Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Пелистер неочекувано загуби на денешниот пријателски натпревар против екипата на Новаци. Битолските „зелено-бели“ беа поразени на дуелот со второлигашот со 1:2. Единствениот гол за Пелистер го постигна Мурговски. Фудбалерите на Брегалница забележаа убедлива победа од 3:0 над Каменица Саса во пријателски натпревар одигран на Градскиот стадион во Штип, во рамките на подготовките за продолжението од сезоната. Штипскиот тим погоди со двата гола ...
ФК Силекс денеска и официјално го претстави 27-годишниот Александар Мишов како ново засилување за кратовскиот прволигаш. Напаѓачот во Кратово пристигнува од редовите на ГФК Тиквеш од Кавадарци и ќе го засили офанзивниот ред на „синo-црвените“. Во својата кариера, Мишов има настапувано и за Академија Пандев, Борец, како и за странските клубови Самтредија (Грузија), Етар (Бугарија) и Туран (Казахстан), со што носи значајно домашно и ...
Победничката серија на Манчестер Ј. под водство на Мајкл Карик продолжи. И денеска на мечот од 25. Коло во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ остварија триумф, совладувајќи го Тотенхем во дерби дуелот со 2:0. Можеби клучниот момент на мечот беше исклучувањето на Ромеро во 29. минута, по страшно грубиот старт врз Касемиро. Подоцна, резултатот го отвори напаѓачот Брајан Мбемо кој го постигна својот деветти гол за Манчестер Јунајтед во Премиер ...
Како што дознава “СпортСпорт“, еден од нашите клучни играчи во репрезентацијата, Висар Муслиу не е потешко повреден како што се мислеше првично синоќа откако го напушти теренот уште во 4.минута на мечот на неговиот Сент Труден со Вестерло. По еден дуел со противнички играч, Муслиу се пожалил на болка во пределот на адукторот. Со цел да не се ризикува, македонскиот репрезентативец го напуштил теренот. Најново е тоа што Висар добро се ...
Барселона е последниот клуб кој и официјално го потврди своето повлекување од контроверзниот проект наречен фудбалска европската Суперлига. Денеска, каталонскиот клуб официјално ја извести Суперлигата за повлекување од проектот. Со ова, само Реал остана единствениот официјален учесник и поддржувач на проектот, кој очигледно е дека веќе нема иднина. Барселона е последниот клуб кој и официјално го потврди своето повлекување од контроверзниот ...
Најдобрата македонска тениска Лина Ѓорческа не успеа да обезбеди пласман во финалето на тенискиот турнир во Порто. Денеска во второто полуфинале, Ѓорческа во вториот дет од дуелот со Американката Кроули го предаде мечот. Во првиот сет Американката славеше со 7:5, а во вториот натправи предност од 3:0, по што нашата тенисерка не можеше да го продолжи мечот и реши да се повлече. Ова беше уште еден добар настап на Ѓорческа од стартот на ...
Фрањо фон Алмен е олимписки шампион во спуст. Во швајцарско-италијанската битка во Бормио, Швајцарецот го победи Италијанецот Џовани Францони за 20 стотинки, додека бронзениот медалист Доминик Париз го освои својот прв олимписки медал на 36-годишна возраст. Фон Алмен ги обедини титулите светски и олимписки шампион. Тој се сметаше за главен фаворит, особено по победата во Кран-Монтана минатата недела. Домаќините на игрите, исто така, се ...
Тофаш на Емил Рајковиќ влезе во голема резултатска криза, откако денеска повторно претрпе пораз. Тофаш на мечот од новото коло во турскиот шампионат загуби на домашен терен од екипата на Мерсин со 83:88 и запиша четврти последователен пораз во првенството. Дека тимот е во сериозна резултатска криза покажува и фактот дека момците на Рајковиќ имаа само една победа во последните 7 натпревари во сите конкуренции. Со денешниот пораз од Мерсин, ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати од Австралија во Грција пред неколку дена, каде што сега живее со своето семејство, но не остана долго дома. И покрај сите најави и очекувања, Ѓоковиќ присуствуваше на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо во петокот вечерта. Беше спектакл на три локации кој траеше неколку часа, на парадата видовме тројца српски спортисти кои ќе учествуваат на Зимските олимписки игри, ...
Сара Хефлин од Швајцарија доживеа ужасен пад на Зимските олимписки игри кога изгуби дел од опремата за време на скок во спустот слободен стил. 35-годишната, искусна атлетичарка имаше голема среќа што избегна сериозна повреда. Таа ја изгуби скијата за време на скокот. Во воздух, кога скокна, се обиде да ја фати, но скијата едноставно одлета, па Хефлин некако успеа да слета, но падот изгледаше ужасно и болно. 🚨 Alerte perte de ski en plein ...
Дејвис куп репрезентацијата на Македонија ги загуби првите два натпревари во сингл на дуелот со Кипар во рамките на Втората Светска зона од Дејвис купот. Во првиот меч Мелиос Ефстатиу го совлада Амар Хусеиновиќ со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0). Ефстафиу ја потврди фаворитската улога и првиот сет го доби со 6:2, откако стигна до водство од 5:1, а во вториот сет беше убедлив без загубен гем го заврши сетот. Во вториот меч Стефан Мицов беше поразен ...
Натпреварот помеѓу Рајо Ваљекано и Овиедо е одложен поради многу лошиот терен на стадионот „Ваљекас“. Како што беше најавено, Овиедо беше првиот што се повлече, гостите открија дека теренот е во лоша состојба и дека играчите можат да се повредат. Во својата изјава, Овиедо го поддржа Рајо Ваљекано, кој се согласи да го одложи натпреварот поради лошата состојба на теренот по обилните дождови и бури. Патем, теренот „Ваљекас“ долго време е ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, има амбиција да го потпише играчот од средниот ред на Барселона, Педри, со што се обидува да го повтори трансферот на Луис Фиго во мадридскиот клуб во 2000 година. „Во оваа борба за моќ што се случува – повеќе Лапорта со Флорентино отколку обратно – оваа можност не треба да се исклучува. Тие мора да го убедат играчот, но како што велат, парите одлучуваат сè. Во случајот со Педри, постои многу ...
Кристијано Роналдо го продолжи бојкотот кон својот тим Ал-Наср, тој не се појави на деби дуелот против Ал-Итихад во саудиското првенство. Причината за ваковиот потег на Португалецот е незаинтересираноста на клубот да донесе вистински засилувања за да можат да освојат титула. Од страна на раководството на Саудискат Про-лига тој доби опомена, но од страна на навивачите и на играчите голема поддршка. Ал-Наср на свој терен со 2:0 го победи ...
Денеска ќе биде комплетирано 19. коло во Супер-лигата. Два тима од врвот без проблем треба да ги оправдаат улогите на фаворит. Алкалоид на домашен терен го пречекува Пролет, меч кој е закажан со почето во 18 часот. Кирил Лазаров и неговите момци имаат 29 бода, го делат третото место со ГРК Охрид, кој во овој момент има меч повеќе. Пелистер пак на домашен терен игра против вториот битолски тим, на овој дуел на клупата на актуелниот македонски ...
Вардар во продолжение на сезоната ќе биде посилен за неколку имиња. Во своите редови „црвено-црните“ ги вратија репрезентативците Дарко Велковски и Бобан Николов, а нови имиња се и Стефан Цветковиќ и Хоакин Торес. Аргентинецот Торес има 28 години и игра како офанзивен фудбалер. „Најпрво, сакам да кажам дека сум многу среќен што сум овде. Имам голема почит за Вардар како тим, знам дека се работи за најдобриот тим од Македонија и сакам да се ...
Ѕвездата на Вашингтон Визардс, Ентони Дејвис, ќе го пропушти остатокот од НБА сезоната 2025-26 поради повреди на раката и препоните. Визардс донесоа официјална одлука да не го вратат Дејвис на теренот до крајот на сезоната, за да може целосно да се опорави и да биде максимално подготвен за сезоната 2026-27. Информацијата беше објавена во петокот од страна на инсајдерот од НБА, Крис Хејнс. „Се очекува ѕвездата на Вашингтон Визардс, Ентони ...
Екипата на Гостивар оваа сезона игра под сите очекувања, а за тоа говори и самиот факт дека се наоѓа на претпоследното место на табелата во Супер-лигата. Клубот од пред некој ден е во рацете на Општината, што пак влева надеж дека може да го подигне нивото. Пред 15. коло дојде до промени на клупата. Александар Петровиќ повеќе не е тренер на тимот, а се очекува неговото место да му припадне на Перо Блажевски, кој после долго ќе води еден тим. ...
По пауза од шест месеци, се чини дека за Силекс одново во одбраната ќе настапува искусниот Иван Шуберт (32). Да потсетиме дека српскиот дефанзивец го носеше дресот на кратовци од 2023 до 2025, едно време беше и капитен на тимот. Минатото лето си замина во Србија, во тимот на Напредак ама по само шест месеци се раздели од клубот од Крушевац. Преговорите за враќање во Силекс се готови, останува само уште промоцијата. Како што е познато, во ...
Раководството на Барселона одлучи да го купи Маркус Рашфорд, тврди каталонското издание „Спорт“. Во летото, англискиот интернационалец дојде на „Камп Ноу“ како позајмен од Манчестер Јунајтед, со откупна клаузула во договорот за 30 милиони евра. Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Мајкл Карик би сакал да го има Рашфорд во својот тим и е подготвен да се потпре на него доколку самиот остане на чело на тимот. Сепак, 28-годишниот фудбалер е ...
Селтиксите се вратија од негатива од 22 поени и го победија Мајами со 98-96. Браун постигна 29 поени, Вучевиќ заврши со 11 поени и 12 скока во своето деби за легендарната франшиза. Селтиксите промашија 20 од 21 тројка, пред да ја поправат реализацијата и да погодат 9 од 15 во продолжение. Мајами имаше шанса за победа, Мичел промаши тројка. Бостоб пред крајот на втората четвртина имаше негатива од 34-56. Одигра одлично во третата четвртина и ...
Извршители денес ја посетија канцеларијата на Пари Сен Жермен на барање на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе. Причината е неплатена отштета за одмор од парискиот клуб, објави француското издание „Екип“. Од вкупно 60,9 милиони евра што му се должат на фудбалерот, ПСЖ не платил 5,9 милиони евра. Оваа сума претставува акумулирана отштета за неискористен одмор. Извршителите им предадоа на Парижаните платен налог со кој бараат враќање на ...
Кога еден репрезентативец на Македонија ќе дојде или поточно ќе се врати во твојот клуб, тоа секако дека е големо засилување за тебе. Така и со Дарко Велковски кој одново е во “црвено – црниот“ табор, во тимот на Вардар. Јасно е дека стратегот Гоце Седлоски, а и фановите на нашиот најтрофеен клуб, очекуваат од Велковски многу добри игри во пролетниот дел. За се ова самиот Велковски истакнува: „Во моментов Вардар мене ми помогна, а јас ќе му ...
Тинекс Пролет влегува во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона со јасен концепт – поголема шанса на младите ракометари и формирање на силна база на тимот за годините што следат. Во една таква ситуација за нов тренер беше именуван Доне Мајнов, играчката легенда на клубот, десниот бек кој ја заврши кариерата како ракометар, но останува активен во овој спорт, во клубот во кој мина повеќе од една деценија. Мајнов полн со ентузијазам ги ...
Минесота на својата веб-страница објави дека потпишале договор со Хамес Родригез. 34-годишниот Колумбиец првично потпиша договор кој важи до летото, по што клубот може да го продолжи до декември. Спортскиот директор Халед Ел-Ахмад го поздравува доаѓањето на поранешниот играч на Реал Мадрид, кој може да додаде важна димензија на тимот. „Хамес е играч чиј квалитет, визија и искуство на највисоко ниво се неоспорни. Воодушевени сме што ја ...
Фудбалерите на Лидс ја совладаа екипата на Нотингем Форест со 3:1 во вечерашниот дуел од англиската Премиер Лига. Овие две екипи ја имаа честа да го отворат 25-тото коло и дефинитивно не разочараа. Лидс направи опиплива предност уште во првото полувреме откако за само 4 минути Бога и Окафор донесоа убаво водство за домаќините. На стартот на вториот дел Калверт Луин постигна гол во 49-тата минута и стави точка на натпреварот. До крајот на ...
Зимските олимписки игри вечерва и официјално се отворени. Во Милано и Кортина вечерва продефилираа над 2800 натпреварувачи од 93 земји учеснички на најголемиот спортски собир на зимски спортови. Македонската делегација во чии редови се алпските скијачи Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордицјците Ставре Јада и Ана Цветановска вечерва продефилираа со македонското знаме од три локации. Треба да споменеме дека на овие Зимски олимписки ...
Европската фудбалска конфедерација (УЕФА) изрече казни за женските репрезентации на Естонија и Литванија до 17 години поради одбивањето да играат натпревари против нивните белоруски колеги во квалификациите за Европското првенство. „Поради одбивањето на Естонската фудбалска федерација и Литванската фудбалска федерација да учествуваат во квалификациските натпревари за Европското првенство за жени до 17 години против репрезентацијата на ...
Бразилскиот репрезентативец Родриго доживеа нова повреда и го остави својот Реал Мадрид „на цедило“ пред најважниот дел од сезоната. Имено Родриго доживеа мала повреда на натпреварот против Атлетико Мадрид во Суперкупот на Шпанија и од тогаш не добиваше многу минути во екипата на „кралевите“. Сепак, медиумите од Шпанија денес објавија дека бразилецот доживеал потешка повреда која ќе го оддалечи од терените најмалку 3 недели. Медицинскиот тим ...
По петтипат на падините на Попова Шапка се одржа Сноуборд Купот на Македонија со учество на повеќе од 45 натпреварувачи од осум европски земји: Франција, Бугарија, Турција, Грција, Србија, Чешка и Унгарија. Во одлични услови на стазата „Ге“, во дисциплината велеслалом имаше динамични возења и силна конкуренција. Македонските сноубордери повторно блеснаа и остварија одлични резултати. Миа Џагора доминираше со две први места, Ева Џагора освои ...