Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Нема голови во Бостон по првото полувреме од првиот меч во 1/4 финалето. Франција – Мароко 0:0 е резултатот а за тоа е “виновен“ голманот на Мароканците, Боно кој бранеше фантастично. Успеа да му одбрани и удар од белата точка на Килијан Мбапе во 28.минута откако Мазрауи го фаулираше капитенот на Франција. “Триколортите“ може да жалат со оглед на тоа дека имаа барем 3-4 големи шанси, но на пауза мораа да заминат со тие 0:0. Франција ...
Македонскиот лев бек, Филип Талески потпиша договор со ГРК Охрид за сезоната 2026/2027 со можност за продолжување за уште една година, тој ќе го носи дресот со број 28. Талески доаѓа од екипата на Татабања, Унгарија. Потекнува од школата на Металург, а рано замина во бундеслигашот Рајн Некар Левен (освои бундеслигашка титула), а во Германија играше и за Балинген. Пред тоа играше за РК Вардар 1961 и Бенфика (Португалија). “Потписот за ГРК ...
Александар Таневски – Клајне со ФК Скопје избори влез во елитата на Македонија. Но, тој вчера не го водеше тренингот на „пиратите“ кои со задоцнување означија старт на подготовките. Тренерот наводно нема да остане на Автокоманда а изминатите денови неговото име се поврзуваше со Брегалница и негова преселба во Штип со новите спонзори кои го превземаат овој клуб кој исто така лани се избори за кам-бек во елитното друштво. Малку е збунувачка ...
Диего Контрерас (22) е најновото име во таборот на Арсими. Станува збор за напаѓач од Колумбија кој доаѓа од редовите на Партизани Тирана. Претходно во својата земја играл за тимот на Џагуерас. Секако дека ова е големо засилување за тимот на Арсими. Тимот од Чегране не крие дека очекувањата од Колумбиецот се големи а до овој трансфер дошло благодарение на добрата соработка со Партизани Тирана. Диего Контрерас (22) е најновото име во ...
Европа – Шкендија 0:5 е исходот од мечот на Гибралтар, прв од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Ова е јубилејна 25-та победа во Европа за Шкендија и тоа во 70-тиот меч. Ндзенгуе, па двапати Тамба и Криеизу покажаа кој е кој во овој дуел. Стратегот Артим Положани може да биде задоволен од победата на своето официјални деби како тренер на Шкендија. Да, иако тимот на Европа не е којзнае какво мерило, ама сепак Шкендија покажа како ...
Пикантериите од Мундијалот никако да престанат. Иако на турнирот преостанаа уште поприлично малку селекции, сепак, интересни информации за кои јавноста секогаш е гладна не недостасуваат. Последна во редот такви е онаа која што вели дека фудалската репрезентација на Франција, која што инаку токму вечерва го игра мечот од четвртфиналето против Мароко, како превозно средство за време на турнирот користела летала на „Глобал Кросинг Ерлајнс“ ...
Силекс одличен, Силекс одигра машки, храбро и успеа на гости да слави против Динамо Минск со 0:1 и тоа со голот на Хасукиќ. Ретко кој во домашната јавност веруваше дека може да се случи вакво нешто, ама тимот на Александар Васоски навистина треба да се пофали. Инаку ова е прва победа на гости во Европа за тимот од Кратово. По мечот Васоски за “СпортСпорт“ истакна: “Генерално заслужена победа, посебно ако се знае дека по финалето со Шкендија ...
Пејачот Џастин Бибер ќе настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, заедно со претходно најавените Шакира, Мадона и К-поп групата BTS, објавија организаторите на натпреварувањето. Финалниот натпревар на Светското првенство во Њујорк ќе се игра на 19 јули. За прв пат ќе се одржи шоу на полувремето од финалето на Светското првенство, ќе трае 11 минути. ESP наведува дека се очекува Бурна Бој да настапи со Шакира, а двајцата ...
Шкендија има предност од 0:1 по првото полувреме на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции кој се игра на Гибралтар кај составот на Европа. Се играше 28.минута кога по асистенција на Крстевски, Ндзенгуе убаво се снајде пред домашниот гол и донесе радост во таборот на нашиот претставник. Тетовци не блескаат, ама сепак имаа шанси и за поубедливо водство, посебно онаа на Трумчи во 32.минута, а на Ндзенгуе во 37.минута му ...
Босанскиот кошаркар Емир Крајиниќ (24 години, 208 см) е првото странско засилување на МЗТ Скопје во летниот преоден ро. Станува збор за талентиран центар, кој одлично ги користи својата висина и подвижност и кој одлично се снаоѓа во рекетот, како во нападот, така и во одбраната. Кошаркарската кариера ја почна во Слобода Тузла, каде што настапуваше во периодот од 2018 до 2024 година. Потоа направи трансфер во Промо, каде што бележеше просек ...
Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42 минута од натпреварот фудбалерите на Силекс стигнаа до голема, до огромна победа како гости на белорускиот Динамо Минск. Натпревар кој се одигра пред празни трибини во бугарскиот град Стара Загора (белоруските екипи не играат во својата земја), во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Ова е прва победа во историјата на Силекс Кратово како гостин во натпреварувањата на УЕФА и резултат кој ...
Пелистер од денеска и официјално е посилен за тројца искусни играчи кои некогаш го носеа дресот на овој клуб. Раководството на клубот и официјално објави дека Петар Љамчевски, Јорданчо Наумоски и Симеон Христов се нови имиња или повратници, во таборот на битолскиот клуб. Инаку Симеон Христов е син на новиот шеф на струката во Пелистер,Борче Христов. Со искуство и младост, битолскиот второлигаш ќе се обиде експресно да се врати во елитната ...
Во сабота од 23 часот се игра дуелот од 1/4 финалето на СП меѓу Англија и Норвешка. Секако дека ова во фудбалскиот свет предизвикува големо внимание, особено по фантастичните игри на Норвежаните и пред се Ерлинг Халанд во изминатиот дел од Мундијалот. Па така се прават разни најави за оваа мега – пресметка, а интересно е тоа што е направено видео со помош на вештачка интеленција во кое е претставено како Викинзите, Халанд и Одегард со ...
По трет пат во последните четири години – тенисерка од Чешка ќе го освои Вимблдон. Каролина Мухова, деветтата тенисерка во светот, и Линда Носкова, 12-та тенисерка на ВТА листата, ќе се сретнат во финалето. Пред неа, шампионки на Вимблдон во сингл беа Чехинките Барбора Крејчикова (2024) и Маркета Вондрушова (2023). Во полуфиналето, Носкова ја победи Украинката Марта Костјук со резултат од 6:4, 6:4, по 81 минута игра и со тоа си закажа битка ...
Манчестер Јунајтед постигна договор со Челзи за трансфер на бразилскиот играч од средниот ред Андреj Сантос. Договорот е вреден 50 милиони фунти (околу 58 милиони евра), при што 48 милиони фунти ќе бидат исплатени веднаш, додека дополнителни 2 милиони фунти се поврзани со лесно остварливи бонуси. Лондонскиот клуб, исто така, ќе задржи десет проценти од секоја последователна продажба на играчот. Преговорите беа завршени многу брзо, бидејќи ...
Албанскиот тим Партизани од Тирана останува без спортскиот директор Агим Ибраини кој одлучил да се повлече од оваа позиција. Клубот пред некој ден ги почна подготовките и назначи нов тренер од Романија но проблемите со буџетот и амбициите на клубот за новата сезона биле пресудни за крај на соработката на двете страни. Партизани лани неуспеа да обезбеди настап на евро-сцената но клубот се бореше за опстанок кога Ибраими ја превзема ...
Во 19.30 часот стартува првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Европа и Шкендија, кој се игра на Гибралтар. На околу еден час до стартот на мечот, стратегот на нашиот тим Артим Положани ги објави стартните единаесет со кои ќе атакува на победа на овој меч. Положани се одлучи за следните стартери: Гаје, Ислами, Фетаи, Мелиќи, Трумчи, Зејнулаи, Иса, Красниќи, Димоски, Ндзенгуе, Крстевски. Интересно, на клупата се ...
И официјално, Матеј Гаштаров (19) го продолжи договорот со српскиот и балкански гигант Ц.Звезда. Македонецот во редовите на “црвено – белите“ ќе остане најмалку до 2029 година. Инаку Гаштаров е предводник на нашата У-21 репрезентација и важи за еден од најголемите таленти или млади фудбалери на Македонија и на Ц.Звезда. Минатата сезона беше во Борац Чачак на позајмица, а сега ги минува летните подготовки со својата Ц.Звезда. Има големи шанси ...
Денеска во рамките од првото коло од квалификациите за Лигата на Конференции, во Стара Загора, Бугарија, македонскиот претставник Силекс го игра првиот од двата дуела против екипита на Динамо Минск од Белорусија. Неутралниот терен е одбран секако поради условите кои што УЕФА ги поставува кон екипите од Белорусија. Мечот е закажан за 19:00 часот, а во моментов се случува вистинска олуја во Стара Загора. Да се надеваме дека до стартот на мечот ...
На нешто повеќе од еден час до стартот на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, меѓу Динамо Минск и Силекс, и официјално познати се стартните состави. Александар Васоски, стратегот на нашиот тим овој меч ќе го стартува со следните единасеттмина: Љ. Џеков, Бутуровиќ, Шуберт, Ѓ. Џеков, Пановски, Донов, Анѓелески, Ефтимов, Шеро, Богдановски и Хасукиќ. Од ова се гледа дека кратовци имаат и тоа како изменет состав, посебно ...
Првата финалистка на овогодинешниот Вимблдон е Каролина Мухова од Чешка, која по драматична полуфинална битка во три сета ја победи Американката Коко Гоф со 2:1, во сетови 6:2, 1:6, 7:6 (12:10). Таа ќе се бори за титулата против најдобрата од второто полуфинале, во кое ќе се сретнат Чехинката Линда Носкова и Украинката Марта Костјук. Ова е најголемиот успех на 29-годишната Каролина Мухова на Вимблдон и второ финале на Гренд слем во нејзината ...
Само што заврши неговата деветгодишна кампања како селектор на Хрватска, Златко Далиќ веќе има понуди да преземе друга селекција. Најуспешниот селектор во историјата на Хрватска, со освоени второ и трето место на Мундијалите, по елиминацијата на овогодинешниот Мундијал во осминафиналето, реши да се раздели со „Коцкастите“. Тоа секако едвај го дочекаа голем дел од репрезентациите ширум светот кој што веднаш го контактирале Далиќ или неговите ...
Трагедија го погоди романскот фудбал. Некогашниот репрезентативец на оваа земја, Габриел Мурешан, почина на 45 годишна возраст, откако се удавил во езерото кое се наоѓа блиску до неговиот град. Инаку Мурешан ја извршуваше функцијата градоначаник, на градот Аполд, а Фудбалската Федерација на Романија ја потврди погибијата на репрезентативецот кој што деветпати го носеше дресот со национален грб. „Романската фудбалска федерација упатува ...
Кристијано Ронладо, капитен на португалската репрезентација и нејзин рекордер по број на настапи и голови, не се врати во Лисабон со своите соиграчи. Роналдо, откако Шпанија ја елиминираше Португалија од Светското првенство во осминафиналето, пристигна во својата татковина со приватен авион. Според „Марка“, Роналдо бил многу пријателски расположен со персоналот на аеродромот. Тој се збогувал со сите вработени на аеродромот. Легендарниот ...
Како што се очекуваше, новиот селектор на Мексико е Рафаел Маркес. Од 2024 година, до Светското првенство, Маркес ја извршуваше функцијата помошник на сегашниот селектор Хавиер Агире. Мексиканската фудбалска федерација објави дека поранешниот познат репрезентативец потпишал договор до 2030 година. „Назначувањето на Рафаел Маркес за главен тренер е дел од уредна транзиција дизајнирана да обезбеди континуитет и да го зајакне развојот на ...
Македонската младинска машка ракометна репрезенѕација не успеа ниту во вториот обид на Европското првенство да стигне до првата позитива. Овојпат подобри од нашите момци беа репрезентативците на Хрватска кои што ја победија Македонија со конечни 34-29. Со овој пораз напиот национален состав веќе нема шанси да се пресели во главната рунда од турнирот, туку ќе разигрува за пласман од 13 до 24 место. Каевски со седум и Поповски со шест погодоци ...
И тоа на неутрален терен. Силекс денеска во рамките од првото квалификациско коло од Конференциската лига, во Стара Загора, Бугарија го игра првиот од двата меча против белорускиот состав Динамо Минкс. Поради УЕФА санкциите, овој дуел не може да се игра во Минск, туку е одбрана Стара Загора, а истиот почнува во 19:00 часот. Силекс е подготвен за оваа битка. Долго време веќе летово кратовци работат, што во домашни услови што во Охрид, за да ...
СП 2026 влегува во завршницата. По еден ден пауза, од денеска на програмата се натпреварите од 1/4 финалето. Тука се оние осум селекции кои досега покажаа најмногу на Мундијалот, а четвртфиналето ќе го отворат Франција и Мароко. Моќната, страшната Франција против силниот Мароко во битка за полуфинале. Јасно е дека пред нас е спектакл. Франција влегува во четвртфиналето со пет победи од пет натпревари на Светското првенство, откако ги победи ...
Фудбалската репрезентација на Норвешка, противник на Англија во четвртфиналето на Светското првенство, се исели од својот петзвезден хотел во Мајами по само една ноќ поради незадоволство од условите. Тренерот и играчите се пожалија на низа проблеми кои, како што тврдат, им ги нарушиле подготовките за клучниот натпревар, пред кој го напуштиле сместувањето вредно 250 долари од ноќ, пишува Дејли Меил. Ерлинг Халанд и неговите соиграчи првично ...
Вардар е на прагот на елиминација уште во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите по дебаклот на првакот на Македонија завчера на домашен терен од финскиот тим КуПС (0:2). Гостите со убедлива игра и убедлива предност се враќаат дома а „црвено-црните“ преку својот тренер Кристијан Фабиани веднаш го лоцираа проблемот. Новиот тренер немал доволно време да го вкомпонира тимот, иако е тука од март, иако имаше многудневни подготовки во ...