Екипата на Спортинг е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите откако вечерва по продолжение го совлада норвешкиот претставник Бодо/Глимт со 5:0 откако по 90 минути беше 3:0 и со тоа ја анулираше негативата од првиот натпревар од 0:3. Португалскиот претставник во следната фаза ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Арсенал и Баер Леверкузен. Спортинг поведе со голот на Игнасио во 34.минута, а на 2:0 зголеми Педро Конкалвеш во 61.минута. ...

Светската фудбалска федерација ФИФА ја отфрли можноста натпреварите на Иран на претстојното Светско првенство да се преместат од САД во Мексико. Од фудбалската федерација на Иран најавија дека се во преговори за промена на локацијата од безбедносни причини поради можни ескалација на воените случувања меѓу Иран, Изреал и САД. Пораката на ФИФА е дека турнирот ќе се игра според предвидениот распоред. Светското првенство ќе се игра од 11.јуни до ...

ПСЖ синоќа ја забележа втората победа над Челзи осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите. Парижаните славеа во Лондон со 3:0. – Демонстриравме високо ниво на игра во текот на натпреварот. Игравме многу прецизно во транзиција и постигнавме два гола, што ја уби тензијата во натпреварот. Контролирањето на играта во вакви натпревари е секогаш тешко, бидејќи Челзи е одличен тим кој се стреми брзо да постигне голови. Не беше лесно да се ...

Поранешните клубови на трагично загинатиот Андреј Лазаров во несреќата во дискотеката во Кочани, Работнички и Тиквеш ќе одиграат натпревар во негова чест. Двата клуба потврдија дека ќе одиграат пријателски дуел, кој е закажан за 29.март во Кавадарци, со почеток во 13 часот. Натпреварот ќе има симболично значење и ќе биде посветен на споменот на Лазаров, кој остави белег во македонскиот фудбал. Во моментот на трагедијата Лазаров беше фудбалер ...

Реваншот од осминафиналето меѓу Барселона и Њукасл привлекува најмногу внимание од утрешните дуели од Лигата на шампионите. Дополнително тренерот на Барселона Ханси Флик со својата изјава на прес конференцијата го привлече вниманието. – Среќен сум тука и мислам дека не е време да зборуваме за продолжување на договорот особено што имаме важен натпревар. Воопшто не размислува за заминување во некој друг клуб. Лигата на шампионите е најдоброто ...

Македонската женска кошаркарска репрезентација вечер од 18 часот во салата „Градски парк“ во Скопје ја пречекува Хрватска во квалификациите за Евробаскет 2027. Ова ќе биде натпревар од 6.коло во Ф-групата. Гостинките важат за големи фаворитки, но „црвено-жолтите“ ветуваат максимално залагање на својот последен меч од евро-квалификациите. По гостувањата во Данска, потоа и Грција, нашиот женски национален тим се врати во Скопје, каде одработи ...

Кошаркарите на Голден Стејт по серијата од пет порази остварија победа над Вашингтон со 125:117. Тоа водено беше јубилејна 600-та победа за тренерот на Голден Стејт Стив Кер. 600.та победа Кер ја постигна на својот 943.ти натпревар во регуларниот дел од сезоната, а само тројца тренери успеале побрзо од него до овие бројки: Фил Џексон (805 натпревари), Пет Рајли (832) и Грег Попович (887). – Не беше добар натпревар, но оваа победа беше ...

Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид ќе „прескокне“ уште еден натпревар против Денвер. Тој нема да биде на теренот на ноќешниот натпревар поради повреда. Последен пат против Денвер има играно во 2019 година. За Ембид ова ќе биде 10.ти натпревар кој го пропушта поради повредата. Центарот на Филаделфија го нема во составот цел месец (март), а сезонава има просек од 26,6 поени на 33 натпревари. Воедно неговата екипа Филаделфија се бори за место ...

Шпанската фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Србија на 27 март, објави прес-службата на тамошната федерација. Првично беше закажано тимот да се соочи во Катар со победникот на Копа Америка и освојувачот на Светското првенство, Аргентина, во мечот познат како Финалисима. Сепак, натпреварот беше откажан поради неможноста да се гарантира безбедноста на учесниците поради конфликтот на Блискиот Исток. Сите обиди ...

Екипата на Атлетико Мадрид на реваншот од Лигата на шампионите со Тотенхем ќе настапи без еден од клучните играчи. Тренерот Диего Симеоне во Лондон ќе настапи без голманот Јан Облак. Облак натпреварот ќе го пропушти поради повреда, а тренерот Симеоне за овој натпревар ги повика: Хуан Мусо, Салви Есквивел и Дарио де Луис. Натпреварот меѓу Тотенхем и Атлетико Мадрид се игра утре (среда) со почеток во 21 часот, а на првиот дуел Атлетико Мадрид ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, неодамна реизбран за трет мандат до 2031 година, зборуваше за можното враќање на напаѓачот Лионел Меси во клубот. – Меси секогаш ќе биде поврзан со Барселона, во која било форма што ќе ја избере. Нашите врати му се отворени доколку одлучи да продолжи да помага во зајакнувањето и подобрувањето на величината на нашиот тим, изјави Лапорта за шпанската „ТВ3“. Меси играше за Барселона од 2000 до 2021 ...

Гласањето за проширување на лигата ќе се одржи на состанокот на Одборот на гувернери на НБА следната недела. Планирани се нови франшизи за Лас Вегас и Сиетл, за кои се очекува да започнат да се натпреваруваат во сезоната 2028/29, објавува „ESPN“, повикувајќи се на извори. Според „ЕСПН“, расте поддршката меѓу членовите на одборот и менаџментот на лигата за идејата за водење војна за наддавање за франшизи во овие градови. Упатените предвидуваат ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за пријателскиот дуел со Австрија повика нов играч. Пикерот на Вардар Кристијан Атанасовски доби прв повик за настап во сениорската репрезентација. Тој треба да го пополни испразнетото место на Марко Стојковиќ. За оваа акција во рамки на ЕХФ неделата селекторот Лазаров уште претходно објави дека нема да смета на искусните: Маркоски, Митревски, Пешевски како и повредениот ...

Европската ракометна федерација ги објави „шеширите“ за квалификациите за ЕП 2028 година што ќе се игра во Шпанија, Португалија и Швајцарија. Според рејтингот македонскиот ракометен тим е рангиран во вториот „шешир“ заедно со Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија. Ова се репрезентации против кои македонските ракометари нема да играат. 32-те репрезентации се поделени во четири „шешири“. Репрезентациите ќе бидат ...

Дефанзивецот на Аугсбург, Ноакаи Бенкс, нема да се приклучи на репрезентацијата на САД за претстојниот меѓународен прозорец. Тој сè уште не донел конечна одлука дали да игра за Германија или за САД на сениорско ниво, објави „ESPN“. Германското издание Кикер објави дека 19-годишниот Бенкс нема да учествува во тренинг кампот на американската репрезентација. САД ќе играат против Белгија на 28 март, а потоа против Португалија три дена подоцна. ...

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, одговори на прашањето за причините за изоставувањето на Нејмар од националниот тим. Нејмар не доби повик за настап на пријателските натпревари против Франција (26 март) и Хрватска (1 април). – Нејмар може да оди на Светското првенство ако е 100 проценти подготвен. Зошто не го повикав Нејмар сега? Затоа што не е 100 проценти подготвен, а токму таков играч ни треба. Тој мора да продолжи ...

Британскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис од тимот на Мекларен, коментираше за неговото повлекување од Големата награда на Кина. Поради проблеми со погонската единица на неговиот болид, тој не можеше да учествува во втората трка од сезоната 2026. – Очигледно, не можеме да се тркаме. Да, разочарувачки е. Тоа е проблем со погонската единица, па момците се потрудија најдобро што можат да го решат или да најдат решение, но не можеа, па затоа ...

НБА-лигата ги прогласи најдобрите кошаркари на измината недела, 21-ва од тековната сезона. Словенечкиот бек Лука Дончиќ од Лејкерс беше прогласен за играч на неделата во Западната конференција. Тој му помогна на својот тим да победи во три од три натпревари оваа недела, со просек од 37,3 поени, 10,7 скока и 11 асистенции по натпревар. На Истокот, центарот на Мајами Хит, Бам Адебајо, беше прогласен за играч на неделата. Американецот го водеше ...

Фудбалерот на Сантос, Нејмар, е разочаран поради неговото изоставување од репрезентацијата на Бразил за пријателските натпревари против Франција и Хрватска. -Разочаран сум и тажен што не добив повик за настап во националниот тим. Но мојот фокус останува на репрезентацијата. Ќе ја постигнам мојата цел. Сонот продолжува, изјави Нејмар за „OneFootball“. Анчелоти не го повика 34-годишниот за претстојните натпревари за репрезентацијата. Најдобриот ...

Иранската фудбалска федерација побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да ги премести натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2026 година од САД во Мексико. – Бидејќи Трамп јасно стави до знаење дека не може да ја гарантира безбедноста на иранската репрезентација, дефинитивно нема да патуваме во САД. Во преговори сме со ФИФА за домаќинство на натпреварите од Светското првенство во Мексико, изјави претседателот на ...

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, зборуваше за својата висока мотивација за сезоната 2025/26. – Порешителен сум од кога било да освојам уште еден трофеј со Пари Сен-Жермен. Оваа година е Светското првенство и сум исклучително мотивиран. Знам дека имав проблеми со повреди, но треба да се докажам. Сакам често да ја примам топката, да се движам централно и да правам многу трчања. За да играм на оваа позиција, треба да бидете 100 проценти ...

Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот на играчи кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојните квалификациски натпревар против Италија и Ерменија. Станиќ за овие двa натпревара на располагање ќе има 23. фудбалери меѓу кои има и неколку нови имиња. ГОЛМАНИ: Васко Василев (Струга Трим Лум), Љупче Џеков (Силекс), Никола Филевски (Брегалница). ОДБРАНА: Марко Стоилевски (АП Брера), Андрија ...

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер постигнаа победи на денешните дуели од 19.коло од МТел Супер лигата. Првакот МЗТ Скопје Аеродром го совлада Тиквеш со 88:85, додека Пелистер беше подобар од Гостивар со 93:88. Првакот МЗТ Скопје А. потешко од очекуваното дојде до победата, а првиот и последниот период завршија нерешено, додека вториот им припадна на домашните со два разлика, а третиот со еден поен. Најефикасен кај победникот беше Мек ...

Македонскиот претставник во АБА 2 лигата екипата на ТФТ утре го игра првиот четвртфинален натпревар од плеј офот. Противник им е второпласираниот тим од регуларниот дел Златибор, а поради подобриот пласман првиот натпревар се игра на теренот на противникот. Не очекува исклучително тежок натпревар, прв од четвртфиналната серија со тимот на Златибор. Станува збор за екипа која има сериозен континуитет на работа и успеси. Во составот имаат ...

Унгарскиот репрезентативец и фудбалер на Ливерпул Доминик Собослај ги повика соиграчите „да се разбудат“ откако вчера „црвените“ одиграа нерешено 1:1 на Енфилд со Тотенхем. Притоа гостинскиот тим голот за израмнување го постигна во 90.та минута. Најжесток во критиките кај англискиот шампион беше Собослај, кој изјави: Повторно во последната минута, не знам по кој пат сезонава се случува. Не знам што да кажам. Мора да се разбудиме. Ако ...

Инсајдерот на „ESPN“, Марк Спирс, верува дека Леброн Џејмс ќе ги напушти Лејкерси претстојното лето. – Леброн Џејмс ќе биде слободен агент. Не го гледам во дресот на Лејкерси – никој од Лејкерси не ми го кажал тоа, тоа е само моја претпоставка. И би претпоставил дека Кливленд е неговата опција број еден, а Голден Стејт веројатно втора варијанта. Ова се само гласини, работи што ги слушнав од луѓе, изјави Спирс за радиото „95.7 The Game“. Оваа ...

Повредениот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, не е подготвен да се откаже и да го пропушти остатокот од сезоната. – Тоа не е наш стил. Ако имаме за што да играме, ќе играме. Затоа работам на враќање. Знам дека сме ослабени, но работата со мојата повреда е што учиме од ден на ден. Може ли да играм без страв? Може ли да бидам свој на теренот и да не се ставам во опасност на краток или долг рок? И потоа, сè уште имаме за што да се ...

Екипата на Манчестер Сити се наоѓа пред невозможна мисија во Лигата на шампионите да го надополни недостатокот од првиот дуел со Реал Мадрид (0:3). Дополнителен проблем за менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола е нерешениот дуел од Премиер лигата со Вест Хем. Гвардиола реши да го откаже тренингот предвиден за вечерва и на тој начин да им даде одмор на играчите. На тој начин сака да даде шанса да бидат со семејствата и пријателите и на тој ...

Попладнево се одиграа последните два дуела од 23.коло од Првата фудбалска лига, а вредна победа во борбата за опстанок постигна Работнички на гостувањето кај Башкими со 2:1, додека Силекс и Пелистер во Кратово одиграа без голови 0:0. Работнички поведе во 11.минута преку Сухејљ Муарем во 11.минута, а предноста ја зголеми Мартин Талков во 73.минута. Голот за Башкими го постигна Емануел Аворнио во 79.минута. „Романтичарите“ со новите три бодови ...

Сопствениците при преземањето на клубот самите увиделе неправилности и ги пријавиле во Премиер лигата, ФА и УЕФА. Премиер лигата почна истрага поради тајните исплати, кои биле во клубот од 2011 до 2018 година. Утврдени се 74 прекршувања, како нелегални исплати на агенти, финансирање на трети субјекти и исплати на посредници. Фото: ЕПА Сопствениците при преземањето на клубот самите увиделе неправилности и ги пријавиле во Премиер лигата, ФА и ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
54%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
8.23
41%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
6.69
62%
1020
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
8.75
46%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
8.72
50%
1021
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
77%
1020
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.71
76%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
54%
1010
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
71%
1011
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.75
45%
1022
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
7.72
40%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
7.72
71%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Сребро

2840.84

Иридиум

258288.78

Кобалт

66.14

Злато

166450.52

Рутениум

56199.51

Родиум

366518.51

Цинк

3.19

Бакар

11.49

Паладиум

50058.71

Алуминиум

3.36

Платина

66937.85

Калај

47.03