Македонската машка кадетска ракометна репрезентација продолжува со настапите на ЕП во Белград, откако избори место во разигрувањето за пласман од 9. до 16 место. Следниот предизвик за македонските ракометари ќе биде селекцијата на Фарските Острови. Натпреварот е закажан за во четврток од 12:00 часот, а победникот ќе продолжи во борбата за деветтото место, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Шведска. Во оваа фаза од ...

Иван Слишковиќ официјално ја заврши својата играчка кариера и се врати во Нексе Нашице како помошен тренер. Поранешниот хрватски репрезентативец реши да стави крај на активната кариера на 34-годишна возраст и веднаш да му се приклучи на стручниот штаб на клубот како асистент на главниот тренер Саша Баришиќ Јаман. Негов последен клуб како играч беше грчкиот Олимпијакос. Иван Слишковиќ запиша над 60 настапи за репрезентацијата на Хрватска. ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја совлада селекцијата на Фарски острови со 34:32 на Европското првенство што се одржува во Белград, Србија. Ова беше натпревар за пласман од 9-16.место. Утре македонската репрезентација во натпревар за пласман од 9-12 место ќе игра против селекцијата на Португалија, која ја победи Шведска со 32:28. Македонската репрезентација имаше постојано водство и на полувреме предноста изнесуваше ...

Селекторот на кадетската ракометна репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, не го криеше задоволството по победата над Фарски Острови на ЕП и пласманот во ТОП-12 кој донесе место на следниот Мундијал. Кузмановски истакна дека ова е голем успех, затоа што Македонија е дебитант на овој настан и им честита на играчите за постигнатото. „Честитки за играчите, се бореа иако е овој петти меч физички и карактерно покажаа дека можеме. Е, сега, ...

Поради тоа што официјалната понуда на Галатасарај од 35 милиони евра беше одбиена од Милан за Рафаел Леао, турскиот клуб го насочи вниманието кон друга цел за левото крило Арсенал Габриел Мартинели. Бразилецот е во последната година од договорот со лондончани, што значи дека може да си замине ова лето, за да не се ризикува неговото заминување без отштета наредната година. Иако главната цел на Галатасарај е трансферот на Леао, тоа изгледа ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доби силна поддршка од членовите на Советот на организацијата и испрати јасен сигнал дека ќе се кандидира за уште еден четиригодишен мандат. По седницата одржана во Рабат, ФИФА соопшти дека „раководството едногласно стои зад актуелниот претседател“. Во соопштението се наведува дека членовите на Советот ја потврдиле довербата во Инфантино како лидер избран од сите 211 национални федерации, додека тој ...

По пристугнувањето во Реал Мадрид, Жозе Мурињо ја процени ситуацијата и веднаш воведе промени. Заклучи дека на клупскиот центар му се потребни построги правила и негов личен печат. Воведе построга контрола врз сите аспекти што влијаат на формата на играчите, од исхраната и закрепнувањето до точноста на пристигнувањата во кампот, објавува Ас. Неговиот пристап не се базира на сила, туку на решителност и јасни принципи, а тој смета дека ...

Поради огромна конкуренција, и потреба на играчот за поголема минутажа, тимот на Реал Мадрид и официјално го испрати аргентинскиот интернационалец, Франко Мастантуоно на позајмица во тимот на Фиорентина. Трансферот го потврдија и двата клуба, со што се става крај на шпекулациите околу судбината на младиот играч за следната сезона. Во своето официјално соопштение, Реал Мадрид ги прецизираше деталите од договорот: „Реал Мадрид и Фиорентина ...

Арсенал извиси за потписот на Винисиус Жуниор, па спортскиот директор Андреа Берта веќе наде нова цел. Англискиот првак е заинтересиран за Кенан Јилдиз, кој наводно е подготвен да побара да го напушти Јувентус. Турскиот интернационалец стана приоритет за тренерот Микел Артета откако пропадна можноста за доведување на Винисиус Жуниор, кој го продолжи договорот со Реал Мадрид. Информациите дека турскиот репрезентативец сака да ја продолжи ...

Тренерот Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го потврди ставот на клубот за иднината на Хулијан Алварез, ставајќи крај на шпекулациите за евентуален трансфер на аргентинскиот напаѓач. Иако Алварез изрази желба да замине ова лето, клубот е решен да го задржи во „Метрополитано“, пишува „Goal.com“. Барселона покажа најголем интерес за Алварез, а Реал Мадрид, Арсенал и Пари Сен Жермен беа споменати и како можни дестинации. „Ситуацијата е многу јасна. ...

Трансферот на Фисник Аслани од Хофенхајм во РБ Лајпциг, кој изгледаше како завршена работа, беше откажан во последен момент. Иако клубовите и играчот се согласија за сите услови, 24-годишниот напаѓач не ги помина лекарските прегледи, поради што Лајпциг се откажа од договорот вреден 25 милиони евра. По извонредната минатата сезона во Хофенхајм, се очекуваше Аслани да го смени клубот ова лето. Се споменуваше можноста за трансфер во Барселона, ...

Трагедија во семејството Меси. Таткото на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, Жорге, почина на 68. годишна возраст. Медиумите во Аргентина ја потврдија оваа вест, додавајќи дека таткото на Меси долго време се борел со тешка болест. Се додава дека и покрај сериозно добриот медицински третман, сепак, тој не можел да преживее. Жорге Меси има одиграно сериозно голема улога во развојот на Лионел во детските денови. Целото ...

Досегапниот играч на тимот на Њукасл, и репрезенаттивец на Бразил, Бруно Гимараеш, го комплетираше својот премин во екипата на Арсенал. Бразилецот претпладнево беше промовиран, на општо задоволство на менаџерот Михаел Артета. Целиот трансфер е околу 87.5 милиони евра, а Гимараеш се обврза на верност до 2030 година. Како и секогаш, Гимареш ќе игра со број 39 во чест на својот татко, кој бил таксист во Рио де Жанеиро, а бројот 039 бил неговиот ...

Мечевите меѓу европските фудбалски гиганти во далечната Австралија продолжија и денес. Екипата на Интер предмалку во пријателски меч во Перт, го совлада вечниот ривал Јувентус со конечни 2:1. Ди Марко и Диуф беа стрелци во победата на Интер, додека пак на спротивната страна реализираше, Франциско Консеисао. За Јувентус пак интересен податок е дека свое деби имаше новото засилување, интернационалецот од Босна, Керим Алајбеговиќ. Мечевите меѓу ...

Ракометарите на Охрид славеа во Скопје на првото дерби од 29. коло во Суперлигата против екипата на Алкалоид со 26:27. Ова беше прва победа на оххриѓани на дербито во Скопје со што гостинскиот состав ја запиша и 23-тата победа со која се искачи на второто место на табелата, очекувајќи ја разврската на четврточниот дуел меѓу Вардар и Е. Пелистер во кој доколку гостите од битола загубат, Охриѓани ќе останат сами на втората позиција на ...

ГРК Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, за противник го има тимот на Татабања. Денеска преку ждрепка беше одлучено кој ќе биде домаќин на првата, а кој на втората финална средба. Реваншот ќе се игра во Охрид, што значи дека во СЦ „Билјанини Извори“ ќе се решава првакот во ова натпреварување. Како што беше претходно познато, првиот меч се игра на 23/24 мај, додека вториот на 30/31 мај. Поврзани вести: ГРК Охрид се пласираше ...

Ракометарите на Вардар вечерва го играат реванш четвртфиналето од Лига Европа. Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ гостува францускиот преставник Монпелје. На првиот дуел пред седум дена францускиот тим го искористи домашниот терен и слабото второ полувреме на Вардар и постигна победа од десет разлика (33:23). Во редовите на Вардар знаат дека предноста на противникот е висока, но сепак се подготвени да се борат. – Не очекува тежок натпревар. Не ...

Манчестер Сити ја продолжи соработката со Фил Фоден до 2030 година. Фоден не блескаше на теренот оваа сезона, но и во наредниот период ќе биде член на тимот од Етихад, со кој постигна неверојатени успеси. Оваа сезона, англискиот репрезентативец најчесто влегуваше во игра од клупата, но успеа да постигне седум гола и да додаде три асистенции. Во сезоната 2023/24, Фоден беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата. Манчестер Сити сè ...

Со победата од 3:0 против Кристал Палас, Борнмут поведе во трката за шестото место во Премиер лигата, позиција што би можела да донесе најбизарен пласман во Лигата на шампионите досега. Борнмут го прескокна Брентфорд, а исходот од првенството би можел да доведе до неверојатно сценарио во кое некои клубови во последното коло, дури и пораз, би можеле да се квалификуваат за елитното натпреварување. На Англичаните, клупскиот коефициент им донесе ...

Арсенал и Атлетико Мадрид ќе се соочат во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите вечерва, во Лондон, по што ќе биде познат првиот финалист во елитното натпреварување. Во првиот натпревар во Мадрид, беа постигнати два гола, двата од пенал – Виктор Ѓокерес му донесе водство на Арсенал кон крајот на првото полувреме, но Хулијан Алварез израмни на почетокот на второто полувреме. Екипата на Диего Симеоне изгледаше поопасно како што ...

Екипата на Севиља со победата синоќа над Реал Сосиедад од 1:0 освои нови три бодови и ја „напушти“ зоната за испаѓање во Примера. Севиља на домашен терен во последниот натпревар од 34.коло ја совлада екипата на Реал Сосиедад со 1:0 и ја оствари десетата победа. Решавачкиот гол во 50.минута го постигна Алексис Санчез. До крајот на сезоната во шпанското првенство има да се одиграат уште четири кола, а во опасната зона за испаѓање се од 12.то ...

Екипата на Манчестер Сити во драматична завршница избори нерешен резултат синоќа на гостувањето кај Евертон (3:3) во последниот дуел од 35.коло од Премиер лигата. Прес конференцијата менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја почна со изјавата: – Па, подобро е бодот отколку без бод. И ќе беше подобро да го добиеме натпреварот, бидејќи ни требаа бодовите. Значи, многу работи се случија во натпреварот. Мислам дека, со оглед на тежината на ...

Кошаркарите на Монако ќе настапат ослабени во важниот натпревар против Олимпијакос во Евролигата. Мајк Џејмс ќе биде во составот и подготвен е да му помогне на тимот во клучниот меч. Неговото присуство е од огромно значење за играта на Монако, особено во офанзивниот дел. Сепак, францускиот тим ќе биде значително ослабен бидејќи нема да настапат Алфа Диало, Никола Миротиќ и Даниел Тајс. Отсуството на овие играчи сериозно ја скратува ...

ГРК Охрид договори големо засилување за новата сезона – во тимот доаѓа левото крило Адама Кеита. Информацијата ја потврди тренерот Борис Ројевиќ, кој истакна дека Кеита, актуелен играч на АЕК Атина и поранешен член на ПСЖ, ќе биде значајно засилување за клубот. Кеита настапуваше и за ПСЖ од 2020 до 2024 година. Поврзани вести: ГРК Охрид договори големо засилување за новата сезона – во тимот доаѓа левото крило Адама Кеита. Информацијата ја ...

Со голот на Џереми Доку во судиското надополнување на вториот дел екипата на Манчестер Сити остана непоразена на гостувањето кај Евертон и дуелот заврши 3:3. На тој начин „граѓаните“ заостануваат пет бодови зад лидерот Арсенал и натпревар помалку до крајот на Премиер лигата. Манчестер Сити на последниот дуел од Премиер лигата од 35.коло поведе на гостувањето кај Евертон со голот на Доку во 43.минута. Но, во вториот дел одбраната на Манчестер ...

Манчестер Сити и Евертон одиграа 3:3 на стадионот „Хил Дикинсон“ во 35-то коло од Премиер лигата. Клубот од Манчестер испушти важни два бода во борбата за Арсенал и врвот на Премиер лигата. Жереми Доку, со гол во 97-та минута спречи пораз на Сити. „Одигравме навистина добро прво полувреме. Во второто, тие се беа на повисоко ниво. Им подаривме гол, но откако се вратија во игра, го направија вистински англиски натпревар, со толку многу ...

Барселона би можела да остане без бразилскиот напаѓач Рафиња во летниот преоден рок. На „Ноу Камп“, добиле понуда од Саудиска Арабија што клубот, доколку фудбалерот се согласи нема да ја одбие. Три клуба од Саудиска Арабија покажале сериозен интерес за Рафиња, а понудата во Барселона ја презентирал еден од највлијателните фудбалски менаџери, Пини Захави. Понудата за 29-годишниот Бразилец изнесува 90 милиони евра. Рафиња, доколку ја прифати ...

Мајкл Карик е сè поблиску до тоа да ја задржи менаџерската функција во Манчестер Јунајтед и во наредната сезона. Во клубот владее големо задоволство од тоа како 44-годишниот стратег ја води екипата, па сè поизвесно е дека ќе добие понуда да остане на клупата и во иднина. Според англиските медиуми, Карик наскоро ќе има официјални разговори за постојан ангажман. Иако раководството разгледува и други опции, евентуалниот пласман во Лига на ...

Кошаркарите на Маџари поведоа со 1:0 во победи против ТФТ во полуфиналето до плеј-офот. Првиот од максимално можни три натпревари, се одигра вечерва во салата „Лазар Лечиќ“ во градски парк. Тимот на Маџари направи „брејк“ и славеше над ТФТ со 82-84 и тоа по продолжение. Во првиот квартал двата тима имаа свои добри периоди на игра, дуќаните на почетокот, а гостите во финишот. Затоа Маџари беше оној кој на првата пауза замина со позитива ...

Ракометарите на Вардар 1961 го чека тешка задача на реваншот од четвртфиналето во Европската лига на домашен терен против Монпеље во вторник од 20.45 часот. Ракометарите на Вардар пред своите навивачи во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе се обидат да ја анулираат негативата од 10 голови разлика од првиот меч во Франција (33:23). Хрватскиот стратег и тренер нa РК Вардар на располагање ќе ги има сега и едни од најдобрите играчи во тимот, Јака ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.42
40%
1017
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
6.7
47%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.79
75%
1021
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.64
42%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.79
41%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
88%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.54
36%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
51%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.08
36%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
70%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 21ᴼ
2.68
38%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.73
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Платина

56328.11

Рутениум

53852.50

Злато

141498.65

Паладиум

43853.62

Бакар

13.36

Алуминиум

3.34

Кобалт

56.29

Сребро

2102.98

Калај

56.16

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36