Екипата на Пролет на својата официјална страница соопшти дека се повлекува од Супер-лигата. Причината за ваквата одлука е финансиската состојба на клубот после повлекувањето на главниот спонзор. „Почитувани пријатели на ракометот, навивачи, партнери и спортска јавност, Ракометниот клуб Пролет 62 ја известува јавноста дека, поради завршувањето на договорот со нашиот долгогодишен и ценет генерален спонзор, донесовме тешка, но одговорна одлука ...

Вториот тим на Пелистер полека го комлетира ростерот за престојната сезона. Најново од таборот на битолчани е Александар Стојков, кој може да покрие две позиции, десното крило и десен бек. Стојков во својата кариера има настапувано за тимовите на КЛ7, Алкалоид, Струга и Куманово. Според најавите од Пелистер 2, во составот кој ќе го предводи Бранислав Ангеловски се очекува уште неколку засилувања за целосно комплетирање на тимот. Вториот ...

Машката младинска репрезентација на Македонија после еден ден пауза продолжува со натпреварите на Европското првенство. После трите порази во низа во групната фаза (Норвешка, Хрватска и Данска), „црвено-жолтите“ ќе разигруваат за пласман и ќе се обидат да дојдат до првиот триумф на ова континентално натпреварување. Нови противници се селекциите на Австрија и Летонија. Првиот меч е денеска во 11:30 часот, а нашите ракометари ќе ги одмерат ...

Претставници на Фудбалската асоцијација (ФА) истакнаа дека нема никаков проблем меѓу менаџерот Томас Тухел и ѕвездата Џуд Белингам откако двајцата дадоа спротивставени проценки за тешката победа на Англија од 2-1 во четвртфиналето на Светското првенство над Норвешка во Мајами. Германскиот стратег го нарече својот тим „среќен“, додека Белингам возврати дека тренерот можеби не ја разбира сериозноста на условите на теренот, пишува Дејли Меил. ...

На интернет се појави петиција со која се бара исклучување на аргентинската репрезентација од Светското првенство во 2026 година. Петицијата се собира на посебна веб-страница создадена за оваа цел, а во моментов над 3 милиони луѓе ја изразија својата желба светските прваци да бидат елиминирани. „Јасно е дека ФИФА и судиите се пристрасни кон Лионел Меси и аргентинската репрезентација. Зошто воопшто би учествувал некој друг, кога победникот ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, и официјално забележа напредок на најновата ВТА ранг-листа, откако направи скок од 14 позиции благодарение на настапот на најпрестижниот тениски турнир – Вимблдон. Ѓорческа претходно се наоѓаше на 222. место, но пласманот во првото коло на грен слем турнирот во Лондон ѝ донесе нови бодови и значително подобрување на пласманот. Од денес македонската тенисерка се наоѓа на 208. позиција на ...

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека по завршувањето на Светското првенство во 2026 година ќе се разгледа можноста за дополнително проширување на бројот на учесници на завршниот турнир. Годинешното Светско првенство во Канада, Мексико и САД за првпат собра 48 репрезентации, одлука која предизвика многу критики пред почетокот на турнирот, но за неа речиси и не се зборуваше по почетокот на ...

Трката од Меѓународниот шампионат во мотоцикли „Алпе Адрија“ (AAIMC) заврши трагично. AAIMC е шампионат од шест трки што се одржува на различни европски патеки. Организаторите потврдија дека двајца мотоциклисти загинале по несреќата на една од саботните трки во Брно, патеката на која се одржа Гран прито на Чешка во јуни во Мото ГП шампионатот. Филип Штајнмаер, 32, почина во инцидентот, а Адриан Рус, 43, почина во болница од здобиените ...

По пет години пензија, легендарниот Конор Мекгрегор синоќа во Лас Вегас, ја реактивираше својара УФЦ кариера. За жал на многумина неуспешно затоа што загуби од Макс Холовеј по само 69 секунди борба. Да, вистината е дека Мекгрегор и се повреди, но тоа и не е така важно кога зтанува збор за заработката од овој меч. Ирецот ќе го напушти Лас Вегас со минимум 15 милиони евра повеќе на сметката, затоа што тоа беше загарантираната сума за него за ...

Норвешкиот напаѓач Александар Сорлот и неговата девојка добиле многу коментари со омраза, па дури и закани со смрт по елиминацијата на Норвешка од Светското првенство Неколку норвешки навивачи го искажаа својот гнев кон Сорлот поради поразот на Светското првенство. Ова го потврди и сопругата на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Лена Селнес. На Инстаграм, таа сподели голем број коментари и пораки што ги добиле таа и Сорлот. „Те молам, изврши ...

Женската јуниорска репрезентација на Македонија загуби и на вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Бугарија, одигран денеска во Ботевград. Домаќинот беше подобар и славеше со 77:56. Ослабена поради неиграњето на неколку важни кошаркарки – Ива Колева, Глорија Груевска, Ана-Марија Димитровски, а на овој натпревар и Вања Милосаљевиќ – македонската репрезентација тешко успеа да му парира на противникот, кој уште во првата ...

Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи на доведување негова замена. Во Вила веќе контактирале со агентот на голманот на јапонската репрезентација Зајон Сузуки. Парма го цени јапонскиот голман на 30 милиони евра, но Астон Вила се обидува да ја намали цената. Сепак, со оглед на тоа што за ...

Младиот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Александар Сотир, следната сезона ќе го носи дресот на екипата на Уникаха Малага. Сотир денеска потпишал договор со тимот од АБЦ лигата и следната сезона ќе се обиде да се избори за минутажа во најсилниот кошаркарски шампионат во Шпанија. Првично тој ќе биде дел од У18 тимот на Малага. Младиот репрезентативец на нашата земја кој минатата сезона играше за У16 репрезентацијата, беше дел од ...

Поранешниот англиски дефанзивец, Рио Фердинанд, верува дека англиската репрезентација е подготвена да го освои тековното Светско првенство. Англија ќе се соочи со Аргентина во полуфиналето, кое ќе се одржи во среда во Атланта. „Мислам дека сме подготвени за светската титула, да, верувам дека е така. Кога работите ќе се отежнат и ќе тргнат наопаку, Англија е добра во наоѓање решенија. Тоа е како составување сложувалка – покажавме дека можеме ...

Македонските атлетичари забележаа одлични настапи на Балканското првенство за младинци под 20 години, кое викендов се одржа во Крајова, Романија. Нашите атлетичари се враќаат со освоен сребрен медал, како и два нови младински национални рекорди и голем број лични рекорди. Женската штафета на 4х100 метри го освои сребрениот медал и постави нов младински национален рекорд со време од 48.95 секунди. Штафетата настапи во состав: Ева Митевска, ...

Реал Мадрид постави нов рекорд во историјата на Светските првенства по бројот на постигнати голови од играчи од еден клуб. Во четвртфиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година, англискиот играч од средниот ред Џуд Белингам постигна два гола против Норвешка (2:1) . Благодарение на ова, играчите кои го носат дресот на „кралевите“ веќе постигнаа 19 гола на тековното Светско првенство. Претходно, рекордот од 18 гола го делеа три ...

Италијанецот Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон, откако во денешното финале во четири сета со 3:1 (6:7, 7:6, 6:3 и 6:4) славеше против Александар Зверев. Италијанецот ја продолжи позитивната серија во меѓусебните дуели со Германецот и со 11-тата победа успеа да дојде до уште еден вреден Гренд Слем трофеј. Зверев не успеа да се избори за својата втора Гренд слем титула, откако неодамна заврши со долгиот пост освојувајќи го Ролан ...

Шпанската фудбалска репрезентација, под водство на селекторот Луис Де Ла Фуенте, се квалификуваше за полуфиналето на Светското првенство, каде што ќе се сретне со француската репрезентација. Ова ќе биде реприза на полуфиналето на Европското првенство во 2024 година кога Шпанија победи со 2:1 на крилјата на Ламин Јамал. И верувале или не, ако ги погледнете сите натпревари на Европското и Светското првенство, Шпанците имаат скор од 12-1-0, а ...

Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ, кој моментално е без договор, изненадувачки е на мета на Реал Мадрид, пишува новинарот Саша Таволиери. Оваа недела, Ал Наср објави дека Марсело Брозовиќ ќе го напушти клубот откако ќе му истече договорот ова лето. 33-годишниот играч од средниот ред оттогаш се поврзува со трансфер во МЛС. Сепак, сега се појави информација дека Реал Мадрид стапил во контакт со агентот на Брозовиќ. Жозе Мурињо гледа ...

Екипата на Арсими вечерва го потврди трансферот на дефанзивниот играч за врска Матео Софијаноски. Софијаноски, едно од најбараните имиња во овој преоден рок, доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров каде постигна 2 гола и имаше 4 асистенции на 31 натпревар минатата сезона. Претходном младиот фудбалер играше и за Брегалница, Воска и Тетекс, додека како дете ја помина академијата на Вардар и Њу Старс. Софијаноски е и редовет ...

Македонските одбојкарски тренери Кристијан Ристески, Атанас Милев, Ѓоко Јосифов и Хабил Ајети успешно го минаа меѓународниот ФИВБ Левел 2 курс за одбојкарски тренери, кој се одржа во хотелот „Адор“ во Приштина, Косово. Ристески и Милев, кои се дел од стручниот штаб на машкиот сениорски национален тим, како и Јосифов, кој веќе неколку години ја гради својата тренерска кариера во Австрија и Ајети, кој работи со женскиот подмладок успешно го ...

Англискиот играч од средниот ред Џуд Белингем изјави дека советите од неговата мајка му помогнале да избегне жолт картон во победата од 2-1 над Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство. Втор жолт картон би значел дека 23-годишникот ќе го пропушти полуфиналето против Аргентина во среда. „Цела недела, мајка ми постојано ми велеше: внимавај на зборовите, внимавај на стартовите, внимавај на изразите на лицето, контролирај ги емоциите. ...

Со огромно задоцнување, екипата на Башкими ќе ги стартува подготовките за новата сезона следната недела. Во Куманово долго време се чекаше да се случи нешто, а од она што во моментов е познато е дека на клупата на Башкими ќе застане Муарем Муарем. Тој ќе означи почеток на подготовките во среда. Негов помошник ќе биде Арменд Алими кој што пред само неколу недели и официјално ја заврши богатата фудбалска кариера. Што се однесува пак до ...

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино деновиве е на голем удар поради бројните отворени прашања за тековниот Мундијал. Тој пак, како да не му е доволно што е прозиван за се и сешто, од судење, преку организација, до поништување на суспезии, високи цени и што ли уште не, реши да додаде уште еден „проблем“. Изјави дека ФИФА размислува за следниот светски фудбалски самит во 2030 година, наместо сегашните 48 селекции да има 64. „Да имаме 64 ...

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето испадна од Белгија, откако имаше на само неколку минути до крајот на мечот предност од 0:2. Сепак, белгијаците најпрво израмнија, а потоа и победија со што ги оставија африканците во шок. Тиао е на ...

При пост меч интервјуто на дуелот Аргентина – Швајцарија синоќа во кој „Гаучосите“ со 3:1 обезбедија пласман во полуфиналето од Мундијалот, Лионел Меси објави податок кој очигледно малку е познат. Тој во својата кариера никогаш не играл против Англија, репрезентацијата која што е противник на неговата Аргентина во полуфиналниот дуел. „Натпреварите против големи репрезентации секогаш се посебни. Никогаш порано не сум играл против Англија , па ...

Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит со мака ја мина Швајцарија со 3:1. Освртот на овие два дуела го прави Горазд Михаилов. Тој смета дека индивидуалниот квалитет на англичаните пресуди тие да се меѓу четирите најдобри на овој турнир, додека Аргентина е таа која што ...

Возачот на Дукати, Марк Маркес ја потврди својата доминација и е победник на денешната трка во рамките од МОТО ГП шампионатот, која што се возеше за големата награда на Германија. Деветократниот светски шампион, само го повтори она што го направи во спринтот и на главниот тренинг вчера и беше најбрз на патеката во Сахсенринг. На втората позиција на денешната трка се пласираше возачот на Трекхаус, Аију Огури, додека трет на пиедесталот се ...

Тековниот Мундијал го доживува својот зенит. Во тек се четвртфиналните мечеви во кои синоќа бранителот на титулата Аргентина по продолженијата обезбеди пласман меѓу четирите најдобри по триумфот над Швајцарија. „Гаучосите“ имаа тежок испит пред себе, па по водството кое го донесе Мек Алистер, и израмнувањето на Ндоје, мораше во дополнителните половина час да обезбедува пласман понатаму со головите на Алварез односно Лаутаро Мартинез. ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе направи скок на ВТА листата по најголемиот успех во кариерата со пласманот во првото коло од Гренд Слемот Вимблдон. Тоа на Ѓорческа ќе и овозможи од моменталното 222 место да се искачи на 208 позиција на светската ранг листа. Со ова Ѓорческа би се доближила релативно до својата најдобра позиција во кариерата, кога беше пласирана на 170 место на ВТА листата во 2017. година. Само за ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
59%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
47%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
59%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
49%
1014
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
0.0
77%
1014
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
2.57
51%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 20ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
88%
1014
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
40%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
93%
1013
Currency

61.53

Currency

53.1786

Currency

72.0206

Currency

37.7098

Currency

38.3228

Currency

65.492

Currency

7.88626

Currency

0.63317

Currency

0.33382

Currency

0.52479

Currency

1.11095

Currency

0.55713

Сребро

2080.30

Паладиум

41731.67

Родиум

282926.57

Платина

56103.05

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Злато

140678.81

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Калај

56.34

Бакар

13.28