Кристијано Роналдо (41) се врати на теренот и веднаш постигна гол, покажувајќи дека дури и на 41 година нема намера да забави. Португалскиот напаѓач беше стрелец во победата на Ал-Наср од 4:0 против Ал-Ријад. Роналдо ги пропушти првите натпревари од сезоната бидејќи се приклучи на тимот подоцна по обврските за Светското првенство. Тренерот Ангелос Постекоглу го остави на клупата во натпреварот против Ал-Ријад, а го внесе во игра во 62-та ...

Ливерпул и Интер го официјализираа трансферот на Куртис Џонс. Играчот од редот за врска е третото засилување кое во Интер пристигнува од Премиер лигата, во актуелниот преоден рок. Претходно актуелниот италијански првак се засили со Џон Стоунс (Манчестер Сити) и Џед Спенс (Тотенхем). „Сите во Ливерпул сакаат да му се заблагодарат на Куртис за неговата посветеност и придонес кон клубот во текот на изминатите 16 години и му посакуваат се ...

Голманот на Јувентус, Микеле Ди Грегорио (29), се сели во Борнмут, каде што ќе игра на позајмица оваа сезона. Англискиот клуб ќе има право да го откупи неговиот договор за сума од 14 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми. Ди Грегорио ја напушта Серија А со учинок од 133 натпревари во кои примил 141 гол и ја задржал мрежата чиста на 50 натпревари. Во последната сезона, тој примил 36 гола во 37 натпревари, а 17 од нив завршил без да ...

Артур Мело дефинитивно е потврден како поранешен играч на Јувентус, откако претходно стана големо трансфер промашување за кое италијанскиот клуб и плати на Барселона 70 милиони евра. Бразилецот одигра само 63 натпревари за Јуве, клубот за него потроши околу 100 милиони евра, а последните сезони играше на заем во други клубови. Тој одигра само 63 натпревари за Јуве, клубот за него потроши околу 100 милиони евра, а последните сезони играше на ...

Жозе Мурињо по пауза од 13 години повторно седна на клупата на Реал Мадрид Португалецот потенцираше дека едвај чека да започнат возбудувањата во првенството. „Се заморив од пријателски натпревари, сакам да започне она вистинското, натпреварувачкиот дел. Никој не го сака фудбалот поради пријателските средби „Еспањол има одличен тим и сигурно имаат амбиции за утрешниот меч против нас. Ние влегуваме фокусирано, смирено, опуштено. Подготвени сме ...

Напаѓачот на англискиот второлигаш Вест Бромвич, Ауне Хегебо, доби контроверзна суспензија од два натпревари поради „успешна измама на судија“ за време на победата на неговиот тим од 2-1 над Норич Сити во саботата. Во 75 минута Хегебо го отвори резултатот откако постигна гол од непосредна близина. Сепак, снимките покажаа дека норвешкиот напаѓач го реализираше центаршутот на Џими-Џеј Морган со рака, а судијата Тим Робинсон и покрај протестите ...

Актуелниот македонски ракометен првак одигра доста неизвесен натпревар против Тримо Требње за пласман во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“, кој се одржува во Охрид. Избраниците на Иван Чупиќ беа подобри со 28-26 и се пласираа во финалето на турнирот. Гогов запиша 13 одбрани, додека Да Силва имаше шест погодоци, еден помалку постигна Љевар. Актуелниот македонски ракометен првак одигра доста неизвесен натпревар против Тримо Требње за ...

Фудбалерите на Арсенал го победија Ковентри со 3:0 во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата. За прв пат, „топџиите“ одиграа натпревар на стадионот „Емирати“ како актуелни шампиони на Англија, а одбраната на тронот ја започнаа со сигурна и убедлива победа. Головите за тимот на Микел Артета ги постигнаа Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Едегор. Ковентри се врати во елитата по 25 години и храбро влезе во играта, но Арсенал брзо ја ...

Најдобриот играч на Панатинаикос, Кендрик Нан, е опериран на коленото. Американскиот бек се повреди на приватен тренинг во САД, каде што заработил повреда на менискусот. Нан во средата, 19 август, бил подложен на оперативен зафат, кој според информациите поминал рутински и без никакви компликации. Сепак, повредата доаѓа во незгоден момент за атинскиот клуб, кој има големи амбиции во новата сезона. Според грчкиот портал „СДНА“, Нан ќе мора да ...

Селекторот на машката сениорска репрезентација кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот августовски ФИБА прозорец, со кој ќе започне втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Македонија ќе гостува кај Австрија на 30 август во Виена, во рамките на првото коло од групата Ф од втората фаза на претквалификациите. Берокал и ...

Шпанската фудбалска федерација сака да ја продолжи успешната приказна со Луис де ла Фуенте и веќе започна преговори за продолжување на договорот со селекторот. Актуелниот договор на 65-годишниот стратег е со важност до 2028 година, но по историскиот успех на Светското првенство, челниците на федерацијата сакаат соработката да продолжи најмалку до 2030 година. Токму тогаш Шпанија, заедно со Португалија и Мароко, ќе биде домаќин на Мундијалот. ...

Манчестер Јунајтед потпиша уште еден фудбалер во летниот преоден рок. Според експертот за трансфери Фабрицио Романо, Црвените Ѓаволи постигнаа договор со Брајтон за потпис со Карлос Балебан, камерунец играч од средниот ред роден во 2004 година, за да се приклучи на тимот на Мајкл Керик. Денес, всушност, клубот од Манчестер даде понуда повисока од претходната, која беше 75 милиони евра. За вкупен износ од над 81 милион евра. Балеба (22) се ...

Пред РК Е.Пелистее се предизвиците во Регионалната лига, а најава за она што следува даде тренерот на Битолчани Лино Червар. „Навистина ова е едно семејство, во кое е младата екипа покрај сениорите. Ние работевме многу, чекаме вистински натпревари. Веќе в недела ни доаѓа Партизан тука, можеби за нас е прерано, ама ќе се обидеме да се спротивставиме. Задоволен сум што на тестот против Еурофарм Пелистер 2 дојдоа доста навивачи, беа наша ...

Првиот натпревар од 4.то коло од Првата фудбалска лига меѓу Скопје и Тиквеш одигран попладнево заврши без победник 1:1. Домашниот тим дојде до водство во 34.минута со голот на Антонио Божиноски, а гостите изедначија во 70.минута од пенал преку Н’Фали Сила. За Скопје ова е втор бод, додека Тиквеш има седум. Вториот дуел од денешната програма меѓу Брегалница – Башкими е во тек. Утре се игра дуелот Шкендија Арачиново и Арсими (почеток 16:30 ...

Ракометарите на Вардар ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид откако вечерва во дуелот од Б групата го совладаа хрватски Нексе со 33:27. Со овој триумф Вардар ќе се бори за првото место во групата Б заедно со екипата на словенечки Тримо. Вардарци не дозволија изненадување и по 22:22 направија серија од 4-0 што се покажа како решавачка. Најефикасен на дуелот беше Јака Малус од Вардар со 10 голови. На другите два ...

Доминик Ливаковиќ е нов член на Барселона. Оваа информација ја пренесоа најрелевантните медиуми што ги следат настаните на фудбалскиот пазар. Каталонскиот „Спорт“ беше убедливо најпрецизен во презентирањето на деталите за трансферот, откривајќи дека Барселона сега бара клуб каде Ливаковиќ ќе ја помине сезоната што е можно подобро за да се врати на Камп Ноу следното лето. Овој потег одразува јасна стратегија на Барселона. Следното лето, ...

Џејмс Харден останува во Кливленд, откако со Кавалирс договори нов тригодишен договор вреден 97 милиони долари, пренесува Шамс Шаранија Новиот договор вклучува опција на играчот за сезоната 2028/29, како и бонус во случај на размена, а Харден со неговото потпишување ќе обезбеди место во одбраното друштво на НБА-великаните. Харден на 26 август ќе наполни 37 години, а ќе стане само вториот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој на таа возраст ...

Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ откако вечерва на домашен терен ја совладаа Војводина со 29:19. Ова всушност е двојна победа за победникот на Европскиот ЕХФ куп бидејќи истиот натпревар е и дел од Регионалната лига. Но, за пласман во финалето охриѓани ќе треба да бидат поуспешни од хрватскиот првак бидејќи двете екипи имаат по две победи, а меѓусебниот дуел го играат во петок. Најзаслужен за ...

Дисциплинската комисија на ФИФА изрече жестоки казни за инцидентите што се случија по завршувањето на финалниот меч на Светското првенство, меѓу Шпанија и Аргентина (1:0). dobivaj vesti na viber Најлошо помина Аргентинецот Леандро Паредес, кој беше суспендиран на дури 10 репрезентативни натпревари, додека неговиот соиграч Науел Молина доби забрана за играње на седум натпревари. Паредес и Молина ќе мора да платат казна од по 77.000 евра за ...

Англискиот репрезентативец Езри Конса е нов играч на Арсенал, објави денес клубот од Лондон. Конса потпиша четиригодишен договор со Арсенал, а клубот и плати 60 милиони евра на Астон Вила за неговиот трансфер, објави „Скај Спортс“. „Исклучително сум возбуден. Привилегија е да бидам тука и едвај чекам да почнам. Сакам да продолжам да победувам, сакам да победувам и токму затоа сум тука. Ова е горд момент за мене и моето семејство, ќе играм за ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) започнала почетни преговори со колегите од Конкакаф за формирање на заедничка Лига на нации, која би почнала со прво издание во 2028 година. УЕФА и Конкакаф веќе му направија сериозен притисок на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, од кого бараат повлекување од позицијата по контроверзниот проект за продажба на правата на светските првенства на приватни инвеститори, а сега можат да ја прошират ...

Во 2026 година ќе подели рекордни 108 милиони долари на учесниците, што претставува најголем награден фонд во историјата на професионалниот тенис. Победниците во сингл конкуренција ќе заработат по 5,5 милиони долари, додека и елиминацијата во првото коло ќе биде наградена со дури 140.000 долари. Оваа е втора година по ред во која наградниот фонд расте за 20 отсто, а за само две години вкупната сума е зголемена за огромни 44 отсто. Најмногу, ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Формула 1 во Зандворт. Британецот го извози најбрзиот круг во квалификациите за спринт со време од 1:11.567 и за само 41 илјадити дел од секундата го надмина својот сонародник Ландо Норис од Мекларен. Третото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој беше само 55 илјадити дел од секундата зад Расел. Колку неизвесни беа квалификациите најдобро покажува ...

Барселона постигна договор со Лаутаро Мартинез во врска со потенцијален трансфер од Интер, тврди шпанскиот „Ел Чирингито“. Според нивните информации, каталонскиот клуб има целосен договор со менаџерот на аргентинскиот напаѓач Алехандро Камања, но најважниот дел, договорот со Интер, се уште не е започнат. Барселона се сврте кон Лаутаро откако не успеа да постигне договор со Атлетико Мадрид за трансферот на неговиот сонародник Хулијан Алварез. ...

Фудбалерот на Челзи, Жоао Педро, ќе потпише нов договор со до 2032 година, со можност за продолжување на соработката за уште две години, објавија британските медиуми. 24-годишниот бразилски напаѓач му се придружи на тимот од „Стемфорд Бриџ“ минатото лето од Брајтон за 55 милиони фунти со дополнителни пет милиони бонуси. „Кога потпиша, клубот соопшти дека договорот траел до 2033 година, но договорот бил до 2032 година со опција за продолжување ...

Легендарниот германски фудбалер, Тони Крос, нема дилема, дека престижната „Златна топка“, треба да остане во Париз. Актуелен лауреат е Усман Дембеле, Крос смета дека оваа година, наградата треба да му припадне на Хвича Кварацхелија. „Кваратцхелија е без сомнение број еден во моментов. Тој ја заслужува „Златната топка“, воопшто не се сомневам во тоа“, рече Крос и продолжи. „Минатата сезона, но и на почетокот на оваа, тој е најдобриот фудбалер ...

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата, бил уапсен во Португалија, откако полицијата го запре во комбе на автопатот А6. Во возилото биле пронајдени повеќе од еден и пол тон кокаин, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, и воено оружје. Акцијата е дел од операцијата против таканаречениот Балкански картел, пишува „О Жого“. Детали за акцијата Португалската судска полиција го спроведе пресретнувањето на автопатот А6 ...

Сагата околу Хулијан Алварез трае цела лето. Играчот сака да оди во Барселона, но Атлетико не му дозволува. Сега во приказната влезе англискиот првак, Арсенал. Хулијан Алварез, во текот на Светското првенство јавно побара од Атлетико да го пушти во Барселона. Каталонците, наводно биле подготвени да платата меѓу 100 и 120 милиони евра. Атлетико нема намера, најмногу поради начинот на кој Барселона се обидува да дојде до Алварез, да го испрати ...

Новиот играч на Реал Мадрид, Јан Диоманде, е возбуден што ќе работи со Жозе Мурињо. „Кралскиот клуб“ овој трансфер ќе го чини 140.000.000, што е најголемата зделка во историјата на мадридскиот великан. „Беше како сон бидејќи нема поголем клуб. Од моментот кога дознав, не можев да спијам“, рече Диоманде и додаде: „Бев изненаден бидејќи Мурињо зборуваше француски. Мурињо стана во 5 часот наутро за да разговара со мене. Тоа значи дека сум важен ...

Црвена звезда, вчера, направи голем чекор кон пласман во главата фаза, во Лигата на Европа, а во текот на денот треба да добие големо засилување во нападот. На домашен тере, српскиот првак ја победи Викторија Плзењ со 3:0, во првиот плеј-оф натпревар. Сенегалскиот напаѓач Бамба Дијенг ќе потпише договор со Црвена звезда, најверојатно до јуни 2028 година, со опција истиот да биде продолжен на уште една година. Дијенг ги поминал лекарските ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Цинк

3.76