Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Италија го потврди својот статус на апсолутен владетел во светот на тенисот. „Аѕурите“ трета година по ред се шампиони на Дејвис Купот, откако во финалето во Болоња ја совладаа Шпанија со 2-0. Ова е историски момент не само за италијанскиот, туку и за светскиот тенис. Италија стана првата земја што освоила три титули во низа во модерната ера на натпреварувањето (по 1972 година). Уште поимпресивно е што оваа титула е освоена без најголемите ...
Кристал Палас лета високо! „Орлите“ го совладаа Вулверхемптон со 0-2 на гости и се искачија на 4-тото место во Премиер лигата. Но, вистинската ѕвезда на вечерта не беа стрелците Јереми Пино и Даниел Муњоз, туку нивниот менаџер, Оливер Гласнер. Во моментот на вториот гол (69′), Гласнер толку се возбуди што реши да ја прослави победата на начин на кој што само нему му беше јасен! Или барем така изгледаше. Австриецот се лизна на влажната трева ...
Кристијано Роналдо уште еднаш му пркоси на времето. Во убедливата победа на неговиот Ал Наср против Ал Халиџ (4-1), Португалецот го остави најдоброто за самиот крај на натпреварот. Се играше длабоко во судиското надополнување (90+6. минута) кога Роналдо, наместо да го чека последниот свиреж, одлучи да ја подигне публиката на нозе. Акробација за најавни шпици На центаршут од десната страна, Роналдо се намести и изведе совршени „ножички“ ...
Чикаго повторно го најде чекорот, а Никола Вучевиќ уште еднаш беше столбот на победата. Со 28 поени и 12 скока, Црногорецот ја водеше екипата до триумф над Вашингтон, кои со 14-ти пораз по ред за Визардс, веќе одамна изгледаат како тим што ја загубил насоката. Џош Гиди запиша трипл-дабл (18-12-11), Коби Вајт уфрли 20 поени, а Матас Бузелис додаде 13. Вашингтон имаше шанса за последна акција при 5.5 секунди до крај, но Кишаун Џорџ испрати лошо ...
Шампионот е на колена, а Енфилд замолкна. Ливерпул го претрпе својот најтежок домашен пораз во ерата на Премиер лигата (0-3), а Шон Дајч му одржа вистинска тактичка лекција на Арне Слот. Ова беше шести пораз во последните седум натпревари за бранителот на титулата, кој сега тоне на 11-то место. Но, каде точно се распадна играта на „црвените“ и како Нотингем Форест ги експлоатираше нивните слабости? Анализата покажува три клучни тактички ...
Пеп Гвардиола деновиве изјави: „Сезоната почнува сега“. Арно ама, изгледа заборави да им каже на играчите на Њукасл дека во тоа сценарио Сити треба да победи. По поразот од 2-1 на „Сент Џејмс Парк“, Гвардиола ни приреди вистинско шоу по натпреварот, демонстрирајќи промена на расположение побрза од контра-напад на Њукасл. „Доктор Џекил и Мистер Пеп“ Камерите го уловија моментот кога Пеп влезе во жестока расправија со бразилското дуо на Њукасл, ...
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски уште еднаш покажа дека е играч за големи моменти. Во натпревар во кој Глазгов Ренџерс се мачеше против жилавиот Ливингстон, влегувањето на Миовски во второто полувреме ја направи клучната разлика. Ренџерс славеше со 2-1, но до победата стигна потешко од очекуваното. По првото полувреме резултатот беше 1-1, откако Фернандез (9′) донесе предност за домаќините, а Јенги (18′) израмни за гостите. Миовски влезе и ...
Од следната сезона, клубовите во Премиер лигата нема да можат да користат еден од најконтроверзните финансиски трикови за да ги „испеглаат“ своите сметки. На состанокот во Лондон, клубовите изгласаа (14 „за“, 6 „против“) воведување на нови правила кои ќе го заменат досегашниот систем на Профит и Одржливост (PSR). Една од клучните промени е затворањето на „дупката“ која им овозможуваше на клубовите да продаваат капитални средства (хотели, ...
Германската фудбалска култура, позната по својата бучна и страсна атмосфера, викендов понуди несекојдневна слика. На натпреварите од Бундеслигата 2 (Херта – Брауншвајг, Бохум – Динамо Дрезден), стадионите беа тивки во првите 12 минути. Ова не беше знак на жалост, туку организиран протест на навивачките групи против најавените нови безбедносни мерки кои се разгледуваат од страна на германските власти. Што планираат властите? Поводот за молкот ...
Иако денес не го започна натпреварот во стартниот состав, сепак нашиот Елиф Елмас беше во центарот на вниманието пред почетокот на натпреварот меѓу Наполи и Аталанта. На Елмас, кој на претходниот меч против Болоња го одигра својот 200-ти натпревар во синиот дрес, му беше врачено признание за значајниот јубилеј, по што беше поздравен со овации од навивачите на стадионот Диего Армандо Марадона. Видеото беше подоцна споделено на социјалните ...
Дали сте слушнале за познатата изрека на Ливерпул „You’ll Never Walk Alone“? Па, се чини дека таа важи само кога тимот победува. Кога губи со 0-3 од Нотингем Форест, мотото се менува во: „You Will Never Walk Alone… to the car park“! Саботното попладне на „Енфилд“ се претвори во кошмар за „Црвените“. Но, она што најмногу ги изненади неутралните фанови (и ги насмеа ривалите) беше глетката на полупразните трибини уште пред последниот судиски ...
Бордот на ФИБА Европа, на својата последна седница одржана во Букурешт (Романија), ги потврди домаќините на Европските првенства за млади категории кои ќе се одржат во текот на наредната, 2026 година. Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) доби потврда за локациите каде што нашите национални тимови ќе се борат за успех во Б-дивизиите. Дестинации: Хрватска, Словачка и Романија Според одлуката на Бордот, македонските младинци ги очекуваат ...
Возбудливо попладне во германската Бундеслига со дури 35 гола на шест натпревари! Баерн Минхен уште еднаш ја демонстрираше својата моќ, Баер Леверкузен потврди дека е сериозен кандидат за висок пласман, додека Борусија Дортмунд и Штутгарт одиграа натпревар за паметење. Еве го резимето на саботната програма. Баерн Минхен – Фрајбург 6:2: Пресврт и шоу на Олисе Баерн Минхен доживеа шок на стартот, губејќи со 0-2 по само 18 минути игра (Сузуки и ...
По 909 дена егзил, фудбалот се врати дома во Каталонија. Барселона го прослави враќањето на реновираниот „Камп Ноу“ со убедлива победа, додека останатите натпревари во Ла Лига понудија возбудувања и пресврти. Еве го резимето на саботната програма од 13. коло. Барселона – Атлетик Билбао 4:0: Историско враќање на „Камп Ноу“ Атмосферата беше електрична, а играчите на Ханси Флик се погрижија прославата да биде комплетна. Роберт Левандовски, кој ...
Саботната програма во италијанската Серија А донесе возбудливи натпревари, многу голови и неколку интересни резултати. Наполи се врати на победничките патеки под водство на Антонио Конте, додека Јувентус не успеа да го скрши отпорот на Фиорентина. Еве го резимето на четирите натпревари. Наполи – Аталанта 3:1: Нерес и Ланг го расипаа дебито на Паладино Наполи одигра одличен натпревар на „Диего Армандо Марадона“ и ја совлада Аталанта со 3-1. ...
Додека Њукасл и Манчестер Сити го зазедоа „прајм-тајм“ терминот, попладневната програма во Премиер лигата донесе вистинска бура од изненадувања и пресврти. Ливерпул ја загуби шампионската трка од вид, Вулверхемптон тоне сè подлабоко, а „Црешите“ на Ираола покажаа неверојатен карактер. Еве преглед на петте натпревари кои се одиграа во стандардниот термин од 16:00 часот. Ливерпул – Нотингем Форест 0:3: „Шумарите“ го освоија „Енфилд“! 🌲 ...
Гоце Седлоски и неговиот Вардар продолжуваат да газат во Првата македонска фудбалска лига! „Црвено-црните“ ја запишаа 11-тата победа оваа сезона, овојпат славејќи со сигурни 0-2 на тешкото гостување кај АП Брера во Струмица. Со овој триумф, Вардар врза пет победи во низа и останува единствениот непоразен тим во лигата по 14 одиграни кола!. „Калливиот“ терен не ги спречи вардарци Условите за игра на стадионот „Благој Истатов“ беа далеку од ...
Фудбалот е игра на бројки, тактики и милиони, но пред сè е игра на страст и припадност. Во саботната вечер на „Сент Џејмс Парк“, додека Њукасл Јунајтед водеше епска битка против најдобриот клуб од Англија последната деценија Манчестер Сити, на трибините се вееше едно знаме кое раскажува посебна приказна, знамето на „Toon Army Macedonia“ (официјалното здружение „НУФЦ ФАНС МКД Скопје“). По години на чекање, Еди Хау конечно го победи Пеп ...
Викендов ќе се вози трката за Големата награда на Лас Вегас, а Вилијамс ќе излезат под рефлекторите со специјален дизајн на нивниот болид. Црниот изглед е во чест на нивниот партнер Атласијан, кој воедно е дел и од името на тимот, и нивниот најнов модел на вештачка интелигенција Рово АИ. Celebrating the power of Atlassian Rovo in Vegas ♠️♦ We’ll be lighting up the strip this weekend with our special-edition Atlassian Rovo livery 🤩 ...
Челси продолжува да ја гради својата тивка, но стабилна форма. Тимот на Енцо Мареска славеше со 2-0 на гостувањето кај Барнли, резултат кој ги искачи Лондончани на второто место во Премиер лигата, три бода зад лидерот Арсенал. И тоа во момент кога Кол Палмер штотуку се здоби со нова повреда, а Мојсис Каиседо седеше на клупата. Но Челси, повторно, се снајде. Не блескаше, но беше зрел, тактички дисциплиниран и смртоносно ефикасен. Нетo го ...
Во свет каде возачите се скриени зад визири, токму кацигата одамна е нивниот најпрепознатлив печат. Но патувањето од обични, еднобојни дизајни до блескави, уникатни ремек-дела е приказна што совршено ја отсликува еволуцијата на самата Формула 1 – од суров спорт до спектакл кој живее и надвор од патеката. Она што некогаш беше само заштитна опрема денес е платно за личноста, приказна и хумор. Од диско-топката на Ландо Норис до ...
Светот на тенисот доби уште една потврда зошто Дејвис Купот е посебно натпреварување. Во Болоња, бранителот на титулата Италија обезбеди пласман во своето трето последователно финале по вистински трилер против Белгија, додека Шпанија веќе има предност од 1-0 во своето полуфинале против Германија. Италијанско „братство“: Коболи спаси 7 меч топки! Иако играат без светскиот рекет број 1, Јаник Синер, Италијанците покажаа неверојатна длабочина и ...
Шкотска е во транс! Со епската победа од 4-2 над Данска во вторникот, „Тартан Армијата“ го прекина 28-годишното проклетство и се пласираше на Светското првенство 2026. И додека гајдите сè уште свират во Глазгов, едно познато име од Премиер лигата испрати сигнал дека можеби е подготвено да го облече синиот дрес. Станува збор за крилото на Њукасл, Харви Барнс. „Вратата не е затворена“ Барнс (27) е роден во Англија и има еден настап за „Гордиот ...
Ако навивате за Арсенал, Ливерпул или било кој друг тим во Премиер лигата, ова е изјавата од која најмногу се плашевте. Репрезентативните паузи завршија. Досадните „ФИФА прозорци“ се минато до март. А тоа значи само едно, Манчестер Сити го пали моторот за својата позната зимска серија. Пред викенд дуелот, Пеп Гвардиола даде изјава која звучи како предупредување за лидерот Арсенал (кој моментално бега 4 бода). „Сезоната почнува денес. Летниот ...
Жозе Мурињо се врати во Португалија, а со него се вратија и легендарните прес-конференции. Иако неговата Бенфика синоќа победи со 0-2 против третолигашот Атлетико ЦП во Купот, Мурињо беше бесен како рис. „Орлите“ се мачеа, а на полувреме резултатот беше 0-0. Головите за победа паднаа дури во 73. (Риос) и 77. минута (Павлидис од пенал). „Не чинат играчите, не системот!“ По натпреварот, Мурињо не бираше зборови за своите фудбалери кои го ...
Светското првенство за фудбалери до 17 години влегува во самата завршница. Четвртфиналниот ден во Доха донесе сè што може да се посака, голови во судиското продолжение, пенали, емоции и потврда дека иднината на фудбалот е во сигурни раце. Еве што се случуваше на терените во Катар. Бразил во 95-та минута го скрши отпорот на Мароко (2-1) Во највозбудливиот натпревар на денот, Бразил успеа да го победи жилавиот тим на Мароко со 2-1, благодарение ...
Во ноќ полна со пресврти и адреналин, Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто е лице на модерната НБА. Со 34 поени, 10 скока и 9 асистенции, српскиот центар го водеше Денвер до голема победа од 112-109 над Хјустон во вистински трилер на НБА Купот. Јокиќ постигна 24 поени во второто полувреме, ја контролираше играта кога најмногу требаше и со ладнокрвните фрлања во последните секунди го стави потписот на победата. Џамал Мареј му се придружи со 26 ...
Завршија квалификациите, заврши Лигата на нации, а пасошите се ставаат во фиока. Иако ние во Спортска Станица сме познати по тоа што „гинеме“ за репрезентативниот фудбал и уживаме во секој собир на националните тимови, мора да признаеме, ни недостасуваше викенд ритамот на клупските лиги! Следната репрезентативна пауза е дури во март 2026 година (баражот!), што значи дека пред нас се четири месеци чист, непрекинат клупски фудбал. Викендов ...
Баерн Минхен доби сериозен удар во најлош можен момент: Луис Дијаз е суспендиран три натпревари во Лигата на шампионите поради црвениот картон што го доби против ПСЖ. Колумбиецот, кој тогаш блескаше со два гола во победата од 2:1, беше исклучен по остриот дуел со Ахраф Хакими во финишот на првото полувреме, дуел што заврши со повреда на зглобните лигаменти на Мароканецот. УЕФА го оцени стартот како „сериозна груба игра“ и одреди суспензија ...
Челси повторно останува без Кол Палмер, човекот што го држи ритамот на оваа сезона. Токму кога се чинеше дека се враќа по долгата пауза, англискиот репрезентативец доживеа нов, неочекуван удар: фрактура на малиот прст на левата нога… дома. Палмер се повредил во среда навечер, откако се судрил со врата, бизарна ситуација што веднаш го тргна од тренажниот процес. Палмер требаше да биде подготвен за големото европско дерби со Барселона следната ...