѓу три и пет недели, зависно од рехабилитацијата. Добрата вест за Рубен Аморим е што повредата не е од најтешките како што се стравуваше; лошата е тоа што ...

Во пресрет на утрешниот одлучувачки натпревар во Кардиф (20:45 ч.), селекторот на Велс, Крег Белами, отворено го призна притисокот врз неговиот тим, нагласувајќи дека победата е императив. Македонија во Велс пристигнува во далеку покомотна позиција, поради подобрата гол-разлика, на нашиот тим му е потребен само бод за да го потврди второто место во групата Ј. За Велс, пак, игра само победа. „Домашен бараж е огромна предност“ На ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
66%
1027
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
62%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
75%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 9ᴼ
2.68
76%
1026
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1028
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
1028
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
3.09
89%
1029
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
0.45
64%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
5.14
77%
1029
Currency

61.635

Currency

52.7403

Currency

70.7103

Currency

37.3969

Currency

38.5558

Currency

67.61

Currency

7.66296

Currency

0.68067

Currency

0.3349

Currency

0.52515

Currency

1.19974

Currency

0.57587

Рутениум

45750.51

Злато

173443.31

Иридиум

212342.22

Калај

57.67

Цинк

3.33

Родиум

384201.42

Алуминиум

3.15

Платина

75811.46

Паладиум

57164.03

Кобалт

64.04

Сребро

3043.39

Бакар

12.14