Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ испрати честитки на адреса на Шкендија, која и покрај поразот од АЕК Ларнака се најде на 22.то место на табелата во УЕФА Конференциската лига, кое носи пласман во 1/16 финалето односно т.н плеј оф. -Искрени честитки до Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Успехот е резултат на професионалниот пристап, тимскиот дух и амбицијата за докажување на меѓународната ...

Македонската спортска јавност денеска се простува од Васил Рингов, истакнат фудбалер и поранешен репрезентативец, кој почина на 70-годишна возраст по кратко боледување. Со неговото заминување згасна уште една силна врска со златните години на македонскиот и југословенскиот фудбал. Васил Рингов остави длабок и траен белег, пред сè како еден од симболите на ФК Вардар. Во дресот на скопскиот клуб одигра над 200 официјални натпревари и постигна 93 ...